јавни набавки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 26 Feb 2023 15:13:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавни набавки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Детектор анкета: 80% од граѓаните сметаат дека имаме корумпирани јавни набавки и дека политичарите ги трошат јавните пари за лични интереси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-80-od-graganite-smetaat-deka-imame-korumpirani-javni-nabavki-i-deka-politicharite-gi-troshat-javnite-pari-za-lichni-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-80-od-graganite-smetaat-deka-imame-korumpirani-javni-nabavki-i-deka-politicharite-gi-troshat-javnite-pari-za-lichni-interesi/#respond Sun, 26 Feb 2023 15:13:06 +0000 https://kurir.mk/?p=805193

Близу 80% од граѓаните сметаат дека има корупција во јавните набавки и дека при трошењето на јавните пари, политичарите се водат исклучиво од личниот интерес. Вакви податоци дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 79,5% од анкетираните сметаат дека има корупција во спроведувањето на јавните набавки додека само 9,5% не гледаат корупција во овој процес. Во споредба со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 година, денеска уште поголем број граѓани сметаат дека има корупција во јавните набавки. Ако во 2019 66,4% сметале дека има корупција во јавните набавки денеска оваа бројка се зголемила за 13 поени на 79,5% граѓани кои се убедени дека постапките за јавни набавки ги следи корупција. 80,4% од анкетираните сметаат дека при трошењето на јавните пари политичарите се водат од личните и партиските интереси наспроти само 7% кои сметаат дека при трошењето на јавните пари, политичарите се водат од интересот на граѓаните. Анализата на етничката структура покажува дека Македонците многу повеќе перцепираат корупција во јавните набавки во однос на етничките Албанци. Додека дури 87,8% од Македонците сметаат дека при трошењето на јавните пари политичарите се водат исклучиво од личните и партиските интереси, ваков став делат 57% етнички Албанци. Интересно е што само 3% Македонци сметаат дека при трошењето на парите на граѓаните политичарите се водат од јавниот интерес, додека овој процент кај етничките Албанци се искачува до 17,5%. Близу две третини од граѓаните или точно 72,6% сметаат дека парите од буџетот се трошат ненаменски додека 17,9% сметаат дека трошоците се за потребите на граѓаните. И овде сосема различни перцепции на Македонците и етничките Албанци. Додека дури 80% од Македонците сметаат дека парите од буџетот не се трошат наменски, ваков став делат само 49,4% етнички Албанци. 30,8% од Албанците сметаат дека буџетот се троши за вистинските потреби на граѓаните додека ваков став делат само 13,4% Македонци. Близу половина од граѓаните или 49,1% сметаат дека состојбата со начинот на кој функционерите ги трошат јавните пари станува се полоша во последните 5 години. 31,8% не гледаат некаква промена додека само 9,9% детектирале подобрување. Според етничката структура, 54,8% Македонци сметаат дека имаме уште полоша состојба со трошењето на јавни пари во последните 5 години додека 7,5% забележале подобрување. 31,8% сметаат дека нема никакви промени. Етничките Албанци се поделени. 32,7% од нив сметаат дека состојбата со трошењето на јавните пари во последните 5 години станала полоша а 31,9% не гледаат промена. 16,3% етнички Албанци сметаат дека трошењето на јавните пари за последните 5 години се подобрило. Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-80-od-graganite-smetaat-deka-imame-korumpirani-javni-nabavki-i-deka-politicharite-gi-troshat-javnite-pari-za-lichni-interesi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Додека секојдневно умираа луѓе од Ковид-19, криминалците од СДСМ и ДУИ во прогласена кризна состојба краделе, местеле тендери и се луксузирале https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dodeka-sekojdnevno-umiraa-lugje-od-kovid-19-kriminalcite-od-sdsm-i-dui-vo-proglasena-krizna-sostojba-kradele-mestele-tenderi-i-se-luksuzirale/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dodeka-sekojdnevno-umiraa-lugje-od-kovid-19-kriminalcite-od-sdsm-i-dui-vo-proglasena-krizna-sostojba-kradele-mestele-tenderi-i-se-luksuzirale/#respond Sun, 14 Aug 2022 07:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=718211

