јоханес хан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 18:40:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јоханес хан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хан: Реално остварливо е Северна Македонија да ѝ се приклучи на ЕУ во следните неколку години, но да се даде точен датум е несериозно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-realno-ostvarlivo-e-severna-makedonija-da-se-prikluchi-na-eu-vo-slednite-nekolku-godini-no-da-se-dade-tochen-datum-e-neseriozno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-realno-ostvarlivo-e-severna-makedonija-da-se-prikluchi-na-eu-vo-slednite-nekolku-godini-no-da-se-dade-tochen-datum-e-neseriozno/#respond Fri, 15 Sep 2023 18:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=878517

Еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан смета дека е реално остварливо Северна Македонија да ѝ се приклучи на Европската Унија во следните неколку години, но дека е несериозно да се даде точен датум. Во интервју за ТВ Телма, тој вели дека прашањето „кога“ е чувствителна форма, затоа што тоа секако зависи од напредокот кој државите го остваруваат. - Тоа што е јасно, тоа што сѐ уште е валидно, и ќе биде и во иднина, е дека целиот процес е заснован на заслуги. Тоа значи дека ако државата исполнува, треба да ги добие и заслугите за тоа. Затоа не чекаме сите да бидат подготвени за пристапување, туку ако некоја држава порано биде подготвена, тогаш така треба да биде. Во случајот со Северна Македонија, таков е впечатокот кој го добив и по денешните дискусии, исто така и сите информации кои ги слушнав и прочитав, Северна Македонија постигнала прилично голем напредок на нејзиниот пат кон ЕУ. Затоа, мислам дека треба да бидеме оптимисти, мислам дека е реално остварливо Северна Македонија да ѝ се приклучи на Унијата во следните неколку години. Но, да се даде точен датум е несериозно, изјави Хан. Прашан кој повеќе потфрли во девизата „ако вие испорачате и ние ќе испорачаме“, Хан во интервјуто одговори дека „никој не е совршен“ и дека „ги критикува и земјите членки“. - Мислам, никој не е совршен, јас исто така ги критикувам и нашите членки, бидејќи навистина имаше ситуации кога Северна Македонија го заврши својот дел, и тоа не беше адекватно почестено. Но, ќе повторам, тоа е начин кој сѐ уште не е комплетен, и мислам дека не треба да ги набројуваме индивидуалните неуспеси, или како и да е, мислам дека секогаш треба да гледаме напред. Ако го погледнеме севкупниот развој изминативе неколку години, има јасен напредок, јасна насока, јасна поддршка, исто така има и силна поддршка и во земјата, и ние треба тоа да го надградиме, посочи Хан. За тоа, со кои аргументи сега би ги убедиле граѓаните за повторна отстапка за уставните измени, Хан рече дека генералните околности се значително променети, и дека постои моментум и подготвеност, посочувајќи дека сега има голема посветеност од претседателката на ЕК и силна поддршка од претседателот на Европскиот совет за проширувањето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-realno-ostvarlivo-e-severna-makedonija-da-se-prikluchi-na-eu-vo-slednite-nekolku-godini-no-da-se-dade-tochen-datum-e-neseriozno/feed/ 0
Милошоски: ЕУ комесарот Хан „баш го брига“ за Катица со која се фалеше дека остварувал добри средби (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-eu-komesarot-han-bash-go-briga-za-katica-so-kogo-se-faleshe-deka-ostvaruval-dobri-sredbi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-eu-komesarot-han-bash-go-briga-za-katica-so-kogo-se-faleshe-deka-ostvaruval-dobri-sredbi-foto/#respond Fri, 19 Jun 2020 08:33:30 +0000 https://kurir.mk/?p=359737

Пратеникот Антонио Милошоски на својот Твитер пишува дека од денешна гледна точка ЕУ комесарот Хан баш го брига за Катица Јанева со кого оствари средба во 2016 година кога се пофали дека имал „Убава средба“. -Од денешна гледна точка ЕУ комесарот Хан "баш го брига" (цитат Р.Мерко) и за Катица Јанева, и за пресудата, за селективната правда, рекетирањето, за тоа каде се парите, и за пуштениот убиец на Мартин Нешковски, за уцените од Бугарија, и за проблемите со кои се соочува Македонија!, пишува Милошоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-eu-komesarot-han-bash-go-briga-za-katica-so-kogo-se-faleshe-deka-ostvaruval-dobri-sredbi-foto/feed/ 0
Хан: Фон дер Лајен бара геополитичко позиционирање на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/han-fon-der-lajen-bara-geopolitichko-pozicioniranje-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/han-fon-der-lajen-bara-geopolitichko-pozicioniranje-na-eu/#respond Mon, 02 Dec 2019 08:31:36 +0000 https://kurir.mk/?p=272003

Поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер беше заинтересиран за финансиски и економски прашања, а Урсула фон дер Лајен за геополитичко позиционирање на ЕУ, нагласува новиот европски комесар за финансии Јоханес Хан. Хан, кој е во неговиот трет мандат како еврокомесар, во интервју за виенскиот весник „Кронен Цајтунг“, истакна дека го поддржува патот „од оној што плаќа, до глобален играч“. Еврокомесарот од Австрија е надлежен за буџетот на ЕУ и директно поднесува извештаи до претседателот на Европската комисија. Хан ги отфрли тврдењата дека бирократскиот апарат за кој бил одговорен „голтал“ големи суми на пари. „Ова е еден од многуте митови што постојат околу ЕУ. Севкупно, административните и трошоците за вработените, вклучувајќи ги и тековните исплати, како што се кирии и пензии, изнесуваат само 6,7 проценти од буџетот“, рече тој. Тој додаде дека при утврдувањето на нов буџет се работи на  политичките фокуси што носат „европска додадена вредност“ што земјите не можат поединечно да ги постигнат. Зборувајќи за тешките преговори што претстојат со земјите членки на ЕУ, осврнувајќи се на Австрија, тој рече дека разликата помеѓу тоа што сака Комисијата и она што Австрија го замислува е нешто што го чини секој австриски граѓанин 10 центи на ден. На прашањето зошто ЕУ треба да го има истиот буџет по заминувањето на Велика Британија, и дали не станува збор за логично намалување, Хан рече дека таков  став застапуваат одделни држави како Австрија. „Повеќе од 20 земји-членки се на мислење дека буџетот треба да остане на нивото предложено од Европската комисија. Задачите остануваат исти и примивме нови, и затоа мора да најдеме разумен компромис“, рече тој. Тој посочи, на пример, дека трошоците за управување со миграцијата и за заштита на надворешните граници, за кој се залагаше особено Австрија, во буџетот за 2021 до 2027 година изнесувале вкупно 34,9 милијарди евра, што е скоро три пати повеќе во споредба со последниот повеќегодишен буџет. Тој исто така додаде дека заштитата на климата ќе бара повеќе трошоци, вкупно 320 милијарди евра, што е за 60 милијарди повече од порано. Хан потенцира дека треба да се знае дека 80 проценти од буџетот се враќа во земјите-членки, кои сами управуваат со парите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/han-fon-der-lajen-bara-geopolitichko-pozicioniranje-na-eu/feed/ 0
Хан: Не сакам да подгревам надежи за одлука за преговори во март https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-ne-sakam-da-podgrevam-nadezi-za-odluka-za-pregovori-vo-mart/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-ne-sakam-da-podgrevam-nadezi-za-odluka-za-pregovori-vo-mart/#respond Tue, 12 Nov 2019 09:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=262951

Еврокомесарот Јоханес Хан не сака одново да ги подгрева надежите дека е можно Европската унија наскоро да донесе одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија и со Албанија. -Факт е дека до Самитот во Загреб во мај работите мора да бидат расчистени, но не би сакал да шпекулирам дали одлука ќе се донесе на Европскиот совет во март, вели комесарот Хан во разговорот со новинарот од „360 Степени“ и додава: „Беше интересно и за оние што беа критични и ставија вето, да ја видат меѓународната реакција, која беше јасна и едногласна реакција- сите рекоа дека станува збор за огромна грешка со далекусежни последици, ако не се промени. Секако, за политичарите не е секогаш лесно веднаш да го променат мислењето, но мислам дека се предизвикаа одредени рефлексии и ние сме подготвени да помогнеме и да најдеме решение зашто огромен дел од земјите-членки, поточно најмалку 25, се за „зелено светло“ за почеток на пристапни преговори“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-ne-sakam-da-podgrevam-nadezi-za-odluka-za-pregovori-vo-mart/feed/ 0
Најави ли Хан дека Македонија ќе преговара 30 години? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najavi-li-han-deka-makedonija-kje-pregovara-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najavi-li-han-deka-makedonija-kje-pregovara-30-godini/#respond Thu, 24 Oct 2019 20:50:22 +0000 https://kurir.mk/?p=255816

