Јоргос Каминис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Jun 2018 06:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јоргос Каминис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градоначалникот на Атина денеска во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-atina-deneska-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-atina-deneska-vo-skopje/#respond Fri, 22 Jun 2018 06:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=68410

Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис на покана на неговиот скопски колега Петре Шилегов, денеска ќе го посети Скопје за да присуствува на дел од настаните што се организираат во рамки на одбележувањето на 55 - годишнината од земјотресот во Скопје. - Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис на 22 јуни ќе биде во Скопје, по покана на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за да присуствува на одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година и одлучувачкиот придонес и на грчки научници и експерти во повторната изградба на градот, соопштија од кабинетот на Каминис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-atina-deneska-vo-skopje/feed/ 0
Средба на премиерот Заев со градоначалникот на Атина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-premierot-zaev-so-gradonachalnikot-na-atina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-premierot-zaev-so-gradonachalnikot-na-atina/#respond Fri, 27 Apr 2018 15:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=47119

Чекорите на градење доверба, како што е денеска потпишаниот договор за соработка меѓу Скопје и Атина, се историски чекори на поставување мостови за соработка, што е од помош и за политичкиот процес што се води на меѓувладино ниво, се согласија на денешната средба премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис. - Одговорни сме за иднината на сегашните, но и на идните генерации и треба да ги развиваме нашите пријателски односи. Скопје е најголем град во нашата држава, ќе биде од значење размената на искуства меѓу нашиот главен град и Атина во делот на позитивни практики на менаџирањето, рече премиерот Заев, соопштија од владината прес-служба. Градоначалникот на Атина, Каминис, се наведува, изрази разбирање за евро-атлантските аспирации на државава. Тој додаде дека е отворен прозорец на можности за владите на двете земји да најдат решение за отвореното билатерално прашање. - Грција е една од најстарите земји членки на НАТО и на ЕУ и мора да биде лидер во обезбедувањето евро-атлантска иднина за целиот регион. Работиме и на клучните реформски процеси, градиме едно општество за сите граѓани и ќе направиме се што е до нас, да биде најдено заеднички прифатливо решение. Во меѓувреме, добро е што постои политичка волја, ќе ја зајакнуваме довербата, меѓусебната соработка и добрососедските односи, додаде премиерот Заев. На средбата, на која присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на Владата на Република Македонија, Заев  и градоначалникот на Атина, Каминис се согласија и дека Балканот мора да остане стабилен и дека тоа е можно со чиста визија на лидерите и на владите, но и на другите политички субјекти во државите и општествени чинители, кон каде се оди, стои во соопштението. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-premierot-zaev-so-gradonachalnikot-na-atina/feed/ 0
Градоначалникот на Атина денеска и утре во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-atina-deneska-i-utre-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-atina-deneska-i-utre-vo-skopje/#respond Thu, 26 Apr 2018 06:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=46243

Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис денеска и утре ќе престојува во посета на Скопје и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе потпишат спогодба за соработка меѓу двата главни града. Станува збор за возвратна посета, откако скопскиот и атинскиот градоначалник се сретнаа во Атина на почетокот на февруари. Веднаш по средбата на Каминис и Шилегов, атинскиот градоначалник во интервју за МИА го најави потпишувањето на меморандумот за соработка при посетата на Скопје. Тогаш, Каминис рече дека со Шилегов, ги поврзува и нивната политичка ориентација, и двајцата се социјалдемократи, но најважно од сѐ е волјата за соработка. - Време е подобро да се запознаеме беше порака што атинскиот градоначалник, преку интервјуто за МИА, ја испрати до македонските граѓани по средбата со неговиот колега од град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-na-atina-deneska-i-utre-vo-skopje/feed/ 0
Каминис: Скопје и Атина можат добро да соработуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaminis-skopje-i-atina-mozat-dobro-da-sorabotuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaminis-skopje-i-atina-mozat-dobro-da-sorabotuvaat/#respond Thu, 08 Feb 2018 09:17:10 +0000 http://kurir.mk/?p=19459

Строго ќе се ограничиме на нашата улога, на соработката на двата градови, за да испратиме порака дека соработка со градот Скопје е најдоброто нешто што можеме да го направиме во овие околности, вели атинскиот градоначалник во пресрет на средбата со неговиот скопски колега. Говорејќи за радиото Тема 104.6, Јоргос Каминис, отфрла секаква можност со Петре Шилегов да разговараат за политичките случувања и разговорите за името. - Одлучив да го поканам сега, токму за да испратиме порака дека градовите можат да соработуваат, можеме да ги разменуваме нашите искуства, можеме да соработуваме на илјада полиња и така да покажеме дека барем на ниво на ниска политика, и сакам да го потенцирам ова, на ниво на ниска политика, Скопје и Атина, а соодветно и двете земји, можат мирно да коегзистираат, вели атинскиот градоначалник и објаснува дека со неговиот скопски колега ќе разговараат за социјална заштита, социјална култура, иновации и слично. Во интервјуто за радиото, Каминис открива дека наскоро ќе ја возврати посетата и со Шилегов ќе се сретне во Скопје, јавува дописникот на МИА од Атина. Во однос на моментумот што постои за изнаоѓање решение на проблемот со името, атинскиот градоначалник, коментира дека треба да се искористи можноста. - Верувам дека е отворен прозорец на можност и верувам дека, како што е случај со кипарското прашање, ако секој прозорец на можност што се отвора усвојуваме бескомпромисни позиции, следниот прозорец е секогаш помал. Јоргос Каминис во ноември мината година беше еден од кандидатите за претседател на новата централно- левичарска партија што се формираше во Грција, за чиј лидер беше избрана Фофи Генимата. Атинскиот градоначалник, како член на политичкиот совет на Движење за промени, коментира што новата партија би направила доколку евентуалното решение дојде во грчкиот Парламент. Каминис вели дека се зависи од тоа каков ќе биде договорот, бидејќи сега, сѐ уште е во тек дипломатскиот процес. - Постојат предлозите на Нимиц, тие содржат некои точки кои не може да ги прифати Грција, на маса се, ќе разговараме и ако дојде договор што ќе ги задоволува основните работи, односно, прашањата со иредентизмот, сложеното име и тогаш мислам дека е нешто што треба многу сериозно да размислиме и доколку се исполнуваат предусловите да помогнеме за да се реши ова прашање, вели атинскиот градоначалник за радиото Тема 104.6, пренесува МИА. Јоргос Каминис и Петре Шилегов, ќе се сретнат утре во 10 часот по локално време, во зградата на општина Атина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaminis-skopje-i-atina-mozat-dobro-da-sorabotuvaat/feed/ 0