Во време на криза и кризна состојба криминалците од СДСМ И ДУИ местеле тендери врз здравјето на граѓаните. Додека ги тераа граѓаните да аплаудираат за „успесите“ на нивните министри, криминалците од СДСМ и ДУИ краделе, местеле тендери и се луксузирале со пари на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека додека десетици наши граѓани умираа во текот на еден ден, тендерашите од СДСМ И ДУИ во време на прогласена кризна состојба, заобиколувајќи го законот купувале возила, набавувале медицинска опрема со енормно висока цена дури за 500% повисока од реалноста, набавувале канцелариски материјали. -Па така, за време на прогласена здравствена криза, Здравствениот дом во Тетово ја искористиле ситуацијата и како потреба за справување со епидемијата се подновиле со нов автомобил Опел кросленд вреден над 21 илјади евра. Само 2 месеца по несреќата во тетовската болница, каде што живи изгореа 14 луѓе, Здравствениот дом во Тетово се подновил со ново возило од парите на граѓаните. Наместо заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите во болниците и домовите, парите се трошеле за луксузирање на директорите и министрите на ДУИ и СДСМ. Да биде уште по трагично во извештајот кој испадна деновиве, за следење на јавните набавки во време на прогласена кризна состојба во државата, институциите вршеле злоупотреба и во набавувањето на здравствена опрема и материјали. Па така во ист временски период, за иста опрема од ист производител се плаќало различна цена. Иста заштитна маска од ист производител во ист ден се набавувала од 2,7 денари до 104 денари, се наведува во соопштението. Како неопходни во време кога имавме по илјадници заразени и десетици починати од Ковид-19 се набавувале и канцелариски материјали со предзнак - Ковид потребни. Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, само одлепени од реалноста, луѓе како овие од СДСМ и ДУИ можат да се луксузираат и крадат додека граѓани умираа. За секој еден изгубен живот, за секој еден наместен тендер и секој еден криминал ќе има одговорност. Граѓаните ќе го казнат ова неодговорно и расипничко работење на функционерите на СДСМ и ДУИ на следните предвремени парламентарни избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dodeka-sekojdnevno-umiraa-lugje-od-kovid-19-kriminalcite-od-sdsm-i-dui-vo-proglasena-krizna-sostojba-kradele-mestele-tenderi-i-se-luksuzirale/feed/ 0
Кој ќе одговара за сомнителните јавни набавки сред ковид криза? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-odgovara-za-somnitelnite-javni-nabavki-sred-kovid-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-odgovara-za-somnitelnite-javni-nabavki-sred-kovid-kriza/#respond Sat, 13 Aug 2022 15:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=718086

Обвинителството чека пријава за да реагира за сомнителните набавки за Ковид кризата. Од таму денес рекоа дека внимателно ги следат информациите околу можни злоупотреби на буџетски пари во тендерите, објави ТВ 24. Но нема конкретен одговор зошто ќе чекаат на полицијата и анткорупционерите кога имаат надлежности да реагираат. „Обвинителството очекува институциите во чија надлежност е откривање на кривични дела да постапат согласно своите надлежности и до обвинителството да достават соодветен поднесок по кој обвинителството понатаму ќе преземе дејствија за расчистување на случаите“ се вели во одговорот на ЈОРСМ. Во време на кризата како што вчера објави ТВ 24 тетовскиот Здравствен дом се подновил со опел кросовер, во кој освен додатоците поврзани со безбедноста се барале и кожен волан, вградени звучници и седум инчен екран на допир. „Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на стоки - Моторни возила за службите патронажа и вакцинација за потребите на установата“, пишува во тендерската документација за набавка на возилото. Првиот човек на Здравствениот дом во Тетово најави писмено сооопштение за тоа дали автомобилот навистина се користи за намената за која е купен и зошто за луксуз се потрошиле над 20 илјади евра. Од Министерството за здравство се оградија бидејќи тендерите се обврска на секоја здравствена институција посебно и побараа да се истражи случајот. За наодите на ЦГК ќе расправаат наредната недела и анткорупционерите. Во меѓувреме се чека на разврска и на констатацијата на Државниот ревизор дека буџетот е во минус 23 милиони евра поради тоа што фирмите кои земаа помош од државата за време на ковид пандемијата не ја вратиле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-odgovara-za-somnitelnite-javni-nabavki-sred-kovid-kriza/feed/ 0
ФОТО: Повеќе од 30 часа веб страницата за јавни набавки е во прекин без известувања во време на распишување тендери! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povekje-od-30-chasa-veb-stranicata-za-javni-nabavki-e-vo-prekin-bez-izvestuvanja-vo-vreme-na-raspishuvanje-tenderi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povekje-od-30-chasa-veb-stranicata-za-javni-nabavki-e-vo-prekin-bez-izvestuvanja-vo-vreme-na-raspishuvanje-tenderi/#respond Mon, 18 Apr 2022 15:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=664834