Најави ли еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, дека Македонија ќе преговара три децении? Во интервју за австриската новинска агенција, АПА, Хан дури ја отвори и можноста по поразот во Унијата на тема проширување, француското вето да биде и трајно вето. Потенцира дека преговорите на новите членки би отпочнале дури по реформите во процесот, а потоа следуваат и самите преговори, анализира АЛФА. „И едното и другото ќе траат со години и ако ја следиме линијата на Макрон, и би се одело едно по друго, тоа во пракса би значело дека перспективата за членство во ЕУ може да стане реалност дури по 30 години“ – изјави Хан за АПА. На дебаклот на Заевата влада со датумот, му претходеа и неколку признанија, кои го објаснија она што мнозинството граѓани и онака го знаеше. Едно од нив беше и од претседателот Пендаровски, кој буквално призна дека го смениле името за датум од ЕУ, а по него и Заев кој почуствува силна горчина и посака да му кажеле пред да го смени името на државата. Познавачите на состојбите, велат дека владата покажа огромно непознавање на надворешната политика. Професорот и поранешен амбасадор, Јован Донев, за Алфа вели дека Собраниска комисија треба да ги утврди грешките и некој да одговара за срамот на државата. „Да видиме што ни направи извршната власт, зошто се девалвиравме како држава, зошто сменивме име, а не добивме ни датум. Тоа е многу сериозно прашање за да така преку него се помине и ке продолжиме така нели. Ние ќе се молиме, ко денеска, Заев вели ова ни враќа надеж. Ти можеш да се надеваш колку сакаш, но ако твојата дипломатија не работи, што со тоа? Тоа е невозможно однесување!“ – посочи проф. д-р Донев во емисијата „Што не е јасно?“ Се отвора и прашањето – ќе се бара ли одговорност и за некоректното, нејасно референдумско прашање, кое нудеше членство во ЕУ и НАТО во замена за промена на уставното име, изјаснување кое и покрај ваквите политички игри заврши неуспешно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najavi-li-han-deka-makedonija-kje-pregovara-30-godini/feed/ 0
Хан на Твитер: ЕУ не додели датум за преговори со Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-na-tviter-eu-ne-dodeli-datum-za-pregovori-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-na-tviter-eu-ne-dodeli-datum-za-pregovori-so-makedonija/#respond Fri, 18 Oct 2019 12:17:02 +0000 https://kurir.mk/?p=253433

Лидерите на Европската Унија не постигнаа договор за доделување датум за почеток на преговори со Македонија и со Албанија, објави еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“. Тој наведува дека тоа може да има негативни последици, вклучително и ризик од дестабилизација во регионот на Западен Балкан. „Лидерите на ЕУ не успеаја да ја исполнат својата посветеност за отворање на преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија“, напиша Хан.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-na-tviter-eu-ne-dodeli-datum-za-pregovori-so-makedonija/feed/ 0
Хан сака повеќе пари од жителите на ЕУ: Во просек колку за едно испиено кафе дневно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/han-saka-povekje-pari-od-zitelite-na-eu-vo-prosek-kolku-za-edno-ispieno-kafe-dnevno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/han-saka-povekje-pari-od-zitelite-na-eu-vo-prosek-kolku-za-edno-ispieno-kafe-dnevno/#respond Sun, 15 Sep 2019 19:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=241052

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но во неговата родна земја, Австрија, Народната партија (ОВП) на поранешниот премиер Себастијан Курц, од која и самиот доаѓа, не сака да плаќа за буџетот на Унијата. Постојат одредени задачи што треба да ги исполниме, а земјите членки ги бараат. Фокусот е ставен на заштита на надворешната граница и создавање на ефективна агенција за заштита на границата со околу 10.000 луѓе. Тоа не може да се направи без пари – изјави Хан во интервју за виенскиот весник „Естерајх“. Еврокомесарот истакна дека ваквите дополнителни задачи ќе чинат и дека нацрт-буџетот предвидува сè, како тие желби, така и излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Ако дополнителните трошоци се споредат со населението, тогаш тоа значи, дека по жител дополнителнот трошок ќе биде во висина на едно испиено кафе дневно – објасни Хан, кој е уверен дека ќе се постигне компромис по ова прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/han-saka-povekje-pari-od-zitelite-na-eu-vo-prosek-kolku-za-edno-ispieno-kafe-dnevno/feed/ 0
Три дена по случајот Рекет кој ја стресе Македонија се огласи Хан на Твитер- еве што им порача на учесниците во рекетирањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-dena-po-sluchajot-reket-koj-ja-strese-makedonija-se-oglasi-han-na-tviter-eve-shto-im-poracha-na-uchesnicite-vo-reketiranjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-dena-po-sluchajot-reket-koj-ja-strese-makedonija-se-oglasi-han-na-tviter-eve-shto-im-poracha-na-uchesnicite-vo-reketiranjeto/#respond Sun, 11 Aug 2019 07:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=228492

