јавен повик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Apr 2023 10:47:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавен повик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавен повик за проверка на спортски вештини на учениците заинтересирани да се запишат во Спортската академија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-proverka-na-sportski-veshtini-na-uchenitsite-zainteresirani-da-se-zapishat-vo-sportskata-akademija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-proverka-na-sportski-veshtini-na-uchenitsite-zainteresirani-da-se-zapishat-vo-sportskata-akademija/#respond Fri, 28 Apr 2023 10:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=828650

Спортската академија почнува потрага по спортски таленти од земјава кои ќе бидат дел од ДСУ Спортска академија во паралелки за фудбал, ракомет, кошарка и тенис од учебната 2023/2024 година. Покрај во Скопје, предвидени се паралелки во состав на јавните средни училишта уште во девет општини. Во СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола ќе има паралелки за фудбал и ракомет, во „Перо Наков“ – Куманово и во „Ѓорче Петров“ – Кавадарци - за кошарка, паралалеки за фудбал ќе бидат отворени во „Ванчо Питошевски“ – Охрид, „Мирче Ацев“ – Прилеп, „Никола Карев” – Струмица, „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово, „Кочо Рацин“ – Велес, „Гостивар“ – Гостивар и „Коле Нехтенин” – Штип. Учениците ќе бидат селектирани во фази: скаутирање од стручни лица, селекција од стручен тим и тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија. На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со закон. Во јавниот повик достапен на веб-страницата на МОН е објвена листата на локации и датуми на кои ќе се спроведе првичната селекција од конкретната спортска федерација. Целта на Спортската академија, посочува МОН во повикот, е учениците - спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис. - Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година средно училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија, е наведено во објавениот повик на МОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-proverka-na-sportski-veshtini-na-uchenitsite-zainteresirani-da-se-zapishat-vo-sportskata-akademija/feed/ 0
Сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас да достават понуди до крајот на денот, повика Бектеши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-shto-imaat-moznost-da-snabduvaat-so-priroden-gas-da-dostavat-ponudi-do-krajot-na-denot-povika-bekteshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-shto-imaat-moznost-da-snabduvaat-so-priroden-gas-da-dostavat-ponudi-do-krajot-na-denot-povika-bekteshi/#respond Mon, 26 Dec 2022 10:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=780512

На јавниот повик на ЕСМ досега има пристигнато две понуди, но ги повикуваме заинтересираните страни и сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас во нашата држава да достават понуди до крајот на денот, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Преку транспарентна постапка, посочи Бектеши, кој ќе има подобра понуда, кој ќе ги има обезбедено количините, секако дека тој ќе победи на јавниот повик. –  Најважно од се е граѓаните и индустријата да бидат во континуитет снабдувани со природен гас, вклучително и работата на топланите, изјави Бектеши. Од 1 јануари, нагласи Бектеши, ќе имаме снабдување со природен гас за граѓаните, индустријата и институциите. – Нашите компании се повикани да конкурираат на јавните повици, кои се транспарентни и отворени. Не можеме да продолжиме 30 години да имаме само еден снабдувач. Уценување нема, има само диверзификација и реализација на определбите како држава во делот на пазарна економија, изјави Бектеши. Одговарајќи на новинарски прашања за закупот на капацитетите на интерконекторот во Бугарија, Бектеши рече дека како Министерство немаат намера да се мешаат на тоа какви одлуки се носат во другите држави за закуп на капацитети, нагласувајќи дека интерес на Министерството е диверзификација во делот на снабдување со природен гас. – Тоа е пазарна економија. Кој ќе даде подобра понуда, тој ќе биде снабдувач и на топланите и на индустријата. Сабајлево имавме консултативен состанок со ЕСМ, НЕР и РКЕ, изјави Бектеши. Прашан за дефектот во РЕК „Осломеј“ и дали настанот е поврзан со увезениот јаглен, Бектеши рече дека во РЕК „Осломеј“ и во РЕК „Битола“ се увезува јаглен согласно квалитетот кој е побаран во јавниот повик на ЕСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-shto-imaat-moznost-da-snabduvaat-so-priroden-gas-da-dostavat-ponudi-do-krajot-na-denot-povika-bekteshi/feed/ 0
Утре истекува јавниот повик за доделување еднократна парична помош за пензионери во Центар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-istekuva-javniot-povik-za-dodeluvanje-ednokratna-parichna-pomosh-za-penzioneri-vo-centar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-istekuva-javniot-povik-za-dodeluvanje-ednokratna-parichna-pomosh-za-penzioneri-vo-centar/#respond Tue, 06 Dec 2022 14:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=771802