Без никакви претходни известувања за евентуален дефект, надградба или слично, веб страницата за јавни набавки повеќе од 30 часа е во целосен прекин. Ова следува во време кога се закажани отворања на тендери, електронски аукции, одлуки и слично. https://www.e-nabavki.gov.mk/ Менаџери од повеќе фирми стремат кон тоа дека овој момент е многу сомнителен, односно дека во овие денови на големи јавни набавки за АРМ, МВР и многу останати државни институции намерно веб страницата е во прекин. Главното прашање кое што се поставува е: Што се обидува власта да сокрие од граѓаните на Република Македонија?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povekje-od-30-chasa-veb-stranicata-za-javni-nabavki-e-vo-prekin-bez-izvestuvanja-vo-vreme-na-raspishuvanje-tenderi/feed/ 0
Стојаноски со документ до власта: Ова е допис од Бирото за јавни набавки кој укажува дека криете единечни цени на склучени тендери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-so-dokument-do-vlasta-ova-e-dopis-od-biroto-za-javni-nabavki-koj-ukazuva-deka-kriete-edinechni-ceni-na-sklucheni-tenderi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-so-dokument-do-vlasta-ova-e-dopis-od-biroto-za-javni-nabavki-koj-ukazuva-deka-kriete-edinechni-ceni-na-sklucheni-tenderi/#respond Tue, 18 May 2021 10:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=511792

Бирото за јавни набавки испратило допис до институциите, министерствата, агенциите, државните и јавни претпријатија и општините во кој ги опоменува институциите дека некои од нив по склучување на договорите кои се резултат на тендерската постапка не ги прикачуваат поединечните цени по ставки. Ова е тој допис. Дел од институциите кои се водени од кадри на СДСМ ги кријат единичените цени во тендерските постапки. И со тоа го кршат Законот и фрлаат сомнеж за злоупотреби, изјави на денешната прес конференција за медиумите, Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - Изминативе денови објавивме како Петре Шилегов, Златко Марин, Стефан Богоев, Саша Богдановиќ, министерството за транспорт и врски и Државни патишта трошеле милиони народни пари, а потоа не ги објавувале поединечните цени на страната на Бирото за јавни набавки. Што кријат овие функционери и зошто го прекршиле Законот за јавни набавки и неговиот чл.70 ст.3, прашува тој. Стојаноски прашува дали зад необјавувањето на единечните цени се крие можно прикривање на преплатени производи и услуги како случајот во Аеродром, како што Златко Марин платил 250 евра за обрач за кош и 300 евра за корпи? Или набавката на противпожарното возило со скала на Петре Шилегов, кое го платил по цена двојно поскапа од тоа што Град Загреб платил за идентично такво возило? - Дали преку прикривање на единечните цени со нивно необјавување власта крие злоупотреби? Овие институции имаат законска обврска да ги објават единечните цени, а доколку тоа не го сторат, Бирото за јавни набавки може да ги блокира. Очекуваме Бирото за јавни набавки да постапи согласно Закон и да ги блокира овие институции, а ДКСК и ЈО да отворат случаи веднаш. За ваквите случаи одговорност мора да има, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-so-dokument-do-vlasta-ova-e-dopis-od-biroto-za-javni-nabavki-koj-ukazuva-deka-kriete-edinechni-ceni-na-sklucheni-tenderi/feed/ 0
Во време на криза и пандемија, распишан оглас за патничко возило – Пендаровски ќе се поднови со луксузен автомобил (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-vreme-na-kriza-i-pandemija-raspishan-oglas-za-patnichko-vozilo-pendarovski-kje-se-podnovi-so-luksuzen-avtomobil-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-vreme-na-kriza-i-pandemija-raspishan-oglas-za-patnichko-vozilo-pendarovski-kje-se-podnovi-so-luksuzen-avtomobil-foto/#respond Thu, 29 Apr 2021 12:16:57 +0000 https://kurir.mk/?p=503751

