Јетон Шаќири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 11:26:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јетон Шаќири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шаќири се оправда: Проблемот со учебници не е од оваа година туку од последните 15 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-se-opravda-problemot-so-uchebnitsi-ne-e-od-ovaa-godina-tuku-od-poslednite-15/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-se-opravda-problemot-so-uchebnitsi-ne-e-od-ovaa-godina-tuku-od-poslednite-15/#respond Thu, 19 Oct 2023 11:26:41 +0000 https://kurir.mk/?p=890770

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува доставата на учебници за шесто одделение да заврши наскоро и дека во некои градови таа е веќе завршена. Во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик Шаќири вели дека учебници за шесто, кои годинава се печатат нови согласно новите наставни програми, се доставуваат секојдневно и дека побарал од економскиот оператор што ги печати да се забрза процесот. Посочи дека постапките зависат и од Националната комисија за учебници, а дека постапките што зависат од МОН, како што рече, се завршуваат за еден или два дена. -Еден милион и 400 000 учебници се доставени во основното образование. Ова е многу значаен факт затоа што проблемот со учебници не е од последната година туку од последните 15 години. Но, ме радува фактот што на крајот на септември и почетокот на октомври, како и во текот на овие денови, имаме достава на учебници. Ова не беше само процес на печатење на учебниците, туку и на одобрување на учебниците за шесто одделение. Различно од претходната година и од претходните 15 години, ние сите постапки на одобрените учебници ги имаме завршено на 1 септември, изјави Шаќири од Вашингтон каде што е во неколкудневна работна посета. Соопшти дека на средби што ги имал со претставници од високото образование се разгледува можноста за соработка со американски универзитети за гостување на визитинг-професори од САД на нашите факултети. Рече и дека од оваа академска година ќе имаме повеќе студенти со Фулбрајт стипендија. Спомна и дека со САД реализираме неколку важни проекти, меѓу коие заедничкиот проект за медиумска писменост кој е дел од наставните програми во основното образование.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-se-opravda-problemot-so-uchebnitsi-ne-e-od-ovaa-godina-tuku-od-poslednite-15/feed/ 0
Шаќири откри кога ќе стигнат учебниците за шестооделенците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-otkri-koga-ke-stignat-uchebnitsite-za-shestoodelentsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-otkri-koga-ke-stignat-uchebnitsite-za-shestoodelentsite/#respond Mon, 02 Oct 2023 10:10:35 +0000 https://kurir.mk/?p=884156

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека од денеска почнала доставата на учебниците за шесто одделение. До крајот на неделата, како што посочи, очекува сите учебници да се достават, а доколку се јави потреба, ќе побара од економскиот оператор доставата да продолжи и за викенд. „Денеска во делот на училиштата има достава на учебници за шесто одделение, која ќе продолжи тековно утре и до крајот на неделата. Очекувам сите учебници да се достават, но, доколку постои потреба, ќе побарам од економскиот оператор, да има достава и во сабота и недела“, рече Шаќири во изјава за медиумите по панел дискусијата „Вклучување на медиумската писменост во основното образование – искуства и предизвици“. Во однос на учебниците во средните училишта, каде учениците се жалат дека учат од оштетени учебници, Шаќири вели дека дел од издавачките куќи кои ги имаат правото на сопственост, побарале пет дена одложување за да може да се обезбедат учебници за сите ученици. „Секој одобрен учебник доаѓа од Националната комисија за учебници. Доколку постои задоцнување на доставата од страна на МОН, одговорноста е на министерот. Сите учебници што се одобрени, од страна на педагошката служба, веднаш се издадени со договор за нивно печатење. Тоа што за одредени учебници има жалбени постапки, не зависи од министерот“, рече Шаќири. Учебниците за трето и за шесто одделение се по нова наставна програма и не беа доставени до училиштата на стартот на новата учебна година Тој додаде дека во септември имале доставено повеќе од 80 отсто од учебниците, нагласувајќи дека нема одговорност секаде да интервенира. Податоците на државната Комсисија за спречување на дискриминација покажува дека од вкупно 126 учебници потребни за сите предмети во основното образование, на почетокот на оваа учебна година Министерството за образование не обезбедило една третина односно 43 учебници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-otkri-koga-ke-stignat-uchebnitsite-za-shestoodelentsite/feed/ 0
