јавен превоз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 12:29:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавен превоз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прилепчанец ќе одговара за вршење јавен превоз без поседување лиценца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanets-ke-odgovara-za-vrshene-javen-prevoz-bez-poseduvane-litsentsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanets-ke-odgovara-za-vrshene-javen-prevoz-bez-poseduvane-litsentsa/#respond Fri, 27 Oct 2023 12:29:34 +0000 https://kurir.mk/?p=893786

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(24) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При вонреден инспекциски надзор извршен на 18.08.2023 година на магистрален пат кај селото Подмолје, општина Дебрца, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен превоз на патници со патнички автомобил „опел виваро“ со прилепски регистарски ознаки. Притоа, констатирале дека тој ги прекршил одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај и превезувал патници во внатрешниот сообраќај без поседување лиценца издадена од надлежен државен орган.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanets-ke-odgovara-za-vrshene-javen-prevoz-bez-poseduvane-litsentsa/feed/ 0
Нови возила за јавен превоз на деца обезбедени во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-vozila-za-javen-prevoz-na-detsa-obezbedeni-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-vozila-za-javen-prevoz-na-detsa-obezbedeni-vo-kavadartsi/#respond Thu, 28 Sep 2023 08:50:31 +0000 https://kurir.mk/?p=882630

Обезбедени се две нови возила за јавен превоз во Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека се работи за еден автобус со 31 седиште и комби со 7+1 седишта. Тој рече дека со ова се заокружува процесот и е комплетиран возниот парк на Јавното претпријатие за превоз. - Ќе се користат за превоз на училишни деца, како и за деца со попреченост. Сакам да нагласам дека сите пари што претпријатието ќе ги заштеди со домаќинско работење, добивката, ќе биде во интерес на сите, да се има што пониски цени за превоз. Сегашните цени од 45 денари за билет се симболични во овие услови, нагласи Јанчев, повикувајќи да се користи јавниот превоз кој е навремен, квалитетен и безбеден, а придонесува и за екологијата. Градоначалникот додаде дека јавниот превоз сега располага со 14 возила. Набавката на новите возила чини осум милиони денари. Јанчев сподели дека ќе предложи пензионерите да бидат ослободени од плаќање на јавен превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-vozila-za-javen-prevoz-na-detsa-obezbedeni-vo-kavadartsi/feed/ 0
Штипјанецот Дарко Ефремов кој самоиницијативно го направи сајтот за градскиот превоз доби едногодишен билет https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipjanetsot-darko-efremov-koj-samoinitsijativno-go-napravi-sajtot-za-gradskiot-prevoz-dobi-ednogodishen-bilet/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipjanetsot-darko-efremov-koj-samoinitsijativno-go-napravi-sajtot-za-gradskiot-prevoz-dobi-ednogodishen-bilet/#respond Wed, 06 Sep 2023 15:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=875285

Едногодишен билет додели ЈП „Стипион“ на штипјанецот Дарко Ефремов, кој го изработи веб-сајтот за општинскиот линиски превоз. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски вели ова е мал гест на благодарност за помошта за нив и за граѓаните. -Со нас е Дарко Ефремов, момчето коешто на сопствена иницијатива направи интернет сајт за следење на општинскиот линиски превоз, а со кој ни помогна нам, како Јавно претпријатие, а на граѓаните им овозможи полесно да ги добијат информациите за линиите и возниот ред на општинскиот линиски превоз. Оваа прилика ја користам да му заблагодарам на Дарко со еден симболичен гест, едногодишен билет за користење на општинскиот линиски превоз, вели Стефановски. Од денеска ЈП „Стипион“ започна да ги поставува и информативните табли со легенди за линиите, информации за возниот ред, како и линк и „кју-ар“ код до сајтот кој го креираше Дарко. На сугестии на граѓаните направени се и неколку измени во возниот ред, кој ќе се воведат од утре. -Овој возен ред што е објавен сега има ситни измени, коишто ќе стапат на сила од утре, додаде Стефановски. Стефановски ги покани граѓаните да го проверат новиот возен ред, со мали измени, на информативните табли, како и на фејсбук-страниците на Општина Штип и ЈП „Стипион“]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipjanetsot-darko-efremov-koj-samoinitsijativno-go-napravi-sajtot-za-gradskiot-prevoz-dobi-ednogodishen-bilet/feed/ 0
Вршел јавен превоз без лиценца, кривична за маж од Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrshel-javen-prevoz-bez-litsentsa-krivichna-za-mazh-od-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrshel-javen-prevoz-bez-litsentsa-krivichna-za-mazh-od-tetovo/#respond Wed, 12 Apr 2023 19:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=823422

