јавни места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 May 2023 15:53:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавни места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Бих од денеска не се пуши во затворени јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-od-deneska-ne-se-pushi-vo-zatvoreni-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-od-deneska-ne-se-pushi-vo-zatvoreni-javni-mesta/#respond Sun, 28 May 2023 15:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=839778

Во Федерацијата Бих од денеска не се пуши во затворени јавни места, во јавниот превоз и во автомобилите каде што има малолетници, бидејќи стапи во сила Законот за забрана за пушење на јавни места. Сопствениците на угостителски објекти во кои најмногу се конзумираат цигари ќе бидат обврзани на видливи места да го истакнат знакот „забрането пушење“, пренесува весникот „Независне новине“. Пепелници и други садови за одложување пепел не смеат да бидат изложени во објектот, а пушењето е дозволено само во посебни простории за оваа намена. Угостителските објекти ќе имаат рок од шест месеци за прилагодување, додека казнувањето на физичките лица ќе започне веднаш. - Важно е да се напомене дека опсегот на казните се движи од 100 до 15.000 конвертибилни марки, но тие почнуваат да се наплатуваат една година од датумот на примена на законот. Инспекции ќе вршат кантоналната инспекција, пазарно-туристичката инспекција, санитарната инспекција, секоја во рамките на својата надлежност, изјави портпаролката на Управата за инспекциски работи на кантонот Сараево, Вилдана Брдариќ. Покрај цигарите, забраната опфаќа и употреба на наргиле, водено луле, електронски цигари и билни производи за пушење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-od-deneska-ne-se-pushi-vo-zatvoreni-javni-mesta/feed/ 0
Авганистан: Жените треба да носат бурка на јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistan-zenite-treba-da-nosat-burka-na-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistan-zenite-treba-da-nosat-burka-na-javni-mesta/#respond Sat, 07 May 2022 10:58:51 +0000 https://kurir.mk/?p=673316

Врховниот лидер на Авганистан и шеф на талибанците денеска им нареди на жените во земјата да носат бурка на јавни места, што ќе го покрива целото тело. Тоа е една од најстрогите мерки за контрола врз животот на жените откако талибанците ја презедоа власта. – Тие мора да носат чадори (бурки од глава до пети) како знак на поддршка и почитување на традицијата, се наведува во декретот издаден од лидерот Хибатула Ахунџада, што талибанците го објавија на церемонија во Кабул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistan-zenite-treba-da-nosat-burka-na-javni-mesta/feed/ 0
Лоша вест за пушачите во Милано: Од денеска се забранува пушење на јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/losha-vest-za-pushachite-vo-milano-od-deneska-se-zabranuva-pushenje-na-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/losha-vest-za-pushachite-vo-milano-od-deneska-se-zabranuva-pushenje-na-javni-mesta/#respond Wed, 20 Jan 2021 10:27:54 +0000 https://kurir.mk/?p=457432

Од денеска областа на градот Милано станува зона за непушачи на јавни места, јавија италијанските медиуми. Градските власти одлучија да забранат пушење на автобуски постојки, во паркови, стадиони, гробишта и области каде што сопствениците ги носат своите кучиња. Одлуката е донесена во ноември минатата година, таа ќе стапи во сила денеска, а до 2025 година, се планира забраната да се прошири на сите отворени простори во градот. Првично, забраната, им остава на пушачите можност да пушат на отворено, но само доколку се оддалечени најмалку 10 метри од другите луѓе. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/losha-vest-za-pushachite-vo-milano-od-deneska-se-zabranuva-pushenje-na-javni-mesta/feed/ 0
Во Унгарија војници и помагаат на полицијата на јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ungarija-vojnici-i-pomagaat-na-policijata-na-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ungarija-vojnici-i-pomagaat-na-policijata-na-javni-mesta/#respond Mon, 16 Nov 2020 14:16:47 +0000 https://kurir.mk/?p=430259

