јо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Sep 2023 07:15:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЈО поведе истрага за обид за убиство во Скопје- се обидел да прегази две лица пред „Бисер“, па ги избодел со нож! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jo-povede-istraga-za-obid-za-ubistvo-vo-skopje-se-obidel-da-pregazi-dve-litsa-pred-biser-pa-gi-izbodel-so-nozh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jo-povede-istraga-za-obid-za-ubistvo-vo-skopje-se-obidel-da-pregazi-dve-litsa-pred-biser-pa-gi-izbodel-so-nozh/#respond Sun, 17 Sep 2023 06:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=878761

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство според член 123 став 3 во врска со член 19 (во обид). Освен тоа, соопштија денеска од јавно обвинителство на Република Северна Македонија, за осомничениот е поведена постапка и за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 11 септември, осомничениот се обидел со умисла да лиши од живот две лица, кои вербално протестирале затоа што со голема брзина управувал автомобил „Ленд ровер“ по плочникот кај трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на луѓето. - Во моментот кога оштетените му забележале за опасноста што ја предизвикува, тој завртел со возилото и со голема брзина се упатил кон нив со намера да ги прегази. Тие се тргнале, па осомничениот излегол од автомобилот со нож во раката и на двајцата им нанел по четири убодни рани, предизвикувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Во тој момент се собрала поголема група граѓани кои почнале да викаат и му се спротивставиле на осомничениот со што го спречиле да го доврши кривичното дело, па тој се вратил во неговото возило и веднаш го напуштил местото, се појаснува во соопштението. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го доврши обиденото кривичното дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jo-povede-istraga-za-obid-za-ubistvo-vo-skopje-se-obidel-da-pregazi-dve-litsa-pred-biser-pa-gi-izbodel-so-nozh/feed/ 0
Поведена истрага против првоосомничениот во предметот „Планина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-istraga-protiv-prvoosomnicheniot-vo-predmetot-planina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-istraga-protiv-prvoosomnicheniot-vo-predmetot-planina/#respond Wed, 30 Aug 2023 15:03:47 +0000 https://kurir.mk/?p=872615

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода во с. Грчец на првоосомничениот од предметот „Планина“ ќе ја продолжи истражната постапка против него. Тој, како што соопшти денеска ЈО, по наредба на обвинителството се бараше со национална и меѓународна потерница од 2021 година заради постоење на основано сомнение дека како главен организатор сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 вв став 1 од Кривичниот Законик. -Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица, од кои и против едно дете во судир со законот над 16 години. Бидејќи се работеше за две криминални групи што се занимавале со неовластена продажба на наркотична дрога беа донесени две Наредби за спроведување на истражна постапка. Во тогашните спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина меѓу кои и првоосомничениот беа во бегство. Во меѓувреме, односно во септември 2021 година и во текот на изминатата година три од осомничените лица недостапни на органите на прогонот, се лишени од слобода каде што продолжи против нив истражната постапка, соопштуваат од Јавното Обвинителство. Оттаму, посочија дека предметните обвинители постигнаа спогодба со 14 обвинети лица за кои судот ги прифати предлог спогодбите и донесе пресуди со кои на осум лица им определи казна затвор во траење од по 3 години, на две лица во траење од по 3 години и 6 месеци, три лица се осудени на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци и едно лице на 5 годишна затворска казна. Врз основа на признание на вина на главна расправа петмина обвинети се осудени на казна затвор и тоа: едно лице на казна затвор од 3 години и 5 месеци, две лица на казна затвор од 4 години, едно лице на казна затвор од 5 години и едно лице на казна затвор од 6 години. По поднесени жалби на санкции на две лица казните се преиначени и намалени од 6 години на 5 години и од 4 години на 3 години и 6 месеци. По одржана главна расправа донесени се пресуди за три лица од кои две во постапка пред второстепениот суд се преиначени и тоа од 4 години на 5 години затворска казна и од 3 години и 6 месеци на 6 години, додека пресудата за едно лице осудено на казна затвор во трење од 6 години е потврдена. За едно лице истрагата останува прекината до негово пронаоѓање, за три лица е донесена Наредба за запирање на истрага од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје, додека на детето во судир со законот му се изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години. -Членовите на двете организирани криминални мрежи, продавале наркотична дрога преку препродавачи во Скопје, Гостивар, Тетово, Струмица и други градови по цена која се движела во износ од 4000 до 5000 денари за 1 (еден) грам кокаин и во распон од 12.000 до 15.000 денари за 100 грама марихуана, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-istraga-protiv-prvoosomnicheniot-vo-predmetot-planina/feed/ 0
Четворица членови на едно семејство обвинети за држење и пренесување марихуана- ја чувале во авто сервис во Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetvoritsa-chlenovi-na-edno-semejstvo-obvineti-za-drzhene-i-prenesuvane-marihuana-ja-chuvale-vo-avto-servis-vo-gorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetvoritsa-chlenovi-na-edno-semejstvo-obvineti-za-drzhene-i-prenesuvane-marihuana-ja-chuvale-vo-avto-servis-vo-gorche-petrov/#respond Thu, 27 Jul 2023 07:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=860543

