јавна расправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 05:47:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавна расправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавна расправа за националната развојна стратегија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-natsionalnata-razvojna-strategija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-natsionalnata-razvojna-strategija/#respond Mon, 18 Sep 2023 05:17:32 +0000 https://kurir.mk/?p=878891

Јавна расправа на тема „Национална развојна стратегија – значењето на локалната самоуправа и регионалниот развој“ ќе се одржи денеска во собраниската Комисија за локална самоуправа. Расправата е дел од активностите за подготовка на националната развојна стратегија. Се одржува во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП, Канцеларијата на Постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, Фондот за добро управување на Обединетото Кралство и Министерството за финансии на Република Словачка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-natsionalnata-razvojna-strategija/feed/ 0
Јавна расправа за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-audio-i-audiovizuelni-mediumski-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-audio-i-audiovizuelni-mediumski-uslugi/#respond Wed, 19 Jul 2023 05:36:13 +0000 https://kurir.mk/?p=857881

Јавна расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи денеска во Клубот на пратениците во Скопје, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација. -Целта на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е воведување начин на изборот на емитување на државни кампања со цел поголема транспарентност при изборот како и нивно почесто спроведување и емитување со цел на поголемо подигнување на јавната свест. Се допрецизираат и одредбите за реемитување на програмските сервиси кои се однесуваат за регулирање на авторските и сродни права на територија на државава, наведува МИОА во Предлог законот. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во интервју за МИА во пресрет на јавната расправа рече дека очекува од сите страни да се направи закон што ќе биде во насока на тоа што се бара од ЕУ директивите и со кој ќе се подобри медиумскиот простор. -Моментално анализираме четири члена од законот. Тие се битни за таа инфраструктура. Првиот член е можноста државата да креира регулатива за авторски права, а вториот е за тоа да се преработи фамозниот член 102 за да биде во согласност со ЕУ директивите, бидејќи сега не може да се користи, забранет е, но од друга страна потребата од јавните институции и комуникацијата со граѓаните е загрозена. Гледаме од тој аспект да најдеме начин според ЕУ директивите, работиме заедно и со локални и со меѓународни експерти, но исто така вклучени се сите страни. Знам дека не се лесни закони, затоа најверојатно и траат многу, со години, но лично си дадов обврска да може со тие закони да се соочиме со сите предизвици и еден ден да имаме решение за тие предизвици, рече Алиу. Во образложението на Предлог законот е наведено дека со член 7 од предлог законот, по главата V се додаваат две нови глави V-а и V-б. Главата V-а (Кампања од државни кампањи на центално ниво) ја сочинуваат пет нови члена, 101-а, 101-б, 101-в, 101-г и 101-д, со кои се уредуваат прашањата околку спроведување на државни кампањи, комисија за одлучување по државна кампања на централно ниво, финансирање на државни кампања на централно ниво, избор на идејно решениe за државна кампања на централно ниво и ценовници за емитување. Главата V-б (Државна кампања на локално ниво) ја сочинуваат пет нови члена 101-ѓ, 101-е, 101-ж, 101-з и 101-ѕ и со нив се уредуваат прашањата во врска со спроведување на Државна кампања на локално ниво, комисија за одлучување по државни кампања на локално ниво, финансирање на државни кампања на локално ниво, избор на идејно решение за Државна кампања на локално ниво и ценовници на емитување. -Со член 8 од предлог законот, членот 102 од законот се брише. Со член 9 од предлог законот, во член 105, став 1 од законот во поглед на финансирањето на радиодифузната дејност, за работењето и развојот на Македонска Радио Телевизија, Јавното претпријатие Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 1 процент се заменува со 0,9 проценти, и се додава нов став 2 со кој се утврдуваат средствата за финансирањето на кампањите од државни кампањи, стои во образложението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-audio-i-audiovizuelni-mediumski-uslugi/feed/ 0
Јавна расправа: Да се срушат сите табуа за неплодноста и за процесот на ин витро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-da-se-srushat-site-tabua-za-neplodnosta-i-za-procesot-na-in-vitro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-da-se-srushat-site-tabua-za-neplodnosta-i-za-procesot-na-in-vitro/#respond Mon, 30 May 2022 12:36:57 +0000 https://kurir.mk/?p=683580

