Јоав Галант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 21:45:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јоав Галант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Галант: Хамас има само две опции – да умре или безусловно да се предаде https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-hamas-ima-samo-dve-optsii-da-umre-ili-bezuslovno-da-se-predade/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-hamas-ima-samo-dve-optsii-da-umre-ili-bezuslovno-da-se-predade/#respond Wed, 01 Nov 2023 21:45:29 +0000 https://kurir.mk/?p=895536

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Хамас има избор помеѓу „да умре или да се предаде безусловно“. Газа е под опсада и напад на израелските безбедносни сили откако палестинска милитантна организација Хамас изврши ненадеен ракетен и копнен напад врз еврејската држава на 7 октомври, земајќи како заложници стотици Израелци и странски државјани. - Непријателот има само две опции: да умре или безусловно да се предаде. Трета опција нема, рече Галант на прес-конференција во Тел-Авив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-hamas-ima-samo-dve-optsii-da-umre-ili-bezuslovno-da-se-predade/feed/ 0
Галант: Ова ќе биде долга војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-ova-ke-bide-dolga-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-ova-ke-bide-dolga-vojna/#respond Sat, 28 Oct 2023 19:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=894009

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека нема ниту еден момент да не размислува за заложниците што ги држи Хамас. - Во текот на последниот ден, напреднавме во нова фаза во војната. Силата на огнот ја потресе земјата во Газа и тоа е различно од сè што доживеа Хамас од неговото создавање, рече тој на заедничката прес конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. - Силите на ИДФ маневрираат на соодветните места и ги напаѓаат локациите на Хамас во моментов, над земја и под земја … Хамас трпи шокови што никогаш не ги претрпел, рече Галант. Според него, израелските сили во Газа ги добиваат сите разузнавачки информации и помошен оган што им се потребни, додавајќи дека операцијата е прецизна, смртоносна и исклучително моќна. Галант рече дека „има целосна верба“ во началникот на Генералштабот на ИДФ, шефовите на Шин Бет и Мосад и војниците на терен. Тој нагласи дека Израел не сака да ја прошири војната, но е подготвен ако некој друг се вклучи. Галант, исто така, рече дека земјата се грижи за резервистите, за луѓето кои живеат во близина на борбените области и оние кои ги напуштиле своите куќи. Осврнувајќи се на заложниците, Галант истакна дека Израел прави сè што може за да ги врати заложниците. - Тоа не е секундарна мисија, нагласи тој. - Да не се залажуваме, нашите непријатели не бараат хуманитарни решенија, рече Галант. Галант наведе дека колку посилно Израел го удира Хамас, толку се поголеми шансите Хамас да се согласи да ослободи заложници. - Ова нема да биде кратка војна. Ова ќе биде долга војна … Или ние или тие, рече израелскиот министер за одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-ova-ke-bide-dolga-vojna/feed/ 0
Израелскиот министер за одбрана предупредува дека војната против Хамас може да трае со месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-minister-za-odbrana-predupreduva-deka-vojnata-protiv-hamas-mozhe-da-trae-so-mesetsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-minister-za-odbrana-predupreduva-deka-vojnata-protiv-hamas-mozhe-da-trae-so-mesetsi/#respond Mon, 23 Oct 2023 08:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=892091

