јазици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Jun 2023 05:51:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јазици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грантови за активности на децата со различно етничко потекло и наставни јазици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grantovi-za-aktivnosti-na-detsata-so-razlichno-etnichko-poteklo-i-nastavni-jazitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grantovi-za-aktivnosti-na-detsata-so-razlichno-etnichko-poteklo-i-nastavni-jazitsi/#respond Thu, 08 Jun 2023 05:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=843444

Mинистерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорот Килијан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска ќе доделат грантови за реализација на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и наставни јазици на територијата на Република Северна Македонија. Грантови ќе добијат училишта кои аплицираа и се одбрани преку повикот за оваа намена во рамки на проектот „Градиме нови мостови“, соопшти МОН. Проектот „Градиме нови мостови“ се надоврзува на Фондот за градење мостови кој воведе модел за интегрирано образование во Северна Македонија за поддршка на училиштата, општините и граѓанските организации за обединување на децата од различно потекло и јазици преку заеднички воннаставни активности. Овој нов проект понатаму има за цел градење инклузивни општества кои го негуваат и се гордеат со културниот плурализам и ја почитуваат толеранцијата, дијалогот и соработката, во клима на меѓусебна доверба и разбирање како најдобри гаранции на социјалниот мир и безбедноста. „Градиме нови мостови“ е проект поддржан од Кралството Норвешка, Република Полска и Големото Војводство Луксембург. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grantovi-za-aktivnosti-na-detsata-so-razlichno-etnichko-poteklo-i-nastavni-jazitsi/feed/ 0
Во светот 1.500 јазици се под закана од исчезнување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-svetot-1-500-jazici-se-pod-zakana-od-ischeznuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-svetot-1-500-jazici-se-pod-zakana-od-ischeznuvanje/#respond Sat, 01 Jan 2022 20:32:43 +0000 https://kurir.mk/?p=615304

Во светот има околу 7.000 признати јазици, но многу од нив наскоро може засекогаш да исчезнат, пишува ДПА. Според една студија од Австралија, околу половина од сите јазици се загрозени, а 1.500 би можеле да исчезнат до крајот на векот. – Без интервенција, губењето на јазиците може да се зголеми тројно во рок од 40 години, со губење на најмалку еден јазик месечно, пишуваат авторите. Тие советуваат создавање на наставни програми кои го поддржуваат двојазичното образование и промовираат владеење на локалниот јазик и употреба на регионално доминантни јазици. Анализирани се 51 независни варијабли, вклучувајќи ја образовната политика, социо-економските показатели и еколошките карактеристики. Истражувањето, предводено од Австралискиот национален универзитет, исто така, откри неочекувани и изненадувачки причини за јазичната закана, истакна коавторот Линдел Бромам. Контактот со други локални јазици, од друга страна, не е проблем: всушност, јазиците кои доаѓаат во контакт со многу други локални јазици се помалку загрозени. – Кога некој јазик ќе се изгуби или “заспива“, како што велиме за јазиците кои повеќе не се зборуваат, губиме многу од нашата човечка културна разновидност. Секој јазик е брилијантен на свој начин, нагласи Бромам. Многу од јазиците кои се очекува да исчезнат во овој век се во активна употреба и денес, истакна експертот. – Значи, сè уште има шанса да се инвестира во поддршка на заедниците за ревитализација на локалните јазици и да се задржат силни за идните генерации, рече тој, мислејќи на претстојната Декада на локални јазици на УНЕСКО (2022-32). Со иницијативата, Обединетите нации се обидуваат да ја заштитат јазичната разновидност низ светот и да ги зајакнат правата на луѓето од јазичните малцинства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-svetot-1-500-jazici-se-pod-zakana-od-ischeznuvanje/feed/ 0
Овие јазици се најтешки за учење (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-jazici-se-najteshki-za-uchenje-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-jazici-se-najteshki-za-uchenje-video/#respond Fri, 22 Oct 2021 20:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=584015

Со доволен труд и посветеност, може да се научи секој јазик и тоа на добро ниво. Но, не секој јазик се учи со иста брзина и леснотија. Некои се потешки од други, а тоа зависи и кој е вашиот мајчин јазик и колку е поврзан со јазикот кој сакате да го научите. Дваесетте јазици кои генерално се сметаат за најтешки се токму во ова видео: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-jazici-se-najteshki-za-uchenje-video/feed/ 0
Изум за време на пандемија: Заштитна маска која преведува осум јазици https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izum-za-vreme-na-pandemija-zashtitna-maska-koja-preveduva-osum-jazici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izum-za-vreme-na-pandemija-zashtitna-maska-koja-preveduva-osum-jazici/#respond Tue, 04 Aug 2020 16:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=386161

Јапонската стартап „Донат Роботикс“ измисли паметна маска за време на пандемијата на коронавирус, која помага во комуникација и при физичко дистанцирање. Паметната маска Ц-Фејс може во комбинација со апликација да препише диктат, да го зголеми волуменот на гласот на корисникот и да преведе говор на осум различни јазици. Маската има отвори на предната страна, па затоа не штити од Ковид-19, и треба да се носи преку стандардна заштитна маска. Таа е направена од пластика и силикон и има вграден микрофон, кој преку блутут може да се поврзе со смартфон. Ц-Фејс нуди можност за превод на осум јазици: кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански, француски, и обратно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izum-za-vreme-na-pandemija-zashtitna-maska-koja-preveduva-osum-jazici/feed/ 0
Елка Јацева Улчар: Со законот за јазици македонскиот јазик се става во подредена позиција во однос на албанскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elka-jaceva-ulchar-so-zakonot-za-jazici-makedonskiot-jazik-se-stava-vo-podredena-pozicija-vo-odnos-na-albanskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elka-jaceva-ulchar-so-zakonot-za-jazici-makedonskiot-jazik-se-stava-vo-podredena-pozicija-vo-odnos-na-albanskiot-jazik/#respond Fri, 26 Jan 2018 11:14:12 +0000 http://kurir.mk/?p=15247