Општина Центар ги известува граѓаните дека Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за пензионерите истекува утре. Од Општина Центар информираат дека сите граѓани кои ги исполнуваат условите, се жители на општината и земаат пензија не поголема од 17.518 денари може да аплицираат и бидат корисник на оваа мерка. Општина Центар потсетуваат дека доколку пензионерите кои сакаат да бидат корисници на оваа помош, а не се во можност барањето за повикот да го достават лично, во нивно име тоа може да го направи некој член од семејството или друг близок. – Оваа помош која Општина Центар ја доделува доаѓа во вистинско време во пресрет на семејните слави и новогодишните и божиќни празници. Општина Центар ќе продолжи да вложува кај граѓаните кога им е најпотребно, посочуваат од општината.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-istekuva-javniot-povik-za-dodeluvanje-ednokratna-parichna-pomosh-za-penzioneri-vo-centar/feed/ 0
Јавен повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-finansiska-poddrshka-na-procesite-za-digitalizacija-vo-kompaniite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-finansiska-poddrshka-na-procesite-za-digitalizacija-vo-kompaniite/#respond Fri, 25 Nov 2022 15:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=766622

Комисијата за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите, како заедничко работно тело на Стопанската комора, Владата и Хелветас Швајцарска интеркооперација со Подружница во Скопје, распиша јавен повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите. Повеќе информации за повикот може да се најдат на линкот https://www.mchamber.mk/default.aspx?mid=3&evid=100475&lng=1 . Јавниот повик, како што информираат од Стопанската комора, трае до 28 февруари 2023 година, а поднесувањето на апликациите е во две фази. Првата фаза започнува денеска и завршува на 31 декември годинава, а втората фаза започнува на 1 јануари 2023 година, а завршува на 28 февруари 2023 година. Со овој јавен повик се обезбедува финансиска поддршка до 50 отсто од подобните трошоци за финансирање на инвестицијата во примената на деловниот софтвер SAP, а максималниот износ за поединечен корисник, компанија е до 18.400.000 денари. Со финансиска поддршка во имплементирањето на современите дигитални решенија – САП во македонските компании, градејќи концепт на „Интелигентно претпријатие” (Intelligent Enterprise), решенија кои ги следат најновите трендови на компаниите од сите дејности и се светилник во ерата на дигиталната трансформација, трите партнери ќе дадат свој активен придонес и силно ќе влијаат на продуктивноста, на зголемување на ефикасноста, на вработувањата и ефективноста во бизнисот. -Со издвојување на сопствени средства за финансиска поддршка во имплементирањето на современите дигитални решенија – САП, Стопанската комора повторно ја верификува својата основна цел, целосно да се ориентира спрема компаниите, помагајќи им во зголемувањето на нивната конкурентност, велат од комората]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-finansiska-poddrshka-na-procesite-za-digitalizacija-vo-kompaniite/feed/ 0
Град Скопје распиша јавен повик за избор на кандидати за бесплатна настава и обука за оџачари https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-raspisha-javen-povik-za-izbor-na-kandidati-za-besplatna-nastava-i-obuka-za-odzachari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-raspisha-javen-povik-za-izbor-na-kandidati-za-besplatna-nastava-i-obuka-za-odzachari/#respond Tue, 30 Aug 2022 09:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=725879

Во рамки проектот “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”, Град Скопје денеска го распиша Јавниот повик за избор на кандидати за бесплатна настава и обука за оџачари. Проектот “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe” е финансиран од Министерство за економска соработка и развој од Сојузна Република Германија, а се реализира во соработка со збратимениот град Нирнберг од Сојузна Република Германија. Проектот има за цел да обезбеди контрола на загадувањето на воздухот во Скопје на начин на кој ќе обезбеди услови за одржување на бесплатна настава и обука за возобновување на професијата оџачар преку размена на искуства со оџачари од Сојузна Република Германија. Обуката ќе ја спроведуваат верификувани и сертифицирани обучувачи од СГГУГС „Здравко Цветковски“ и искусни оџачари од Сојузна Република Германија. Наставата и обуката ќе се реализира во период од 3 (три) месеци и истата вклучува теоретска настава и практична обука во реални услови. Практичната обука за оџачари ќе се реализира во период од 1 (еден) месец, од кои 2 (две) работни недели пракса во Скопје, а 2 (две) работни недели пракса во Нирнберг, со покриени патни трошоци, како и трошоци за престој и храна во СР Германија. Кандидатите кои ќе ја завршат теоретската настава, практичната обука и успешно ќе го положат завршниот испит, ќе се стекнат со сертификат издаден од верификувана установа за оџачари од Скопје и уникатна можност за започнување на сопствен бизнис. Јавниот повик трае 10 работни денови, заклучно до 08.09.2022 година. Јавниот повик со сите општи услови и критериуми, како и пријавата за јавниот повик се достапни на следниот линк – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-raspisha-javen-povik-za-izbor-na-kandidati-za-besplatna-nastava-i-obuka-za-odzachari/feed/ 0
Објавен Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-javniot-povik-za-priznanieto-uspeshni-mladi-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-javniot-povik-za-priznanieto-uspeshni-mladi-za-2021-godina/#respond Thu, 04 Aug 2022 07:54:42 +0000 https://kurir.mk/?p=713868

