јавни обвинители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Mar 2023 14:49:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавни обвинители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советот на ЈО распиша нов оглас за избор на обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-jo-raspisha-nov-oglas-za-izbor-na-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-jo-raspisha-nov-oglas-za-izbor-na-obviniteli/#respond Thu, 02 Mar 2023 14:49:23 +0000 https://kurir.mk/?p=807196

Советот на јавни обвинители на денешната 75. седница донесе одлука за распишување нов оглас за избор на четворица јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Претходниот оглас за обвинители во ОЈО ГОКК пропадна, а недостигот на јавни обвинители во едно од најважните обвинителства беше решено со привремено упатување на обвинители. Советот на ЈО на 67. седница во октомври минатата година не избра ниту еден од шестмината пријавени кандидати за јавни обвинители во ОЈО ГОКК, откако на гласањето, ниту еден од нив не го доби потребното мнозинство гласови. На овој оглас, пријавени беа Милица Гаврилова и Маја Коневска од ОЈО ГОКК Скопје, Елизабета Јосифовска од ОЈО Гостивар, Верица Бержевска Крстевска од ОЈО Скопје и Златко Биковски од ОЈО Берово. Тогаш со одлука на Советот, јавните обвинителки Милица Гавриловска и Маја Коневска беа вратени во ОЈО, каде биле и пред да се кандидираат. На денешната седница Советот, исто така донесе одлука за објавување оглас за избор на шеф на Основното јавно обвинителство - Штип. Совет, иако ја разгледа можноста за донесување на одлука за распишување на оглас за избор на јавни обвинители во Вишите јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Битола, сепак не донесе таква одлука.  На ова, реагираше заменик претседателот на Советот ,Арбер Исаку, кој истакна дека шест месеци ова прашање стои отворено и не може да се донесе одлука. Претходно, Советот на ЈО објави оглас за избор на вкупно 31 јавен обвинител во повеќе основни јавни обвинителства низ земјава. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-jo-raspisha-nov-oglas-za-izbor-na-obviniteli/feed/ 0
Избори за нов шеф на Обвинителството за гонење на oрганизиран криминал и корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbori-za-nov-shef-na-obvinitelstvoto-za-gonenje-na-organiziran-kriminal-i-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbori-za-nov-shef-na-obvinitelstvoto-za-gonenje-na-organiziran-kriminal-i-korupcija/#respond Mon, 07 Nov 2022 06:43:37 +0000 https://kurir.mk/?p=756654

На непосредни избори денеска јавните обвинители од земјава ќе гласаат за избор на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). На гласачкото ливче се четворица кандидати Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска. Согласно Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаат сите јавни обвинители во земјава. Гласањето ќе се спроведе во текот на работното време на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Според избирачки список, 163 јавни обвинители од земјава имаат право на глас за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК. Гласањето, како што појасни за МИА претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, ќе биде од 8 до 16 часот, по што Советот ќе направи јавно сумирање на резултатите. На кандидатската листа под број 1 е Ислам Абази, број 2 Незири Ермон, број 3 е Деса Пауновска и под број 4 е Вилма Русковска. На огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беа пријавени петмина кандидати, но Енѓелуше Кадриу – Леши ја повлече пријавата. Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава. Советот на ЈО по денешното гласање, согласно законот, во рок од седум дена треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbori-za-nov-shef-na-obvinitelstvoto-za-gonenje-na-organiziran-kriminal-i-korupcija/feed/ 0
Советот на јавните обвинители ќе ја одржи 67-та седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javnite-obviniteli-kje-ja-odrzi-67-ta-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javnite-obviniteli-kje-ja-odrzi-67-ta-sednica/#respond Thu, 27 Oct 2022 05:55:09 +0000 https://kurir.mk/?p=750991

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија утре ќе ја одржи 67-та седница на која, како што е најавено, ќе треба да гласа за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје. Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, за МИА појасни дека ќе се гласа за избор на четворица јавни обвинители, по огласот кој е објавен во април годинава. На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје. Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО-ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде во согласност со член 66 основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија. На огласот за избор се пријавени петмина кандидати, а гласањето ќе биде на 7 ноември. Советот на ЈО во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14 ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javnite-obviniteli-kje-ja-odrzi-67-ta-sednica/feed/ 0
Судиите и јавните обвинители кои наполнија 62 или 64 години заминуваат во пензија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudiite-i-javnite-obviniteli-koi-napolnija-62-ili-64-godini-zaminuvaat-vo-penzija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudiite-i-javnite-obviniteli-koi-napolnija-62-ili-64-godini-zaminuvaat-vo-penzija/#respond Fri, 01 Jul 2022 12:57:49 +0000 https://kurir.mk/?p=698413