Унгарските војници од денеска ќе и помагаат на полицијата во извршувањето на своите должности на јавни места и ќе учествуваат во одржување на редот, мирот и јавната безбедност, соопшти Министерството за одбрана. Државниот секретар Силард Немет на прес-конференција рече дека војниците ќе помогнат да се контролира почитувањето на правилата што се во сила за време на вонредната состојба, вклучително и полицискиот час. Немет додаде дека армијата ќе ги стави на располагање сите свои капацитети и средства за помош на унгарскиот народ и за одржување на безбедноста и мирот во земјата. ј]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ungarija-vojnici-i-pomagaat-na-policijata-na-javni-mesta/feed/ 0
Шпански судија ја отфрли забраната за пушење на јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanski-sudija-ja-otfrli-zabranata-za-pushenje-na-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanski-sudija-ja-otfrli-zabranata-za-pushenje-na-javni-mesta/#respond Sat, 22 Aug 2020 09:37:42 +0000 https://kurir.mk/?p=393803

Шпански судија ја отфрли забраната за пушење на јавни места во поголемата околина на Мадрид со образложение дека таквата одлука ќе ги загрози основните човекови права. Шпанската Влада и лидерите на 17-те автономни региони минатата недела се согласија да го забранат пушењето на јавни места, кога не е можно да се одржи физичко растојание од два метра. Судијата во Мадрид, меѓутоа, вчера изјави дека локалните власти немаат капацитет да ги ограничат „основните права, освен ако претходно не прогласија вонредна состојба“. Ова не е прв случај на поништување на одлука на локална самоуправа во Шпанија. Кога владата во Мадрид на 21 јуни ја укина вонредната состојба, одговорноста и моќта на одлучување во врска со здравствените проблеми беа вратени во надлежност на локалните власти. Меѓутоа, доколку постои сомнеж дека некои одлуки и мерки на локалните власти претставуваат ограничување на граѓанските слободи, тие мора да бидат прогласени од надлежен судија. Регионалните власти најавија жалба на одлуката на судијата во Мадрид. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanski-sudija-ja-otfrli-zabranata-za-pushenje-na-javni-mesta/feed/ 0
Италија затвора дискотеки, задолжително носење маски навечер на јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zatvora-diskoteki-zadolzitelno-nosenje-maski-navecher-na-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zatvora-diskoteki-zadolzitelno-nosenje-maski-navecher-na-javni-mesta/#respond Sun, 16 Aug 2020 17:18:29 +0000 https://kurir.mk/?p=391409

Италијанските власти наредија затворање на сите дискотеки и носење маски ноќе на јавни места бидејќи државата се соочува со зголемен број случаи на заразени со новиот коронавирус. Министерот за здравство Роберто Сперанца потпиша декрет за влегување во сила од утре. Со декретот задолжително е носење заштитна маска од 18 часот до 6 часот наутро на јавни места каде има „формирање групи“. Новиот декрет, исто така, забранува работење на отворените дискотеки и ноќни клубови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-zatvora-diskoteki-zadolzitelno-nosenje-maski-navecher-na-javni-mesta/feed/ 0
По пет месеци отворени јавните места во Алжир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-pet-meseci-otvoreni-javnite-mesta-vo-alzir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-pet-meseci-otvoreni-javnite-mesta-vo-alzir/#respond Sun, 16 Aug 2020 11:34:08 +0000 https://kurir.mk/?p=391305

Алжир ги отвори денеска џамиите, кафулињата, плажите и парковите за првпат по петмесечно затворање поради пандемијата на коронавирусот. Алжир е една од државите што го задржа ограничувањето на движење најдолго заради пандемијата. Полицискиот час ќе остане на сила во повеќе од половина од државата. Ресторани и џамии во кои можат да се сместат повеќе од 1.000 луѓе се повторно отворени, со задолжително почитување на мерката за физичко растојание. Присуството на џамии е се уште забрането за сите жени, деца и постари лица. Во Алжир, од почетокот на епидемијата се заразени вкупно повеќе од 37.000 луѓе, а починале 1.350 луѓе. Тоа е трета највисока стапка на смртност во Африка, по Јужна Африка и Египет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-pet-meseci-otvoreni-javnite-mesta-vo-alzir/feed/ 0
Провинција во северозападна Шпанија, забрани пушење на улици и јавните места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/provincija-vo-severozapadna-shpanija-zabrani-pushenje-na-ulici-i-javnite-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/provincija-vo-severozapadna-shpanija-zabrani-pushenje-na-ulici-i-javnite-mesta/#respond Thu, 13 Aug 2020 06:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=390035