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Б.(57) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 22.02.2023 во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „форд транзит“, управувано од пријавениот, при што било констатирано вршел јавен превоз на патници без да поседува лиценца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrshel-javen-prevoz-bez-litsentsa-krivichna-za-mazh-od-tetovo/feed/ 0
Вршел јавен превоз без лиценца, кривична за маж од Дебар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrshel-javen-prevoz-bez-litsentsa-krivichna-za-mazh-od-debar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrshel-javen-prevoz-bez-litsentsa-krivichna-za-mazh-od-debar/#respond Mon, 13 Mar 2023 19:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=811531

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Ц.(62) од Дебар поради постоење односи на сомнениа за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 27.02.2023 година пријавениот вршел јавен превоз со сопствено патничко возило без да поседува соодветна лиценца издадена од  надлежен орган.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrshel-javen-prevoz-bez-litsentsa-krivichna-za-mazh-od-debar/feed/ 0
Во Кавадарци стартуваше јавниот градски превоз со градски и приградски линии https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kavadartsi-startuvashe-javniot-gradski-prevoz-so-gradski-i-prigradski-linii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kavadartsi-startuvashe-javniot-gradski-prevoz-so-gradski-i-prigradski-linii/#respond Mon, 13 Feb 2023 09:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=799775

Во Кавадарци денеска стартуваше јавниот градски превоз со градски и приградски линии, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. -Во првите три дена, граѓаните ќе имаат бесплатно возење, а веќе од четврток ќе се наплаќа автобуска карта. Во рамките на градскиот превоз, со линиите за селата од Бошавијата ќе се започне од петок следната недела, додека за релација, општина Росоман, од понеделник 20 февруари, соопштија од кабинетот на Јанчев, споделувајќи ги сите релации на линиите и редот на возењето. Неодамна беа презентирани три нови автобуси за превоз. Директорот на јавното претпријатие за градски превоз, Александар Ѓорѓиев информираше дека ќе има две градски линии што ќе сообраќаат во текот на цел ден, на временски интервали од половина час. - Во приградскиот превоз ќе има четири линии, три пати дневно, ќе бидат опфатени сите приградски села, како и линија до Росоман со селата во росоманска општина. Ова претпријатие го опфаќа и превозот на ученици од сите средни и основни училишта во кавадаречката општина, појасни Ѓорѓиев. Се располага со осум возила. Три нови и еден постоечки автобус, еден минибус и три комбиња за превоз на патници.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kavadartsi-startuvashe-javniot-gradski-prevoz-so-gradski-i-prigradski-linii/feed/ 0
Кривична пријава против лице од Тетовско за вршење јавен превоз без лиценца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-litse-od-tetovsko-za-vrshene-javen-prevoz-bez-litsentsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-litse-od-tetovsko-za-vrshene-javen-prevoz-bez-litsentsa/#respond Mon, 30 Jan 2023 16:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=793843

Поднесена е кривична пријава против лице од тетовско Стримница за вршење јавен превоз без лиценца, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. – СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(69) од село Стримница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без лиценца“. На 27.10.2022 на регионалниот пат Тетово-Брвеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген венто“, при што констатирале дека пријавениот врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца, посочуваат од МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-litse-od-tetovsko-za-vrshene-javen-prevoz-bez-litsentsa/feed/ 0
Година на хаос во јавниот превоз во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godina-na-haos-vo-javniot-prevoz-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godina-na-haos-vo-javniot-prevoz-vo-skopje/#respond Tue, 03 Jan 2023 08:27:07 +0000 https://kurir.mk/?p=783369

