јавно здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 11:16:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавно здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО: Да се пристапи со внимателност кон употребата на вештачката интелигенција во јавното здравство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-pristapi-so-vnimatelnost-kon-upotrebata-na-veshtachkata-inteligentsija-vo-javnoto-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-pristapi-so-vnimatelnost-kon-upotrebata-na-veshtachkata-inteligentsija-vo-javnoto-zdravstvo/#respond Tue, 16 May 2023 11:16:41 +0000 https://kurir.mk/?p=834791

Светската здравствена организација (СЗО) денеска повика на внимателност кога станува збор за употребата на вештачката интелигенција во јавното здравство, со образложение дека податоците што ги користи вештачката интелигенција за донесување одлуки може да бидат пристрасни или злоупотребени. Од СЗО соопштија дека се „воодушевени со потенцијалот“ на вештачката интелигенција, но и дека има загриженост за тоа како таа ќе се користи за подобрување на пристапот до здравствени информации или како алатка за поддршка при одлучување и за подобрување на дијагностичката грижа. Во соопштението се додава дека податоците што се користат за обука на вештачката интелигенција може да бидат пристрасни и може да генерираат погрешни или неточни информации, како и дека моделите може да се злоупотребат за да се генерираат дезинформации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-pristapi-so-vnimatelnost-kon-upotrebata-na-veshtachkata-inteligentsija-vo-javnoto-zdravstvo/feed/ 0
Британски здравствени лидери: Нацијата се соочува со итност во јавното здравство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-zdravstveni-lideri-nacijata-se-soochuva-so-itnost-vo-javnoto-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-zdravstveni-lideri-nacijata-se-soochuva-so-itnost-vo-javnoto-zdravstvo/#respond Fri, 19 Aug 2022 08:40:00 +0000 https://kurir.mk/?p=720883

Од британската Национална здравствена служба (НЗС) апелираа до Владата да преземе акција околу растечките цени на енергијата, додека Велика Британија се соочува со „вонредна здравствена состојба“. Конфедерацијата на НЗС денеска испрати писмо до министрите, предупредувајќи дека растечките трошоци значат оти луѓето ќе треба да изберат меѓу прескокнување оброци за да ги затоплат своите домови или зимава да живеат во студени или влажни услови. Од НЗС тврдат дека се загрижени оти широко распространетата сиромаштија со горивото ќе го зголеми високиот број на годишни смртни случаи поврзани со студени домови, проценувајќи на 10.000, како и оти се додава притисок, на веќе преоптоварениот здравствен систем. – Земјата се соочува со хуманитарна криза. Многу луѓе може да се соочат со грозниот избор меѓу прескокнување оброци за да ги затоплат своите домови или да треба да живеат во ладни, влажни и доста непријатни услови. Ова, за возврат може да доведе до појава на болести, да ги влоши животните шанси на децата, како и да остави незаборавна лузна на локалните заедници, изјави извршниот директор на конфедерацијата на НЗС, Метју Тејлор. Според Тејлор, овие болести може да наидат „токму кога НЗС веројатно ќе ја искуси најтешката зима досега“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-zdravstveni-lideri-nacijata-se-soochuva-so-itnost-vo-javnoto-zdravstvo/feed/ 0
Дали СЗО ќе ја продолжи вонредната состојба во јавното здравство?! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-szo-kje-ja-prodolzi-vonrednata-sostojba-vo-javnoto-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-szo-kje-ja-prodolzi-vonrednata-sostojba-vo-javnoto-zdravstvo/#respond Thu, 13 Jan 2022 08:38:31 +0000 https://kurir.mk/?p=618716

