јавен сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 15:14:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавен сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platite-vo-javniot-sektor-vo-septemvri-ke-se-zgolemat-za-10-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platite-vo-javniot-sektor-vo-septemvri-ke-se-zgolemat-za-10-otsto/#respond Mon, 10 Jul 2023 15:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=855097

Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат 10.000 К-15. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претствниците на синдикатите. -Договоривме дека новата методологија за прсметка на плати за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со септемвриската плата во 2023 ќе биде покачувањето од проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, објави во изјавата за медиумите по средбата Тренчевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platite-vo-javniot-sektor-vo-septemvri-ke-se-zgolemat-za-10-otsto/feed/ 0
Продолжуваат разговорите за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuvaat-razgovorite-za-metodologijata-za-porast-na-platite-vo-javniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuvaat-razgovorite-za-metodologijata-za-porast-na-platite-vo-javniot-sektor/#respond Wed, 05 Jul 2023 05:40:32 +0000 https://kurir.mk/?p=852757

Продолжуваат разговорите за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор и денеска, во формат на работна група, членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе се обидат да ги приближат ставовите околу постигнување евентуално решение. Синдикатите остануваат на барањето инфлацијата која минатата година беше 14,2 проценти да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор и сите да добијат процентуално зголемување на платите, додека за власта е клучно да се донесе решение што ќе биде системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор. Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека барањата на синдикатите се легитимни зашто, како што рече, тие се борат за одржување на животниот стандард пред инфлацијата. На секоја средба, според Бесими, има атмосфера и волја да се дојде до решение, но тоа, напомена, мора да биде здраво, системско и одржливо. -Морам во оваа фаза да кажам дека иако во разни моменти имаме различни ставови или погледи за одредени прашања, има атмосфера и волја од сите страни да дојдеме до решение. Презентираме различни позиции, но битно е во период на инфлација, кога се бориме да ја сузбиеме од сите аспекти, и динамиката на раст на платите да може да помогне во тој процес зашто тоа што ќе биде резултат е - колку реално ќе расте платата. Инаку, и административците се граѓани кои бараат јавни услуги. Ни треба ефикасна, професионална админстрација која ќе биде поддршка на стопанството, покрај другите развојни фактори, за тоа да се раздвижи и да расте побрзо. Тоа се врзани садови и во тој дел, ако поставиме здрав систем, здраво системско решение, ќе направиме основа за во иднина, децениски, да имаме етаблиран систем кој ќе донесе и поквалитетен јавен сектор, истакна вчера министерот Бесими во интервју за ТВ Сител. Според Бесими, Северна Македонија ќе биде прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата. -Има неколку работи испреплетени со кризата, посебно кога зборуваме за инфлацијата - таа е феномен кој носи многу предизвици, а друг момент е и спиралата. Тука барањата на синдикатите се легитимни, зашто тие се борат за одржување на животниот стандрад пред инфлацијата. И ние за тоа се залагаме, но разговараме со нив за чекор понатаму. Разговорите се во тек, не можеме сите аспекти во детали да ги објавиме, зашто не се целосно усогласени, но генерално, начелно сме согласни и ќе бидеме прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата. Има примери со инфлација и со минимална плата, а со просечна бруто плата што е во интерес на вработените можеби ќе бидеме први што користиме ваков модел. Еден предлог е дека март 2025 целосно ќе биде, но очекуваме процесот да се заокружи, изјави Бесими. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања вчера рече дека во преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор досега не се разговарало за 14 отсто, како што рекоа вчера синдикалните претставници по седницата на Економско-социјалниот совет. -Јас не знам од каде 14 отсто кога досега не се разговараше за 14 отсто. Се разговара за систем за плати којшто ќе одговара на сите, да не заборавиме дека платите на дел од државните службеници беа зголемени во март за 2.175 денари, тоа зависно, кај некој е 7-8 отсто, кај некој е дури и 16 проценти. Сега во моментов се разговара во рамки на Економско - социјалниот совет да се најде системско решение. Се работи да најдеме систем кој ќе биде во ред и за синдикатите и за работодавачите, односно и за Владата и за сите, одговори вчера Тренчевска