јавна администрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 15:52:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавна администрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од 2024 година ќе се намали бројот на директори и членови на Управните одбори во јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-2024-godina-kje-se-namali-brojot-na-direktori-i-chlenovi-na-upravnite-odbori-vo-javnata-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-2024-godina-kje-se-namali-brojot-na-direktori-i-chlenovi-na-upravnite-odbori-vo-javnata-administracija/#respond Thu, 17 Nov 2022 15:52:43 +0000 https://kurir.mk/?p=762495

Кратење на директорски места , членови на управни одбори, затворање или спојување на агенции кои имаат исти надлежности, сето ова се планира со реорганизација на администрацијата, најавена за 2024. Ресорниот министер уверува дека нема да има отпуштања по министерствата, бидејки како што вели има дефицит на вработени. - Ќе се намали бројот на директори и на членови на Управни одбори, а не на вработени. Ќе имаме дефицит на вработени во централната власт. Вработените ќе останат, а ќе има директори кои во 2024 година нема да бидат повеќе на таа позиција, вели Адмирим Алити. Реформите во администрацијата се неопходни, порача евроамбасадорот Гир, иако , признава , се работи за политички процес кој е исклучително чувствителен. Веке се направени пилот проекти за реорганизација во три министерства за земјоделство, економија и информатичко општество со цел да се постигне ефикасности и транспарентност, но и да се избегнат досегашните лоши практики. Пилот проектите се спонзорирани од ЕУ, преку Ипа фондовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-2024-godina-kje-se-namali-brojot-na-direktori-i-chlenovi-na-upravnite-odbori-vo-javnata-administracija/feed/ 0
Маричиќ се огласи за јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichikj-se-oglasi-za-javnata-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichikj-se-oglasi-za-javnata-administracija/#respond Fri, 14 Oct 2022 19:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=745521

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека не е добро да се става фокусот на кратење на јавната администрација само поради кратење и дека е поважно да се подобри ефикасноста на администрацијата и да се задржат добрите луѓе. Маричиќ во гостувањето на „Топ тема“ на Телма, посочи дека има голем број на вработени во администрацијата, но и дека на одредени места нема доволен број на вистински, стручни и професионални кадри. – Процесот на реформа на јавната администрација надминува мандат на било која влада и мора да се одвива со политичка поддршка од сите партии, за да не се собираат врз база на тоа ситни политички поени. Затоа е тешко и оди споро. Правиме напори за подигнување на стандардот во администрацијата, тоа значи повисоко ниво на плата, таму каде што е тоа можно и колку е можно, но и користење на функционалните анализи за да се направи рез, изјави Маричиќ. Во процесот на преговорите, Маричиќ најави дека ќе се искористи и граѓанскиот сектор, посочувајќи дека веќе имал состанок со Советот за соработка на Владата и граѓанските организации, каде што побарал да предложат модел, како да се воспостави соработка и комуникација, на кој начин тие може да учествуваат. Тој додаде дека Владата веќе има ангажирано и странски експерт, кој ќе помогне во изработката на механизам за соработка меѓу невладините и Владата во делот на преговорите и дека сериозниот капацитет кој го имаат невладините организации ќе биде искористен од државата во текот на преговорите. – Институциите имаат капацитети, но некаде тие не се доволни. Сите институции почиваат на одредена бројка на службеници кои си ја работат својата работа и работат и повеќе од тоа. Имаме капацитет за почеток на процесот, но за да држиме динамика и континуитет потребно ни е повеќе и подобро да работат, но и да се вработат нови луѓе кои се стручни, изјави Маричиќ. Според Маричиќ, опозицијата свесно блокира во Собранието закони изработени со поддршка од ЕК, посочувајќи дека Законот за Академијата за судии и јавни обвинители шест месеци се преговарал со Европската комисија и бил добиен како текст одобрен од нив. – Ставивме европско знаменце, легитимно, го има во НПА, го пуштивме во Собрание, но опозицијата го блокираше, рече Маричиќ, посочувајќи дека овој закон не е никаква лична, или партиска агенда, туку е добиен од Европската комисија по шестмесечни разговори. Решението на блокадата на Собранието, според вицепремиер, е да се институционализира политичкиот дијалог за прашањата од скринигот и реформскиот план. -Ако го институционализираме политичкиот дијалог, во Националниот совет за европски интеграции, кој го предводи опозицијата и таму направиме формат за се што ќе се договори, да не биде потоа блокирано, тогаш имаме шанса, рече Маричиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichikj-se-oglasi-za-javnata-administracija/feed/ 0
Јавната администрација ќе работи од дома https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnata-administracija-kje-raboti-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnata-administracija-kje-raboti-od-doma/#respond Thu, 13 Oct 2022 13:20:20 +0000 https://kurir.mk/?p=744847