На 27 април кабинетот на Претседателот распиша оглас на Бирото за јавни набавки за набавка на патничко моторно возило, меѓутоа без објавување на проценетата вредност на автомобилот. Објавените карактеристики во тендерската документација наведуваат дека се бара автомобил со 7-степен автоматски менувач, тонирани стакла, камера за паркирање и други карактеристики кои се одраз на еден скап и луксузен автомобил. Во време на пандемија и криза овој автомобил е еден од многуте скапи набавки кои ги врши власта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-vreme-na-kriza-i-pandemija-raspishan-oglas-za-patnichko-vozilo-pendarovski-kje-se-podnovi-so-luksuzen-avtomobil-foto/feed/ 0
Ќе се јаде, ќе се пие: Владата набавува октоподи, лигњи, шкампи, лосос и школки, а народот не смее да јаде во ресторани! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-jade-kje-se-pie-vladata-nabavuva-oktopodi-lignji-shkampi-losos-i-shkolki-a-narodot-ne-smee-da-jade-vo-restorani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-jade-kje-se-pie-vladata-nabavuva-oktopodi-lignji-shkampi-losos-i-shkolki-a-narodot-ne-smee-da-jade-vo-restorani/#respond Fri, 09 Apr 2021 13:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=494853

Продолжуваат скандалите кои ја опкружуваат Владата на Зоран Заев. Овој пат, се работи за скандалозна набавка за потребите на владата, на шкампи, лосос, октоподи, морски плодови и разни видови на риба. Како што може да се забележи на веб-страницата на Електронскиот систем од Бирото за јавни набавки, Владата во својата најнова набавка порачала разни риби и морски плодови. На фотографиите се гледа дека е нарачана риба – калифорниска пастрмка, лосос, ослиќ, крап и бранцин, а од морските плодови, вработените во Владата ќе се нагостат со вкусни октоподи, лигњи, школки, ракчиња и други морски плодови. Она што е интересно за набавката, е дека истата доаѓа во време кога има речиси 160.000 лица кои се водат како невработени, а воедно и во време на строги рестриктивни мерки, кога на граѓаните им е забрането да се хранат во самите ресторани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-jade-kje-se-pie-vladata-nabavuva-oktopodi-lignji-shkampi-losos-i-shkolki-a-narodot-ne-smee-da-jade-vo-restorani/feed/ 0
Царинска управа ќе се освежува со кисела вода за 8 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carinska-uprava-kje-se-osvezuva-so-kisela-voda-za-8-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carinska-uprava-kje-se-osvezuva-so-kisela-voda-za-8-iljadi-evra/#respond Mon, 22 Mar 2021 21:06:52 +0000 https://kurir.mk/?p=486396