на новинарско прашање, по потпишувањето на Програмата за достоинствена работа Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој присуствуваше на настанот, повтори дека „инфлацијата која минатата година според официјалните податоци е 14.2 проценти, треба да биде основниот параметар по кој ќе се пресметуваат платите на вработените во јавниот сектор“. -Ако имаме предвид дека сѐ се зголемило за 14.2 проценти, вашите плати автоматски се намалиле за 14.2 проценти и на тој начин да го елиминираме моментот на губење на куповната моќ и односно работниците да можат да го преживеат месецот, рече Трендафилов. Тој нагласи дека доколку функционерите утре се откажат од нивните зголемени плати за 78 проценти секој вработен во јавниот сектор би добил по 1.500 во нето на неговата сметка, ако тие пари се трансферираат во плати на вработените во јавниот сектор. На последниот состанок социјалните партнери, како што информира Министерството за труд и социјална политика, се договориле понатамошните преговори за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор да се одвива во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, а ќе излезе со предлози до следната седница на ЕСС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuvaat-razgovorite-za-metodologijata-za-porast-na-platite-vo-javniot-sektor/feed/ 0
ММФ: Има простор за повисоки плати во јавниот сектор, но да се внимава на инфлацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mmf-ima-prostor-za-povisoki-plati-vo-javniot-sektor-no-da-se-vnimava-na-inflatsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mmf-ima-prostor-za-povisoki-plati-vo-javniot-sektor-no-da-se-vnimava-na-inflatsijata/#respond Tue, 27 Jun 2023 08:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=849954

Во тек е економско закрепнување на Македонија, со реален раст на БДП проектиран на 2,1 отсто оваа година, а 3,4 проценти во 2024 година. Потрошувачките цени се очекува годинава да пораснат во просек за 9,2 отсто, 3,5 отсто во 2024, а до 2026 година да се вратат на 2 отсто, се наведува во прелиминарните наоди на мисијата на ММФ која престојуваше во земјава од 5 до 9 јуни. - Јавните финансии се на пат да ја исполнат целта за дефицитот утврдена во Буџетот за 2023 година одобрен од Парламентот. Сепак, доцнењето во усвојувањето на реформата на даночната политика и солидарниот данок можат да ги компромитираат даночните приходи и да ги загрозат приоритетните трошоци. Во овој контекст, даночната реформа треба да се усвои без одлагање со оглед на долгиот период за јавни консултации, а истото се однесува и на солидарниот данок. Дополнително, напорите за подобрување на наплатата на даноците треба да се одржат и забрзаат, вели шефот на мисијата на ММФ Жак Манијане. Со оглед на тоа што растот на потрошувачките цени во последните години ја намали куповната моќ на домаќинствата, ММФ оценува дека е разбирливо што работниците во јавниот сектор бараат повисоки плати. - Веќе има простор во буџетот на централната влада да се приспособи за зголемување на масата за плати од близу 10 проценти, слично на проектираната стапка на инфлација за 2023 година, вклучително и усогласувањето на минималната плата оваа година. Сè што е над ова би создало големо и трајно оптоварување на буџетот, а исто така би ризикувало да ги истисне другите суштински трошоци. Големите зголемувања на платите, исто така, носи ризик да ја претворат привремено високата инфлација во постојано висока инфлација, смета Манијане. Фискалната консолидација треба да продолжи да ја поткрепува фискалната одржливост и да обезбеди адекватни фискални резрви за следната криза. - Иако реформата на блок-тарифите за електрична енергија во 2022 година беше значаен чекор во вистинската насока, цените на електричната енергија за повеќето домаќинства остануваат силно субвенционирани и се меѓу најниските во Европа. Како резултат на тоа, јавните финансии остануваат ранливи на порастот на цената на енергијата. Иако зголемувањето на тарифите за енергија никогаш не е лесно, ќе биде важно да се продолжи со реформите на тарифите за електрична енергија кои постепено ќе ги укинуваат субвенциите и ќе ја зајакнуваат енергетската ефикасност. Сегашниот контекст на пониски меѓународни цени на енергијата дава можност за продолжување на ваквите реформи. Поддршката за сметките за електрична енергија треба да биде насочена кон посиромашните домаќинства, наместо да им користи на повеќето домаќинства на нецелен начин, како што е моментално, оценува ММФ. За Народната банка се вели дека ја продолжува неопходната нормализација на монетарната политика преку повисоки каматни стапки и други мерки, за да се осигура дека високата инфлација нема да се вкорени. Овие промени во политиката помогнаа да се стабилизираат инфлациските очекувања и придонесуваат за постепен пад на инфлацијата. Важно е што тие исто така обезбедуваат девизните резерви да