јемен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 10:52:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јемен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израел испрати ракетни бродови во Црвеното Море по нападот на Хутите во Јемен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-isprati-raketni-brodovi-vo-tsrvenoto-more-po-napadot-na-hutite-vo-jemen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-isprati-raketni-brodovi-vo-tsrvenoto-more-po-napadot-na-hutite-vo-jemen/#respond Wed, 01 Nov 2023 10:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=895313

Израелската армија денеска соопшти дека го зголемила своето присуство во областа на Црвеното Море со ракетни бродови по неколкуте напади со беспилотни летала и ракети на проиранските Хути во Јемен. Како што е наведено, ракетните бродови биле распоредени вчера „во согласност со проценката на ситуацијата, како дел од зголемените одбранбени напори во областа“, пренесоа израелските медиуми. Израелската армија вчера пресретна ракета и две беспилотни летала истрелани од Јемен кон Израел. Уште една „мета“ е пресретната рано утринава во близина на градот Ејлат на самиот југ од земјата. Неколку единици за воздушна одбрана во областа го штитат Израел од нападите на Хутите, соопшти армијата. Американската војска е распоредена и во регионот на Црвеното Море. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-isprati-raketni-brodovi-vo-tsrvenoto-more-po-napadot-na-hutite-vo-jemen/feed/ 0
Пентагон: Проектилите истрелани од Јемен „потенцијално“ беа насочени кон Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-proektilite-istrelani-od-jemen-potentsijalno-bea-nasocheni-kon-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-proektilite-istrelani-od-jemen-potentsijalno-bea-nasocheni-kon-izrael/#respond Fri, 20 Oct 2023 05:28:55 +0000 https://kurir.mk/?p=891019

Американскиот воен брод Ју-Ес-Ес Карни (USS Carney) во Црвено Море пресретна и собори три проектили и неколку беспилотни летала лансирани од Хутите во Јемен, а „потенцијално“ насочени кон цели во Израел, соопшти денеска Пентагон. - Проектилите потенцијално беа насочени кон Израел, но САД не ја завршиле својата процена за тоа што било мета, изјави портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пет Рајдер. Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, изразија поддршка за Палестинците и му се заканија на Израел. Серија други напади со беспилотни летала изминатите три дена беа насочени кон американски бази, вклучувајќи го и оној вчера во јужна Сирија, што предизвика помала штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-proektilite-istrelani-od-jemen-potentsijalno-bea-nasocheni-kon-izrael/feed/ 0
Американски воен брод собори проектили истрелани од Јемен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-sobori-proektili-istrelani-od-jemen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-sobori-proektili-istrelani-od-jemen/#respond Thu, 19 Oct 2023 20:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=890971

Воен брод на американската морнарица собори три ракети кои биле истрелани од Јемен и се движеле кон север, јавија светските медиуми повикувајќи се на американските власти. Американски високи претставници информирале дека Ју-Ес-Ес Карни (USS Carney), разурнувач на морнарицата, бил во Црвеното Море и ги пресретнал трите проектили. Се уште не е сигурно дали тие биле насочени кон Израел, додека извештаите во израелските медиуми сугерираа дека израелските одбранбени претставници веруваат дека биле. Еден од официјалните лица вели дека САД не веруваат дека ракетите биле насочени кон бродот. Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, изразија поддршка за Палестинците и му се заканија на Израел.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-sobori-proektili-istrelani-od-jemen/feed/ 0
ОН: Во поплавите во Јемен загинаа 31 лице https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-poplavite-vo-jemen-zaginaa-31-litse/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-poplavite-vo-jemen-zaginaa-31-litse/#respond Wed, 17 May 2023 20:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=835507