Да се срушат сите табуа и стереотипи поврзани со процесот на ин витро и неплодноста, затоа што тоа не е срам и не треба никој да се срами од тоа. За сето тоа има решение, соодветно на историја и на самата здравствена состојба на пациентите, ова беа дел од пораките изнесени на денешната јавна расправа на тема: „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“ што се одржа во Собранието. Расправата се одржа по повод 28 Мај – Меѓународниот ден за акција за женското здравје, во организација на Клубот на пратенички на Собранието и во соработка со Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ. Учесниците на расправата истакнаа дека се уште темата е сензитивна, а законското решение е од 2008 година. Министерот за здравство Беким Сали потсети на дел од реализираните активности во делот на грижата за женското и репродуктивното здравје, како мобилна гинеколошка амбуланта со која се обезбедуваат прегледи со ПАП-тест и совети за редовните гинеколошки прегледи за жените на возраст од 36 до 45 години. Соопшти дека се води грижа за идните мајки, има вежби во бременост под стручен надзор и физиотерапевт, се води грижа и за здравствена услуга и за жртвите на семејно насилство… Сали нагласи дека темата на неплодноста е еден од нивните приоритети и се задржа на работата на државната комисија за ИВФ, која е формирана во 2008 година и одржува состаноци по потреба, но најмалку еднаш месечно. – На самата комисија се доставуваат просечно по 150 барања од овластените установи од државата, но и од регионот, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, рече Сали. Претседателот на собраниската Комисијата за здравство, Арбен Зибери рече дека секогаш ќе биде на располагање, Комисијата ќе биде отворена за соработка, за предлози и идеи за да се најде подобро законско решение за граѓаните кои се засеганати со оваа проблематика. Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Гордана Силјановска Давкова нагласи дека децата се најважни и дека потребата, задоволството да се има дете, да се создаде живот е многу важна. Според неа, сторено е многу меѓутоа уште многу треба да се стори, додавајќи дека наталитетот секаде опаѓа и дека треба да се стимулира. Претседателот и застапник на Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ од Скопје, Зоја Самандова-Петрушева рече дека оваа тема во моментов е табу, а голема е стапката на неплодност. Таа соопшти дека повеќе пациенти и семејства се соочуват со проблемот, кој, како што рече, е тежок и апелираше да не се крие тоа, дека не е срамота и порача да се зборува отворено за да добијат повеќе информации и да се соочаат со проблемот. Таа информира дека имаат иницијатива за промена на Законот за БПО, кој, како што велат подолго време не е ревидиран. Самандова-Петрушева ги изнесе предизвиците или патот кој го минуваат пациентите кои се борат со неплодност за да се остварат како родители. Информира дека следуваат по три ваучери од Фондот за здравствено осигурување, кои ги одобрува Министерството за здравство и укажа дека покрај тоа има и скриени трошоци. Пациентите откако ќе ги искористат тие три ваучери, како што рече, потоа ги прават постапките приватно и ги чини многу или над 100.000 денари, а терапијата која се користи пред постапката, за време на постапката и по постапката не спаѓа под Фондот и не е на позитивна листа на лекови. Самандова-Петрушева нагласи дека меѓу нивните цели се зголемување на бројот на ваучери за прво дете. Образложи дека следуваат по три ваучери за прво, а исто толку и за второ, за трето и за четврто дете и нагласи дека треба да се стави акцентот на паровите и поединци кои немаат ниту едно дете. Бараат и поголем дел од терапијата што се користи да биде ставена на позитивна листа на лекови. На јавната расправа се обрати и директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска-Грашковска, ИВФ специјалисти и акушери, ембриолози, доктори, претставници од НВО секторот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-da-se-srushat-site-tabua-za-neplodnosta-i-za-procesot-na-in-vitro/feed/ 0
Јавна расправа по повод Меѓународниот ден за акција за женското здравје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-po-povod-megjunarodniot-den-za-akcija-za-zenskoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-po-povod-megjunarodniot-den-za-akcija-za-zenskoto-zdravje/#respond Mon, 30 May 2022 05:19:07 +0000 https://kurir.mk/?p=683220

