Јавното обвинителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Nov 2021 20:06:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јавното обвинителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавното обвинителство нареди: СВР Скопје да ги обезбеди листите на патниците на „Беса Транс”! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-naredi-svr-skopje-da-gi-obezbedi-listite-na-patnicite-na-besa-trans/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-naredi-svr-skopje-da-gi-obezbedi-listite-na-patnicite-na-besa-trans/#respond Thu, 25 Nov 2021 20:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=599931

Веднаш по денешната прес-конференција на бугарските органи на истрагата во врска со сообраќајната несреќа што се случи завчера на автопатот „Струма“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листите на патници кои со автобуси на „Беса транс“ ја напуштиле Република Македонија на 18 ноември 2021 година и листите на патници кои влегле во државава на 22 ноември 2021 година, информираа од Јавното обвинителство. -Обезбедувањето на листите од граничните премини е со цел да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов недостасува еден патник од запалениот автобус. Истата постапка ја спроведува и бугарското Обвинителство кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11.2021 година и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11.2021 година и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден, се наведува во соопштението Обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-naredi-svr-skopje-da-gi-obezbedi-listite-na-patnicite-na-besa-trans/feed/ 0
Јавното обвинителство утре преку Комисија ќе следи евентуални нерегуларности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-utre-preku-komisija-kje-sledi-eventualni-neregularnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-utre-preku-komisija-kje-sledi-eventualni-neregularnosti/#respond Sat, 16 Oct 2021 08:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=580077

Јавното обвинителство на РепубликаМакедонија преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес. Јавните обвинители  посветено постапуваат во борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, давајќи придонес кон нивно сузбивање и превенирање. -Ја известуваме јавноста дека во текот на изборниот ден, на 17 октомври 2021 година, ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства. Во процес на меѓусебно координирано известување, Комисијата ќе го следи процесот на гласање. Итно и со приоритет обвинителствата  ќе продолжат да постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување, велат од обвинителството. Јавното обвинителство на Република Македонија потсетува дека во функција е отворената електронска адреса [email protected], каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да достави поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-utre-preku-komisija-kje-sledi-eventualni-neregularnosti/feed/ 0
Се огласи Обвинителството по пресудата за сообраќајката кај Млечен ресторан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-obvinitelstvoto-po-presudata-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-restoran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-obvinitelstvoto-po-presudata-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-restoran/#respond Mon, 07 Sep 2020 09:43:16 +0000 https://kurir.mk/?p=400131

По реакциите на оштетената и на јавноста за изречената кривична санкција и донесената пресуда од Основниот кривичен суд Скопје, објавена на 04.09.2020 година, во Јавното обвинителство беше разгледан предметот за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан.

Обвинителството се огласи и посочи дека беше констатирано следното:

„По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице на возраст од 63 години, за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, за кое дело предвидена е затворска казна од 1 до 5 години.

Во текот на претходната постапка, од страна на надлежниот јавен обвинител беа преземени сите потребни истражни дејствија – испитување на обвинетиот, испитување на оштетената, изготвување на сообраќајно-техничко вештачење, изготвување на медицинско вештачење за видот и карактерот на повредите на оштетената и прибавување на обдукцискиот протокол од извршената обдукција на оштетениот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа.

Обвинителниот предлог се однесува на кривично дело извршено на 12.10.2018 година, околу 16 часот, кога обвинетиот управувал со патничко моторно возило Цитроен кросер по левата сообраќајна лента од улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во насока од запад кон исток. Кога дошол на крстосницата со улица „Анкарска“, на која сообраќајот е регулиран со семафор, на вклучено зелено светло навлегол во лево за да се вклучи на коловозот на улица „Анкарска“, но тука постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па не го испочитувал поставениот сообраќаен знак – забрането свртување кон лево, го променил правецот на движење и свртел кон лево. Притоа, со предниот лев дел од возилото удрил во левото тркало од моторциклот марка Дукати, сопственост и управуван од оштетениот, а на кој како сопатник била неговата сопруга. При сударот, возачот на моторциклот се здобил со тешки телесни повреди и бил хоспитализиран, но од тежината на повредите починал истиот ден. Со тешки телесни повреди се здобила и неговата сопруга.

Од анализа на сите обезбедени докази и утврдената состојба, од кривично-правен аспект неспорно произлегува дека обвинетиот кривичното дело го сторил од небрежност, а не од умисла, бидејќи не направил сообраќаен пропуст кој би укажал на тоа дека свесно и волево ја предизвикал штетната последица – на раскрсница навлегол на зелено светло и возилото не го управувал под дејство на алкохол. Сообраќајните пропусти надлежниот јавен обвинител ги исцрпи од извршеното сообраќајно-техничко вештачење.

Видот на повредите кои оштетениот ги здобил во сообраќајната несреќа и кои предизвикале смртен исход, надлежниот јавен обвинител ги исцрпи од обдукцискиот протокол изготвен од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, додека видот и карактерот на повредите на оштетената, јавниот обвинител ги исцрпи од медицинското вештачење врз основа на претходно обезбедената медицинска документација.

Непосредно пред завршувањето на судската постапка, од страна на полномошникот на оштетените  на јавниот обвинител кој го застапуваше обвинението му беше предадена нова медицинска документација која се однесуваше на оштетената и нејзината бременост.  Оваа медицинска документација, надлежниот јавен обвинител ја приложи во дополнение на доказната постапка пред судот. По признанието на вина од страна на обвинетиот јавниот обвинител, во завршен збор, детално направи анализа на сите околности во поглед на изборот на видот на кривична санкција и одмерување на истата, при што посебен акцент даде токму на состојбата во која била оштетената и штетните последици кои што настапиле од сообраќајната незгода, како во поглед на смртниот исход кај еден оштетен и предизвикувањето тешки телесни повреди кај оштетената, утврдени врз основа на обезбедените докази во претходната постапка и приложени со обвинението, така и во поглед на новоприложената медицинска документација.

По целосна анализа на сите околности кои се од значење за изречената кривична санкција, обвинителството одлучи по приемот на писмено изработената пресуда во овој предмет да вложи жалба до Апелациониот суд Скопје„ - се наведува во соопштението.​

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-obvinitelstvoto-po-presudata-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-restoran/feed/ 0
Димовски: Јавното обвинителство е мртво за предмети откако СДСМ е на власт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-javnoto-obvinitelstvo-e-mrtvo-za-predmeti-otkako-sdsm-e-na-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-javnoto-obvinitelstvo-e-mrtvo-za-predmeti-otkako-sdsm-e-na-vlast/#respond Thu, 21 Nov 2019 21:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=267368

Она што е резултат од последниве три години е што нема ништо, никаква истрага за десеттина предмети. Некои од нив се тендери во здравство, во Фонд за здравствено осигурување, неправилности и делење пари на блиски преку Фонд за иновации, Рекет и многу други. -Има десеттина предмети од последниве година – две за кои јавното обвинителство е мртво, посочи Димовски. Според него функционерите од власта се заштитени од јавното обвинтелство. -СЈО имаше политичка цел. Јасна беше целта требаше да се сруши ВМРО – ДПМНЕ за да може да се спроведат операциите Договор со Грција, Договор со Бугарија, рече Димовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-javnoto-obvinitelstvo-e-mrtvo-za-predmeti-otkako-sdsm-e-na-vlast/feed/ 0