Светската здравствена организација (СЗО), со помош на независен комитет од експерти, денеска ќе одлучува дали да ја продолжи глобалната вонредна состојба во јавното здравство, јави ДПА. Сегашната „вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес“ е во сила речиси две години поради пандемијата на коронавирус. Тоа е највисокото ниво на тревога што може да го наметне СЗО. Комитетот планира да даде препорака до вечер – а СЗО обично го следи неговиот совет. Без разлика дали комисијата ќе препорача да се прогласи вонредната состојба заради коронавирусот за завршена или не, ќе има неколку практични последици. Сепак, многу експерти се загрижени дека прогласувањето крај на вонредната состојба може да испрати погрешен сигнал. – Овој вирус е на добар пат да стане ендемичен, но сè уште не сме таму, изјави доцна синоќа експертката за коронавирус при СЗО, Марија ван Керхове. Во рамките на Европската унија, шпанскиот премиер Педро Санчез веќе сугерираше дека Ковид-19 наскоро може да се третира како грип. Но, Ван Керхове се спротивстави на таа идеја. – Немаме иста предвидливост како што ја имаме со грипот каде што имаме типичен сезонски модел, потенцираше таа. СЗО постојано беше обвинувана дека не прогласила вонредна состојба доволно брзо откако се дозна за првите случаи на Ковид-19 во Кина. Кога СЗО прогласи глобална вонредна состојба на 30 јануари 2020 година, веќе беа евидентирани околу 100 инфекции во 21 држава. Оттогаш, ширум светот се пријавени повеќе од 308 милиони инфекции и речиси 5,5 милиони смртни случаи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-szo-kje-ja-prodolzi-vonrednata-sostojba-vo-javnoto-zdravstvo/feed/ 0
Јавното и приватното здравство треба да делуваат заедно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-i-privatnoto-zdravstvo-treba-da-deluvaat-zaedno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-i-privatnoto-zdravstvo-treba-da-deluvaat-zaedno/#respond Wed, 07 Apr 2021 13:58:16 +0000 https://kurir.mk/?p=493741

Според СЗО, овој Светски ден на здравјето, поминува во знакот на активности за отстранување на здравствените нееднаквости, како дел од едногодишната глобална кампања за зближување на луѓето за изградба на поправеден, поздрав свет. Потребни се активности за намалување на неможноста за пристап до здравствените услуги. Ковид-19 пандемијата покажа дека достапноста на здравствените услуги треба да биде приоритет на сите влади во светот, велат од Комисија за здравство на ВМРО - ДПМНЕ. -За нашиот здравствен систем приоритет треба да биде комплементарноста помеѓу јавното и приватното здравство. Само интегрирани и комплеметарни на сите нивоа на здравствениот систем, можеме да се спротивставиме на последиците од пандемијата. Честит Ден на здравјето, 7ми април. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-i-privatnoto-zdravstvo-treba-da-deluvaat-zaedno/feed/ 0
Мицкоски: Кога бев заразен од КОВИД по мој избор го искористив државното здравство, не сакав да бидам привилегиран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-koga-bev-zarazen-od-kovid-po-moj-izbor-go-iskoristiv-drzavnoto-zdravstvo-ne-sakav-da-bidam-privilegiran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-koga-bev-zarazen-od-kovid-po-moj-izbor-go-iskoristiv-drzavnoto-zdravstvo-ne-sakav-da-bidam-privilegiran/#respond Fri, 26 Mar 2021 18:06:42 +0000 https://kurir.mk/?p=488322

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа говорејќи за победат над корона вирусот изрази голема благодарност до целиот медицински персонал од инфективната болница во која тој се лекуваше, посочувајќи дека тој самиот избрал да се лекува во државно здравство. Јас сум човек кој што навистина сведочи за професионализмот и искуството на тие луѓе на таа клиника. Апсолутно немам никаква забелешка. -Тие луѓе се борат навистина вон човечки напори вложуваат за да се спаси човечки живот, плус да се излекува човечки живот. Гледам со каков ентузијазам работат, иако морам да признаам дека како и тој ентузијазам да има свој крај, дека тој ентузијазам не може да трае бесконечно иако се тоа луѓе кои што положиле и заклетва и се мотивирани да спасуваат човечки животи. Но, сепак знаете обременети околу целата оваа ситуација, не можете вие да се исклучите од сето тоа и сето тоа вас да не ви пречи и да не влијае врз вас. Така што ете јас ќе се задржам на одговорот на вашето прашање, на професионализмот и навистина големата мотивација која што е присутна кај овие луѓе и огрмоната благодарност која јас како човек им ја должам, вели Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-koga-bev-zarazen-od-kovid-po-moj-izbor-go-iskoristiv-drzavnoto-zdravstvo-ne-sakav-da-bidam-privilegiran/feed/ 0
СКЛУЧЕНИ НАД 18.000 ДОГОВОРИ: Намалени транспарентноста и конкурентноста на тендерите во јавното здравство, се создава можност за корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sklucheni-nad-18-000-dogovori-namaleni-transparentnosta-i-konkurentnosta-na-tenderite-vo-javnoto-zdravstvo-se-sozdava-moznost-za-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sklucheni-nad-18-000-dogovori-namaleni-transparentnosta-i-konkurentnosta-na-tenderite-vo-javnoto-zdravstvo-se-sozdava-moznost-za-korupcija/#respond Tue, 01 Dec 2020 10:35:12 +0000 https://kurir.mk/?p=436797