По повод 28 мај – Меѓународниот ден за акција за женското здравје, Клубот на пратенички на Собранието во соработка со Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ ќе одржи јавна расправа на тема: „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“. Предвидени се обраќања на министерот за здавство Беким Сали, претседателките на Клубот на пратенички Лолита Ристова, на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Гордана Сиљановска-Давкова и на Здружение за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ, Скопје Зоја Самандова-Петрушева и претседателот на Комисијата за здравство Арбен Зибери. Најавени се излагања на Магдалена Филиповска-Грашковска од Фондот за здравствено осигурување, д-р Валентина Сотировска – ембриолог, Државна комисија за биомедицински потпомогнато оплодување во Министерството за здравство, д-р Младен Ристовски, ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, д-р Зоранчо Петановски, ИВФ специјалист и акушер, д-р Татјана Гуржанова, инвитро специјалист и проф.д-р Дијана Плашеска-Каранфилска, Истражувачки центар за генетика при МАНУ. Покрај членките на Клубот на пратенички, на јавната расправа поканети и се членовите на Комисијата за здравство, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, пратеници, стручни лица од областа на инвитро, специјалисти за неплодност, ембриолози, ендокринолози, трансфузиолози, уролози, психолози, нутриционисти, гинеколози, акушери, биолози, генетичари, министeрката за труд и социјална политика, народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, ЗЕЛС, Институтот за родови студии, потоа претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, ИОМ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-po-povod-megjunarodniot-den-za-akcija-za-zenskoto-zdravje/feed/ 0
Јавна расправа за Нацрт-законот за води https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-nacrt-zakonot-za-vodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-nacrt-zakonot-za-vodi/#respond Wed, 02 Mar 2022 06:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=639041

Јавна расправа за Нацрт-законот за водите е закажана за денеска во 15 часот во Клубот на пратениците во Скопје, а на која заинтересираните ќе можат да се вклучат и преку платформата ZOOM. Законот за изменување и дополнување на Законот за водите е достапен за коментари и забелешки од 14 февруари до 15 март годинава, а заради поголема вклученост на јавноста и поголем степен на транспарентност, јавната расправа е организирана со поддршка на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии. Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) пристапи кон измени и дополнувања на Законот за водите заради полесно и поефикасно спроведување на одредбите во законот, дополнување на постапките за издавање на дозволите за користење на водно право, промена на постапката за заштита и подобрување на режимот на водите со вадење на песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела и обезбедување на поголема транспарентност на постапката за доделување на концесии за користење на вода. Предложените измени и дополнувања на Законот за водите имаат за цел да обезбедат заштита, зачувување и подобрување на водните ресурси преку рационално и одржливо користење на водите, кое ќе се обезбеди со јасно дефинирани постапки за користење на водите, испуштање во водите и заштита на режимот на водите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-nacrt-zakonot-za-vodi/feed/ 0
Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-po-nacrt-koncepcijata-za-osnovnoto-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-po-nacrt-koncepcijata-za-osnovnoto-obrazovanie/#respond Fri, 05 Feb 2021 06:18:33 +0000 https://kurir.mk/?p=464442

Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на пладне ќе одржи јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“. На јавната расправа, како што соопшти собраниската прес-служба, покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, се поканети и претставници на Владата, Министерството за образование и наука и органите во неговиот состав. Се очекува да присуствуваат и претставници на државни образовни институции, професори од педагошките факултети, директори и наставници од основни училишта, МАНУ и невладини организации чиј домен на интерес е образованието. Исто така, на седницата се поканети и претставници на меѓународни претставништва кои ги поддржуваат образовните реформи во земјава. Министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за МИА рече дека по јавната расправа во собраниската Комисија за образование, наука и спорт, очекува дефинирање на концепцијата за основно образование. Очекува плодна дискусија, а секој конструктивен предлог, кој ќе произлезе од расправата, ќе може да се вметне во концепцијата со која се спроведува реформа на основното образование, која е обврска, во согласност со Законот за основното образование од 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-po-nacrt-koncepcijata-za-osnovnoto-obrazovanie/feed/ 0
Јавна расправа за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javna-rasprava-za-proglasuvanje-na-del-od-vodno-za-zashtiteno-podrachje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javna-rasprava-za-proglasuvanje-na-del-od-vodno-za-zashtiteno-podrachje/#respond Wed, 03 Feb 2021 06:15:57 +0000 https://kurir.mk/?p=463420

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Град Скопје денеска ќе организира јавна расправа по Нацрт-oдлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел. Нацрт- Одлуката е објавенана Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), за доставување на коментари, забелешки и консултации со засегнати страни. Јавна расправа ќе се одржи на ZOOM платформата (https://bit.ly/3cyRg0Q).]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javna-rasprava-za-proglasuvanje-na-del-od-vodno-za-zashtiteno-podrachje/feed/ 0
Јавна расправа во Собранието за Законот за ЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-vo-sobranieto-za-zakonot-za-jo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-vo-sobranieto-za-zakonot-za-jo/#respond Tue, 28 Jan 2020 06:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=295504

Законот за јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, ќе се бара приближување на ставовите на власта и опозицијата на јавна расправа во рамки на парламентарната Комисија за политички систем. Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е закажана во 14:00 часот и единствена точка на дневен ред е „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-vo-sobranieto-za-zakonot-za-jo/feed/ 0
Јавна расправа за измените на Законот за употреба на македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik/#respond Wed, 15 Jan 2020 07:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=289807

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска ќе организира јавна расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик. Предлагач е Советот за македонски јазик, во координација со министерствата за култура и за образование и наука. Според претседателот на Советот, Људмил Спасов, фактички се работи за нов закон зашто сосема поинаку и суштински ја разгледува употребата на македонскиот стандарден јазик во нашата држава, но и надвор од неа. Меѓу најважните новини во предложениот закон е да се отворат нови лекторати во странство и да се возобноват тие што постоеле, да се создаде електронски корпус на сите научни истражувања за македонскиот јазик и да се формира инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик како посебна институција во рамките на Министерството за култура. Предложено е и на сите универзитети во нашата држава задолжително да се изучува македонскиот јазик во траење од два семестра, а во културните центри во нашите амбасади во странство да се изучува македонски јазик за сите заинтересирани во таа држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik/feed/ 0
Институтот „Крсте Мисирков“ закажа јавна расправа за измените на Законот за употреба на македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-krste-misirkov-zakaza-javna-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-krste-misirkov-zakaza-javna-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik/#respond Thu, 09 Jan 2020 11:56:24 +0000 https://kurir.mk/?p=287391

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ за 15 јануари ја закажа јавната расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик. Предлагач е Советот за македонски јазик, во координација со министерствата за култура и за образование и наука. Според претседателот на Советот, Људмил Спасов, фактички се работи за  нов закон зашто сосема поинаку и суштински ја разгледува употребата на македонскиот стандарден јазик во нашата држава, но и надвор од неа. Меѓу најважните новините во предложениот закон е да се отворат нови лекторати во странство и да се возобноват тие што постоеле, да се создаде електронски корпус на сите научни истражувања за македонскиот јазик и да се формира инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик како посебна институција во рамки на Министерството за култура. Предложено е и на сите универзитети во нашата држава задолжително да се  изучува македонскиот јазик во траење од два семестра, а во културните центри во нашите амбасади во странство да се изучува македонски јазик за сите заинтересирани во таа држава. Јавната расправа закажана за в среда ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот, со почеток во 11 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-krste-misirkov-zakaza-javna-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik/feed/ 0