јавен обвинител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Jun 2023 07:01:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавен обвинител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Притвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната, обдукција на загинатите во Лепенец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-skopjanetsot-koj-ja-preteknuval-kolonata-obduktsija-na-zaginatite-vo-lepenets/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-skopjanetsot-koj-ja-preteknuval-kolonata-obduktsija-na-zaginatite-vo-lepenets/#respond Mon, 19 Jun 2023 05:52:16 +0000 https://kurir.mk/?p=847226

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје прибира докази за тешката сообраќајна несреќа која се случи завчера на патот Скопје - Блаце, а во која загинаа три лица чии тела вчера попладне беа извадени од реката Лепенец. -По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот, информираат од Јавното обвинителство. Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вчера достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по несреќата. -Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. На патот Скопје - Блаце завчера во автомобилот „БМВ“ со косовски таблици удрил „Фолксваген туран“ со скопски таблички, по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-skopjanetsot-koj-ja-preteknuval-kolonata-obduktsija-na-zaginatite-vo-lepenets/feed/ 0
Се огласија од обвинителството: Телата на тројцата починати на обдукција, возачот во краткотраен притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-obvinitelstvoto-telata-na-trojtsata-pochinati-na-obduktsija-vozachot-vo-kratkotraen-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-obvinitelstvoto-telata-na-trojtsata-pochinati-na-obduktsija-vozachot-vo-kratkotraen-pritvor/#respond Sun, 18 Jun 2023 20:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=847179

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го продолжи увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Скопје-Блаце. По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот. Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по синоќешната несреќа. Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-obvinitelstvoto-telata-na-trojtsata-pochinati-na-obduktsija-vozachot-vo-kratkotraen-pritvor/feed/ 0
Се огласи и Јавното обвинителство за случајот со усмртеното дете од куче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-oglasi-i-javnoto-obvinitelstvo-za-sluchajot-so-usmrtenoto-dete-od-kuche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-oglasi-i-javnoto-obvinitelstvo-za-sluchajot-so-usmrtenoto-dete-od-kuche/#respond Wed, 12 Apr 2023 11:51:10 +0000 https://kurir.mk/?p=823212

Јавен обвинител извршил увид на местото каде осумгодишно дете беше нападнато и почина по напад од куче на сосед во скопската населба Пинтија. Од Обвинителството потврдија дека се преземаат мерки за испитување на целиот случај. - Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција и се преземаат дејствија за испитување на целиот настан, информираа од Јавното обвинителството. Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека синоќа малолетник починал откако бил нападнат од куче што го чувал неговиот сосед во скопската населба Пинтија. - Од ГОБ „Св.Наум Охридски“ на 11.04.2023 во 18:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-oglasi-i-javnoto-obvinitelstvo-za-sluchajot-so-usmrtenoto-dete-od-kuche/feed/ 0
Предложен притвор за Марјан „Доказ“, Обвинителството охрабрува и други евентуални оштетени да пријават https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozhen-pritvor-za-marjan-dokaz-obvinitelstvoto-ohrabruva-i-drugi-eventualni-oshteteni-da-prijavat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozhen-pritvor-za-marjan-dokaz-obvinitelstvoto-ohrabruva-i-drugi-eventualni-oshteteni-da-prijavat/#respond Fri, 10 Feb 2023 13:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=798984

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Предлог за определување мерка притвор за лице осомничено дека сторило кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ, кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.1 од КЗ, две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ. -Притворот е предложен бидејќи на товар на осомничениот му се ставаат повеќе кривични дела сторени од позиција сопственик на интернет портал, преку кој, искористувајќи познанства и релации со различен профил на лица, преземал противправни дејствија во континуитет, што упатува дека ќе ги презема и во иднина доколку не му биде определена мерка притвор и биде оставен да се брани од слобода. Осомничениот се служел со сопствениот интернет портал, знаејќи дека е достапен на неограничен круг лица, како средство за ефективен притисок врз жртвите, притоа предизвикувајќи лавина општествени последици со несогледива штета во форма на религиска омраза и ксенофобични идеи. Дополнителна околност во таа насока е потребата да се заштитат жртвите, кои биле подложени на изразен говор на омраза и закани преку компјутерски систем и преку интернет порталот на осомничениот, информираат од Обвинителството. Освен ова, постојат околности и кои очигледно укажуваат на опасност од бегство на осомничениот заради кои исто така јавниот обвинител сметаше дека е неопходна притворска мерка за обезбедување на неговото присуство. Со оглед на широкиот круг на потенцијални жртви од активноста на веб порталот на осомничениот во подолг временски период, Основното јавно обвинителство Скопје охрабрува и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават.​
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozhen-pritvor-za-marjan-dokaz-obvinitelstvoto-ohrabruva-i-drugi-eventualni-oshteteni-da-prijavat/feed/ 0
Утре избор за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – ќе гласаат околу 163 обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-izbor-za-nov-shef-na-obvinitelstvoto-za-gonenje-organiziran-kriminal-i-korupcija-kje-glasaat-okolu-163-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-izbor-za-nov-shef-na-obvinitelstvoto-za-gonenje-organiziran-kriminal-i-korupcija-kje-glasaat-okolu-163-obviniteli/#respond Sun, 06 Nov 2022 17:05:03 +0000 https://kurir.mk/?p=756545