Јавната администрација делумно ќе работи од дома, ова денеска го потврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, како и во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации, па дури и суспензија или укинување на колективните договори. Ова се дел од мерките што биле разгледувани на вчерашната четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет, која беше прекината, откако Владата, синдикатите и работодавачите останаа со спротиставени ставови. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски во вчерашната „Топ тема“ на Телна обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата која што беше единствено соопштена во јавноста, документот содржи уште неколку точки меѓу кои за синдикатот е најспорно укинувањето на колективните договори. Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на тоа. Денеска требаше да се донесе и пакетот на мерки за помош на стопанството. Но, владата одлучи тоа да се случи кон крајот на месецот. Државата донесе одлука финансиски да им се помогне само на одредена категорија граѓани. Експертите сметаат дека тоа е во ред, но мора да има и мерки со кои би се забавила инфлацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnata-administracija-kje-raboti-od-doma/feed/ 0
СДК: На државно ќе се вработуваат 31,5% Албанци оти така си пресметал министерот Алити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-na-drzavno-kje-se-vrabotuvaat-31-5-albanci-oti-taka-si-presmetal-ministerot-aliti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-na-drzavno-kje-se-vrabotuvaat-31-5-albanci-oti-taka-si-presmetal-ministerot-aliti/#respond Tue, 16 Aug 2022 11:28:20 +0000 https://kurir.mk/?p=719275

Според методологијата која си ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, отсега во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци, иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население. До бројката од 31,54 отсто министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани. Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција, пишува СДК.мк. Ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението на територијата на Републиката Македонија. „Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територијата на цела Република Македонија“, гласи став 4 од членот 20-а на законот. Целиот тест може да го прочитате ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-na-drzavno-kje-se-vrabotuvaat-31-5-albanci-oti-taka-si-presmetal-ministerot-aliti/feed/ 0
КСС најавува генерален штрајк на целата администрација во март доколку не се зголемат и останатите плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-najavuva-generalen-shtrajk-na-celata-administracija-vo-mart-dokolku-ne-se-zgolemat-i-ostanatite-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-najavuva-generalen-shtrajk-na-celata-administracija-vo-mart-dokolku-ne-se-zgolemat-i-ostanatite-plati/#respond Fri, 11 Feb 2022 13:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=630255

Генерален штрајк на цела администрација во март доколку со зголемениот минималец не се зголемат и останатите плати. Од конфедерацијата на слободни синдикати велат дека ќе се обидат преку социјален дијалог со Владата да го решат проблемот со скалстото зголемување на платите. - Ние сме синдикат кои што сака да го решава работите низ социјален дијалог, но ако бидеме притиснати во ѕид тогаш ќе одговориме соодветно. Има најразлични барања директно да се оди на генерален штрајк, рече Благоја Ралповски- Конфедерација на слободни синдикати. Изедначувањето на платите кое ќе се случи со зголемиот минималец ќе создаде хаос во институциите велат од СОНК - Државата како најголем работодавач на работниците треба да има исти аршини кон сите во јавниот сектор. Веројатно ќе дојде до генерален штрајк во целата администрација каде јавна администрација буквално ќе го парализира функционирањето на државата. Тоа не би сакале да се случи но ако одат работите многу споро и несериозно тоа ќе дојде, рече Јаким Неделков- Претседател на СОНК. И од Институтот за економски истажувања Finance Thik предупредуваат на дека бројот на вработени кои ќе примаат минимална плата драстично ќе се зголеми. - Со зголемувањето на минималецот на 18 илјади денари, близу 170 илјади вработени кои примале под тој износ, ќе се изедначат со групата од 18.000 до 20.000 денари, која веќе брои близу 50 илјади вработени, велат од Институтот за економски истажувања Finance Thik. Премиерот Ковачевски денеска го повтори ставот дека минималната плата важи за сите работници во земјата без разлика дали се во приватен или јавен сектор. Скалестото зголемување на платите е согласно потпишаните колективни договори и тие мора да се почитуваат согласно член осум од Законот за минимална плата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-najavuva-generalen-shtrajk-na-celata-administracija-vo-mart-dokolku-ne-se-zgolemat-i-ostanatite-plati/feed/ 0
Владата ги задолжи министерствата: Вработените да се стават на располагање за потребите на пописот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-zadolzi-ministerstvata-vrabotenite-da-se-stavat-na-raspolaganje-za-potrebite-na-popisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-zadolzi-ministerstvata-vrabotenite-da-se-stavat-na-raspolaganje-za-potrebite-na-popisot/#respond Wed, 25 Aug 2021 08:04:27 +0000 https://kurir.mk/?p=554738