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, рече дека војната против Хамас може да трае „со месеци“ и дека тоа ќе биде последен судир со милитантната група од Газа, пренесуваат странските агенции. Галант во неделата разговараше со единиците собрани за очекуваната копнена инвазија на палестинската територија, која се подготвува како одговор на ненадејните напади на Хамас врз Израел од 7 октомври. „Тоа ќе трае еден месец, два месеци, три месеци, а на крајот нема да има повеќе Хамас“, рече Галант во воздухопловната база, чија локација не беше соопштена од Министерството за одбрана. „Пред Хамас да стапи во контакт со нашите тенкови и нашата пешадија, тие ќе се сретнат со гранати на нашите воздушни сили“, истакна тој. Галант додаде дека израелските воени авиони „знаат како да го направат тоа прецизно и смртоносно“ и нагласи дека „ова треба да биде последна војна во Газа, од едноставна причина што повеќе нема да има Хамас“. Израел, кој постојано ја нагласува својата желба да го елиминира Хамас од Газа, вели дека неговите воздушни напади се насочени кон командантите и инфраструктурата на Хамас. Министерството за здравство, кое го води Хамас, во неделата соопшти дека повеќе од 4.600 луѓе загинале во нападите, меѓу кои 1.873 деца. Нападите на Хамас преку границата се најголеми од создавањето на државата Израел, а во нив загинаа повеќе од 1.400 луѓе. (МИА) Фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-minister-za-odbrana-predupreduva-deka-vojnata-protiv-hamas-mozhe-da-trae-so-mesetsi/feed/ 0
Галант: Водиме војна за опстанок протрив „оската на злото“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-vodime-vojna-za-opstanok-protriv-oskata-na-zloto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-vodime-vojna-za-opstanok-protriv-oskata-na-zloto/#respond Fri, 13 Oct 2023 17:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=888641

Израел води сеопфатна војна против милитантите на Хамас за да постигне трајни промени и да ја заштити својата иднина како просперитетна демократија, изјави денеска израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, нарекувајќи го Хамас дел од „оската на злото“ со Иран. За време на прес-конференцијата со неговиот американски колега Лојд Остин, израелскиот министер беше прашан дали Техеран дал согласност за нападот на Хамас од Појасот Газа. -Не е важно, бидејќи идејата беше иранска, рече Галант. На седмиот ден од борбите, Галант рече дека палестинските цивили кои „сакаат да си ги спасат животите“ мора да го послушаат предупредувањето на Израел и да се евакуираат на југ од енклавата. Обединетите нации предупредуваат дека има хуманитарна криза од невидени размери. Галант одби да одговори на новинарско прашање дали Израел ќе го почитува 24-часовното предупредување за евакуација што беше издадено утринава. -Ова е војна за постоењето на Израел како просперитетна, демократска држава, дом на еврејскиот народ, рече тој. „Се бориме за нашиот дом. Се бориме за нашата иднина“, продолжи тој. -Патот ќе биде долг, но ви ветувам дека на крајот ќе победиме, заклучи Галант.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-vodime-vojna-za-opstanok-protriv-oskata-na-zloto/feed/ 0
Нетанјаху потврди дека Галант останува министер за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-potvrdi-deka-galant-ostanuva-minister-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-potvrdi-deka-galant-ostanuva-minister-za-odbrana/#respond Mon, 10 Apr 2023 19:53:57 +0000 https://kurir.mk/?p=822611

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва потврди дека Јоав Галант ќе остане министер за одбрана и истакна дека израелските безбедносни сили ќе се спротивстават на тероризмот на „сите фронтови“. „Во изминатите денови, ние (Нетанјаху и Галант) работевме на сите фронтови соочени со повеќе предизвици. Има сериозни разлики меѓу нас, но решив да ги оставам зад нас. Галант останува на функцијата министер за одбрана и ние ќе продолжиме да соработуваме заради безбедноста на граѓаните на Израел“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање до јавноста. Израелскиот лидер го разреши Галант на 26 март, еден ден откако министерот за одбрана се изјасни против контроверзниот план за реформирање на судскиот систем на земјата. Одлуката за смена на Галант предизвика бран спонтани масовни протести и генерален штрајк што се закануваше да ја парализира земјата, принудувајќи го Нетанјаху да го суспендира планот за реформи. По изјавата на Нетанјаху, Галант на Твитер објави дека ќе продолжат да соработуваат „со полна сила за безбедноста на Израел“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-potvrdi-deka-galant-ostanuva-minister-za-odbrana/feed/ 0
Израелски министер се закани дека се изброени деновите на лидерот на Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-minister-se-zakani-deka-se-izbroeni-denovite-na-liderot-na-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-minister-se-zakani-deka-se-izbroeni-denovite-na-liderot-na-hamas/#respond Wed, 21 Nov 2018 14:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=130467