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите се гони и за кривично дело – Неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Четворицата обвинети, тројца мажи и една жена, роднински поврзани, во авто сервис во Ѓорче Петров, неовластено заради продажба држеле 133,72 килограми наркотична дрога – марихуана. Од нив, на 2 мај спакувале 99,6 килограми и ги подготвиле за неовластена продажба. Дрогата во кеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во авто сервисот. Истиот ден заеднички организирале пренос на марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – прво возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второ возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. На издадена полициска наредба да запрат на улицата „Скупи“, првиот автомобил воопшто не застанал и обвинетиот се дал во бегство. Другите две возила биле веднаш сопрени и при извршен преглед биле пронајдени картонските кутии со дрогата. По извршен претрес во авто сервисот била пронајдена и останатата марихуана, но исто така биле пронајдени и четири куршуми муниција кои еден од обвинетите ги држел без дозвола. По лишување од слобода на сите четворица обвинети, по предлог на јавниот обвинител, ним им беше определена мерка притвор. Со поднесувањето на обвинителниот акт, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворските мерки, бидејќи се уште постојат законските основи – опасност од бегство и можност да го повторат делото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetvoritsa-chlenovi-na-edno-semejstvo-obvineti-za-drzhene-i-prenesuvane-marihuana-ja-chuvale-vo-avto-servis-vo-gorche-petrov/feed/ 0
ЈО: Истрага за две лица поради „служба во непријателска војска“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/jo-istraga-za-dve-litsa-poradi-sluzhba-vo-neprijatelska-vojska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/jo-istraga-za-dve-litsa-poradi-sluzhba-vo-neprijatelska-vojska/#respond Fri, 12 May 2023 14:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=833527

Во синхронизирана полициска акција денеска во раните утрински часови во Скопје и во Република Франција лишени се од слобода тројца македонски државјани, од кои двајца во Скопје и едно лице во Франција, поради основано сомневање дека сториле кривично дело „служба во непријателска војска“, известуваат од Јавното обвинителство. Лицата се осомничени за учествување во вооружениот судир во Сирија како припадници на Исламска држава – ИСИС против меѓународните коалициски сили. Како што информираат од ЈО, Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца македонски државјани за кои постои основано сомневање дека сториле по едно кривично дело – Служба во непријателска војска од чл. 322 ст.1 од Кривичниот законик. - Денеска во раните утрински часови, под раководство на предметниот јавен обвинител беше спроведена синхронизирана полициска акција во Скопје и во Република Франција која е резултат на повеќемесечна меѓународна и меѓуинституционална соработка. Во акцијата во Скопје се лишени од слобода две лица, додека во Франција едно лице – македонски државјанин. Осомничените, во 2014 година ја напуштиле територијата на РМ, по што пристигнале во Сирија, место кое било под вооружен судир помеѓу припадниците на Исламска држава – ИСИС и меѓународните коалициони сили, се вели во соопштението на ЈО. Оттаму информираат дека осомничените учествувале во вооружени судири од месец април до месец август 2014 година, како македонски државјани и граѓани, станувајќи припадници на терористичката организација – Исламска држава – ИСИС. - Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените, велат од ЈО. Исламска држава – ИСИС од страна на ОН е прогласена како терористичка организација и согласно одредбите во Кривичниот законик, граѓанин на Северна Македонија кој за време на војна или вооружен судир служи во непријателска војска или во други непријателски вооружени формации ќе се казни со затвор најмалку три години.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/jo-istraga-za-dve-litsa-poradi-sluzhba-vo-neprijatelska-vojska/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминал треба да направи Артан Груби за ЈО на Ковачевски да реагира? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kolku-kriminal-treba-da-napravi-artan-grubi-za-jo-na-kovachevski-da-reagira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kolku-kriminal-treba-da-napravi-artan-grubi-za-jo-na-kovachevski-da-reagira/#respond Wed, 01 Mar 2023 07:32:17 +0000 https://kurir.mk/?p=806409