Најмалку 31 лице загина, 37 се повредени, а тројца се водат како исчезнати во поплавите во Јемен, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Во соопштението на ФАО се наведува дека во многу градови на Јемен имало обилни врнежи во претходните денови. Според извештаите од терен, во поплавите предизвикани од дождовите животот го загубиле 31 лице, додека 37 се повредени, а тројца се водат за исчезнати. Констатирано е дека врнежите предизвикале опасен одрон на карпите. Сезоната на дождови во Јемен, која започна во средината на март, погоди илјадници луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-poplavite-vo-jemen-zaginaa-31-litse/feed/ 0
ЕУ повикува на примирје во Јемен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-povikuva-na-primirje-vo-jemen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-povikuva-na-primirje-vo-jemen/#respond Mon, 12 Dec 2022 16:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=774536

Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија дека ситуацијата во Јемен е катастрофална од хуманитарна гледна точка и дека е потребно примирје што поскоро. Ова е дел од заклучоците на министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел. Тие изразуваат “крајна загриженост“ за “катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Јемен каде над 70 отсто од населението има потреба од хуманитарна помош, а над половина од населението е соочено со акутна прехранбена несигурност. ЕУ повторно изрази поддршка за напорите на Обединетите Нации и специјалниот пратеник на ОН, Ханс Грундберг, кој ја води мисијата на олеснување помеѓу страните во конфликтот. ЕУ ги повикува Хутите да се откажат од своите “максималистички“ позиции и конструктивно да работат со господинот Грундберг. -Советот ја истакнува огромната важност повторно да се воведе и да се продолжи примирјето, стои во заклучоците. ЕУ исто така ја повтори својата посветеност за единството, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Јемен. Во Европската Унија се оценува дека меѓународната поддршка за Јемен не е доволно финансирана вклучително во хуманитарниот и развојниот дел. ЕУ вели дека е подготвена да ја зголеми асистенцијата и да помогне во реконструкција на земјата откако ќе биде изнајдено трајно решение за конфликтот во Јемен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-povikuva-na-primirje-vo-jemen/feed/ 0
ОН: За само шест месеци во само еден град во Јемен, речиси 160 луѓе загинаа од нагазни мини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-za-samo-shest-meseci-vo-samo-eden-grad-vo-jemen-rechisi-160-lugje-zaginaa-od-nagazni-mini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-za-samo-shest-meseci-vo-samo-eden-grad-vo-jemen-rechisi-160-lugje-zaginaa-od-nagazni-mini/#respond Fri, 09 Dec 2022 07:00:11 +0000 https://kurir.mk/?p=772891

Обединетите нации објавија дека 159 луѓе загинале од нагазни мини и други неексплодирани неексплодирани средства во јеменскиот град Худајда во изминатите шест месеци. Градот Худајда е под контролата на бунтовниците Хути во крвавата граѓанска војна меѓу нив и коалицијата која ја поддржува меѓународно признатата јеменска влада. Бунтовниците се поддржани од Иран, а владата од Саудиска Арабија. Директорката на службата на ОН за отстранување мини Илен Кон рече дека повеќе од 50 отсто од жртвите во пристанишниот град Худајда се жени и деца и повика да се забрза деминирањето низ Јемен. Нагазни мини се поставени низ Јемен уште од 1960-тите. Но, од почетокот на граѓанската војна во 2014 година, забележано е зголемување на нивната употреба, особено од страна на бунтовниците. Според податоците на САД, од 2016 до 2018 година, нагазните мини на Хутите убиле најмалку 122 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-za-samo-shest-meseci-vo-samo-eden-grad-vo-jemen-rechisi-160-lugje-zaginaa-od-nagazni-mini/feed/ 0
Јемен: Екстремистите убија 20 припадници на безбедносните сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jemen-ekstremistite-ubija-20-pripadnici-na-bezbednosnite-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jemen-ekstremistite-ubija-20-pripadnici-na-bezbednosnite-sili/#respond Tue, 06 Sep 2022 15:16:30 +0000 https://kurir.mk/?p=729517

