Јоаким Крчовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 May 2022 12:34:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јоаким Крчовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извршена канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, од денес неговите мошти се свети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshena-kanonizacija-na-prepodobniot-igumen-joakim-krchovski-od-denes-negovite-moshti-se-sveti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshena-kanonizacija-na-prepodobniot-igumen-joakim-krchovski-od-denes-negovite-moshti-se-sveti/#respond Sun, 22 May 2022 11:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=680118

Со света божествена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна црква-Охридска архиепископија неговото блаженство г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Григориј, во божјиот храм на манастирот св.Јоаким Осоговски денеска се изврши вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Ова е историски ден и голема радост за сите кривопаланчани, но и за сите Македонци, а на литургијата присуствуваа и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој потекнува од Крива Паланка, како и голем број верници од градот и околината. Преподобниот игумен Јоаким Крчовски се вброи во редот на светите откако Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија вонредна седница, на 10 мај 2022, донесе одлука за канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, внимателно изучувувајќи го неговиот животен пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви. Чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски од денес се сметаат како свети мошти и ќе им се оддава достојна почит. – Овој чин сите нас кривопаланчани не направи особено горди, а одлуката е исклучително значајна и за градот. Ова е радосен ден и ден на кој се гордееме сите. Веќе на утрешната седница на Советот на Општина Крива Паланка е предлог- одлуката за прогласување за неработен ден 23 мај, денот кога Македонската Православна црква ќе го слави овој светец.Истовремено, ќе се донесе одлука за преименување на основното општинско училиште Јоаким Крчовски, во св.Јоаким Крчовски.Се радуваме на овој светол ден што добивме уште еден светител, заштитник, напиша градоначалникот Митовски на својот фејсбук профил. Според предлогот на МПЦ-ОА, свети Јоаким Крчовски ќе се прославува на 23 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshena-kanonizacija-na-prepodobniot-igumen-joakim-krchovski-od-denes-negovite-moshti-se-sveti/feed/ 0
Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanonizacija-na-igumenot-joakim-krchovski-za-svetitel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanonizacija-na-igumenot-joakim-krchovski-za-svetitel/#respond Sun, 22 May 2022 07:12:19 +0000 https://kurir.mk/?p=680003

На иницијатива на Кумановско-Осоговската епархија денеска во манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка ќе се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител. Со канонизацијата, Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител ќе се вброи во диптихот на светите. Според информациите од Кумановско-Осоговската епархија, во 7:30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 9 часот е закажана светата божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Вчера со почеток во 18 часот беше отслужена воскресна вечерна богослужба со парастос за блаженоупокоениот игумен Јоаким Крчовски. Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија на својата вонредна седница одржана на 10 мај разгледувајќи го предлогот на комисијата за канионизација за канионизирање на светител во лицето на преподобниот игумен Јоаким Крчовски 1820, внимателно изучувувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви ја донесе одлуката преподобниот игумен Јоаким Крчовски да го вброи во редот на светите. Чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски да се сметаат како свети мошти и да им се оддава достојно почитување. – Во православната црква светителите ги почитувуваме како Христови пријатели, како Божји чеда и наследници. Нивниот праведен живот овозможува тие да бидат наши застапници пред Бога, да се молат за нас и да посредуваат пред Бога за нас. Спрегата што ја постигнал и самиот игумен, Јоаким Крчовски, се опишува преку мислата дека знаењето без подвиг е филозофирање, а подвигот без знаење е идолопоклонство. Јоаким Крчовски и живеел, и проповедал, и учителствувал, и провестувал, и богослужел и бил богоугоден подвижник на самиот премин меѓу 18. и 19. век, а споменот и славата на неговиот свет живот општонародно се почитува и денес. Меѓу другото, тој е автор на првата книга отпечатена на народен македонски јазик во 1814 година. Книгите на Јоаким Крчовски се пишувани на разбирлив јазик за секој христијанин и затоа имале верна улога во верското и во моралното просветување, рече митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј во обраќањето во пресрет на канонизацијата. Како датум за прославување на ликот и делото на Крчовски, Синодот го предлага 23 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanonizacija-na-igumenot-joakim-krchovski-za-svetitel/feed/ 0
Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и вбројување во диптихот на светите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanonizacija-na-igumenot-joakim-krchovski-za-svetitel-i-vbrojuvanje-vo-diptihot-na-svetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanonizacija-na-igumenot-joakim-krchovski-za-svetitel-i-vbrojuvanje-vo-diptihot-na-svetite/#respond Sat, 21 May 2022 08:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=679784

Во манастирот Св. Јоаким Осоговски – Крива Паланка викендов ќе се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и негово вбројување во диптихот на светите. На предлог на Кумановско-осоговската митрополија светителот ќе биде канонизиран како Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител. Активностите почнуваат вечер во 18 часот со воскресна вечерна богослужба и парастос за блаженоупокоениот игумен Јоаким Крчовски. Утре во 07.30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 09.00 света божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Канонизацијата во организација на Кумановско-осоговската епархија ќе се изврши во присуство на архиереите на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и голем број верници. Под канонизација се подразбира прибројување на нечија осветена личност во соборот на светите. -Спрегата што ја постигнал Јоаким Крчовски се опишува преку мислата – Знаењето без подвиг е филозофирање, а подвигот без знаење е идолопоклонство. Јоаким Крчовски и живеел, и проповедал, и учителствувал, и провестувал, и богослужел и бил богоугоден подвижник на самиот премин меѓу 18. и 19. век, а споменот и славата на неговиот свет живот општонародно се почитува и денес. Меѓу другото, тој е автор на првата книга отпечатена на народен македонски јазик во 1814 година. Книгите на Јоаким Крчовски се пишувани на разбирлив јазик за секој христијанин и затоа имале верна улога во верското и во моралното просветување, вели митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј во обраќањето во пресрет на канонизацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanonizacija-na-igumenot-joakim-krchovski-za-svetitel-i-vbrojuvanje-vo-diptihot-na-svetite/feed/ 0