Очигледно е дека Ковачевски и ЈО заедно ги штитат криминалите на Артан Груби, како инаку може да се објасни молкот на владата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Се штитат криминалите на Груби, поради опстанок на оваа влада, на грбот на народот, кој секој ден се повеќе осиромашува, а СДС И ДУИ се богатат. Додека народот не може да врзе крај со крај, семејната фирма на Груби купува луксузни дуќани во строгиот центар на Скопје, за смешни и багателни цени за метар квадратен. Груби има дозвола од Ковачевски да прави се што сака, само за гол опстанок на владата на Ковачевски. Граѓаните сакаат што побрзо да си замине оваа криминална власт, а тоа го потврдуваат и сите анкети во Македонија. Џабе им е купувањето на време, за да приграбат што повеќе имот и пари, а за сите криминали ќе има разрешница во блиска иднина, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kolku-kriminal-treba-da-napravi-artan-grubi-za-jo-na-kovachevski-da-reagira/feed/ 0
Мицкоски: Изборот на новиот шеф на JO е партиско политички договор на власта, по промените, обвинителството и судството ќе бидат ослободени од партиско -политички договори и стеги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-izborot-na-noviot-shef-na-jo-e-partisko-politichki-dogovor-na-vlasta-po-promenite-obvinitelstvoto-i-sudstvoto-kje-bidat-oslobodeni-od-partisko-politichki-dogovori-i-stegi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-izborot-na-noviot-shef-na-jo-e-partisko-politichki-dogovor-na-vlasta-po-promenite-obvinitelstvoto-i-sudstvoto-kje-bidat-oslobodeni-od-partisko-politichki-dogovori-i-stegi/#respond Wed, 09 Nov 2022 13:43:57 +0000 https://kurir.mk/?p=758013

При денешната посета на општина Зелениково претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на новиот шеф на јавното обвинителство истакна дека јавна тајна е дека тоа претставува уште еден партиско политички договор во власта но веднаш после промените овој процес ќе биде ревидиран од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат ослободени и обвинителството и судството од партиско политички договори и стеги. „Па јавна тајна е дека тоа претставува уште еден партиско- политички договор во власта, само исто така јавна тајна е дека таму имало две струи, едните за едниот, другите за друг, па победил овој и така натаму, продолжува партизацијата затоа следната анкета нема да биде довербата во судството и обвинителството 8 проценти ќе биде еден, два или три проценти, претпоставувам тоа се овие неколку фамилии кои што се денеска во власта и од ДУИ и од СДСМ, тажно е што се продолжува со партизирање на институциите кои што треба да бидат носители на правдата, обвинителството и судството, и веднаш после промените овој процес ќе биде ревидиран од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат ослободени и обвинителството и судството од партиско -политички договори и партиско политички стеги.“ нагласи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-izborot-na-noviot-shef-na-jo-e-partisko-politichki-dogovor-na-vlasta-po-promenite-obvinitelstvoto-i-sudstvoto-kje-bidat-oslobodeni-od-partisko-politichki-dogovori-i-stegi/feed/ 0
„ДКСК и ЈО да отворат случај за аферата Броило, во која Ковачевски и Паунов преку соларен картел заработиле 26 милиони евра“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-i-jo-da-otvorat-sluchaj-za-aferata-broilo-vo-koja-kovachevski-i-paunov-preku-solaren-kartel-zarabotile-26-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-i-jo-da-otvorat-sluchaj-za-aferata-broilo-vo-koja-kovachevski-i-paunov-preku-solaren-kartel-zarabotile-26-milioni-evra/#respond Tue, 11 Oct 2022 07:51:43 +0000 https://kurir.mk/?p=743771