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија продолжува со имплементација на проектот „Успешни млади“, признание кое што се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри. Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2021 година е отворен од денеска и ќе трае до 30 септември 2022 година. Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2021 година, во следните осум категории: 1.      Најдобар/а  млад/а научник/чка во општествените науки; 2.     Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки; 3.     Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки; 4.     Најдобар/а  млад/а  научник/чка во медицинските науки; 5.     Најдобар/а млад/а иноватор/ка; 6.     Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта); 7.     Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост); 8.     Најдобар/а млад/а уметник/чка. Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2021 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта. Јавниот повик во којшто детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија на: македонски јазик:  https://bit.ly/3SCvWu3 албански јазик:  https://bit.ly/3zYebhr англиски јазик:  https://bit.ly/3BGcHtf Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-javniot-povik-za-priznanieto-uspeshni-mladi-za-2021-godina/feed/ 0
Група граѓани со иницијатива за трајно решавање на честите пожари кај депонијата Ралова Чука, која се уште гори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupa-gragjani-so-inicijativa-za-trajno-reshavanje-na-chestite-pozari-kaj-deponijata-ralova-chuka-koja-se-ushte-gori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupa-gragjani-so-inicijativa-za-trajno-reshavanje-na-chestite-pozari-kaj-deponijata-ralova-chuka-koja-se-ushte-gori/#respond Sun, 24 Jul 2022 20:02:42 +0000 https://kurir.mk/?p=709705

Група граѓани од Делчево започнуваат иницијатива за решавање на проблемот со „честиот” пожар, кој се уште е активен на депонијата за градежен шут „Ралова Чука” во Делчево. Целта на јавниот повик како што се наведува, е преку донирање средства да се солидаризираат стопанствениците, хуманите граѓани и останати субјекти, со цел да се обезбеди градежна механизација од локални фирми, која ќе биде искористена за да се покрие депонијата со земја, како би се спречила појава на нов пожар кој, според нив, нанесува голема штета врз здравјето на граѓаните. – Благодарност до пожарникарите за нивната деноноќна интервенција, но крајно време е сите да засукаме ракави и како што самите пожарникари напоменаа во неколку наврати, пожарот да се спречи со интензивна работа на градежни машини. Во спротивно и самите сме сведоци на загрозувањето на животот во целиот град, неговата околина и природата. Апелираме на активно учество од сите стопанственици, се со цел најитно решавање на проблемот кој не засега сите нас!, се вели во Јавниот повик на група граѓани, напоменувајки дека активностите би се реализирале во координација со надлежните и Јавното комунално претпријатие „Брегалница”. Во моментот пожарот на депонијата Ралова Чука е ставен под контрола, но поради нејзиното самозапалување пожарот константно е присутен. Во гасењето на пожарот учествуваат припадници на Територијалната противпожарна единица Делчево и вработени во Комуналното претпријатие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupa-gragjani-so-inicijativa-za-trajno-reshavanje-na-chestite-pozari-kaj-deponijata-ralova-chuka-koja-se-ushte-gori/feed/ 0
Јавен повик за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2022 https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javen-povik-za-programski-aktivnosti-za-manifestacijata-bela-nokj-2022/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javen-povik-za-programski-aktivnosti-za-manifestacijata-bela-nokj-2022/#respond Tue, 12 Jul 2022 10:54:00 +0000 https://kurir.mk/?p=703811

