јавни пари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 May 2022 13:06:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавни пари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Работилница: Најтешко се добива одговор како се трошат јавните пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-najteshko-se-dobiva-odgovor-kako-se-troshat-javnite-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-najteshko-se-dobiva-odgovor-kako-se-troshat-javnite-pari/#respond Mon, 16 May 2022 13:06:34 +0000 https://kurir.mk/?p=677364

Иако се подобрува пристапот до информациите од јавен карактер, локалните институции остануваат прв проблем. Најчесто се избегнува одговорот каде и како се трошат јавните пари, беше речено на едукативната работилница во Прилеп што ја организира Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Според Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер најголеми баратели се невладините организации, а најмалку граѓаните кои, според анкетите, не си ги знаат доволно правата. Анкетите досега покажаа дека граѓаните не го знаат правото за пристап до информациите од јавен карактер. Најчесто бараат информации за нивни лични предмети кои се водат пред институциите. Апелираме до граѓаните своите права да си ги бараат со материјалните закони кои ја регулираат соодветната материја. Сметаме дека така ќе се постигнат подобри резултати. Целта на денешнава средба со граѓаните во Прилеп е да ги запознаеме со нивното право за пристап до информациите од јавен карактер, изјави Бојческа. Рокот за да се добие информација од јавен карактер е веднаш или до 20 дена. Лани Агенцијата повела 342 прекршочни постапки. -Агенцијата сериозно ги сфаќа прекршочните одредби во Законот за пристап до информациите од јавен карактер. Само за пример, минатата година спроведовме 342 прекршочни постапки за службени лица кои го ограничуваат правото до информациите од јавен карактер. Меѓу прекршителите се кокални самоуправи, општините Охрид и Струга, во делот на животната средина, здравствени иснтитуции кои, пак, поради корона ситуацијата беа позатворени. За службените лица казната е 250 евра, а за одговорните 500 евра, вели Бојческа. Весна Шапкоски од невладината „Станица П.Е.Т.“ од Прилеп вели дека никогаш не добиле информација „од прво“, а најтешко се доаѓа до информацијата како се трошат јавните пари. -Како локална организација, годишно имаме 50-тина барања до пристап на информации од јавен карактер, од кои најголемиот дел се до локални институции. на локално ниво е потежок пристапот до информации од јавен карактер, податоците полесно се добиваат кај централните институции. кај локалните институции чест е одговорот дека тие немаат такви подтоци какви што бараме. А кога ќе почнеме усно да с еобјаснуваме, произлегува дека тие всушност го имаат податокот. најтешко им е да го дадат одговорот за трошењето на јавните пари. Генерално, на локалните институции им треба подобро запознавање со процесот на давање информации од јавен карактер. генерално, никогаш на прво не сме ги добиле информациите, или треба дополнително да објаснеме кој податок ни е потребен, или рокот се пречекорува, па со жалба до Агенцијата им е наложено да ги дадат податоците. Граѓаните се жалаат на недостапност на информации, пред сѐ, со трошењето на јавните пари, смета Шапкоски. Годишно се поднесуваат 5 000 до 6 000 барања. Според Герман Филков од Центарот за комуникации, за да се стигне до информацијата треба упорност и граѓаните да се охрабрат. -Како баратели на информации, поднесуваме околу 1000 барања годишно. Искуството е различно, од институција до институција. Генерално, институциите стануваат поотворени кон барањата за слободен пристап, но морам да кажам дека поотворени се кон невладиниот сектор, а позатворени кон медиумите и граѓаните, веројатно станува збор за некоја навика или практика. Имаме институции кои одговараат за ден-два, а други го чекаат последниот рок од 20 дена, а има и кои не одговараат и по 60 дена. Затоа вложуваме жалби во Агенцијата за слободен пристап до информациите. Според нашето искуство, кога ќе се поднесе барање, да се контактира институцијата, да не се чека на нивната „добра волја“ за ако сакаме сигурно да ја добиеме информацијата. Ги охрабрувам граѓаните да бараат информации, зашто треба да запаметиме дека тие информации се наши, граѓаните се сопственици на јавните информации, изјави Филков. Работилницата се одржа во рамки на ИПА2 проектот „Транспаретност и отчетност на јавната администрација“, финансиран од ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-najteshko-se-dobiva-odgovor-kako-se-troshat-javnite-pari/feed/ 0
Тасева: Набавката на вакцини треба да се врши на транспарентен начин затоа што станува збор за трошење на јавни пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-nabavkata-na-vakcini-treba-da-se-vrshi-na-transparenten-nachin-zatoa-shto-stanuva-zbor-za-troshenje-na-javni-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-nabavkata-na-vakcini-treba-da-se-vrshi-na-transparenten-nachin-zatoa-shto-stanuva-zbor-za-troshenje-na-javni-pari/#respond Thu, 11 Mar 2021 09:35:16 +0000 https://kurir.mk/?p=480594

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл во своето гостување во „Студио 10“ зборуваше за последниот скандал во „Ла Верита“ околу набавката на вакцини и посочи дека сето тоа што се случува не е добро за државата. Според неа сето ова треба да се врши на транспарентен начин затоа што станува збор за трошење на јавни пари. -Сите овие информации не се добри, сите овие случувања не се добри затоа што зборуваат за еден многу неорганизиран процес за набавки на вакцини кои што се приоритетни за било кој дел од активностите на Владата и во однос на организирање внатре во владата, комуникации со меѓународни организации, комуникации со странски држави и начин на кој треба да се обезбедат тие вакцини треба да биде многу транспарентно пред се затоа што станува збор за висок интерес на граѓаните и станува збор за трошење на јавни пари. Дали било во ред да се нарачуваат вакцини преку приватни компании или преку посредници во ситуации кога можело да се направи директен контакт со државите кои се подготвени меѓусебно да помагаат за вакви ситуации, а особено со државите со кои имаме дипломатски контакти, имаме дипломатски претставништва во нашата држава, друго е да кажеме немаме контакт, немаме дипломатско претставништво, немаме со кого да работиме мора да одиме со посредници, така да ова целава ситуација создаде една непријатност и во државата и кај граѓаните што се случуваа воопшто со набавките на вакцините, рече Тасева. Тасева во своето гостува укажа дека според целата ситуација се поставува и прашањето дали и набавките на вакцини ќе се злоупотребуваат за да се оствари некаков профит. Во позадина се гледа и прашањето дали и набавките на вакцини ќе се злоупотребуваат за да се оствари некаков профит или интерес што апсолутно треба да се расчисти и на тоа треба да инсистираат владата и институциите да одговорат на сите овие прашања и да ни ги тргнат сите овие дилеми, додаде Тасева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-nabavkata-na-vakcini-treba-da-se-vrshi-na-transparenten-nachin-zatoa-shto-stanuva-zbor-za-troshenje-na-javni-pari/feed/ 0