јавни собири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Jan 2021 10:19:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавни собири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оваа соседна држава забрани јавни собири со над 100 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-sosedna-drzava-zabrani-javni-sobiri-so-nad-100-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-sosedna-drzava-zabrani-javni-sobiri-so-nad-100-lica/#respond Tue, 26 Jan 2021 10:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=459946

Од 6 часот утрово, до 1 февруари, во Грција во сила е забрана за јавни собири на над 100 лица со одлука на началникот на грчката полиција, а за прекршувачите предвидени се казни од 300 до 5.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката, како што соопштуваат од грчката полиција е откако била земена предвид препораката од надлежната Комисија на епидемиолози од 22 јануари за максимален број учесници на јавни собири на отворено, односно до 100 лица, но и за да се спречи дополнителното ширење на коронавирусот. Извори од полицијата, за грчките медиуми објасниле дека конкретната одлука не е поврзана со никаков закажан протест и не се однесува на присуството на граѓаните во областите поврзани со трговијата, односно продавниците и сл. За прекршување на мерката предвидена е парична казна од 5.000 евра за правни и 3.000 евра за физички лица кои организираат јавни собири на отворено и казна од 300 за учесниците. Дел од медиумите во Грција забраната за јавни собири на над 100 лица, ја коментираат како дозвола за собири на групи до 100 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-sosedna-drzava-zabrani-javni-sobiri-so-nad-100-lica/feed/ 0
Во Турција забранети јавните собири https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-zabraneti-javnite-sobiri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-zabraneti-javnite-sobiri/#respond Fri, 20 Mar 2020 14:29:14 +0000 https://kurir.mk/?p=319539

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска потпиша декрет со кој се одлагаат сите научни, културни и уметнички настани до крајот на април, со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус. Во Турција досега починаа четири лица од Ковид-19, 359 се инфицирани, а 9.800 луѓе се во карантин. Ердоган упати апел до граѓаните да останат во своите домови, но не и да престанат да одат на работа. Во Турција суспендрани се летовите за 20 држави, затворени се училиштата, кафулињата и баровите, забранети се масовните молитви и нареди одложување на спортските настани. Вондредни мерки воведе и турската Централна банка, а Владата отвори специјален фонд од 15 милијарди долари наменети за помош на економијата. Се затвора и текстилната индустрија поради што расте загриженоста за судбината на повеќе стотици илјади работници. Трендот го следат и трговските центри, каде се вработени околу 530.000 работници и остваруваат годишен обрт од околу 160 милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-zabraneti-javnite-sobiri/feed/ 0