Вкупно 42 судии и 10 јавни обвинители над 62 или 64 од денеска се во пензија. Како што информираа за МИА од Советот на јавни обвинители и Советот на судии на Република Северна Македонија, денеска биле донесени одлуки со кои се констатирал престанок на нивната функција поради исполнување на условите за пензија. Собранието вчера не ги изгласа измените на Законот за работни односи со кои работниот век на судиите и јавните обвинители ќе им беше продолжен за 3 години, а токму вчера беше последниот рок за гласањето, кое не стигна до пленарната седница поради интерпелацијата за собранискиот спикер, Талат Џафери. – Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 407-та седница одржана на ден 01.07.2022 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното: Донесени се заклучоци во врска со Законот за работни односи Донесени се решенија со кои се ставаат вон сила донесените решенија со кои е продолжен мандатот на судиите и решенија со кои се констатира престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија, а согласно измените на Законот за работни односи („Службен весник на РСМ“ бр.151/21) и тоа за следните судии, стои во соопштението од Судскиот Совет во кое со име и презиме се наведени 42 судии на кои им престанува функцијата. Во изјава за МИА од Судскиот Совет велат дека со ова се испразнуваат местата а претседателите на судовите се должни да ги распоредат. Од Советот за јавни обвинители, пак, велат дека станува збор за 10 обвинители чии предмети ќе бидат дополнително распоредени. – На педесет и деветтата седница, Советот на јавните обвинители на РСМ, ги донесе следните одлуки: Донесени се одлуки за престанок на работниот однос на јавните обвинители: Мери Тромбева јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, Елизабета Ристеска јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Сулејман Алијевски јавен обвинител во ОЈО Битола, Снежана Зафирова јавен обвинител во ОЈО Кочани, Елица Илиевска јавен обвинител во ОЈО Скопје, Гордана Смаќоска јавен обвинител во ОЈО ГОКК, Жулиета Карова Бошевска јавен обвинител во ОЈО Битола, Милка Спиркоска јавен обвинител на ОЈО Прилеп, Имран Османи јавен обвинител во ОЈО Скопје и Јован Илиевски јавен обвинител во Јавното обвинителство на РСМ, стои во соопштението од СЈОРМ. Дополнително, на истата седница е донесена и одлука за назначување на јавниот обвинител Пецо Везироски за ВД јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, како и на јавниот обвинител Марјана Илиеска за ВД јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Прилеп. Од СЈОРМ за МИА велат дека предмети кои досега ги имале обвинителите преминуваат во обвинителството и тоа потоа ќе ги распореди. – Прво треба да се вратат назад, односно да се констатира кој колку предмети вратил, па раководителот кој раководи со Основното или со Вишото обвинителство ги распределува кај останатите обвинители, велат оттаму. Министерот за правда, Никола Тупанчески, вчера изјави дека престанокот на работниот однос на судиите и јавните обвинители може да доведе до сериозни последици. – Доколку не бидат изгласани измените и дополнувањата во Законот за работни односи, на 60-тина судии и 13 јавни обвинители ќе им престане работниот век. Одењето во пензија на судиите и јавните обвинители ќе значи дека голем дел од постапките ќе треба да почнат одново. Да не заборавиме, не се работи за една или за две постапки, кога се менува судијата во постапката, тогаш процесот започнува одново. Тоа е првата работа. Тука се разбира како Дамоклов меч ни виси и институтот на застареност, дел од постапките кои се во тек, или кои што се движат може да имаат одредена застареност во однос на нивниот правен епилог, рече Тупанчески. Од Здружение на судска администрација на Република Северна Македонија реагираат на односот на надлежните државни органи кои, како што наведуваат во нивната реакција „во минута до дванаесет се обидоа да надминат проблем кој не е ниту нов, ниту беше непредвидлив со оглед на тоа што бројот и возраста на судиите им беа познати факти и нема простор за „изненаденост“ од новонастанатата состојба“. – Голем број на судски предмети ќе мора да почнат одново со опасност да настапи нивна застареноста, временски бавните судски постапки уште повеќе ќе се одолговлекуваат со оглед на намалениот број на судии во многу судови. Како врв на сето тоа ќе има суд или судови кои ќе останат и без судии доколку во нив не бидат времено упатени судии од други судови, стои во нивната реакција. Посочуваат дека уште при јавната расправа по Предлог-Законот за Академија за судии и јавни обвинители која се одржала на 04.10.2019 година во Собранието на Република Северна Македонија во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, истакнале сериозна забелешка што со предлог-законот воопшто не е направен обид да се искористи потенцијалот на стручните судски службеници со повеќегодишно професионално искуство во судовите. – Кога веќе се овозможува пристап до почетна обука на лица со двегодишно работно искуство на правни работи по полагање на правосудниот испит, неразбирливо е од кои причини е изоставен и не е олеснет пристапот до почетна обука на судскиот кадар кој професионално ги извршува своите работни задачи како судски соработник или советник повеќе години низ сите судски оддели во судовите. Во секоја прилика пред надлежните државни органи во и надвор од правосудството, апелиравме дека овој дел од судската служба можеше и може беспрекорно и со скратена обука да ги извршува сите судски задачи и да го даде својот придонес за поефикасно судство во РС Македонија. За жал сите надлежни државни органи ги игнорираа ваквите укажувања заради што сега во некои судови ќе ја имаме Јустиција но без меч во раката, велат од Здружението на судска администрација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudiite-i-javnite-obviniteli-koi-napolnija-62-ili-64-godini-zaminuvaat-vo-penzija/feed/ 0
Мицевски: СДСМ и ДУИ сакаат преку Законот за продолжување на рокот за пензионирање на судиите да го штитат сопствениот криминал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-sdsm-i-dui-sakaat-preku-zakonot-za-prodolzuvanje-na-rokot-za-penzioniranje-na-sudiite-da-go-shtitat-sopstveniot-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-sdsm-i-dui-sakaat-preku-zakonot-za-prodolzuvanje-na-rokot-za-penzioniranje-na-sudiite-da-go-shtitat-sopstveniot-kriminal/#respond Wed, 29 Jun 2022 17:46:53 +0000 https://kurir.mk/?p=697468