Во 2022 година, Скопје за првпат во својата историја, од осамостојувањето на државата, остана без јавен превоз поради протестот на возачите на Јавното сообраќајно претпријатие, а проблемот со приватните превозници од „Макеспрес“ и „Слобода превоз“ остана да се решава во оваа 2023 година. По неколкудневно доцнување на септемвриската плата од законскиот рок за исплата, возачите од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, на 20 октомври решија да протестираат по што за првпат од осамостојување на државата, Скопје остана без јавен превоз. Градоначалничката Данела Арсовска обвини дека Владата ги нема исплатено долговите кон ЈСП по што Советот на Град Скопје на вонредна седница изгласа одлука за субвенционирање на претпријатието со која се обезбедија средства за плати за вработените до крајот на 2022 година и автобусите почнаа повторно да возат низ градот. На, 28 декември на полноќ, на вонредна седница советниците на Град Скопје беше усвоена одлука и за субвенционирање на ЈСП за 2023 година со која се спречи евентуално повторен протест на вработените во претпријатието. Кратко време по протестот на ЈСП се појавија и проблемите со приватните превозници кои тврдеа дека не им се исплатени долговите од страна на ЈСП. Прекинаа да вршат услуги во јавниот превоз, поради, како што велеа, немањето основни средства за извршување на услугите во јавниот превоз. Кон крајот на ноември и почетокот на декември приватните превозници ги блокираа главните сообраќајници во градот. Блокадите, кои предизвикаа сообраќаен хаос, беа поставени на крстосниците пред „ТЦ Мавровка“, „Црвен Крст“ и на „Илинденска“ во околината на Град Скопје и траеја неколку дена се до моментот кога превозниците одлучија да го почитуваат предлогот на премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека Владата ќе ги прими, но не со такви притисоци кои се прават преку блокирање на градскиот сообраќај. За да се надмине проблемот, приватните превозници побараа средба во Владата од каде најавија дека средба ќе се одржи штом го добијат извештајот од Управата за јавни приходи. Градоначалничката Арсовска тврдеше дека се направени злоупотреби од страна на одредени личности и распиша нов јавен повик на кој приватните превозници „Макекспрес превоз“ и „Слобода превоз“ не можеа да аплицираат поради укинувањето на договорот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godina-na-haos-vo-javniot-prevoz-vo-skopje/feed/ 0
Од утре престанува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-prestanuva-da-vazi-odlukata-za-besplaten-javen-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-prestanuva-da-vazi-odlukata-za-besplaten-javen-prevoz/#respond Tue, 27 Dec 2022 18:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=781334

Од утре претставува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која времено беше донесена како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, информираа попладнево од ЈСП. – Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-prestanuva-da-vazi-odlukata-za-besplaten-javen-prevoz/feed/ 0
Санкции за 10 возила што вршат јавен превоз на територија на СВР Битола    https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sankcii-za-10-vozila-shto-vrshat-javen-prevoz-na-teritorija-na-svr-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sankcii-za-10-vozila-shto-vrshat-javen-prevoz-na-teritorija-na-svr-bitola/#respond Sat, 10 Dec 2022 17:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=773666

Денеска 10.12.2022 во времето од 09:00 до 13:00 часот од страна на полициски службеници  од криминалистичката полиција и од ПС за БПС-Битола спроведена е акциска контрола за возила што вршат јавен превоз на патници. Превземени се две мерки поради немање на лекарско уверение за возачи кои вршат јавен превоз, а затекнати се и осум возачи без потребната лиценца, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sankcii-za-10-vozila-shto-vrshat-javen-prevoz-na-teritorija-na-svr-bitola/feed/ 0