 Употребата на македонскиот јазик, како службен јазик е ПРАВО И ДОЛЖНОСТ на грѓаните на Република Македонија“ (чл. 2 ЗУМЈ). Оттука, секој граѓанин на оваа земја мора да го знае македонскиот јазик како основно комуникациско средство во рамките на една унитарна држава каква што е Република Македонија пишува професорката Елка Јацева Улчар на својот Фејсбук статус.

Според неа новиот закон за употреба на јазиците не го предвидува тоа, туку и овозможува не секој граѓанин да го знае македонскиот нешто на што веќе неколку пати предупредуваа јазичните експерти и професори кои се занимаваат со оваа проблематика.

Таа пишува дека македонскиот јазик е :

 1. Официјален јазик само во Република Македонија и во ниедна друга земја во светот, во законскиот акт со којшто треба да се реулира употребата на јазиците е спомнат само еднаш;

 2. Затоа што е дискриминирачки не само во однос на македонскиот, туку и во однос на други јазици коишто ги говорат граѓани на Република Македонија (ромскиот, српскиот, влашкиот, турскиот... овде не ги знаеме процентите зашто немаме попис од 2002 г.);

 3Улогата што кога станува збор за македонскиот јазик ја има Владиното советодавно тело Совет за македонски јазик (составено од 8 члена и 1 претседател (в. чл. 8 од ЗУМЈ), при што не одржува повеќе од 12 седници годишно и членовите НЕ СЕ ВРАБОТЕНИ во Советот, чл. 11 од ЗУМЈ)

 Професорката Улчар како проблематична ја зема и формирањето на новата агенција која ќе се занимава со примена на јазикот која ќе работи под раководство на директор што го избира Владата на претходен конкурс во кој ќе бидат ВРАБОТЕНИ судски преведувачи, лингвисти, дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори (в. ЗУЈ, чл. 18, т. 2 и 3) Ова според неа укажува за нерамноправен однос во грижата на државата за употребата на македонскиот јазик, наспроти употребата на друг јазик којшто го говорат граѓани на Република Македонија.

 Во однос на казните професорката Улчар пишува дека: “ употребата, односно неупотребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија ќе се санкционира со посебен Инспекторат кој ќе има својство на правно лице при Министерството за правда (в. ЗУЈ, чл. 20, т.1). Ова многу се разликува од Законот за употреба на македонскиот јазик чиј инспекциски надзор вршат инспектори кои се вработени во Министерството за култура (чл. 12 од ЗУМЈ) и постапуваат само по пријава и тоа само за НЕЛЕКТОРИРАНИ текстови, а не и за неупотреба на македонскиот јазик (чл.13 од ЗУМЈ)“ .

 Според Улчар оваа законска одредба којашто, укажува дека ова законско решение, македонскиот јазик го става во подредена позиција, иако при претставувањето на Законот се говори за рамноправност. На овој начин се овозможува уште поголема сегрегација меѓу населението во Република Македонија на што предупреди и професорката Симона Груевска Маџовска. Новата агенција што треба да се формира ќе ја усложни администрацијата и може да доведе до парализирање на инстуциите. Дополнително е и финансиското оптеретување од 1,7 милиони евра кои се предвидени од Буџетот на Република Македонија за имплементацијата на овој закон.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elka-jaceva-ulchar-so-zakonot-za-jazici-makedonskiot-jazik-se-stava-vo-podredena-pozicija-vo-odnos-na-albanskiot-jazik/feed/ 0
Поранешната пратеничка на СДСМ Павлова-Данева: Законот за јазиците не може да се носи без опозицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshnata-pratenichka-na-sdsm-pavlova-daneva-zakonot-za-jazicite-ne-moze-da-se-nosi-bez-opozicijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshnata-pratenichka-na-sdsm-pavlova-daneva-zakonot-za-jazicite-ne-moze-da-se-nosi-bez-opozicijata/#respond Sat, 13 Jan 2018 08:47:55 +0000 http://kurir.mk/?p=10235

Поранешната пратеничка од редовиде на СДСМ и професорка, Ана Павлова Данева смета дека законот за јазиците не треба да се ниси без опозиција и по скратена постапка. Законот за употреба на јазиците, кој е од големо политичко значење не треба да се носи без присуство на опозицијата, вели професорката Ана Павлова Данева, додавјќи дека тој не смее да биде усвоен ниту по скратена постапка, вели Данева. Според Данева, чиј став го пренесува порталот Фактор, европското знаменце, што беше придодадено на Законот, никому не му бил јасно зошто тоа било направено.Уставниот суд само што бил пополнет и не може да се очекува брзо да ја оценува уставноста на Законот, сепак оваа институција ќе направи ретроспектива, смета професорката Данева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshnata-pratenichka-na-sdsm-pavlova-daneva-zakonot-za-jazicite-ne-moze-da-se-nosi-bez-opozicijata/feed/ 0