Денес се случува нов преседан во собранието и нов скандал на власта. За прв пат во историјата на Парламентот се закажува нова седница веднаш по завршувањето на седницата за пратенички прашања, и тоа седница посветена на спорниот Закон за продолжување на рокот за пензионирање на судиите. Досега невиден скандал е што закон кој предизвика инцидент за време на комиската расправа, сега на шверцерски начин, полутајно и на сила се турка да помине веднаш по седницата за пратенички прашања, изјави денеска за медиумите Никола Мицевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека одговорот зошто власта и претседателот на собранието Џафери прават ново насилие во собранието и зошто им се брза со законот, е поради тоа што јавна тајна е дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители кои носат партиски и политички одлуки диктирани од криминалното двојство СДСМ-ДУИ. - Со овие обвинители и со овие судии СДСМ-ДУИ го штитат сопствениот криминал, и изработуваат политички монтирани процеси против опозицијата. СДСМ и ДУИ со законот штитат криминал. Токму затоа да се продолжи работниот век на овие партиски војници во судството и обвинителството, СДС-ДУИ прават насилие, се нервозни и ги кршат сите досегашни процедури и практики. Ова е јасен показател дека СДСМ и ДУИ го губат тлото под нозе, а целатаа јавност е сведок на тоа дека пред полноќ ќе носат штетен закон за сите граѓани, појасни пратеникот. Мицевски додаде дека владата не треба да се чуди зошто судството и обвинителството руши рекорди со најслаба доверба, веднаш по најслабата доверба која ја има актуелната Влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-sdsm-i-dui-sakaat-preku-zakonot-za-prodolzuvanje-na-rokot-za-penzioniranje-na-sudiite-da-go-shtitat-sopstveniot-kriminal/feed/ 0
Ефтимов: Како претеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, бараме измените за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од дополнување на Законот за работни односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-kako-pretenichka-grupa-na-vmro-dpmne-barame-izmenite-za-sudiite-i-javnite-obviniteli-da-bidat-trgnati-od-dopolnuvanje-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-kako-pretenichka-grupa-na-vmro-dpmne-barame-izmenite-za-sudiite-i-javnite-obviniteli-da-bidat-trgnati-od-dopolnuvanje-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/#respond Tue, 31 May 2022 09:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=684131

