јетлир зиберај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Dec 2019 18:01:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јетлир зиберај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зиберај: Дачиќ продавал оружје на исламските терористи и наскоро ќе заврши во затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ziberaj-dachikj-prodaval-oruzje-na-islamskite-teroristi-i-naskoro-kje-zavrshi-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ziberaj-dachikj-prodaval-oruzje-na-islamskite-teroristi-i-naskoro-kje-zavrshi-vo-zatvor/#respond Tue, 24 Dec 2019 18:01:36 +0000 https://kurir.mk/?p=281806

Советникот на министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли, Јетлир Зиберај тврди дека шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ стои зад организираниот криминал во Србија и дека продавал оружје за терористичката организација Исламска држава (ИД), јави дописникот на МИА од Приштина. Зиберај вели дека информациите оти Дачиќ е „човекот од Балканот“ кој илегално ја снабдува ИД со оружје, косовските служби ја добиле од извори од меѓународната заедница, кои тврдат дека „една значајна западна држава“ покренала истрага против него. -Ивица Дачиќ е ликот на српскиот организиран криминал. Меѓународните партнери ни кажаа од порано дека Дачиќ е дилерот на српско оружје за ИД и тој е под истрага од една значајна западна држава за тие договори. Годинава тој отпатува во Ирак каде што неговите пријатели упаднаа во проблеми со властите и Дачиќ лобираше за обезбедување пат за српските продавачи на оружје до териториите контролирани од ИД, напиша Зиберај на својата страница на Фејсбук. Според него, српскиот министер за надворешни работи ги „камуфлирал“ своите „криминални активности“ со наводната борба против независноста на Косово. -Ние одамна укажуваме на врските на Дачиќ со продажбата на оружје во разни региони во светот. Ивица Дачиќ објавуваше лажни дипломатски ноти за наводни повлекувања на признавањата на Косово, но, всушност, сета негова кампања беше за обезбедување нови пазари за српските трговци со оружје во Африка и други региони. Камуфлирајќи ја таа цел со наводната борба против Косово, тој собираше политички поени во Србија. Меѓутоа, преку тоа, тој само заработи милиони евра од шверцот. Неговата маска полека се распаѓа и тој ќе заврши в затвор заради тие валкани зделки, тврди Зиберај. Повод за реакцијата на советникот на Пацоли беше денешната прес-конференција во Белград на потпретседателката на српската опозициска Партија за слобода и правда (СПС) Мариника Тепиќ, која го обвини Дачиќ дека собирал пари од српски бизнисмени и трговци со оружје за повлекување на признавањата на косовската независност. Тепиќ рече дека Дачиќ со ова ја злоупотребил својата функција и изрази уверување дека претседателот на Србија Александар Вучиќ бил запознат со нелегалните активности на неговиот министер за надворени работи. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ziberaj-dachikj-prodaval-oruzje-na-islamskite-teroristi-i-naskoro-kje-zavrshi-vo-zatvor/feed/ 0
Зиберај: Морина нема да биде екстрадиран во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ziberaj-morina-nema-da-bide-ekstradiran-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ziberaj-morina-nema-da-bide-ekstradiran-vo-srbija/#respond Wed, 31 Jul 2019 14:17:14 +0000 https://kurir.mk/?p=225179

Јетлир Зиберај, советникот на шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, тврди дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина не може да биде екстрадиран во Србија. Тој на својот Фејсбук профил напишал дека има блиска соработка со властите во Северна Македонија за забрзување на процедурата за ослободување на Морина, кој неодамна е уапсен во земјава. – Да бидам јасен: Не постои шанса поранешниот борец за слобода Томор Морина да биде екстрадиран во Србија. Ние имаме блиска соработка со властите во Северна Македонија преку дипломатски и институционални канали, со цел постапката да се спроведе побрзо и Тимор да се врати кај своето семејство, напиша Зиберај. Во Ѓаковица, родното место на Морина, утрово се одржаа протести со барање тој веднаш да биде ослободен од притвор во Северна Македонија. Морина е приведен на македонско-косовската граница врз основа на потерница од Интерпол, а поради извршени злосторства врз цивилно население за време на војната во Косово во 1999 година. Властите во Северна Македонија му одредија едномесечен притвор поради можност за бегство, а негово итно ослободување побараа косовскиот амбасадор во Скопје, Ѓерѓ Дедај, лидерот на косовското Движење Самоопределување, Албин Курти и вицепремиерот за европски прашања во Владата на Република Северна Македонија, Бујар Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ziberaj-morina-nema-da-bide-ekstradiran-vo-srbija/feed/ 0