Шаќири: Сите учебници ќе бидат готови до крајот на месецот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-site-uchebnitsi-ke-bidat-gotovi-do-krajot-na-mesetsot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-site-uchebnitsi-ke-bidat-gotovi-do-krajot-na-mesetsot/#respond Tue, 26 Sep 2023 14:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=881888

За пет дена ќе биде појасно кога сите ученици ќе ги добијат комплет учебниците кои им потребни за нормално одвивање на наставата. Ова е последното ветување во низ на министерот за образовани Јетон Шаќири, кој повторно со собра гневот на јавноста, бидејќи и оваа година дел од учениците ги остави без наставен материјал. И денеска се правдаше дека дел од тие што недостасуваат биле на печатење, а за други се чека конечната одлуката на Националната комисија. „Што се однесува до шесто одделение, и тука ме радува фактот што Националната комисија ги има одобрено учебниците по македонски, албански јазик, природни науки и математика, за кој треба да се чека уште пет ден жалбена постапка, изјави, Јетон Шаќири. Дополнително, од следната недела студентите ќе може да се користи субвенционираниот оброк и тоа во висина од 140 денари на ден. Запрашан за тоа дали тоа е доволно, Шаќири вели дека ако се зголеми инфлацијата ќе се зголеми и субвенцијата. „Секоја година, ќе се анализира колку е покачен процентот на инфлацијата во однос на претходната година. Основно што имаа беше 120 а сега е 140 денари, во наредниот период при подготовката за наредниот буџет да се направи разлика во споредба со оваа година и тоа ќе го анализираме“, изјави, Јетон Шаќири. Инаку, денеска во Скопје се одржува регионална министерска конференција, на која се разговара за тоа како може да се зголеми квалитетот на високото образование во земјите од Западен Балкан. Ваква размена на искуства е повеќе од потребна имајќи о предвид факторот дека многу малку универзитети од регион котираат доволно добро на Шангајската листа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-site-uchebnitsi-ke-bidat-gotovi-do-krajot-na-mesetsot/feed/ 0
Шаќири утре ќе има средба со родителите на ученици во ООУ „Његош“ кои ја бојкотираат наставата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-utre-ke-ima-sredba-so-roditelite-na-uchenitsi-vo-oou-negosh-koi-ja-bojkotiraat-nastavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-utre-ke-ima-sredba-so-roditelite-na-uchenitsi-vo-oou-negosh-koi-ja-bojkotiraat-nastavata/#respond Tue, 26 Sep 2023 11:39:10 +0000 https://kurir.mk/?p=881834

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири соопшти дека утре попладне ќе има состанок со родителите на учениците од Општинското основно училиште „Његош“ во Колонија, Општина Гази Баба - и на оние што учат на македонски и на децата од настава на албански јазик, откако едните протестираат три, а другите 26 дена. Проблемот е настанат поради немање просторни услови. Учениците Албанци во тоа училиште имаат настава до петто одделение и со години образованието од шесто до деветто мора да го продолжат во други општини. Нивните родители протестираат од почетокот на учебната година, а пред три дена бојкотираат и родителите на учениците на македонски наставен јазик кои не се согласуваат таму да се отвори паралелка за Албанци шестооделенци. Пред училиштето порачаа дека нема можност за воведување нова паралелка. Според нив, министерот врши притисок и се подготвени, како што велат, настава да нема до крајот на учебната година. -Три дена протестираат учениците на македонски јазик, а учениците на настава на албански јазик во истото училиште протестираат 26 дена. Се работи за 13 ученици кои завршиле петто одделение и бараат да продолжат од шесто во истото училиште. Имам редовни состаноци, и со родителите Албанци, и со родителите Македонци и утре ќе реализирам состанок со сите нив. За да се отвори нива паралелка, директорката на основното училиште доставува барање и врз основа на анализите, ние тоа барање го доставуваме во Министерството за финансии, изјави денеска Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања. Иницијативата на родителите кои протестираат три дена, рече, е затоа што сметаат дека нема простор во училиштето. Додаде дека и Просветниот инспекторат ја анализирал состојбата. -Никогаш нема да се донесе одлука на штета на ниту една страна. На градоначалникот на Гази Баба му кажав дека ако е потребно простории во истото училиште, барам најитно да се достави проект за да можеме да го реализираме во тој простор на училиштето. Оваа тема не се дискутира од овој септември туку 20 години. Со Општината дискутираме за долгорочно решение за изградба на училиште во Идризово и барам разбирање за краткорочно решение што треба да го најдеме што побрзо, до петок, без разлика дали се учениците Македонци или Албанци. Се работи само за една паралелка во училиштето, рече Шаќири. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-utre-ke-ima-sredba-so-roditelite-na-uchenitsi-vo-oou-negosh-koi-ja-bojkotiraat-nastavata/feed/ 0