Се разгледува можноста вработените во министерствата и органите на државната управа  да се стават на располагање за претстојниот попис. Ваква одлука е донесена на вчерашната владина седница. -Владата донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органите на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот да ги стават на располагање на Државниот завод за статистика времено вработените во овие институции, и истото им го препорача на единиците на локалната самоуправа и на институциите под нивна надлежност, информираа вчера од Владата. Државниот завод за статистика како што е познато во јавноста, мака мачи со бројот на попишувачи. Денеска завршува последниот рок за пријавување на заинтересираните за попишувачи. Се уште не е познато дали овој пат ДЗС ќе успее да дојде до задоволителна бројка на попишувачи. Конкурсот беше отворен на 20 јули, но потоа беше неколку пати продолжуван до 25 август. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година. Во меѓувреме продолжува електронското самопопишување на државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-zadolzi-ministerstvata-vrabotenite-da-se-stavat-na-raspolaganje-za-potrebite-na-popisot/feed/ 0
Заев најави отпуштање на 20% од јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-najavi-otpushtanje-na-20-od-javnata-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-najavi-otpushtanje-na-20-od-javnata-administracija/#respond Thu, 08 Oct 2020 09:11:40 +0000 https://kurir.mk/?p=413813

Синоќа премиерот Зоран Заев гостуваше во емисијата Економски Магазин на Алсат телевизија каде на едно од прашањата за тоа дали ќе има силна реформа за да може да се преструктуира стопантството, посочи дека еден начин за да се помогне во економијата е намалувањето на јавната администрација. -Рековме 20% намалување на администрацијата, тоа значи сигнал за кратење на непродуктивни трошоци за да ја помагаме економијата преку капитални инвестиции. Реформите мораат да се случат во државата. Јас кажав во една изјава сите сакаме швајцарски плати ама никако не ни се работи со продуктивност како што е просекот во западна Европа. Тоа мораме да го промениме сите, рече Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-najavi-otpushtanje-na-20-od-javnata-administracija/feed/ 0
Стаменковска Стојковски: За време на пандемијата СДСМ вработи 14.000 нови лица во јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-za-vreme-na-pandemijata-sdsm-vraboti-14-000-novi-lica-vo-javnata-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-za-vreme-na-pandemijata-sdsm-vraboti-14-000-novi-lica-vo-javnata-administracija/#respond Sun, 12 Jul 2020 17:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=374747

Заменик министерката за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски, открива дека за време на пандемијата, во јавната администрација вработени се околу 14.000 нови лица со договор на дело. Таа смета дека ова преставува поткуп на гласачи во овој предизборен период, со цел СДСМ да го зголеми контото на гласачи. Заменик министерката Стаменковска Стојковски, ова го истакна во емисијата „Бизнис поенти“ на Алфа телевизија каде што појасни дека во законот јасно стои кога може да се вработува за време кога државата е во вонредна состојба, меѓу кои еден од условите е институциите да имаат зголемен обем на работа, нешто што не беше случај со јавната администрација затоа што таа работеше со намален интензитет и голем дел од вработените не одеа на работа. -За време на пандемијата има приближно 14.000 нови договорци вработени во јавната администрација за целиот овој период. Во законот стои дека нови лица на работа можете да примите само доколку имаа зголемен обен на работа, доколку подолго време во институцијата има боледувања или кога има пенионирања. Но, 14.000 лица за време на пандемијата, кога вработените и онака не одеа на работа, многу е јасно дека станува збор за поткуп на на гласачи за престојните избори со цел да го зголемат бројот на гласачи на контото на СДСМ, рече Стаменковска Стојковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-za-vreme-na-pandemijata-sdsm-vraboti-14-000-novi-lica-vo-javnata-administracija/feed/ 0
КСС уште еднаш побара да се прекине линчот врз јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-ushte-ednash-pobara-da-se-prekine-linchot-vrz-javnata-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-ushte-ednash-pobara-da-se-prekine-linchot-vrz-javnata-administracija/#respond Thu, 14 May 2020 13:19:23 +0000 https://kurir.mk/?p=345870

