јавно обвинителство скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Oct 2022 11:44:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавно обвинителство скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со автомобил разнесувал кокаин, а полицијата во истиот пронашла и дигитална вага – скопјанецот сега е во притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-avtomobil-raznesuval-kokain-a-policijata-vo-istiot-pronashla-i-digitalna-vaga-skopjanecot-sega-e-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-avtomobil-raznesuval-kokain-a-policijata-vo-istiot-pronashla-i-digitalna-vaga-skopjanecot-sega-e-vo-pritvor/#respond Fri, 14 Oct 2022 11:44:23 +0000 https://kurir.mk/?p=745314

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец откако полициски службеници во неговиот автомобил пронашле 1109, 93 грама кокаин. Дрогата била пронајдена при претрес на автомобилот на 13 октомври, при што полицијата пронашла и дигитална вага со траги од наркотична дрога. Со ова постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз постапката или да го повтори делото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-avtomobil-raznesuval-kokain-a-policijata-vo-istiot-pronashla-i-digitalna-vaga-skopjanecot-sega-e-vo-pritvor/feed/ 0
Отворена постапка – се испитува зошто со месеци се чекало да се затвори техничкиот преглед во кој поминал и автобусот на „Беса транс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-postapka-se-ispituva-zoshto-so-meseci-se-chekalo-da-se-zatvori-tehnichkiot-pregled-vo-koj-pominal-i-avtobusot-na-besa-trans/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-postapka-se-ispituva-zoshto-so-meseci-se-chekalo-da-se-zatvori-tehnichkiot-pregled-vo-koj-pominal-i-avtobusot-na-besa-trans/#respond Thu, 05 May 2022 14:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=672452

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција истражува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија и изгореа 45 патници. Информацијата ја објави „360 степени“, а за „Фокус“ ја потврдија официјално од обвинителството. – Предистражната постапка во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е започната во текот на вчерашниот ден. Во моментов се прибира документацијата што е неопходна за расчистување на случајот. Со оглед на тајноста на предистражната постапка во моментов не можат да се споделат повеќе детали, велат од Обвинителството. Решението за забрана за работа, кое „360 степени“ го стави на увид на јавноста, е потпишано од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 26 ноември 2021 г. (три дена по несреќата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија). Од документот се гледа дека неправилности во работата на станицата за технички преглед во село Глумово, Општина Сарај, биле откриени уште на 12 август 2021 г., но од засега необјаснети причини, министерот Спасовски не потпишал решение за привремена забрана за работа – до отстранување на пропустите, иако таков предлог бил изготвен од соодветните служби во Бирото за јавна безбедност. Во меѓувреме, на 5 октомври 2021 г., автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија и со себе однесе 45 животи, поминал на технички преглед токму во оваа станица. Освен оваа постапка во исто време во скопското обвинителство во тек е предистражната постапка којашто се однесува на евентуални други пропусти од институциите надлежни да ја контролираат работата на „Беса транс“. До овој момент, Јавното обвиителство нема сознанија дека сопственикот на фирмата е недостапен на органите на прогонот, односно во текот на досегашната постапка тој соработувал со истражните органи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-postapka-se-ispituva-zoshto-so-meseci-se-chekalo-da-se-zatvori-tehnichkiot-pregled-vo-koj-pominal-i-avtobusot-na-besa-trans/feed/ 0
Поведена постапка против млад скопјанец поради разбојништва во аптеки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-mlad-skopjanec-poradi-razbojnishtva-vo-apteki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-mlad-skopjanec-poradi-razbojnishtva-vo-apteki/#respond Thu, 04 Nov 2021 10:03:15 +0000 https://kurir.mk/?p=590688

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил шест кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и еден обид за разбојништво. Осомничениот, на 13 октомври, со употреба на сила и сериозна закана со оружје – нож, одзел 25.000 денари од аптека во Аеродром. Од истата аптека, на 2 ноември противправно присвоил уште 21.000 денари. На 25 октомври од друга аптека во Аеродром на сличен начин одзел 12.000 денари. Истиот осомничен, заканувајќи се со нож на вработените, на 27 октомври од аптека во Гази Баба одзел 24.000 денари. На 27 септември, осомничениот влегол во аптека во Карпош, заканувајќи им се на вработените со ножот одзел 40.000 денари. На 18 октомври, пак, од регистар касите во аптека во Кисела Вода одзел 48.756 денари. Вкупно, со шест разбојништва извршени на сличен начин, осомничениот од аптеки во Скопје противправно присвоил над 170 илјади денари. Освен ова, тој е осомничен дека на 22 октомври се обидел да изврши разбојништво во уште една аптека во Карпош, но откако вработената го предупредила дека го активирала алармот, избегал без да ги одземе парите. До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавнот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и за повторување на делото.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-mlad-skopjanec-poradi-razbojnishtva-vo-apteki/feed/ 0
ЈО: До 15 часот стигнаа помал број известувања за случени евентуални изборни нерегуларности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jo-do-15-chasot-stignaa-pomal-broj-izvestuvanja-za-slucheni-eventualni-izborni-neregularnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jo-do-15-chasot-stignaa-pomal-broj-izvestuvanja-za-slucheni-eventualni-izborni-neregularnosti/#respond Sun, 31 Oct 2021 15:53:26 +0000 https://kurir.mk/?p=588728

Помал број известувања за случени евентуални изборни нерегуларности заклучно со 15:00 часот денеска пристигнаа до Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори. Дежурните јавни обвинители од основните јавни обвинителства будно го следат изборниот процес и со приоритет постапуваат во насока на утврдување на фактите во предметите, информира Јавното обвинителство (ЈО). Оттаму посочуваат дека Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет за настан пријавен вчера во МВР БЈБ ОКП Сектор за економски криминал и корупција како кривично дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 од Кривичниот законик во општина Шуто Оризари. За настанот во текот на денешниот ден беше доставено писмено известување до ОЈО Скопје. -Јавниот обвинител, со цел да се утврдат фактите, го испита подносителот на пријавата во својство на сведок и издаде Наредба до БЈБ ОКП Сектор за економски криминал и корупција, како подносител на известувањето со насоки за обезбедување материјални докази – да се изврши криминалистичко – техничка обработка на телефони и да се обезбедат како доказ пораки од меѓусебна комуникација, да се обезбеди листинг за конкретни телефонски броеви преку телефонските оператори, да се утврди точен идентитет на вклучените лица и да се изврши разговор со нив по однос на релевантни околности, соопшти ЈО и додаде дека предистражната постапка трае до обезбедување на доказите, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Основното јавно обвинителство Кочани, се додава во соопштението, постапува по повеќе пријави од две политички партии дека различни лица вршат притисоци, влијание и агитирање врз гласачи како да се изјаснат. За сите поднесени пријави оформени се предмети и дадени се наредби и насоки до ОВР Кочани за проверка на наводите. Доколку бидат обезбедени докази за кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности. -Кочанското обвинителство, постапувајќи по кривична пријава, ги проверува и наводите дека една новинарска екипа од интернет портал извршила кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик, се потенцира во соопштението. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево, се посочува, бил известен дека гласач на едно гласачко место го фотографирал ливчето, додека на друго гласачко место еден гласач искинал гласачко ливче. Се постапува за утврдување на фактите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jo-do-15-chasot-stignaa-pomal-broj-izvestuvanja-za-slucheni-eventualni-izborni-neregularnosti/feed/ 0