ДКСК и ЈО да се охрабрат и да отворат случај за Димитар Ковачевски и неговиот кум Паунов кои на сомнителен начин заработиле 26 милиони евра. Ковачевски и Паунов злосторнички се здружиле и 5 месеци откако антимакедонската СДС е на власт во 2017та година ја основале Пискел Груп. Во рок од една година Ковачевски и Паунов отвораат фабрика за производство на фотоволтаични панели, а преку државна помош земале 2 милиони евра, додека пак во период кога Ковачевски е заменик министер за финансии, фирмата на кумот на Ковачевски прави договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека Аферата „Броило“ покажува сериозна спрега помеѓу криминалот и Димитар Ковачевски. - Институциите да не го оправдуваат криминалот на Ковачевски и Паунов и веднаш да отворат случај по допрен глас. Дополнително, истата фирма која е основана од Ковачевски, само 8 месеца по стапување на функциката претседател на Владата влегува во инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово, заедно со ново формирана бугарска фирма, која пак е во висина од 54 милиони евра, а според учеството во уделите, делот кој Пиксел Груп треба да го инвестира е скоро 22 милиони евра. Ковачевски ја користи функцијата за лично богатење, додека народот осиромашува. И самиот Ковачевски вчера во гостување на национална телевизија призна дека неговата компанија добила државни пари, што е доволен доказ дека тој свесно ја користел позицијата за лично богатење. Токму затоа ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај за Ковачевски и Паунов и да не се ставаат во одбрана на криминалот, во спротивно истите се соучесници во соларниот картел тежок 26 милиони евра, се појаснува во партиското соопштение. ВМРО-ДПМНЕ додава дека со промена на власта и ослободување на институциите ќе следи одговорност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-i-jo-da-otvorat-sluchaj-za-aferata-broilo-vo-koja-kovachevski-i-paunov-preku-solaren-kartel-zarabotile-26-milioni-evra/feed/ 0
Финансиската полиција поднесе претставка до ЈО за извршениот претрес во нејзините простории https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-podnese-pretstavka-do-jo-za-izvrsheniot-pretres-vo-nejzinite-prostorii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-podnese-pretstavka-do-jo-za-izvrsheniot-pretres-vo-nejzinite-prostorii/#respond Mon, 25 Jul 2022 10:54:54 +0000 https://kurir.mk/?p=709886