Околу 163 обвинители од целата држава утре ќе гласаат за избор на нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. За прв пат изборот ќе се врши според новиот Закон за јавни обвинители, што значи дека главниот обвинител ќе се избира со гласовите на колегите обвинители. Републичкиот обвинител Љубомир Јовески испрати писмо до сите обвинители да гласаат по свое убедување, без влијанија и притисоци. Во трката за шеф на ова обвинителство се четворица, Вилма Рускоска, која се кандидира за втор мандат, а за прв пат се пријавуваат Ислам Абази, Едмонд Незири и Деса Пауновска. Мандатот на суспендираната началничка Рускоска трае до 14 ноември, додека обвинителот Трајче Пеливанов беше назначен за нејзина привремена замена на 29 август.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-izbor-za-nov-shef-na-obvinitelstvoto-za-gonenje-organiziran-kriminal-i-korupcija-kje-glasaat-okolu-163-obviniteli/feed/ 0
Јовески до јавните обвинители: Да го дадете својот глас за кандидатот кој има најдобра програма и визија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-do-javnite-obviniteli-da-go-dadete-svojot-glas-za-kandidatot-koj-ima-najdobra-programa-i-vizija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-do-javnite-obviniteli-da-go-dadete-svojot-glas-za-kandidatot-koj-ima-najdobra-programa-i-vizija/#respond Fri, 04 Nov 2022 12:24:14 +0000 https://kurir.mk/?p=755757

Јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески упати порака до јавните обвинители во врска со гласањето за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти Јавното обвинителство. – На 7 ноември се спроведува гласањето за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За првпат, согласно новиот Закон за јавното обвинителство, изборот за основен јавен обвинител на тоа обвинителство се врши со гласање на сите јавни обвинители во државата. Ваквиот начин на избор дава можност директно со вашиот глас да влијаете за подобрување на состојбите во Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е важен дел од обвинителската структура, а функцијата прв човек на ова обвинителство е моќна, но и многу одговорна, нагласи Јовески. Тој потсети дека за изборот се пријавиле четворица јавни обвинители. -Сакам да ве повикам сите слободно и растоварено од какви било влијанија и притисоци да го дадете својот глас за оној кандидат кој има најдобра програма и визија за идното функционирање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Верувам дека секој од вас поединечно ќе знае да го направи вистинскиот избор, а сите заедно како јавни обвинители ќе покажеме дека имаме јасна цел за независна и силна јавнообвинителска организација, вели Јовески во пораката до јавните обвинители.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-do-javnite-obviniteli-da-go-dadete-svojot-glas-za-kandidatot-koj-ima-najdobra-programa-i-vizija/feed/ 0
Обвинение за несовесно работење на поранешен јавен обвинител – еве за што се терети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-nesovesno-rabotenje-na-poraneshen-javen-obvinitel-eve-za-shto-se-tereti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-nesovesno-rabotenje-na-poraneshen-javen-obvinitel-eve-za-shto-se-tereti/#respond Mon, 19 Sep 2022 09:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=734709