Шаќири: До крајот на септември ќе бидат доставени сите учебници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-do-krajot-na-septemvri-ke-bidat-dostaveni-site-uchebnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-do-krajot-na-septemvri-ke-bidat-dostaveni-site-uchebnitsi/#respond Mon, 11 Sep 2023 14:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=876980

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири уверува дека до крајот на септември ќе бидат доставени учебниците за сите одделенија во основното образование односно за трето и за шесто каде што поради новите наставни програми доцни распределбата на учебниците. Очекува дека по уште еден состанок на Националната комисија за учебници кој ќе се одржи утре ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто и дека веднаш, како што рече, ќе се пристапи кон нивна техничко-графичка обработка, превод и достава во училиштата. - Сите учебници, според податоците што ги имаме добиено во Педагошката служба, се доставени. За трето одделение, како што ветивме, доставата завршува овие денови. За шесто најавив дека во четвртокот имаше состанок Националната комисија за учебници, а утре пак ќе има уште еден состанок и имам позитивни информации дека ќе бидат одобрени и последните учебници. Доставата за се што е за оваа година ќе се заврши до крајот на септември, изјави Шаќири во Охрид, по отворањето на меѓународната научна конференција во чии рамки се спроведува работилница за обука за Европскиот облак за отворена наука (EOSC). Министерот и овојпат на новинарски прашања одговори дека доцнењето се должи на тоа што првпат по подолг период има нови наставни програми согласно кои се изработува учебник. Бирото за развој на образованието, како што рече, за програмите за трето постапило побрзо отколку за шесто одделение за кое доцнело со доставувањето на програмите. - Барам разбирање бидејќи знаеме дека имаме одобрени учебници за прво одделение, исто како и за второ, четврто и петто и тие, во најголем дел се доставени на 1 септември, исто како и за седмо, осмо и деветто одделение. Оваа година ситуацијата се појави оттаму што имавме постапки на одобрување и постапки на печатење, додаде Шаќири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-do-krajot-na-septemvri-ke-bidat-dostaveni-site-uchebnitsi/feed/ 0
Шаќири: На 7 септември ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто одделение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-na-7-septemvri-ke-bidat-odobreni-i-poslednite-uchebnitsi-za-shesto-oddelenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-na-7-septemvri-ke-bidat-odobreni-i-poslednite-uchebnitsi-za-shesto-oddelenie/#respond Fri, 01 Sep 2023 10:02:04 +0000 https://kurir.mk/?p=873371

Во споредба со претходната учебна година, стартот на оваа е поуспешен, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири прашан за оценка за почетокот на учебната 2023/2024 година со оглед на доцнењето на учебниците за шесто одделение и нејаснотиите околу спојувањето неколку предмети во ова одделение. -Во период од една година успеавме во основното образование да одобриме и истовремено да печатиме и доставиме до училиштата повеќе од 50 наслови на учебници. За оваа учебна година ги завршивме сите постапки во рок од девет месеци од доставување на сите нови (наставни) програми за трето одделение, изјави Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово, кој денеска го посети заедно со премиерот Димитар Ковачевски. Министерот соопшти дека на 7 септември е наредниот состанок на Националниот совет за учебници и тогаш, рече, ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто одделение кои чекаат на одобрување и потоа веднаш ќе се испечатат. -Исто така, оваа учебна година имаме постапка и за дигитални скратени помошни материјали кои покрај печатени учебници во најбрзо време ќе ги имаат сите основци. Во средното образование, во период од една година, а по повеќе од 20 години, има печатени учебници во стручното образование. За една година одобривме повеќе од 150 наслови, а и натаму треба да продолжи одобрувањето, рече Шаќири. Посочи дека пред 30 дена до училиштата и нивните раководства од МОН се доставени упатства како треба да се организира наставата во однос на спојувањето предмети, за што, како и вчера, повтори дека се работи само за шесто одделение во кое, согласно новата концепција, по предметот Општествени науки првпат се спојуваат предметите Историја, Географија и Граѓанско образование. -Тоа се однесува само на шесто одделение, што значи дека Географија продолжува како предмет во седмо, осмо и во деветто одделение. Најдено е решение како да се организира наставата за да нема проблеми во распоредите и кажани се сите чекори. Со синдикатот ќе разговараме и како тоа да се реши во платата. МОН е отворено за секој што смета дека концепцијата треба да се унапреди или да се коригира. Ги повикувам сите – освен што објавуваат за проблеми, нека достават и предлог-решенија, сериозно ќе ги разгледаме сите. Знаеме дека беше потребно реформа во основното образование, таа реформа се одвива, во добра насока е, но потребни се некои корекции за да биде подобра во наредниот период. Сите заедно може да придонесеме таа да биде поуспешна, рече Шаќири. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-na-7-septemvri-ke-bidat-odobreni-i-poslednite-uchebnitsi-za-shesto-oddelenie/feed/ 0