Универзална сала и Град Скопје објавуваат јавен повик за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2022. Оваа година ќе се одржи 18-то издание на „Бела ноќ“, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ќе се одбележи уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани кои ќе ја заинтригираат јавноста. За таа цел ЈУ Универзална сала-Скопје и Град Скопје, распишаа Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје. Овогодинешното издание на “БЕЛА НОЌ“ ќе се одржи на 1 октомври 2022 на повеќе централни локации низ градот Скопје. На конкурсот можат да се пријават уметници кои сакаат да бидат дел од овој настан, а творат во следниве области: ▪ ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип) ▪ ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации) ▪ МУЗИКА ▪ ФИЛМ ▪ ТЕАТАР ▪ ЈАВНА УМЕТНОСТ ▪ УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ Селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт. За учество во „БЕЛА НОЌ“ потребно е да се пополни апликацијата за учество со следниве документи: ▪ Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата ▪ Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација ▪ Финансиска конструкција на проектот За подетални информации за Јавниот повик : Документите во писмена форма може да се достават на адреса: Бул Партизански одреди 22 ( Зграда на Библ. Браќа Миладиновци ) http://univerzalna.com.mk/belanok, [email protected] или на телефонскиот број 02 32 45 615. Крајниот рок на аплицирање е 25.07.2022.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javen-povik-za-programski-aktivnosti-za-manifestacijata-bela-nokj-2022/feed/ 0
Објавен Јавен повик за учество на конститутивно Собрание на млади на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/objaven-javen-povik-za-uchestvo-na-konstitutivno-sobranie-na-mladi-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/objaven-javen-povik-za-uchestvo-na-konstitutivno-sobranie-na-mladi-na-grad-skopje/#respond Mon, 20 Jun 2022 08:52:52 +0000 https://kurir.mk/?p=693027

Град Скопје денеска објави Јавен повик за учество на конститутивното локално Собрание на млади на Град Скопје. Собрание на млади претставува тело во чија надлежност е изборот на членовите на локалниот младински совет (ЛМС) на Град Скопје. За учество на конститутивното собрание може да се пријават младински организации, организации за млади, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои имаат активности на подрачјето на град Скопје (се однесува на десетте скопски општини Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари). Целосниот јавен повик со општите услови, како и условите за учество на конститутивното собрание на млади на Град Скопје можете да ги најдете на официјалната веб страница на Град Скопје- https://skopje.gov.mk/media/8806/javen-povik-za-mladinsko-sobranie.pdf  , а истиот трае 10 календарски дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање. Сите заинтересирани организации кои со своите предлози ги исполнуваат условите за учество на конститутивното собрание на млади на Град Скопје, потребно е апликациите да ги достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Булевар ИЛИНДЕН бр.82 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 29.06.2022 година до 15:00 часот, со назнака: “Пријава за учество на конститутивно собрание на млади на Град Скопје“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/objaven-javen-povik-za-uchestvo-na-konstitutivno-sobranie-na-mladi-na-grad-skopje/feed/ 0
Јавен повик за времено ангажирање на негуватели во детски градинки и негуватели за стари лица https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javen-povik-za-vremeno-angaziranje-na-neguvateli-vo-detski-gradinki-i-neguvateli-za-stari-lica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javen-povik-za-vremeno-angaziranje-na-neguvateli-vo-detski-gradinki-i-neguvateli-za-stari-lica/#respond Tue, 07 Jun 2022 09:13:04 +0000 https://kurir.mk/?p=687674

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот “Се грижиме за најмладите и највозрасните”. Истиот е дел од Програмата Општинско - корисна работа, кој се спроведува преку Врз основа на Договорот за соработка со Агенцијата за вработување и Договорот помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Кисела Вода. Преку него ќе се овозможи времено вработување на петнаесет негуватели во јавните детски градинки и пет негуватели за стари лица. -Се работи за ангажман со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини и компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува, ќе добијат тримесечна задолжителна обука и шестмесечен работен ангажман, информираат од Општината. Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество. За кандидатите  кои ќе бидат избрани, се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Заинтересираните невработени лица пријавите  за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да ги поднесат во Агенција за вработување - Центар за вработување Скопје, во периодот од 07.06.2022 година до 13.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Кисела Вода и избраните кандидати. Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат на општинската веб страница на линкот: http://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%20%D0%9E%D0%9A%D0%A0%20%D0%9E%D0%9F%202022.pdf ​како и во Општина Кисела Вода, кај лицето Елизабета Јаневска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје, кај лицето Гоце Петрушевски и во Центарот за социјална работа Кисела Вода кај лицето Славица Здравковска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javen-povik-za-vremeno-angaziranje-na-neguvateli-vo-detski-gradinki-i-neguvateli-za-stari-lica/feed/ 0