Екстремисти на Ал Каеда денеска убија околу 20 припадници на јеменските безбедносни сили во напад во јужната провинција Абјан, изјави портпаролот на силите на Јужниот преоден совет, Мохамед ал-Накиб. Како што тој додаде, потоа убиени се сите осум напаѓачи. Милитантите од заседа употребиле ракетни фрлачи, лесно и оружје од средна класа и воени возила на контролен пункт во округот Ахвар. Главната јеменска сепаратистичка група, Јужниот преоден совет, што ја поддржуваат Обединетите Арапски Емирати, минатиот месец го прошири своето присуство низ Абјан во борба против терористички организации, особено Ал Каеда. Ал Каеда на Арапскиот полуостров со седиште во Јемен, го искористи конфликтот меѓу коалицијата предводена од Саудиска Арабија и Хутите, ориентирани кон Иран, за да го зајакне своето влијание во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jemen-ekstremistite-ubija-20-pripadnici-na-bezbednosnite-sili/feed/ 0
Бајден го поздрави продолжувањето на примирјето во Јемен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-pozdravi-prodolzuvanjeto-na-primirjeto-vo-jemen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-pozdravi-prodolzuvanjeto-na-primirjeto-vo-jemen/#respond Wed, 03 Aug 2022 06:32:49 +0000 https://kurir.mk/?p=713220

Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави продолжувањето на примирјето во Јемен на уште два месеца и периодот на мир „без преседан“ во земјата уништена од осумгодишна војна, пренесе Бета. – Претседателот Џо Бајден го поздрави продолжувањето на примирјето во Јемен, нагласи портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа. Обединетите Нации (ОН) информираа дека завојуваните страни во Јемен се договориле да го обноват постоечкото примирје на уште два месеца по заеднички меѓународни напори. Претставникот на ОН за Јемен, Ханс Грундберг во соопштение изјави дека договорот е меѓу меѓународно признатата јеменска Влада и јеменските бунтовници Хути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-pozdravi-prodolzuvanjeto-na-primirjeto-vo-jemen/feed/ 0
Во поплавите во Јемен настрадаа 10 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-poplavite-vo-jemen-nastradaa-10-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-poplavite-vo-jemen-nastradaa-10-lugje/#respond Sun, 24 Jul 2022 16:44:21 +0000 https://kurir.mk/?p=709612

Десет луѓе, од кои четири деца денеска загинаа во поплавите и уривање на една зграда во главниот град на Јемен, Сана. Четирите деца загинаа при уривање на зграда во Сана, а шест лица загинаа во возило однесено од надојдената вода во близина на главниот град. Јемен е најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров, погодена од глад и уништена по седумгодишната војна помеѓу бунтовниците Хути блиски до Иран и владините сили поддржани од коалицијата предводена од соседна Саудиска Арабија од 2015 година. Двете страни потпишаа примирје, што е во сила од 2 април и треба да трае до почетокот на август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-poplavite-vo-jemen-nastradaa-10-lugje/feed/ 0
Американската воена морнарица заплени оружје од Иран испратено кон Јемен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-mornarica-zapleni-oruzje-od-iran-isprateno-kon-jemen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-mornarica-zapleni-oruzje-od-iran-isprateno-kon-jemen/#respond Thu, 23 Dec 2021 07:43:27 +0000 https://kurir.mk/?p=611949

Американската воена морнарица соопшти дека запленила големо количество пушки калашников и муниција прошверцувани во рибарски брод од Иран, кои најверојатно биле испратени кон Јемен. Како што беше соопштено синоќа, патролни чамци на американската морнарица откриле оружје на рибарски брод без државни ознаки, во операцијата што започна во понеделникот во северниот дел на Арапското Море кај Оман и Пакистан. Морнарите се качиле на бродот каде имало пет членови на екипажот од Јемен, при што пронашле 1.400 пушки калашников и поголема количина муниција. Во Јемен се води војна меѓу бунтовниците Хути поддржани од Иран и провладините сили предводени од Саудиска Арабија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-mornarica-zapleni-oruzje-od-iran-isprateno-kon-jemen/feed/ 0