Ќе доцнат учебниците за шесто одделение, во фаза се на одобрување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-dotsnat-uchebnitsite-za-shesto-oddelenie-vo-faza-se-na-odobruvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-dotsnat-uchebnitsite-za-shesto-oddelenie-vo-faza-se-na-odobruvane/#respond Thu, 31 Aug 2023 11:33:57 +0000 https://kurir.mk/?p=873009

Учебната година ќе почне утре и ќе трае до 17 јуни 2024. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири им посака успеси на учениците и наставниците и ги соопшти новините пред утрешниот почеток на 2023/2024 година. Како што известуваше во претходните денови, ќе доцнат само учебниците за шесто одделение и тие ќе се распределуваат во училиштата штом бидат одобрени и се очекува да стигнат до крајот на септември. Учебниците за трето одделение, за кои како и за шесто годинава се прават нови учебници согласно новите наставни програми, се одобрени и се печатат така што во првата недела од септември учениците ќе ги добијат. -Учебниците за трето одделение се одобрени и во тек е постапката за печатење и доставување. За сите предмети се одобрени и се во фаза на техничко-графичко регулирање и во печатење. Така што денеска, утре, на почетокот на неделата, тековно ќе се доставуваат. Истото ќе се случи и со учебниците за шесто, кои се во напредна фаза на одобрување од Националната комисија за учебници. Потоа може да има жалбена постапка од одредени автори, но до крајот на септември тие ќе бидат доставени до сите ученици, рече Шаќири на прес-конференција по повод новата учебна година. Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали кои ги изработи Бирото за развој за образование (БРО) за трето и шесто одделение наменети и за учениците и за наставниците и достапни во електронска форма на веб-страницата на Бирото. На новинарско прашање дали чувствува одговорност за доцнењето на учебниците, Шаќири одговори дека тој како министер ја има завршено целата постапка на крајот на јули, кога е донесена одлуката за економски оператор за печатење, и дека не учествувал во постапките на Националната комисија за учебници, Педагошката служба и во мислењето на рецензентите. -Не можам да има одговорност за постапките кои не зависат од министерот за образование и наука. МОН веднаш кога добива одлука за печатење на учебник, тоа се завршува максимум како што е во законските рокови, додаде Шаќири. Во однос на спојувањето предмети, тој е дециден дека нема да биде загрозен фондот на часови на наставниците. -Во шесто одделение, и од старата програма и од претходните учебни години, предметот Природни науки беше спојуван и тука немавме дискусија. Дискусијата, со новата концепција, се отвори по предметот Општествени науки, каде имаме спојување на предметите Историја, Географија, Граѓанско образование. Тоа се однесува само за шесто одделение. Поради реакциите јас побарав од Бирото за развој на образование да се подготви техничко решение за годишен фонд на часови на наставниците по Географија, затоа што во годишниот фонд не се само часовите во шесто, туку и седмо, осмо, деветто одделение каде што имаат Географија. Тој е ист како и претходната учебна година што значи дека ќе нема проблем со фондот на часови, одговори Шаќири. Додаде дека БРО има упатство како треба да се организираат распоредите и дека некои училишта тоа го завршиле, некои се уште не. Повика да се разгледаат наставните програми и предвидените изборни предмети и раководствата да не одлучуваат според потребите на наставниот кадар, туку според анкетите на учениците и родителите. -Отворен сум ако има проблеми за седмо, осмо, каде дискусијата е попроблематична од шесто одделение, да се достави до МОН предлог за можни решенија - дали да се вратиме по старата Кембриџ-концепција или да продолжиме со решенијата од новата концепција, додаде Шаќири. Во однос на средното образование, информираше дека само во една година се одобрени 150 учебници, најголем дел во стручното образование и тие етапно ќе се печатат и доставуваат до учениците во тираж којшто ќе го пријавуваат самите училишта. Овие учебници се доставени во електронска форма односно на страницата на Педагошката служба се прикачени во порталот