Галиција, провинција во северозападна Шпанија, забрани пушење на улици и јавни места како што се кафе-тераси за да го спречи ширењето на коронавирусот, а мерката може да се прошири и во остатокот од Шпанија. Мерката стапува на сила денеска и се однесува на местата каде нема меѓусебно растојание од најмалку два метра меѓу луѓето, се вели во официјалниот документ објавен од регионалната влада. Галиција, провинција со 2,7 милиони жители, во моментов има 827 заразени лица, што е повеќе за 87 во однос на претходниот ден. Мерката беше предложена на регионалната Влада од страна на тим лекари специјализирани за превенција на болеста Ковид-19, по состанокот одржан вчера. Тие веруваат дека чадот од тутун претставува голем ризик за ширење на коронавирусот. „Кога пушите цигари или користите електрични цигари на јавни и отворени места, вклучително и тераси, тоа може да биде исклучок само ако во секое време има растојание од два метра од другите луѓе“, се наведува во документот. Ваквите простори мора да бидат доволно пространи што во ниеден момент не може да се намали пропишаното растојание помеѓу пушачот и минувачот, или пушачот и другите лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/provincija-vo-severozapadna-shpanija-zabrani-pushenje-na-ulici-i-javnite-mesta/feed/ 0
Во Италија од 18 мај ќе се отворат многу јавни објекти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-od-18-maj-kje-se-otvorat-mnogu-javni-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-od-18-maj-kje-se-otvorat-mnogu-javni-objekti/#respond Tue, 12 May 2020 11:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=344940

Од 18 мај во Италија ќе бидат отворени ресторани, кафулиња, барови, фризерски и салони за убавина, продавници, музеи и библиотеки. На регионалните власти во Италија им е дадена можност сами да утврдат како ќе го спроведат олеснувањето на мерките воведени во борбата против коронавирусот. Отворањето на некои јавни објекти, кое првично беше планирано за 1 јуни, поместено е за 18 мај. Оваа одлука, која синоќа ја објави италијанската Влада, дојде под притисок на регионалните лидери кои сакаа да им се дозволи сами да формираат план за олеснување на мерките. Според „Гардијан“, заштитните мерки ќе мора да се почитуваат кога ќе се отворат овие објекти, додека рестораните ќе треба да обезбедат растојание од четири метри меѓу масите. Во последните 24 часа во Италија се регистрирани 744 нови случаи на зараза со коронавирусот, што е најмал дневен број на пациенти од 4 март. Од Ковид-19 во Италија досега починале 30.739 лица, од кои 179 во текот на претходниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-od-18-maj-kje-se-otvorat-mnogu-javni-objekti/feed/ 0
Словенија забрани за собирање и движење на јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-zabrani-za-sobiranje-i-dvizenje-na-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-zabrani-za-sobiranje-i-dvizenje-na-javni-mesta/#respond Fri, 20 Mar 2020 10:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=319425

Од полноќ во Словенија почнаа да важат строгите рестриктивни мерки за забрана на движење на луѓето што ги донесе Владата со цел намалување на ширењето на коронавирусот. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, се забранува движењето и собирањето на јавните места, освен за итни потреби, односно луѓето можат да одат на лекар, маркет, на работа, а според упатствата кои се објавени на интернет страната на Владата, граѓаните ќе имаат пристап и до парковите, но не смеат да се групираат повеќе од пет луѓе. Синоќа Владата испрати телефонски пораки до сите граѓании со информација дека од полноќ почнуваат да важат рестрикциите на движењето. Според информациите на локалните медиуми, засега забраните се почитуваат, а улиците низ градовите се речиси празни. Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс за Телевизија Словенија изјави дека казните за непочитување на ваквата одлука ќе изнесуваат и до 400 евра. Дополнително Владата размислува и на армијата да и се дадат полициски овластувања, но за тоа да се случи потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, а пратениците засега не се за воведување таква радикална мерка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-zabrani-za-sobiranje-i-dvizenje-na-javni-mesta/feed/ 0