јенс столтеберг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jun 2022 16:15:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јенс столтеберг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Столтенберг: Руската агресија ја смени играта, мора да ја засилиме одбраната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ruskata-agresija-ja-smeni-igrata-mora-da-ja-zasilime-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ruskata-agresija-ja-smeni-igrata-mora-da-ja-zasilime-odbranata/#respond Thu, 16 Jun 2022 16:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=691829

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Брисел изјави дека руската агресија „ја менува играта“ и дека организацијата ќе ја зајакне воздушната, морската и сајбер одбраната, како и дека ќе користи технолошки пософистицирани војници на териториите на земјите-членки. Столтенберг навести дека трупите на НАТО во иднина ќе бидат задолжени за директна одбрана на одредени земји, а нема да бидат во општи должности како досега, што ќе им овозможи побрзо да реагираат. Тој повтори дека НАТО „е посветен да обезбеди се што е потребно за да се зачува правото на Украина на самоодбрана“ и најави дека организацијата ќе распореди повеќе војници на своето источно крило. Говорејќи во Брисел, генералниот секретар на НАТО ја осуди „немилосрдната војна за трошење против Украина што ја води Русија“ и додаде дека НАТО планира сеопфатен пакет помош за Украина за да може да премине од оружје од советската ера на оружје на НАТО. Осврнувајќи се на изјавата на папата Франциско дека војната во Украина „можеби некако е испровоцирана“, Столтенберг изјави дека НАТО е одбранбен сојуз и посочи дека „Путин и Москва се одговорни за оваа брутална агресија“,пренесе Аваз.ба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ruskata-agresija-ja-smeni-igrata-mora-da-ja-zasilime-odbranata/feed/ 0
Пендаровски на средба со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-generalniot-sekretar-na-nato-stoltenberg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-generalniot-sekretar-na-nato-stoltenberg/#respond Wed, 28 Apr 2021 05:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=503066

Претседателот на државата Стево Пендаровски, во рамки на дводневната работна посета во Брисел, денеска ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Како што е најавено од Кабинетот на Пендаровски, почетокот на средбата е предвиден во 12:45 часот, по што во 13:15 часот ќе следи заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и генералниот секретар Столтенберг. Пендаровски вчера во рамки на посетата на Брисел, оствари средби со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, како и со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук. На овие средби, Пендаровски порача дека земјава е подготвена веднаш да седне на преговарачка маса со Бугарија за да се надмине билатералниот спор и да се отвори патот кон ЕУ. – Да разговараме за сите отворени прашања, се разбира, со оние огради или т.н. црвени линии кои сме ги истакнувале и за кои не очекуваме воопшто дека ќе бидат повторно на преговарачка маса, истакна Пендаровски во Брисел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-generalniot-sekretar-na-nato-stoltenberg/feed/ 0
Столтенберг во дводневна официјална посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-vo-dvodnevna-oficijalna-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-vo-dvodnevna-oficijalna-poseta-na-makedonija/#respond Wed, 05 Sep 2018 06:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=96494

Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември, денеска во дводневна официјална посета на Република Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Првот човек на НАТО во Скопје треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и со други високи официјални претставници, информира владината прес-служба. Средбата со Заев ќе се одржи утре во Клубот на пратеници, по што е предвидена и заедничка прес-конференција. Генералниот секретар Столтенберг ќе слета вечер на аеродромот во Скопје, а ќе го пречека министерката Шекеринска. Утре вo својата агенда покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден  каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили. Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска. Според агендата од прес-службата на НАТО, Столтенберг во Скопје ќе се сретне и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери. Во пресрет на референдумот, во Скопје неделава доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-vo-dvodnevna-oficijalna-poseta-na-makedonija/feed/ 0