eucebnici.mon.gov.mk. Основците и средношколците првпат во оваа учебна година ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 5 мај. Шаќири на прес-конференцијата ја спомна и новината за примена на нов е-дневник изготвен со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови. Тој е во фаза на тестирање и паралелно се прават и обуки на администрација во 40 училишта во кои ќе се примени како пилот-проект додека се потврди неговата функционалност. Шаќири соопшти и дека МОН е фокусирано на инфраструктурата, така што во летниот период е завршена изградба или реконструкција на 56 училишни објекти. -Тоа значи дека од утре учениците ги очекуваат подобри услови за настава во неколку училишта. Ја подобруваме енергетската ефикасност, пристапноста на училишните простории за учениците со попреченост, хигиенско-санитарски услови итн. за што вложуваме 4,5 милиони евра, додаде министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-dotsnat-uchebnitsite-za-shesto-oddelenie-vo-faza-se-na-odobruvane/feed/ 0
Шаќири: Учебниците оваа учебна година нема да доцнат како претходната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-uchebnitsite-ovaa-uchebna-godina-nema-da-dotsnat-kako-prethodnata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-uchebnitsite-ovaa-uchebna-godina-nema-da-dotsnat-kako-prethodnata/#respond Thu, 31 Aug 2023 09:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=872899

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, непосредно пред почетокот на учебната година гостуваше во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21. Тој кажа за доцнењето на учебници дека нема да биде како претходната година. Шаќири дополни дека онаму каде што нема да стигнат учебниците, ќе има подготвителни материјали. „Ќе имаме доцнење за одредени учебници, особено во шесто одделение, но учебниците во оваа година нема да доцнат како што беше минатата учебна година. Минатата година сите постапки ги задоцнивме, и ние како министерство кога видовме, веднаш реагиравме. И лани, како и во оваа учебна година за децата да не се без програма, ќе имаат подготвителни материјали. Според нашите пресметки оваа учебна година, и според сите констултации дека нема да задоцнат како претходната учебна година. Затоа ќе има подготвителни материјали за оние учебници кои ќе доцнат, и ќе нема никаква штета ако имаат и подготвителни материјали и учебници. Верувам дека до крајот на септември ќе ги имаме сите учебници“, рече Шаќири кој додаде дека проблемот со учебници е долги години и се работи на негово решавање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-uchebnitsite-ovaa-uchebna-godina-nema-da-dotsnat-kako-prethodnata/feed/ 0
Шаќири: Поголем дел од учебниците за трето и шесто одделение ќе ги има на 1 септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-pogolem-del-od-uchebnitsite-za-treto-i-shesto-oddelenie-ke-gi-ima-na-1-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-pogolem-del-od-uchebnitsite-za-treto-i-shesto-oddelenie-ke-gi-ima-na-1-septemvri/#respond Tue, 22 Aug 2023 18:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=869775

Сите учебници за прво, второ, четврто, петто, седмо, осмо и деветто одделение и поголем дел од учебниците за трето и шесто одделение ќе бидат доставени во училиштата до 1 септември. И во средното образование, по подолг период, ќе имаме достава на учебници на првиот училишен ден, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. За трето и шесто се изработуваат нови учебници согласно новите наставни програми од Бирото за развој на образованието (БРО) и поради тоа се очекува доцнење на некои од нив. -Поголем дел од учебниците од трето одделение, по три предмети, ќе се достават на 1 септември. Само за еден предмет, за кој чекаме одобрување т.е. последно мислење од рецензентската комисија, ќе биде на почетокот на септември, но не можам да кажам точен датум. За шесто одделение денеска во Националната комисија се одобрени дел од учебниците и за нив ќе направиме максимум за да стигнат на почетокот на учебната година, изјави Шаќири во интервју во Дневникот на ТВ Сител. Додаде дека доцнењето нема да биде како минатата учебна година која, рече, „не беше лесна“ зашто имало нови наставни програми за четири одделенија. Оваа ќе биде поразлична учебна година бидејќи МОН, нагласи Шаќири, се подготвува од почетокот на оваа календарска година. Новите програми од БРО се доставени во декември 2022 за трето и во април 2023 за шесто одделение. -Најголемиот дел веќе се одобрени. Ова не беше истата позиција од претходната учебна година кога програмите беа доставени подоцна во МОН, рече Шаќири и додаде дека се одобрени и над 130 наслови во стручното образование. Во однос на рокот што му е даден на МОН од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за десет дена да ги обезбеди сите учебници поради пријава