Три дена по откривањето на начинот на кој се одвивал рекетот од страна на Боки 13 се огласи и комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан. Тој вчера беше повикан од германската политичарка Дорис Пак да преземе нешто во случајот во кој се вмешани и Катица Јанева и Зоран Заев, а утринава истото го направи и весникот „Ла Верита“ кој три дена по ред ги објавуваше видео снимките од изнудувањето на рекетот. -Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, напиша Хан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-dena-po-sluchajot-reket-koj-ja-strese-makedonija-se-oglasi-han-na-tviter-eve-shto-im-poracha-na-uchesnicite-vo-reketiranjeto/feed/ 0
Мицкоски- Хан: Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава и ја подриваат правната држава загрозувајќи ја и европската иднина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-han-serioznite-skandali-go-rushat-kredibilitetot-na-zemjava-i-ja-podrivaat-pravnata-drzava-zagrozuvajkji-ja-i-evropskata-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-han-serioznite-skandali-go-rushat-kredibilitetot-na-zemjava-i-ja-podrivaat-pravnata-drzava-zagrozuvajkji-ja-i-evropskata-idnina/#respond Thu, 25 Jul 2019 10:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=222503

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, закочените европски интеграции и политичкиот дијалог во земјава, информираат од партијата. Претседателот Мицкоски изрази загриженост поради застојот во европските интеграции и недобивањето на датум за преговори. Мицкоски ја истакна и загриженоста поради отсуството на волја кај владата во справувањето со  растечкиот криминал, скандалите и висока корупција која е присутна во највисоките ешалони на власта. -Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава и ја подриваат правната држава загрозувајќи ја и европската иднина, повлече Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека немањето на волја за справување со корупцијата и сомнежите за криминал се гледа и во предлог законот на премиерот Заев за организирање на обвинителството каде наместо непристрасна борба против корупцијата се нудат решенија кои ќе бидат алатка за политички притисоци и заштита на криминалот. Мицкоски ги истакна забелешките на предлог законот за обвинителство посочувајќи дека ниту еден криминал не смее да остане имун на правдата и дека на тој план не се потребни компромиси. Во однос на европската перспектива на земјава Мицкоски посочи дека граѓаните не треба да бидат казнети поради лошите политики на неодговорната власт и затоа ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребно да се додели датум за преговори со Европската Унија што би било и дополнителен механизам за контрола на власта. Воедно Мицкоски истакна дека услов за нова лидерска средба и дијалог со власта за повеќе прашања е одредување на датум за предвремени парламентарни избори како начин за враќање на процесите на вистинскиот правец и обезбедување на европска иднина за Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ги цени напорите и заложбите на Европската Унија за напредок на земјава и нејзиното инсистирање за реформи кои ќе бидат за добробит на граѓаните на Република Македонија. Тој посочи дека европската иднина на државата е единствената алтернатива за вистински напредок и низ еден партнерски однос со Унијата економски и политички да се унапредува нашето општество. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-han-serioznite-skandali-go-rushat-kredibilitetot-na-zemjava-i-ja-podrivaat-pravnata-drzava-zagrozuvajkji-ja-i-evropskata-idnina/feed/ 0
Хан: Мора да покажете нула толеранција кон корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-mora-da-pokazete-nula-tolerancija-kon-korupcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-mora-da-pokazete-nula-tolerancija-kon-korupcijata/#respond Thu, 25 Jul 2019 08:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=222436

Во Скопје дојдов да дискутирам за реформите со политичките лидери особено за владеењето на правото и правосудството. Сите политички сили треба да се фокусираат на стратегиската цел – евроатланските интеграции, порача еврокомесарот Јоханес Хан по средбата со премиерот Зоран Заев. Тој испрати порака дека земјава е блиску до датум за преговори, мора сите да се фокусираат на добивање на датум за преговори, но и да се расчистат корупциските случаи. На владата ѝ порача оти мора да се продолжи со реформите. – Важно е да продолжите да испорачувате реформи. Да се покаже нула толеранција кон корупцијата. ЕУ членките го следат овој процес одблиску, пред сѐ, владеењето на правото – рече Хан. За опозицијата рече дека треба да се пофали што е конструктивна во Собранието, а на прашањето што ќе ѝ порача во средбата која ќе следи денеска тој одговори дека мора да се најде решение за Законот за обвинителство. – Можам да ги поттикнам што е поскоро да дојдат до решение. За нас има неколку црвени линии најважната е дека за секое решение мора да се земе предвид дека не може во транзициската фаза да се изгубат случаи. Никој не смее да биде амнестиран од целиот процес поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Тоа мора да се загарантира, така ние го гледаме владеењето на правото – рече Хан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-mora-da-pokazete-nula-tolerancija-kon-korupcijata/feed/ 0