Јордан Ѓоргиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Apr 2022 11:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јордан Ѓоргиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Се чувствувам виновен и се каам“ – го призна делото возачот кој ја прегази Викторија Николова кај Сити мол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-chuvstvuvam-vinoven-i-se-kaam-go-prizna-deloto-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-kaj-siti-mol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-chuvstvuvam-vinoven-i-se-kaam-go-prizna-deloto-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-kaj-siti-mol/#respond Wed, 06 Apr 2022 09:33:50 +0000 https://kurir.mk/?p=659118

Јордан Ѓоргиев, возачот кој во сообраќајна несреќа кај Скопје Сити Мол ја усмрти Викторија Николова на пешачки премин, денеска призна вина во Основниот кривичен суд. -Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието. Јасно ми е дека ќе ми следи санкција. Јасно ми е дека и ќе треба да платам оштетно побарување во иднина, рече 23-годишниот Ѓоргиев. Потоа по признанието на вината Ѓоргиев седна на обвинителното столче и гледаше надолу додека чекаше сите вклучени во постапката да се изјаснат. Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди. Според обвинението, Ѓорѓиев возел со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, не застанал иако видел дека има пешаци и ја прегазил Викторија. Она што е познато од денешното рочиште е тоа што семејството Николови нема да бара имотно-правни побарувања бидејќи тоа ќе го оствареле преку осигурителна компанија, додека Леонид Даов, момче на починатата Викторија, ќе бара имотно правно побарување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-chuvstvuvam-vinoven-i-se-kaam-go-prizna-deloto-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-kaj-siti-mol/feed/ 0