за продолжена системска дискриминација за доцнењето од минатата учебна година, Шаќири рече дека имал состанок со претседателката на Комисијата и доставиле допис за постапките на МОН и чекорите што ги презело лани за обезбедување на учебниците. На прашањето дали е можно да има штрајк на наставниците затоа што Советот на СОНК и Независниот синдикат на образование не прифаќаат зголемување на платите од 10 отсто, Шаќири одговори дека „има многу причини да не се случи штрајк“. - Да не ги споменувам претходните 20 проценти, само во претходната, една учебна година, се добиени 18,4 проценти повисоки плати во основно и средно образование. Со Општиот колективен договор се добиваат 10 проценти за целиот јавен сектор. Со синдикатот сме во напредна фаза на дискусија да се најде начин, освен со Општиот колективен договор, што може да се предвиди и во делот на покачувањето на минималната плата. Со Општиот колективен договор првпат имаме регрес во 2023 и тоа ќе се случи и во 2024 година, рече Шаќири. Тој објави и дека, во насока на мотивирање на наставниците, со Министерството за финансии разгледуваат можност во новиот колективен договор да влезат и патни трошоци за наставниците и ќе се предвиди оддалеченост до/од училиштето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-pogolem-del-od-uchebnitsite-za-treto-i-shesto-oddelenie-ke-gi-ima-na-1-septemvri/feed/ 0
Јаневска: Дали Јетон Шаќири потпишал експериментална нова програма за образование без консултација со никого, власта експериментира со младите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-dali-jeton-shakiri-potpishal-eksperimentalna-nova-programa-za-obrazovanie-bez-konsultatsija-so-nikogo-vlasta-eksperimentira-so-mladite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-dali-jeton-shakiri-potpishal-eksperimentalna-nova-programa-za-obrazovanie-bez-konsultatsija-so-nikogo-vlasta-eksperimentira-so-mladite/#respond Fri, 23 Jun 2023 09:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=848916

Го прашувам министерот за образование, Јетон Шаќири дали потпишал „Експериментална програма за унaпредување на воспитно-образовниот процес во основното образование за учебната 2023/24 година“ со кој акт де факто на нетранспарентен начин, без консултација со никого вовел нова програма во основното образование за учебната 2023/2024 година. Според ова Владата признава дека на големо фалената Концепција на Мила Царовска всушност претставува пропаднат проект, кој ќе биде заменет со нов експериментален, односно експеримент за најмладите на целата територија на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ преку Комисијата за образование и наука многу пати укажуваше и предупредуваше на недостатоците на Концепцијата и на неможност за нејзино реализирање, за на крај да добиеме експеримент за децата. Прашувам дали новата експериментална програма само за една учебна година е всушност само очајнички обид да се сочуваат делови од таа пропадната Концепцијата. Незнаејќи ни самите што да прават со она што го креирале сега надлежните експериментираат како со учениците така и со наставниците и тоа со времето кое учениците и наставниците требаа да го поминат на училиште, со наставните часови и другите активности, со дополнителната настава, со слободни изборни предмети кои не мора да произлегуваат од професионална стручност на наставниците (на пример неформално знаење за готвење и фотографија), но и со бројот на наставни часови и платите на наставниците. Претпоставувам дека после 3 години им стана јасно дека немаме кадар кој ќе предава интегрирани предмети, па сега експериментираат со модули, односно дефинираат дека новите наставни програми по одделни наставни предмети се модуларни. Како цреша на шлагот со новата експериментална програма , се вели: Со оглед на тоа што, во одредени ситуации, поради неквалитет или други слабости, се повлекуваат учебници од употреба или, поради, непријавување на автори за ракописи на учебници, да се прашаат зошто или воведување на нов наставен предмет за којшто е потребно да се промовира нов пристап во презентирањето на содржините и постигнување на резултатите од учење, за да се овозможи непречено одвивање на наставата и навремено обезбедување на учениците со соодветни материјали за учење, Министерството за образование може да побара од Бирото за развој на образованието изработка на материјали за учење, не учебници, материјали за учење. Искуствено, ова „Министерството за образование може“ во суштина значи, учебници нема, повторно ќе добиеме само материјали за учење. Збогум на учебниците. Што е многу, многу е. Доста е! (Интегрален текст и видео од прес конференција на Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-dali-jeton-shakiri-potpishal-eksperimentalna-nova-programa-za-obrazovanie-bez-konsultatsija-so-nikogo-vlasta-eksperimentira-so-mladite/feed/ 0