останат соодветно ниво, што е клучно за Северна Македонија. - Банкарскиот систем е ликвиден, профитабилен и соодветно капитализиран и очекуваме дека ќе може да ги апсорбира ефектите од заострените финансиски услови и другите шокови. Сепак, сегашните позитивни услови треба да се искористат за да се продолжи со додавање на капиталните резерви. Конечно, го поддржуваме неодамнешното воведување на макропрудентни мерки засновани на заемопримачи. Тие се важни алатки на централната банка и ќе помогнат да се ограничат ризиците во секторот на недвижности, велат од ММФ. Во прелиминарните наоди се нагласува дека структурните и институционалните реформи, се клучни за изгледите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, и треба да се забрзаат за да се зајакнат изгледите за раст на земјата и приближување кон приходите на ЕУ на среден рок. Што се однесува до проектите за патиштата од Коридорите 8/10д, од ММФ посочуваат дека сè уште ги проценуваат импликациите врз јавните финансии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mmf-ima-prostor-za-povisoki-plati-vo-javniot-sektor-no-da-se-vnimava-na-inflatsijata/feed/ 0
Во јавниот сектор има 129.374 вработени лица, просечната возраст 46 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-javniot-sektor-ima-129-374-vraboteni-litsa-prosechnata-vozrast-46-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-javniot-sektor-ima-129-374-vraboteni-litsa-prosechnata-vozrast-46-godini/#respond Wed, 26 Apr 2023 11:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=827864

Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2022 година изнесува 129 374 лица. Тие својот работен ангжман го реализираат во 1 354 институции. Бројот на институции во однос на 2021 година е зголемен за осум, соопшти на денешната прес-конференцијата министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Тој информира дека од 1 354 институции, 60 отсто се на локално ниво, а околу 40 отсто се на централно ниво. Од нив, најмногу или 533 институции се од дејноста образование, труд и социјална политика се 125 институции, култура - 121, управа - 117, комунални работи - 113, здравство - 111, локална власт - 81, правосудство - 64, правда -14 ... -Споредбено со Извештајот за 2021 година, бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 2 714 вработени. Од вкупниот број, 18 909 лица биле вработени во Армијата, МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција, истакна министерот за информатичко општество и администрација во Владата. Посочи дека освен како бројка, за овие вработени лица во Извештајот не се прикажуваат други детали и анализи. Додаде дека тоа е поради законски и безбедносни причини. Според анализата, најмногу вработени од јавниот сектор се во дејноста образование - 34 отсто, здравство - 18 , управа - 13, комунални работи - 9, труд и социјална работа -7, локална власт - 5 отсто... -Во органите на државната власт, согласно овој Извештај, се вработени вкупно 14 531 лице. Бројот на вработените во органите на државната власт претставува само 13 отсто од вкупната бројка на вработени во јавниот сектор. Од вкупно 129 374 лица, во Владата, министерствата, органите во рамки на министерствата, самостојните органи на државната управа и итн. се вработени 14 531 лице, нагласи Алиу. Извештајот нотира дека во голем број институции - 504 има до 50 вработени, а намјал број, само 24 институции имаат над 500 вработени. Како и во претходните извешати, така и во овој, како што рече Алиу, се покажува дека дека голем број од вработените во јавниот сектор се жени - 56,29 отсто, наспроти мажи - 43,71 отсто. Жените се најзастапени во областа труд и социјална политика - 82,99 отсто, особено јавните установи за социјална и детска заштита. Во здравството има 72,72 отсто и образование со 66,71 отсто жени. Мажите се најзастапени во дејноста животна средина со 89,29 отсто, а доминантно се застапени и во дејностите транспорт и комунални работи. -Просечната возраст на вработените изнесува 46,03 години. Споредбено со Извештајот за 2021 година, се забележува незначително намалување на просечната возраст на вработените во јавниот сектор, рече министерот. Информира дека до 31.12 2022 година, 71 отсто од вработените се Македонци, 21,6 отсто се Албанци, 2,42 се Турци, Роми - 1,49 отсто... Во 2022 година се воочува намалување на бројот на доктори на науки и на магистри, а на сметка на тоа се зголемува бројот на вработените во основно образование. Тој потенцира дека повеќе од половината, односно 55,85 отсто од вработените во јавниот сектор имаат најмалку високо образование.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-javniot-sektor-ima-129-374-vraboteni-litsa-prosechnata-vozrast-46-godini/feed/ 0
