јавна седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jul 2021 07:45:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавна седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавна седница на Врховниот суд за пресудата за „Диво Насеље“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-sednica-na-vrhovniot-sud-za-presudata-za-divo-naselje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-sednica-na-vrhovniot-sud-za-presudata-za-divo-naselje/#respond Wed, 07 Jul 2021 07:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=533165

Врховниот суд денеска ќе одржи јавна седница по повод жалбите против пресудата за случајот „Диво Насеље“, која пред две години ја потврди Апелацискиот суд во Скопје. За случајот осудени се вкупно 33 лица од кои седум на доживотен затвор, а 13 на 40-годишни затворски казни. Во престрелка во мај 2015 година, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група За настаните од кумановската населба на 9 и 10 мај 2015 со затворски казни осудени се вкупно 33 лица, а ослободителни пресуди добија четири лица. За настаните во „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” и „Тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37. Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 лица беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда. Кривичниот суд во ноември 2017 година на казна доживотен затвор осуди осуммина обвинети за терористичкиот напад во кумановско „Диво насеље“, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор. На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години. Пресудите подоцна во јули 2019 ги потврди и Апелацискиот суд во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-sednica-na-vrhovniot-sud-za-presudata-za-divo-naselje/feed/ 0
Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-sednica-vo-skopska-apelacija-za-sluchajot-sazdovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-sednica-vo-skopska-apelacija-za-sluchajot-sazdovski/#respond Thu, 15 Oct 2020 05:13:19 +0000 https://kurir.mk/?p=416520

Во Апелациониот суд во Скопје, денеска ќе се одржи јавна седница за случајот „Саздовски”. Предметот во овој суд е по однос на жалбите поднесени од одбраната на обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, кој во април 2019 беа осудени од Кривичниот суд Скопје, со по 19 години затвор за смртта на Никола Саздовски. На ова одлука жалба има поднесено и скопското обвинителство, кое бара максимална казна за обвинетите. Настанот меѓу обвинетите и Саздовски се случи во јуни 2018 години во автобуската постојка во населбата Автокоманда. Привчно младиот Саздовски, беше однесен во Клиничкиот центар, но по десетина дена во кома им подлегна на повредите. Освен казната по 19 години затвор, судот обвинетите ги задолжи да платат и парична оштета на семејството Саздовски, за претрпената душевна болка. Од друга страна одбраната на обвинетите настојува дека во овој настан нема елементи за кривичното дело „свирепо убиство”, туку се работи за кривично дело ,,насилство”, како што и беше поднесно првичната пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-sednica-vo-skopska-apelacija-za-sluchajot-sazdovski/feed/ 0
Јавна седница за жалбите на притворените за настаните во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-sednica-za-zalbite-na-pritvorenite-za-nastanite-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-sednica-za-zalbite-na-pritvorenite-za-nastanite-vo-sobranieto/#respond Wed, 10 Jan 2018 11:14:46 +0000 http://kurir.mk/?p=8835

За денеска во 14 часот е закажана првата јавна седница на која ќе се разгледуваат жалбите на притворените за настантие од 27 април во Собранието, информираат од Апелациониот суд во Скопје. Расправа на јавна седница побараа актерот Владо Јовановски и осомничените Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ и Оливер Поповски. До Апелациониот суд вкупно се стигнати 16 жалби за продолжувањето на притворот, а вчера доцна попладне стигнале одговори од Вишото јавно обвинителство на жалбите против продолжувањето на притворот за осомничените за настаните од 27 април. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, на 27 декември минатата година донесе одлука и го прифати предлогот на Обвинителството за организиран криминал и на 23 осомничени им го продолжи притворот за уште 30 дена, а на шест мерката куќен притвор. Меѓу нив се и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, како и  Борис Дамовски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-sednica-za-zalbite-na-pritvorenite-za-nastanite-vo-sobranieto/feed/ 0