На официјалнта страна на јавни набавки објавен е оглас од страна на Царинска управа во кој Царинска управа ќе набавува прехрамбени продукти пијалаци кисела вода во износ од  над 500.000 денари. Имено, власта во повеќе наврати ветуваше дека ќе нема непотребни трошење се со цел државата да не се задолжува дополнително но тоа не  е случај. Досега во јавноста излегоа огромен број на скандали за непродуктивни трошоци кои ги прават токму министерствата и институциите. Ова не е прв пат институциите  и министерства да трошат пари за луксузирање и несовесно и  недомаќински да се однесувааат со средставата кои ги имаат на располагање. Експертската јавност вели дека ваквото несовесно однесување  со парите на граѓаните не остава добар впечаток ниту кај граѓаните ниту во јавноста. Познавачите  велат дека непродуктивните трошења на министерствата се недозвиливи во време на економска криза и на енормни задолжувања. Критичарите коментираат дека власта и оние кои ги водат институциите воопшто сериозно и одговорно не се однесуваат со парите на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carinska-uprava-kje-se-osvezuva-so-kisela-voda-za-8-iljadi-evra/feed/ 0
Владата за 70.000 евра ќе купува пијалоци и тутун! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-za-70-000-evra-kje-kupuva-pijaloci-i-tutun/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-za-70-000-evra-kje-kupuva-pijaloci-i-tutun/#respond Wed, 16 Dec 2020 21:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=444338

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија ќе потроши скоро 70.000 евра за набавка на прехранбени производи, пијалаци, тутун и сродни производи. https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/984a8272-2983-4437-8cf7-191dee838839 Имено, на системот за Јавни набавки има објавено два договори во кои како договорен орган се појавува токму Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и во овие два огласи како предмет на договорите на јавна набавка стои на прехранбени производи, пијалаци, тутун и сродни производи. На првиот договор сумата за набавката со вклучено ДДВ е 2.569.213 денари или 41.776 евра, додека на вториот договор за набавка на прехранбени производи, пијалаци, тутун и сродни производи вредноста со ДДВ е 1.250.800 денари или 20.338 евра. Во време на економска и здравствена криза, наместо власта да се воздржи од трошење за непродуктивни работи, таа одлучува да се рафрла и луксузира со парите на граѓаните. Само за потсетување, Службата за општи и заеднички работи во 2018 година распиша тендер од дури 6,3 милиони евра за тековно одржување и одржување на хигиена, како и тендер за хортикултурно одржување и уредување на државната управа во вредносто од 670.000 евра, а распиша и тендер за набавка на кафе во вредност од дури 45.000 евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-za-70-000-evra-kje-kupuva-pijaloci-i-tutun/feed/ 0
Британската Влада не била транспарентна во јавните набавки во почетокот на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-ne-bila-transparentna-vo-javnite-nabavki-vo-pochetokot-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-ne-bila-transparentna-vo-javnite-nabavki-vo-pochetokot-na-pandemijata/#respond Wed, 18 Nov 2020 07:40:42 +0000 https://kurir.mk/?p=430971

Британската влада не била транспарентна во доделувањето договори за набавки и услуги во вредност од 20,1 милијарди евра во пандемијата, заклучува британскиот ревизор во извештајот објавен денеска. „На почетокот на пандемијата, владата мораше итно да набави опрема за лична заштита за вработените во болницата на многу зафатен глобален пазар. Признаваме дека станува збор за вонредни околности“,нагласи Герет Дејвис, директор на Државниот завод за ревизија (НАО), орган што го надгледува трошењето на народните пари. „Сепак, исклучително е важно тие одлуки да бидат соодветно документирани и јасни, дали владата сака да ја задржи довербата на јавноста кога станува збор за наменското и правилно трошење на парите на даночните обврзници“, додаде тој. „Податоците презентирани во нашиот извештај покажуваат дека правилата за транспарентност и документација не беа доследно применети на почетокот на пандемијата“, забележа тој. Според НАО, до 31 јули биле доделени повеќе од 8.600 договори во вредност од 20,1 милијарди евра, од кои 11,7 милијарди биле договорени без јавен тендер. Воспоставен е „канал со висок приоритет“ за да им се даде предност на компаниите кои имаат препорака од министерства, службени лица, пратеници и од челници во здравството. Некои договори биле доделени ретроактивно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-ne-bila-transparentna-vo-javnite-nabavki-vo-pochetokot-na-pandemijata/feed/ 0