Нивото на транспарентност во објавувањето информации за спроведените постапки за јавни набавки во здравствени институции бележи тренд на намалување. Ова го покажува мониторингот на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), кое во периодот од 2016 до 2019 година континуирано го следеше процесот на јавни набавки во 62 здравствени институции. Институциите за овие четири години, соопштија од ЕСЕ, склучиле повеќе од 18.000 договори за набавка на стоки и услуги и за извршување работи, за кои потрошиле над 300 милиони евра. Во 2019 година најголемо намалување според обемот на објавени информации за спроведените постапки за јавни набавки се регистрирани кај Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, општите и клиничките болници, центрите за јавно здравје и Институтот за јавно здравје. Дополнително, анализата нотира дека од година во година се намалува конкурентноста односно сè помал број компании учествуваат на тендерите и го добиваат бизнисот што само по себе создава поголеми можности за корупција и злоупотреби, посочуваат од ЕСЕ. – Народните пари што се трошат за јавни набавки се зголемуваат, но не и квалитетот на здравствените услуги кои ги добиваат пациентите. Недостигаат лекови и медицинска опрема, постојат долги листи на чекање кои се всушност и болно секојдневие за пациентите, вели Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ. Според Здружението ЕСЕ, неопходно е да се воведе систем за избор на компаниите кој ќе се базира на критериуми за максимизирање на резултатите и ефектите од јавните набавки при што ќе се замени најниската цена како единствен критериум. – Дури и да нема очигледна корупција, граѓаните треба да знаат дека нивните пари се трошат правилно и во корист на оние на кои им се најпотребни. Потребите на пациентите треба да бидат приоритет за здравствените центри, клиниките и болниците, вели Деби Будлендер, меѓународен експерт за родово одговорно буџетирање. Истражувањето покажува дека најголем дел од договорите за јавни набавки се случуваат во првиот и четвртиот квартал од годината, што говори дека јавните здравствени институции немаат годишен план за набавки или пак не се придржуваат до него, стои во соопштението од ЕСЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sklucheni-nad-18-000-dogovori-namaleni-transparentnosta-i-konkurentnosta-na-tenderite-vo-javnoto-zdravstvo-se-sozdava-moznost-za-korupcija/feed/ 0
Прогласена вонредна состојба во јавното здравство на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-vonredna-sostojba-vo-javnoto-zdravstvo-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-vonredna-sostojba-vo-javnoto-zdravstvo-na-kosovo/#respond Mon, 16 Mar 2020 06:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=317001

Владата на Косово на синоќешната вонредна седница, свикана од премиерот Албин Курти, а на барање на министерот за здравство Арбен Витиа, прогласи вонредна состојба во косовското јавно здравство, поради зголемената опасност од ширење на епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението доставено до медиумите, со оваа одлука, која стапи во сила веднаш, „се обврзуваат институциите на Владата на Република Косово да дејствуваат согласно Планот за национално реагирање и активирање на функцијата за вонредна поддршка 8 (ФМЕ8 – јавно здравство и лекарски услуги)“. – Министерството за здравство е одговорно за менаџирање на прогласената вонредна состојба за јавното здравство, се вели во владината одлука. Министерот Витиа ја побара оваа мерка, откако синоќа беа потврдени нови четири случаи на заразени со смртоносниот вирус Ковид-19, со што, два дена по појавување на првите два случаја, бројката на лица носители на Ковид-19 во земјата се зголеми на деветмина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-vonredna-sostojba-vo-javnoto-zdravstvo-na-kosovo/feed/ 0