Управата за финансиска полиција информира дека до јавниот обвинител поднела претставка во врска со претресот што истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал минатата недела го извршиле во просториите на институцијата по наредба издадена од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје, врз основа на претходно доставено барање Обвинителството. Како што соопшти денеска Управата за финансиска полиција, на истражителите од ОЈО за гонење на организиран криминал на 18 јули им бил дозволен непречен пристап во просториите на Управата, како и непречено извршување на наредбата, иако нејзината содржина, како што се тврди, не ги исполнувала формалните и материјалните-суштински основи за да биде издадена. Според Управата за финансиска полиција, со наведените дејствија е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“. – Видно од наредбата воопшто не е јасно по кои индиции и докази се водел подносителот на барањето за наредба за претрес, а воедно и судијата кој што таквата наредба ја издал. Наведеното упатува на тоа дека при издавањето на наредбата, од страна на судијата на претходна постапка запазена е само формата, но не и суштината за да се издаде наредба за примена на ваква инвазивна мерка, каква што е претресот, се наведува во соопштението од Управата. Од содржината на наредбата, според Финансиската полиција, може да се констатира дека таа е „воопштена, нејасна и остава простор за слободно толкување“, што упатува на тоа дека подносителот на барањето за претрес ОЈО ГОКК „не располага со јасна и конкретна цел каков доказен материјал со примената на ваквата мерка сакал да обезбеди, а со кој само дополнително би го зајакнале основаното сомнение и би го комплетирале веќе обезбедениот доказен материјал за некакво сторено кривично дело“. – Според наредбата за претрес, претресот се спроведува „поради постоење на основано сомнение дека е сторено кривично дело…“. Согласно член 21 точка 15 од Законот за кривична постапка, „основано сомневање е повисок степен на сомневање заснован врз прибавените докази кои упатуваат на заклучок дека определено лице сторило кривично дело “, а од друга страна јавноста е сведок на изјавите на шефицата на ОЈО ГОКК објавени во медиумите во кои самата изјавува дека нема осомничени лица, односно дека „..,чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата“, се посочува во соопштението. Дополнително, според Управата, претресот е апсолутно непотребен, имајќи предвид дека согласно своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал може во кој било момент да и се обрати и со само едно барање да го добие кој било предмет или документ за кој што е заинтересирано и за кој смета дека му е потребен. – Токму поради суштествените недостатоци на наредбата за претрес, начинот на постапувањето при спроведување на истата, низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската пракса како и неоснованоста за примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на ОЈО ГОКК, од страна на Управата за финансиска полиција до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија поднесена е претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај, информираат од Управата за финансиска полиција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-podnese-pretstavka-do-jo-za-izvrsheniot-pretres-vo-nejzinite-prostorii/feed/ 0
Комисија на ЈО ќе ги следи евентуалните нерегуларности на изборниот процес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-jo-kje-gi-sledi-eventualnite-neregularnosti-na-izborniot-proces/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-jo-kje-gi-sledi-eventualnite-neregularnosti-na-izborniot-proces/#respond Sun, 17 Oct 2021 05:12:07 +0000 https://kurir.mk/?p=580357

Јавното обвинителство информира дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – „кривични дела против изборите и гласањето“, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори. – Јавните обвинители посветено постапуваат во борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, давајќи придонес кон нивно сузбивање и превенирање, наведуваат од ЈО. Обвинителството информира и дека во текот на утрешниот изборен ден ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства. – Во процес на меѓусебно координирано известување, Комисијата ќе го следи процесот на гласање. Итно и со приоритет обвинителствата ќе продолжат да постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување, се додава во соопштението. Јавното обвинителство воедно потсетува дека во функција е отворената електронска адреса [email protected], каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да достави поднесок или пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-jo-kje-gi-sledi-eventualnite-neregularnosti-na-izborniot-proces/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО молчи за Шилегов кој е фатен жив како мести тендер од 300.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-jo-molchi-za-shilegov-koj-e-faten-ziv-kako-mesti-tender-od-300-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-jo-molchi-za-shilegov-koj-e-faten-ziv-kako-mesti-tender-od-300-000-evra/#respond Sat, 02 Oct 2021 07:04:09 +0000 https://kurir.mk/?p=571664

Од ВМРО-ДПМНЕ велта дека ЈО молчи за Шилегов кој е фатен жив како мести тендер од 300.000 евра. -Ги повикуваме ЈО и сите останати институции да отворат истрага за Петре Шилегов и Душко Весковски. Предадовме документи во ЈО од кои јасно се гледа дека ЈП Водовод вовел фирма во работа, која ги завршила градежните зафати, а дури два месеци потоа распишале тендер и потпишале договор за да ја исплатат фирмата. Криминалите на Шилегов не застануваат тука. Профитерот Шилегов нема тендер во последните две години кој не е потпишан на сума скоро иста со сумата која е предвидена за постапката. Скоро и да немало наддавање, се вели во соопштението на партијата. Додаваат дека воочлива е играта на Шилегов. -Дали некој од СДСМ кажува кои фирми може, а кои не да учествуваат на тендери. ЈО има повеќе од доволно докази за да отвори случај и да подигне обвиненија против Шилегов кој очигледно години наназад ги злоупотребува јавните финансии. Работењето на Шилегов како и на сите други градоначалници кои работеле криминално ќе биде предмет на ревизија, а потоа ќе следуваат и пријави веднаш по промената на власта. Одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните ќе има, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-jo-molchi-za-shilegov-koj-e-faten-ziv-kako-mesti-tender-od-300-000-evra/feed/ 0