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе обвинение против поранешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид за продолжено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на обвинителството:  Обвинетиот, во периодот од 19 ноември 2013 година до 25 ноември 2021 година, додека се уште ја извршувал функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Охрид, очигледно несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и должности поврзани со преземање или непреземање на дејствија  по конкретни предмети. На тој начин тој овозможил пријавените кривични дела апсолутно да застарат за гонење, и со тоа, потешко ги повредил правата на други  – подносителите на кривичните пријави и оштетени, бидејќи тие пред истекот на рокот за апсолутна застареност на гонењето по пријавените кривични дела, не добиле одлука ниту за гонење на пријавените лица – со што биле ускратени да ги остварат своите права како оштетени во судска постапка, ниту пак добиле одлука – решение за отфрлање на поднесените кривични пријави со која оштетените би имале право на жалба за да ги остварат правата во претходна постапка. По извршен вонреден надзор на Вишото јавно обвинителство Битола врз работата на јавниот обвинител беа констатирани пропусти во постапувањето, при што беше задолжен да ги преземе неопходните дејствија во предметите. Тој не постапи по задолжението од извршениот надзор, односно состојбата во предметите остана идентична. Од тие причини против обвинителот беше поведена и дисциплинска постапка во која Дисциплинската комисија донесе решение со кое за сторените тешки дисциплински повреди изрече дисциплинска мерка – предлог за разрешување на јавниот обвинител. Во текот на кривичната постапка против јавниот обвинител беше утврдено дека на овој начин настапила застареност на вкупно 14 предмети во Основното јавно обвинителство Охрид: – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид на 19.11.2013 година, против две осомничени лица за кривично дело Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот не презел никакво службено дејствие во предметот се до 4 ноември 2019 година кога настапила апсолутна застареност за гонење на осомничените за пријавеното кривично дело, а на каков начин потешко ги повредил правата на едно оштетено лице. – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2014 година против едно лице за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 09.12.2014 година го испитал осомничениот на записник и истиот ден издал Наредба за вештачење, но понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот, поради што на 24.04.2018 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело, а на каков начин потешко ги повредил правата на оштетеното правно лице ЕВН Македонија. – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2014 година против едно лице за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 22.12.2014 година испитал двајца сведоци, но понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот, поради што, на 28.02.2019 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничената за пријавеното кривично дело. – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2013 година против еден осомничен за кривично дело – Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 12.01.2015 година испитал тројца сведоци, но понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот, поради што, на 16.05.2019 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело. – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2013 година против едно лице за кривично дело – Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Во овој предмет, обвинетиот јавен обвинител на 15.09.2015 година со Решение на Вишото јавно обвинителство Битола бил задолжен постапката да ја продолжи, но по ваквото задолжение не ги презел службените дејствија. На 11.05.2017 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело. – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2014 година против едно лице за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик. Со Решение на Вишото јавно обвинителство Битола од 29.09.2015 година обвинетиот бил задолжен постапката да ја продолжи, но по ваквото задолжение не ги презел службените дејствија. На 30.07.2020 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело. – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 26.07.2013 година против еден осомничен за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик. Иако со Решение од 21.10.2015 година на Вишото јавно обвинителство Битола, обвинетиот бил задолжен постапката по поднесената кривична пријава да ја продолжи, очигледно несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и должности како јавен обвинител, па по ваквото задолжение, не презел никакво службено дејствие во предметот. Апсолутна застареност за гонење на пријавениот настапила на 25.01.2019 година. – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2015 година по поднесена кривична пријава против еден осомничен за кривично дело – Загрозување на сигурноста по член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 18.11.2015 година обвинетиот упатил барање за податоци до ЈЗУ Општа болница Охрид, но понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот. На 10.04.2021 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело со што потешко биле повредени правата на една оштетена. – По предметот заведен во Основното јавно обвинителство Охрид во 2014 година против едно лице за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик, обвинетиот на 15.01.2016 година, упатил покана за испитување до осомничениот. Понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот, поради што на 17.05.2019 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело. – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2014 година против едно лице, за кривично дело – Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 16.02.2016 година на записник испитал еден сведок и потоа не презел никакво друго службено дејствие во предметот. На 24.11.2020 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело. – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид во 2015 година против еден осомничен за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик. Со Решение од 10.06.2016 година на Вишото јавно обвинителство Битола, обвинетиот бил задолжен постапката да ја продолжи, но по ваквото задолжение не ги презел службените дејствија со кои бил задолжен, а кои биле неопходни за донесување на јавнообвинителска одлука. На 11.03.2021 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело. – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид во 2014 година, по поднесена кривична пријава против двајца осомничени за кривични дела – Незаконит риболов по член 229 став 1 од Кривичниот законик и Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Од 22.06.2017 година, кога со наредба го вратил металниот чамец на сопственикот и издал две барања за казнени евиденции до Основниот суд Охрид, обвинетиот понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот. На 11.07.2018 година настапила апсолутна застареност за гонење за кривичното дело – Незаконит риболов, а на 11.07.2020 година апсолутна застареност за гонење и за кривичното дело – Кражба. Со ова обвинетиот потешко ги повредил правата на државата во поглед на заштита на рибниот фонд, како и на едно оштетено лице. – По предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид во 2015 година против еден осомничен за кривично дело Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик, обвинетиот на 22.06.2017 година го испитал осомничениот на записник. Понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот, поради што, на 20.05.2021 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот, со што потешко биле повредени правата на оштетено правно лице ЛТХ Леарница дооел Охрид. – Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид по поднесена кривична пријава од 02.12.2016 година против три лица од Охрид, за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 и член 367 став 3 од Кривичниот законик. Обвинетиот во својство на јавен обвинител на 10.02.2020 година издал наредба за вештачење до вешто лице, но понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот. Како резултат на ова во 2021 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничените. Постапката во овој предмет ја води Основното јавно обвинителство Струга, бидејќи Основното јавно обвинителство Охрид побара изземање со оглед на тоа што обвинетиот го сторил кривичното дело во својство на јавен обвинител во тоа обвинителство.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-nesovesno-rabotenje-na-poraneshen-javen-obvinitel-eve-za-shto-se-tereti/feed/ 0
Украинскиот парламент го избра Андриј Костин за јавен обвинител https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-go-izbra-andrij-kostin-za-javen-obvinitel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-go-izbra-andrij-kostin-za-javen-obvinitel/#respond Wed, 27 Jul 2022 13:13:57 +0000 https://kurir.mk/?p=710868

