јавен увид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Mar 2020 08:34:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавен увид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уште два дена увид во Избирачкиот список и пријавување на дијаспората за гласање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-dva-dena-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-i-prijavuvanje-na-dijasporata-za-glasanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-dva-dena-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-i-prijavuvanje-na-dijasporata-za-glasanje/#respond Tue, 10 Mar 2020 07:52:17 +0000 https://kurir.mk/?p=314353

Увидот во Избирачкиот список за гласањето на предвремените парламентарни избори на 12 април завршува утревечер на полноќ, а до вчера во подрачните оделенија и канцеларии на ДИК своите податоци ги провериле 7.526 граѓани. Дотогаш е отворена и можноста за проверка на податоците на избирачите, бришење или дополнување во Избирачкиот список. Нема информација колку граѓани ги провериле своите податоци електронски преку апликацијата на веб страната на ДИК. ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужба, Управниот суд одлучува во рок од 24 часа од приемот. Рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на македонските државјани за гласање на изборите на 12 април завршува исто така на 11 март на полноќ. До вчера за гласање во дијаспората се пријавиле 4.299 македонски државјани во странство. Државната изборна комисија е должна во рок од пет дена (16 март) од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список да го достави до политичките партии. Партиите, пак, до 19 март доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци. ДИК по поднесеното барање одлучува со решение во рок од два дена од денот на приемот на барањето. Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата. Она што е новина е што во Избирачкиот список од годинава ќе бидат ставени сите лица со 18 години на денот на изборите. Во Роковникот на ДИК е предвидено, МВР во рок од еден ден од завршувањето на јавниот увид да достави листа на државјани кои поднеле барање за издавање нова лична карта или патна исправа по кој било основ и истите ги подигнале од денот на распишување на изборите до денот на завршување на јавниот увид и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. ДИК податоците за овие лица ги впишува во Избирачкиот список по службена должност. Од ДИК нагласуваат дека на изборите ќе можат да гласаат само граѓаните со важечка лична карта и пасош. Во спротивно тие нема да можат да го остварат правото на глас. До 17 март до ДИК треба да пристигнат и податоци за лицата од затворите, во притвор и во куќен притвор, како и од МТСП за лицата кои се пријавиле за гласање во установи за вонсемејно згрижување. Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува најдоцна до 23 март. Заклучениот Избирачки список, ДИК го потпишува најдоцна на 2 април, односно десет дена пред одржувањето на изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-dva-dena-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-i-prijavuvanje-na-dijasporata-za-glasanje/feed/ 0
Почнува рокот за собирање потписи и увид во Избирачкиот список за изборите на 12 април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-rokot-za-sobiranje-potpisi-i-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-za-izborite-na-12-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-rokot-za-sobiranje-potpisi-i-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-za-izborite-na-12-april/#respond Tue, 25 Feb 2020 06:38:33 +0000 https://kurir.mk/?p=308387

Течат роковите за подготовка на предвремените парламентарни избори на 12 април. Утре почнува рокот за собирање потписи на избирачите за кандидати за пратеници и за јавен увид во Избирачкиот список. Новина е што од овие избори освен од службени лица на Државната изборна комисија, потписи ќе се собираат и пред надлежен нотар на образец што неодамна беше утврден на седница на ДИК. Подносителот на листата определува пред кои нотари ќе се собираат потписи и за тоа ја известува ДИК, која на својата интернет-страница објавува листа на нотари пред кои подносителите на листа собираат потписи. Секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидати за пратеници. Избирачите кои ја поднесуваат листата треба да имаат избирачко право и постојано живеалиште на подрачјето на изборната единица, општината, односно Град Скопје. Собирањето потписи пред овластено лице од дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии за предлагање листа на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија од група избирачи започнува исто така в среда и завршува на 6 март на полноќ. Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК и тоа најдоцна до 12 март на полноќ. Јавниот увид во Избирачкиот список за изборите на 12 април започнува исто така утре и завршува на 11 март на полноќ. Гласачите своите податоци во Избирачкиот список и досега можеа да ги проверат и пред овој рок, преку апликацијата на веб-страницата на ДИК www.sec.mk и во канцелариите на ДИК. Според Роковникот на ДИК, најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите Избирачкиот список се става на јавен увид, кој граѓаните може да го направат во подрачните одделенија и месните канцеларии на Комисијата, но своите податоци исто така може да ги проверат и преку апликацијата ставена на веб-страницата на ДИК. Во истиот период од 26 февруари до 11 март граѓаните можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список и тоа во подрачните одделенија и месни канцеларии на Комисијата. Увид во Избирачкиот список ќе им биде овозможен и на затворениците и лицата во притвор во казнено-поправните установи. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи на Избирачкиот список за време на јавниот увид државјаните на РСМ кои се во притвор или се наоѓаат на извршување казна затвор го поднесуваат преку органот надлежен за извршување на санкциите до ДИК најдоцна до 11 март. Јавниот увид на 26 февруари започнува и за македонските државјани кои живеат или работат во странство и тој може да се направи во дипломатско-конзуларните претставништва. ДИК преку МНР ги доставува до ДКП и конзуларните канцеларии посебните извори од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденцијата од надлежен орган, за ставање на јавен увид. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид, државјаните на РСМ кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат преку апликацијата со лична електронска пошта до ДИК. Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид државјаните на РСМ кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават пријава своерачно потпишана или испратена преку апликацијата со лична електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори. Пријавата, ДКП/КК веднаш, а најдоцна во рок од два дена по завршувањето на јавниот увид ја доставува по електронска пошта до МНР, а МНР најдоцна во рок од 24 часа од денот на приемот ги доставува до ДИК. ДИК на 16 февруари упати јавен повик за пријава и увид во Избирачки список за гласање во странство за предвремените избори за пратеници на 12 април. Според податоците на ДИК до вчера напладне биле пристигнати и обработени 627 пријави за гласање во ДКП на РСМ. Најмногу од нив 75 се од Венеција, 63 во Берн, 62 во Берлин и 45 во Минхен. Гласањето во дијаспората ќе се организира само доколку се пријават околу 7.000 гласачи. По барањата и пријавите на граѓаните ДИК е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа по приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужбата УС решава во рок од 24 часа по нејзиниот прием и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат. ДИК во рок од пет дена (до 16 март) од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до политичките партии. Синоќа на полноќ истече рокот до кога МИОА до ДИК требаше да ги достави податоците за вработените во државната и општинската администрација, администрацијата на Град Скопје, како и јавната администрација. Исто така, на полноќ заврши и рокот до кога МНР требаше да ги достави до ДИК податоците за дипломатите вработени во соодветно ДКП, односно конзуларна канцеларија. Од редот на администрацијата и дипломатите се избираат членови во избирачките одбори што ќе ги спроведуваат изборите во земјата и во странство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-rokot-za-sobiranje-potpisi-i-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-za-izborite-na-12-april/feed/ 0