Постигнат договор во преговорите за плати во јавниот сектор во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-vo-pregovorite-za-plati-vo-javniot-sektor-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-vo-pregovorite-za-plati-vo-javniot-sektor-vo-germanija/#respond Sun, 23 Apr 2023 12:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=826614

Синдикатите и работодавачите во јавниот сектор во Германија постигнаа согласност за нов колективен договор, по четвртиот круг преговори во Потсдам. Околу 2,5 милиони вработени во секторот јавни служби поради високата инфлација ќе добијат 3.000 евра со исплата од јуни. Од март 2024 година платите ќе пораснат за уште најмалку 340 евра. Договорот во голема мерка ја следеше препораката на арбитражата објавена пред една недела. Договорот е на 24 месеци. Во изминатите месеци, германските синдикати го парализираа јавниот транспорт, градинките, болниците и собирањето ѓубре со штрајкови низ целата земја поради спорот околу платите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-vo-pregovorite-za-plati-vo-javniot-sektor-vo-germanija/feed/ 0
„Jaвниот сектор да работи од 9 до 15 часот“ – КСС со предлог мерка за заштеда на струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-sektor-da-raboti-od-9-do-15-chasot-kss-so-predlog-merka-za-zashteda-na-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-sektor-da-raboti-od-9-do-15-chasot-kss-so-predlog-merka-za-zashteda-na-struja/#respond Mon, 05 Sep 2022 10:51:38 +0000 https://kurir.mk/?p=728858

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови. -Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопхоедните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-sektor-da-raboti-od-9-do-15-chasot-kss-so-predlog-merka-za-zashteda-na-struja/feed/ 0
КСС бара пратениците да ги усвојат амандманите за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-bara-pratenicite-da-gi-usvojat-amandmanite-za-linearno-pokachuvanje-na-platite-na-vrabotenite-vo-javniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-bara-pratenicite-da-gi-usvojat-amandmanite-za-linearno-pokachuvanje-na-platite-na-vrabotenite-vo-javniot-sektor/#respond Fri, 01 Jul 2022 12:28:46 +0000 https://kurir.mk/?p=698401

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште еднаш се обрати до сите пратеници и членови на Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница да се охрабрат и да ги усвојат амандманите на синдикатите и оној за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор како и амандманот на КСС за парична помош на сите вработени во приватниот сектор. - Ги повикуваме да ја согледаат состојбата во која што се наоѓа работникот во моментот неможејќи да ги сервисира своите основни животни трошоци кои поради двоцифрената инфлација, драстично поскапените нафтени деривати и од денес големото поскапување на електричната енергија нивните плати се обезвреднија. Иако премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања експлицитно одби да се прифтат амандманите на синдикатите, а од друга страна при носењето на минимална плата и нашето барање низ годините за усогласување на платите ветуваше дека пари ќе има за работниците, па затоа тргајќи од суштинската потреба на работникот што поспремно да ја пречека тешката зима што следи ги повикуваме сите пратеници во комисијата денес да размислат и одлучат со чиста совест и рационално да му помогнат на осиромашениот работник, стои во соопштението на КСС. Од таму додаваат дека оној пратеник кој ќе гласа за отфрлање на овие амандмани КСС ќе го прогласи за непријател на работниците и ќе бидат запаметен во историјата како човек кој не се грижи и ги урнисува работничките права. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-bara-pratenicite-da-gi-usvojat-amandmanite-za-linearno-pokachuvanje-na-platite-na-vrabotenite-vo-javniot-sektor/feed/ 0
КСС со амандман бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-so-amandman-bara-pokachuvanje-na-platite-vo-javniot-sektor-i-finansiska-pomosh-za-privatniot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-so-amandman-bara-pokachuvanje-na-platite-vo-javniot-sektor-i-finansiska-pomosh-za-privatniot/#respond Mon, 27 Jun 2022 12:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=696348

Конфедерацијата на слободни синдакти на Македонија (КСС) преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман до пратениците во Собранието, со кој бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот. На денешната прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски, потенцира дека поради непочитување на законите голем број од работниците во период на голема инфлација, зголемени основни животни трошоци, проследени преку економска и енергетска криза останале со плати на исто рамниште, и не се во можност да ги сервисираат своите основни животни трошоци. – Нашето барање е на сите работници во приватниот сектор со плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари, на оние со плати од 21.000 до 24.000 да им се исплати парична помош три пати по 2.000 денари, за што