ЈЛБ „Илинден” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Mar 2023 08:56:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЈЛБ „Илинден” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иселеници од Австралија донираа странска литература за потребите на ЈЛБ „Илинден” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/iselenitsi-od-avstralija-doniraa-stranska-literatura-za-potrebite-na-jlb-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/iselenitsi-od-avstralija-doniraa-stranska-literatura-za-potrebite-na-jlb-ilinden/#respond Mon, 06 Mar 2023 08:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=808491

Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, од денеска е побогата за околу 200 наслови, книги на англиски јазик. Книгите, како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска се донација од иселеници од Делчево кои живеат во Австралија. -Книгите се донација на нашите иселеници, Кире и Виолета Атанасовски, кои веќе 20 години живеат во Мелбурн, Австралија. Станува збор за сосема нови книги купени во Австралија и испратени на ЈЛБ „Илинден“- Делчево. Од мое лично име и од име на библиотеката, огромна благодарност до Атанасовски, се надеваме дека кога ќе дојдат во родното Делчево, ќе ја посетат нашата библиотека, ќе поразговараме и лично ќе им се заблагодариме за оваа донација, истакна Петровска. Овие книги на англиски јазик, како што додаде, се голема радост за сите во библиотеката, а особено за помладите членови кои сакаат да читаат на англиски јазик. -Досега библиотеката има добиено повеќе донации како од наши сограѓани од Делчево така и од странство. Им се заблагодарувам на сите нив и нагласувам дека сме отворени за соработка со сите кои имаат желба да донираат, додаде Петровска. Книгите како што додадоа од ЈЛБ „Илинден" ќе бидат обработени во следните неколку дена и ќе бидат достапни до сите читатели. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/iselenitsi-od-avstralija-doniraa-stranska-literatura-za-potrebite-na-jlb-ilinden/feed/ 0