Денес, на Комисијата за труд и социјална политика, се наоѓа Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, поднесен од група пратеници од парламентарното мнозинство. Се работи за низа измени кои според Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се крајно проблематични и дискриминаторски, изјави денеска за медиумите, Дајанчо Ефтимов, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години за мажи и 62 години за жени, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител. - Со овие измени се отвора можност за класификација на судиите и јавните обвинители на подобни и неподобни, послушни и непослушни како и можност за уште поголема и подлабока партизација на судството во Република Македонија. Како дополнителен податок, според стандардите на Европската Унија, бројот на судии во однос на бројот на население во Македонија е голем. Дополнително, сите овие измени за судиите и јавните обвинители во овој закон, СДСМ се обидува да ги протне во сенка на измените кои се однесуваат на „недела неработен“ ден кои се дел од истиов предлог закон и каде се направени измени кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ посочувавме уште кога се носеше законот. Овие позадински игри на СДСМ и ДУИ не се првпат и во овој случај кога функционира активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители се обидуваат да ги протнат преку измените за „недела неработен ден“, појасни Ефтимов. Пратеникот потсети дека најавиле дека сите законски решенија кои што се штетни за граѓаните и државата ќе бидат блокирани од нивна страна и дека е таков и случајот со овој закон. - Бараме, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од овој предлог закон, со што ние како пратеничка група ќе дадеме допринес за измените кои се однесуваат за „недела неработен ден“, додаде Ефтимов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-kako-pretenichka-grupa-na-vmro-dpmne-barame-izmenite-za-sudiite-i-javnite-obviniteli-da-bidat-trgnati-od-dopolnuvanje-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/feed/ 0
Остануваат клучните разлики за СЈО, утре нова средба на работните групи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostanuvaat-kluchnite-razliki-za-sjo-utre-nova-sredba-na-rabotnite-grupi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostanuvaat-kluchnite-razliki-za-sjo-utre-nova-sredba-na-rabotnite-grupi/#respond Thu, 09 May 2019 05:40:06 +0000 https://kurir.mk/?p=195752

Дали ќе има напредок во преговорите околу законот за јавно обвинителство ќе се знае по средбата на работните групи на власта и опозицијата што е закажана за утре, откако вчера немаше никакво поместување во делот на разговорите. -Немавме никакво поместување во делот на разговорите. Разговаравме за членот 105 кој е клучната пречка во донесувањето на законот, а тоа е околу продолжувањето на постапките и користењето на доказите кои се собрани досега. Се договоривме ВМРО-ДПМНЕ да направат одредени дополнитени консултации и се договоривме наредбата средба да биде во петок, да видиме по тие консултации каде ќе можеме да најдеме заеднички став,  изјави вчера министерката министерката за правда Рената Дескоска по завршувањето на средбата меѓу работните групи. Дескоска повтори дека нивните црвени линии во донесувањето на законот се всушност во тој член со оглед на тоа што станува збор за член кој треба да овозможи продолжување на гонењето за сторени кривични дела и оти она што не може да биде прифатено во ниеден случај за Министерството за правда е внесување на одредби кои ќе значат скриена амнестија за одредени дела. -Ѓаволот е во деталите, кога ќе треба да го регулирате тоа што отворено е кажано во јавност, кога ќе треба да го формулирате правно ги гледате замките. Дали постојат замки или не во одредени ставови, рече Дескоска одговарајќи на прашањето, зошто опозицијата повторно бара да не важат доказите откако се согласија јавно секој обвинител да одлучи кои докази ќе ги користи. Според министерката за правда, веќе се кристализира дека СЈО ќе биде посебен орган, но тоа прашање, како што рече, целосно не е затворено, бидејќи сé уште се во фаза на постигнување договор. Претставникот на опозицијата во преговорите Тони Менковски по вчерашната средба изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од принципот на владеењето на право што е преточено во амандманите. Според него,  мандатот на СЈО е јасно дефиниран во законот, 18 месеци од добивањето на нелегно стекнатите прислушувани разговори. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пак верува во процесот и, како што изјави ќе го почитува законското решение кое ќе го усогласат двете страни. -Верувам во процесот на преговорите или прифаќањето на амандманите од страна на опозицијата затоа што се работи за врвни професионалци како од страна на Владата, така и од страна на опозицијата, со исклучок на некои личности поврзани со нашите предмети кои веќе не се во преговорите, истакна Јанева. Посочи дека законот секогаш може подобро да биде формулиран и дека во суштина се надминати разликите за тоа што ќе работи СЈО. Договорот за законот за јавно обвинителство е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostanuvaat-kluchnite-razliki-za-sjo-utre-nova-sredba-na-rabotnite-grupi/feed/ 0
Нападнат вработен во Советот за јавни обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napadnat-vraboten-vo-sovetot-za-javni-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napadnat-vraboten-vo-sovetot-za-javni-obviniteli/#respond Wed, 21 Nov 2018 13:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=130442

Скопјанец вчера пријавил во полициска станица дека во понеделникот бил вербално нападнат од лице кое дошло во Советот на јавни обвинители и барало да му биде обезбеден адвокат по службена должност за негова одбрана. Скопјанецот А.М. му објаснил дека не е во нивна надлежност да доделуваат адвокати по што С.С. почнал агресивно да се однесува и да упатува закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napadnat-vraboten-vo-sovetot-za-javni-obviniteli/feed/ 0