Израелскиот министер за градежништво и домувањето Јоав Галант се закани со убиство на лидерот на палестинското исламистичко движење Хамас, кое управува со Појасот Газа, пренесува БТА.. Галант предупреди дека се подготвува нова „голема кампања”, во која Израел ќе нанесе сериозен удар на екстремистите од Хамас. Министерот, кој е поранешен генерал на израелската армија и кој командувал со израелските сили во Појасот Газа, изјави дека лидерот на Хамас Јахија Синуар треба да ги преиспита своите постапки за да не се сретне повторно со израелската армија. – Деновите на Јахија Синуар се изброени, тој нема да умре во дом за стари лица, и тој мора да се однесува соодветно, рече Галант на прес-конференцијата организирана од страна на „Ерусалим пост“. Меѓународната заедница стравуваше дека Израел и Хамас се на работ да започнат четврта меѓусебна војна во рок од една деценија, но со помош на Египет и Обединетите нации беше договорен прекин на огнот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека моментот е несоодветен за поголем конфликт со Хамас и беше критикуван за договорот за прекин на огнот постигнат со Палестинците. Министерот за одбрана Авигдор Либерман поднесе оставка во знак на протест и го обвини премиерот Нетанјаху дека спроведува премногу мека политика кон терористите. Либерман, исто така, ја повлече неговата партија „Нашиот дом Израел” од коалициската Влада на Нетанјаху, со што мнозинството пратеници драстично се намали. Со силен Хамас и со население одлучно на отпор, нова војна во Газа би била поголема катастрофа за израелската Влада и Нетанјафу е многу свесен за тоа, коментира „Ал Џезира“. Телевизијата оценува дека најголем регионален приоритет на Нетанјаху е спротиставување на Иран и неговите сојузници. Оттаму, Газа без конфликт овозможува сузбивање на иранското влијание во Појасот Газа и фокусирање на вниманието на најголемиот проект на Нетанјаху – спротиставување на Иран на остатокот на Блискиот исток, наведува „Ал Џезира“. Израелскиот премиер се обидува да го зајакне антииранскиот фронт на Блискиот исток преку воспоставување сојуз со арапските заливски држави, најмногу Саудиска Арабија, и со САД и постигнување „конечен договор“. Тој договор предвидува наметнување на одреден облик на територијално решение на палестинското прашање и целосно нормализација на односите со арапските држави, со цел дополнително изолирање на Иран во регионот, наведува „Ал Џезира“. По посетата на Оман, израелски извори тврдат дека во тек се интензивни контакти со друга муслиманска земја каде Нетанјаху би заминал во официјална посета. Тие извори тврдат дека таа држава нема дипломатски односи со Израел, но дека во преговорите е направен значителен напредок, поради што се очекува набрзо Нетанјаху да ја посети таа земја, јавува Израелското државно радио. Влијателниот американски рабин Марк Шнајер, основач и претседател на Фондацијата за етничко разбирање, непрофитна организација која се фокусира на подобрување на муслиманско-еврејските односи, изјави дека неодамна посетил некои од арапските заливски земји и при тоа забележал промена во нивните ставови кон Израел. Во минатото тие држави тврделе дека официјални односи со Израел ќе воспостават само по мировен договор со палестинците, додека сега велат дека е доволен и почеток на преговори. Шнајер тврди дека прва ќе биде Бахреин која ќе воспостави дипломатски односи со Израел, а потоа ќе следуваат и други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-minister-se-zakani-deka-se-izbroeni-denovite-na-liderot-na-hamas/feed/ 0