Врховната Рада – Парламентот на Украина го одобри назначувањето на Андриј Костин за јавен обвинител на земјата, објави Укринформ. Предлогот за негово именување на оваа функција утрово го поднесе шефот на државата Володимир Зеленски. Одлуката е усвоена со гласовите на 299 пратеници од вкупно 450, прецизираше на Телеграм Јулија Паличук, прес-секретар на претседателската партиска група „Слуга на народот“. Андриј Костин, член на оваа партија, моментално раководи со собраниската Комисија за правна политика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-parlament-go-izbra-andrij-kostin-za-javen-obvinitel/feed/ 0
Суспендиран скопски обвинител https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-skopski-obvinitel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-skopski-obvinitel/#respond Thu, 24 Mar 2022 09:37:15 +0000 https://kurir.mk/?p=652476

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје за време додека трае дисциплинската постапка поведена против него поради основано сомнение дека сторил – Тешка дисциплинска повреда од член 91 став 1 алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство. При вонреден надзор од Вишото јавно обвинителство Скопје, како што информираат од Јавно обвинителство е констатирано дека јавниот обвинител во значителен дел од предметите кои му се доделени во работа не ги презел неопходните дејствија согласно Законот за кривична постапка заради донесување мериторна јавнообвинителска одлука, при што кај еден дел од предметите настанало пролонгирање на постапката или застареност на кривичното гонење. – Од почетокот на примената на новиот Правилник за начинот на спроведување на постапката за утврдување одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда, донесен на 18.05.2021 година, ова е петта поведена дисциплинска постапка за јавен обвинител. Во другите четири постапки, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово исто така е донесено решение за оддалечување од функцијата, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола е изречена дисциплинска мерка – намалување на плата во износ од 20% во траење од четири месеци, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен е изречена дисциплинска мерка – намалување на плата во износ од 30% во траење од четири месеци, додека една постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид е во тек, информираат од обвинителство. Пред Советот на јавните обвинители во тек се жалбени постапки за уште тројца јавни обвинители за кои дисциплинските мерки беа изречени во дисциплинска постапка спроведена според стариот Закон за јавно обвинителство и претходно важечкиот Правилник. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија нагласува дека основна должност на јавните обвинители е секогаш, без оглед на околностите, да ги преземаат службените  дејствија во согласност со важечкото национално и меѓународно законодавство и да ја вршат својата должност законито, непристрасно, праведно, посветено и во што е можно пократок рок. Сите утврдени дисциплински повреди ќе се санкционираат согласно одредбите на Законот за јавно обвинителство.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-skopski-obvinitel/feed/ 0
Јавниот обвинител Јовески ќе се сретне со бугарските истражители на местото на автобуската несреќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-obvinitel-joveski-kje-se-sretne-so-bugarskite-istraziteli-na-mestoto-na-avtobuskata-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-obvinitel-joveski-kje-se-sretne-so-bugarskite-istraziteli-na-mestoto-na-avtobuskata-nesrekja/#respond Tue, 23 Nov 2021 10:26:26 +0000 https://kurir.mk/?p=598705

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на местото на автобуската несреќа на автопатот Струма, во Бугарија. Средбата со Јовески, во изјава за БТА ја потврдил директорот на бугарската Националната истражна служба Сарафов. Двајцата ќе се сретнат на местото на несреќата на автопатот Струма, каде што ноќеска излета и се запали туристички автобус со македонски таблици. Во несреќата загинаа најмалку 45 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-obvinitel-joveski-kje-se-sretne-so-bugarskite-istraziteli-na-mestoto-na-avtobuskata-nesrekja/feed/ 0