е потребно да се издвојат една милијарда денари со ребаланс на буџетот, а целта е и овие работници да можат поспремни да ја дочекаат тешката зима што ја најавува власта. Кога се носеше минималната плата слушавме дека ќе се покачат платите на сите работници во државата скалесто, но очигледното скалестото како што кажавме многу пати во предлогот на Законот за минимална плата од Влада со Сорание се изгуби и работниците останаа со кратки ракави, изјави Ралповски. Додаде дека барањето иако било испратено до сите пратеници, наишло на поддршка само од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Добивме уверување дека амандманот ќе биде поднесен комисиски и ќе биде разгледуван. Ги потсетивме повторно сите пратеници, но еве и јавно апелираме до сите нив да соберат сила и да покажат разбирање за состојбата во која се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието. Напоменуваме дека доколку кој било од пратениците е против овој амандман и гласа за негово отфрлување, КСС тие пратеници ќе ги смета како „непријатели“ на работниците, подвлече Ралповски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-so-amandman-bara-pokachuvanje-na-platite-vo-javniot-sektor-i-finansiska-pomosh-za-privatniot/feed/ 0
Продолжува штрајкот во јавниот сектор, денеска протест на ССМ пред Министерството за финансии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-shtrajkot-vo-javniot-sektor-deneska-protest-na-ssm-pred-ministerstvoto-za-finansii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-shtrajkot-vo-javniot-sektor-deneska-protest-na-ssm-pred-ministerstvoto-za-finansii/#respond Fri, 24 Jun 2022 05:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=694934

Сојузот на синдикати на Македонија го реализира најавениот генерален штрајк во јавниот сектор барајќи линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор. Денеска, како што најавија од ССМ, во рамки на штрајкот ќе организираат протест пред Министерството за финансии. Вчера ССМ организираше протестен собир пред зградата на Владата, во рамки на активностите од генералниот штрајк. -Работникот дојде по ветеното и своето, порача вчера претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски, од собирот на членството на ССМ. Тој ја повика Владата да се реши проблемот, преку амандман со ребалансот на Буџетот или со општиот колективен догвовор, укажувајќи дека за разлика од 1. Мај кога им ветиле повисока плата вчера никој не ги пречекал. -Протестираме пред Владата да побараме поддршка од 21 министер за предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платоте за 2806 денари, но за жал не не пречекаа како за 1-Ви Мај.Тогаш кажаа дека за сите ќе има линеарно зголемување на платите со ребалансот на Буџетот, но денеска ги нема. Затоа јавно апелирам и кажувам работникот си дојде по ветеното, работникот си дојде по своето бидејќи ние немаме друг начин како да издржиме во оваа економска криза. Немаме друг начин како да ја издржиме инфалцијата. Затоа ја повикувам целата Влада на чело со премиерот да го решиме проблемот што поскоро, сакаат преку амандман во Собранието, сакаат со Општиот колективен договор во јавниот сектор, изјави Димовски. Синдикалците завчера за време на штрајкот поставија 120 празни столчиња пред Парламентот сакајќи да ги потсетат пратениците да го прифатат амандманот со кој се бара во ребалансот на Буџетот да бидат одвоени средства за линеарното зголемување на платите. Штрајкот ќе се одвива секој ден од 10 до 11 часот, така што вработените во јавниот сектор во тој период ќе го прекинат работниот процес и ќе излезат надвор, а само десет проценти од нив ќе работат онаму каде што е потребно за итни случаи. Од Синдикатот се задоволни од текот на штрајкот кој најавија дека ќе трае се до исполнување на барањата. Од Владата, пак, стојат на ставот дека треба да се зголемат платите, но велат дека мора да се најде одржливо решение, а не проблемите да се решаваат со ад хок решенија. Штрајкот во јавниот сектор уследи откако Сојузот на синдикати на Македонија виде дека во ребалансот на Буџетот не се предвидени средства за нивното барање, иако, како што тврдат, тоа им било ветено за време на преговорите со владини претставници. Ден пред почетокот на штрајкот во зградата на ССМ се одржа и средба со економскиот тим на Владата, но таа не вроди со плод. Во меѓувреме, во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. На оваа седница не беше прифатен амандманот со кој се бараа пари за предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-shtrajkot-vo-javniot-sektor-deneska-protest-na-ssm-pred-ministerstvoto-za-finansii/feed/ 0
Продолжува штрајкот во јавниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-shtrajkot-vo-javniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-shtrajkot-vo-javniot-sektor/#respond Thu, 23 Jun 2022 05:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=694394