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, а во врска со дадените изјави/деманти на Министрството за информатичко општество и администрација – МИОА и соодветниот Министер, сметаме за потребно повторно да упатиме соопштение до јавноста, но и да го повикаме Mинистерот и министерството да одговорат на поставените прашања. Имено, многу е лесно да се одговори со терминот ,,лажни вести,, но ние не тврдиме туку прашуваме, а се чини како некој да е затечен во целава ситуација, па почнува да се брани препознавајќи се себеси. Дали е точно дека вработените на определено време и преку Агенција за вработување треба да добијат откази согласно член 76 став 3 од Законот за работните односи, затоа што во М1/М2 образците во делот на причината за вработување е наведено ,,ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА,, затоа што како велат имало намален обем на работа и администрацијата немала што да работи? Колку вработени се на тој начин во јавниот сектор и колку ја чинат државата и зашто државата и покрај слабиот буџет се уште ги вработува? Дали е точно согласно уредбите за одложување на кредитите и извршителите, истите наплаќаат камати за тој период и со тоа нашите долгови ќе се зголемат за одредена сериозна сума? Дали е точно дека додатоците на плата освен минат труд, работа во смени и за време на празник, надоместок за платен одмор и боледување се стопирани и не се исплаќаат во сите институции кои што го стекнале тоа право согласно одредени закони и колективни договори, и дали тоа е во линија со Уставот, односно дали уредбите се уставни, а делот на плати со надоместоци не се исплатува ??? Се пушта фама и саркастични памфлети дека наводно вработените во јавниот сектор не знаат што да прават со платите и нема каде да ги потрошат, е па нека излезе сега МИОА и нека даде податок колку вработени вкупно во јавниот сектор примаат основна плата од 14.500 денари до 16.500 денари, и нека ни дадат упатство како да ги потрошиме нашите плати. Нека одговорат кој досега ги реализира уредбите на Владата, одлуките, законите, односно кој е сервис на граѓаните и на приватниот сектор, или пак сметаат дека тоа се именуваните и избраните лица, поставени да менаџираат со јавниот сектор? Ако не знаат како МИОА и Владата треба да се погрижи за тоа, ние тука немаме никаква вина и одговорност. Бараме да одговорат дали согласно уредбите на Владата, еден голем дел од администрацијата работеше од далечина т.е. од дома каде што дозволува системот на работа, а таму каде што не административците одеа на работа? Ако е лага нека не демантираат!! Засега толку, а има уште многу прашања што во наредниот период ќе бидат поставени и доколку и ние и јавноста не добие одговор кон одговорните кои изнесуваат изјави дека шириме лажни вести, а не е првпат, ќе следат соодветни судски поднесоци за клевета, па таму ќе одговорат кој шири лажни вести или кој ја крие вистината злоупотребувајќи ја службената должност!!!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-ushte-ednash-pobara-da-se-prekine-linchot-vrz-javnata-administracija/feed/ 0
КСС: Да престанат заканите кон јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-da-prestanat-zakanite-kon-javnata-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-da-prestanat-zakanite-kon-javnata-administracija/#respond Wed, 13 May 2020 09:54:28 +0000 https://kurir.mk/?p=345304

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара да престане, како што се вели, линчот врз јавната администрација и заканите за намалување на платите и отпуштање. Во соопштението испратено до јавноста, КСС прашува дали може со уредба да се укинат веќе стекнатите права со Законот за работни односи и со колективните договори. Укажуваат дека платите во јавниот сектор се под републичкиот просек и оти се скратени надоместоците на плата освен во здравството, полицијата и армијата. Од КСС посочуваат дека вработените во јавниот сектор секојдневно оделе на работа како и пред корона кризата и оти оние што биле ослободени од доаѓање на работа, работеле од дома. – Вработените во јавниот сектор, за да ја знае целата јавност вистината, од кога е продолжен полицискиот час од 16:00 да биде од 19:00, сите вработени секојдневно одат на работа како и пред корона кризата. Отсутни се само оние кои ги користат мерките за дете до 10 години како и оние со хронични болести, па ќе ги запрашаме работодавачите дали ги почитуваат мерките или делат откази, а надлежните дали инспекторатите си ја вршат својата работа. Вработените во детските градинки кои се со плата од 14 500 денари па нагоре во скоро време ќе отпочнат со работа, со цел ризик ќе ги отворат градинките, а наставниците кои што имаат on-line настава со која имаат до трипати повеќе работа, вложуваат дополнителен труд за да ги опфатат сите ученици, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-da-prestanat-zakanite-kon-javnata-administracija/feed/ 0