Јоргос Герапетритис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 18:58:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јоргос Герапетритис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Герапетритис: Пристапниот процес на земјите од регионот во ЕУ треба да продолжи за доброто на сите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gerapetritis-pristapniot-protses-na-zemjite-od-regionot-vo-eu-treba-da-prodolzhi-za-dobroto-na-site/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gerapetritis-pristapniot-protses-na-zemjite-od-regionot-vo-eu-treba-da-prodolzhi-za-dobroto-na-site/#respond Fri, 22 Sep 2023 18:50:39 +0000 https://kurir.mk/?p=880777

Поддршката на Грција за ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, уште еднаш ја повтори шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис од Њујорк во изјава за државната телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Герапетритис се осврна на активностите на грчката делегација на Генералното собрание на ОН и истакна дека имале значајни средби и на регионално ниво, како што е состанокот за земјите од Југоисточна Европа и истакна дека ЕУ перспективата на регионот носи придобивки за сите. -Грција секогаш останува во првите редови за активирање на сите можни механизми за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Пристапен процес кој треба да продолжи за доброто и просперитет на регионот, на Европа и на народите од земјите од Југоисточна Европа, истакна шефот на грчката дипломатија. За односите со Турција, Герапетритис рече дека во пресрет на 7 декември, кога ќе се одржи Високиот совет меѓу двете земји во Солун, очекуваат позитивни и конкретни резултати за развојот на билатералните односи, на регионален просперитет и развој на поширока соработка. На Генерално собрание на Обединетите нации, Грција ја промовира и својата кандидатура за учество како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за 2025-26 година и во овој контекст, Герапетритис за ЕРТ објасни дека имале низа средби, мултилатерални, регионални и билатерални.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gerapetritis-pristapniot-protses-na-zemjite-od-regionot-vo-eu-treba-da-prodolzhi-za-dobroto-na-site/feed/ 0
Средба Османи-Герапетритис: Грција со поддршка за забрзана интеграција на Македонија во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-osmani-gerapetritis-grtsija-so-poddrshka-za-zabrzana-integratsija-na-makedonija-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-osmani-gerapetritis-grtsija-so-poddrshka-za-zabrzana-integratsija-na-makedonija-vo-eu/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:08:30 +0000 https://kurir.mk/?p=855845

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на учеството на Самитот на НАТО во Вилнус, денеска имаше средба со шефот на дипломатијата на Грција Јоргос Герапетритис. Во фокус на првиот состанок меѓу двајцата министри беа билатералните односи и перспективата на зајакната секторска соработка на двете соседни држави и партнери. Во тој контекст, беше издвоена соработка во енергетиката и гасното поврзување, соопшти МНР. За европската иднина на Северна Македонија и останатите земји од Западниот Балкан, беше потенцирана поддршката и јасните позиции на официјална Атина во таа насока. - Грција продолжува да биде цврст партнер на нашата земја и регионот во напорите за што поскоро и успешно завршување на пристапниот процес за членство во Европската унија, за што ја пренесов нашата благодарност, истакна Османи на средбата. Нагласувајќи ја важноста на Договорот од Преспа за севкупната динамика на односите, беше нагласена потребата за дополнителен заеднички ангажман за исполнување на договореното од Акцискиот план за интензивирање и збогатување на соработката, како и вложување напори за ратификација на преостанатите потпишани документи меѓу двете држави. И од грчкото МНР, преку Твитер, соопштија дека Герапетритис и Османи имале „плодна дискусија за зајакнување на билатералните односи, вклучително и целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа и за ЕУ перспективата на Западен Балкан“. Ова е прва средба на Османи со Герапетритис, кој неодамна ја презеде функцијата шеф на дипломатијата во новата грчка Влада. Двајцата министри минатата недела имаа телефонски разговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-osmani-gerapetritis-grtsija-so-poddrshka-za-zabrzana-integratsija-na-makedonija-vo-eu/feed/ 0