Сојузот на синдикати на Македонија го реализираше најавениот генерален штрајк во јавниот сектор барајќи линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор. Вчера постави 120 празни столчиња пред Парламентот сакајќи да ги потсети пратениците да го прифатат амандманот со кој се бара во ребалансот на Буџетот да бидат одвоени средства за линеарното зголемување на платите, а за денеска најави дека ќе постави 21 столче пред Владата. Штрајкот ќе се одвива секој ден од 10 до 11 часот, така што вработените во јавниот сектор во тој период ќе го прекинат работниот процес и ќе излезат надвор, а само десет проценти од нив ќе работат онаму каде што е потребно за итни случаи. Од Синдикатот се задоволни од текот на штрајкот кој најавија дека ќе трае се до исполнување на барањата. Претседателот на ССМ Дарко Димовски вчера изјави дека само во едно претпријатие на почетокот на штрајкот е забележан притисок врз вработените, а ги пофали одредени институции и претпријатија кои веќе почнале да се потпишуваат спогодби за вработените да добијат 2.806 денари од 1 јули. – Значи, имаме и таква и ваква ситуација, но на крајот на денот во 13 часот нашите регионални секретари ќе поднесат извештаи и секаде онаму каде што ќе се прави пресија врз работниците и штрајкувачките одбори истото ќе се случи како завчера со пратениците, јавно ќе ги објавиме тие директори и управители или носители на тие функции што ни прават пресија за да не штрајкуваме, изјави Димовски. Од Владата, пак, стојат на ставот дека треба да се зголемат платите, но велат дека мора да се најде одржливо решение, а не проблемите да се решаваат со ад хок решенија. – Општиот колективен договор и социјалниот дијалог за Општиот колективен договор треба да продолжи и ќе продолжи и таму да го најдеме системското решение, а тоа е нова методологија која ќе биде вклучена во Општиот колективен договор и која што ќе значи системско решавање на проблемот со платите во јавниот сектор, односно континуирано зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, порача вчера министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Според неа, линеарното покачување на платите за 2.806 денари не е решение. – Владата покажува политичка волја, подготвеност да најдеме решение и повикуваме да продолжиме со социјалниот дијалог за да дојдеме до решение кое ќе го реши проблемот на вработените во јавниот сектор, рече Тренчевска. Уверува дека институциите се функционални за време на штрајкот и дека во Министерството за труд и социјална политика вчера никој не пријавил дека штрајкува. Барањето на ССМ за линеарно зголемување на платите вчера беше и во фокусот на партиските препукувања. Од опозицијата обвинија дека пратениците од власта со неизгласувањето на амандманот со кој се бара интервенција во ребелансот, им го отежна животот на работниците. – Пратениците на СДСМ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2806 денари. СДСМ им го отежна животот на десетици илјади семејства. Линеарното зголемување на платите кое СДСМ го отфрли, беше всушност и законска обврска на власта за спроведување, која не ја почитуваат, а произлегува од Законот за зголемување на минималната плата, кое само по себе бара линеарно усогласување на сите плати, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на прес-конференција. Од СДСМ порачаа дека ветиле зголемување на платите во период од шест месеци и дека тоа ќе биде направено. – Ние сме ветиле дека ќе ги зголемиме платите и во администрацијата, во период од шест месеци и ние тоа ќе го направиме со измени во законот, исто како што направивме со зголемување на минималната плата на 18.000 денари, порача пратеничката на СДСМ Даниела Марковска во рамките на расправата посветена на ребалансот на Буџетот во собраниската комисија за финансирање и буџет, изјави пратеничката Даниела Марковска во рамки на расправата посветена на ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Штрајкот во јавниот сектор уследи откако Сојузот на синдикати на Македонија виде дека во ребалансот на Буџетот не се предвидени средства за нивното барање, иако, како што тврдат, тоа им било ветено за време на преговорите со владини претставници. Завчера во зградата на ССМ се одржа и средба со економскиот тим на Владата, но таа не вроди со плод. Во меѓувреме, во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. На оваа седница не беше прифатен амандманот со кој се бараа пари за предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. Досега се разгледани 13 од вкупно предложените 204 амандмани и ниту еден од разгледаните не беше усвоен. Вчера беше шестиот од вкупно десет дена, кои се предвидени според Деловникот за расправа во матичната Комисија. Вкупно се поднесени 204 амандмани,од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два на парламентарното мнозинство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-shtrajkot-vo-javniot-sektor/feed/ 0