Јоргос Катругалос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Mar 2019 07:40:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јоргос Катругалос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Картугалос: Преименување на Аја Софија е навреда за Христијаните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kartugalos-preimenuvanje-na-aja-sofija-e-navreda-za-hristijanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kartugalos-preimenuvanje-na-aja-sofija-e-navreda-za-hristijanite/#respond Tue, 26 Mar 2019 07:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=178841

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос по повод изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за можноста Аја Софија, која е музеј да се пренамени во џамија, ја оцени како навреда не само за христијаните туку и на меѓународната заедница. -Секој спор за овој статус не е само навреда за христијанските чувства, туку и навреда на меѓународната заедница и меѓународното право. Сакаме да се надеваме дека исправните изјави на турското раководство од 16 март ќе се применат и нема да има промена на нејзиниот статус, посочи Картугалос. Тој додаде дека Аја Софија со векови била најголема христијанска црква и оти е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство. Византиската црква Света Софија е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на Отоманското царство. Потоа во 1935 година е претворена во музеј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kartugalos-preimenuvanje-na-aja-sofija-e-navreda-za-hristijanite/feed/ 0
Мини реконструкција во грчката Влада: Катругалос нов шеф на дипломатијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mini-rekonstrukcija-vo-grchkata-vlada-katrugalos-nov-shef-na-diplomatijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mini-rekonstrukcija-vo-grchkata-vlada-katrugalos-nov-shef-na-diplomatijata/#respond Fri, 15 Feb 2019 12:03:54 +0000 https://kurir.mk/?p=164336

Досегашниот алтернативен министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос е именуван за нов шеф на грчката дипломатија, соопшти портпаролот на Владата во Атина и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос. Катругалос доаѓа на местото на Алексис Ципрас, кој досега освен премиер, беше и министер за надворешни работи. Како што јави дописничката на МИА од Атина, со оваа мини реконструкција, извршени се вкупно шест промени во грчката Влада. – По успешното завршување на процедурите за стапување во сила на Договорот од Преспа, премиерот, како што и самиот изјави, смета дека не е потребно да го задржи ресорот во Министерството за надворешни работи, рече Ѕанакопулос. На местото Катругалос, нов алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европска политика е Сиа Анагностопулу, пратеничката од СИРИЗА која беше и известувач за нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа, кога беше донесен во грчкиот Парламент. Од другите промени во грчката Влада, на местото на заменик министерката за внатрешни работи надлежна за Македонија и Тракија, Катерина Нотопулу, која е кандидат за градоначалник на СИРИЗА за Солун, доаѓа Елефтерија Хаѕигеоргиу. Нов заменик министер за труд и социјална заштита е Консантинос Баркас, кој ќе го наследи Насос Илиопулос, кој заминува од функцијата за да биде кандидат на СИРИЗА за градоначалник на Атина. Промени има и во Министерството за транспорт и инфраструктура каде што нов заменик е Танос Мораитис, како и во Министерството за миграциска политика, каде, исто така, на позицијата заменик министер доаѓа Ангелос Толкас. Свечената заклетва на новите членови на Владата, како што соопшти Ѕанакопулос, ќе се одржи в понеделник, откако грчкиот премиер ќе се врати од Германија. Ципрас, попладнево заминува за Минхен, каде ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција. Во Грција беше прашање на време кога ќе биде извршена мини реконструкцијата на Владата, од причина што двајца заменици министри се кандидати за градоначалници на СИРИЗА на локалните избори и беше неопходно да се пополнат празните места. Од друга страна и финализирањето на Договорот од Преспа, навестуваше дека Ципрас ќе ја напушти министерската позиција, што ја презеде по оставката на Никос Коѕијас од местото шеф на дипломатијата. Токму решението меѓу двете земји и успешното завршување на сите обврски што произлегуваат од договорот, беа главните причини зошто Ципрас лично реши освен премиер да биде и министер за надворешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mini-rekonstrukcija-vo-grchkata-vlada-katrugalos-nov-shef-na-diplomatijata/feed/ 0
Денес се очекува Атина да испрати вербална нота до Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-ochekuva-atina-da-isprati-verbalna-nota-do-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-ochekuva-atina-da-isprati-verbalna-nota-do-skopje/#respond Mon, 11 Feb 2019 08:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=162527

Во текот на денешниот ден, според најавите на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, се очекува Атина да испрати вербална нота до Скопје во кој ќе информира дека Грција го ратификуваше и Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина. Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, во вчерашното интервју за државната агенција АНА-МПА, на прашањето дали од следнава седмица соседната земја ќе биде обврзана да го користи новото име, одговара позитивно и додава дека Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа. „Атина ѝ ја предава штафетата на Скопје“; „Денес во Скопје вербалната нота од Атина- почнуваат нивните обврски“; „Од ПЈРМ и официјално Северна Македонија- ги менуваат таблите“; „Денес Скопје ги менува таблите во Северна Македонија“; „ Подготвени официјалните табли во Скопје со името Република Северна Македонија“; „Од денес се менуваат таблите на границата на Северна Македонија“, се само дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми од рано утрово, во врска со последните случувања на релација Скопје- Атина. -Прашање на денови е промената на уставното име на ПЈРМ во „Република Северна Македонија“, денес Атина до Скопје ќе испрати вербална нота што ќе информира дека од Грција е завршен процесот на ратификација на Договорот од Преспа и Протоколот за членство на ПЈРМ во НАТО, од каде што почнуваат и обврските на Скопје, објави грчката државна телевизија ЕРТ. Грчките медиуми, од синоќа, ја објавија веста пренесена од нашите медиуми дека се подготвени таблите со новото име. -Новите официјални табли во Скопје со името Република Северна Македонија се отпечатени и подготвени да се постават во земјата, пишува „Катимерини“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-ochekuva-atina-da-isprati-verbalna-nota-do-skopje/feed/ 0
Катругалос ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-ja-potpisha-ratifikacijata-na-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-ja-potpisha-ratifikacijata-na-dogovorot-od-prespa/#respond Fri, 25 Jan 2019 15:42:50 +0000 https://kurir.mk/?p=156607

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. – Штотуку го потпишав ратификуваниот закон на историскиот Договор од Преспа. Грција е протагонист во мирот и стабилноста на Балканот и Европа. Нова ера во нашите односи со нашите соседи, напиша Катругалос на неговиот официјален Твитер профил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-ja-potpisha-ratifikacijata-na-dogovorot-od-prespa/feed/ 0
Катругалос: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-dogovorot-od-prespa-kje-pomine-vo-grchkiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-dogovorot-od-prespa-kje-pomine-vo-grchkiot-parlament/#respond Mon, 09 Jul 2018 11:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=74751

Aлтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчкото радио „Њуз247“ изрази убеденост дека Договорот од Преспа без проблем ќе помине во грчкиот Парламент. Тој притоа кажа дека се надева оти Каменос нема да биде причина владата да го заврши мандатот порано од предвиденото, односно пред септември 2019. - Договорот како и да е ќе помине во парламентот. Ќе постои поголемо мнозинство од ова што во овој момент го имаме како влада и сакам да се надевам дека министерот за национална одбрана ќе го задржи она што го изјави, дека владата има рок на траење септември 2019, рече алтернативниот шеф на грчката дипломатија. Катругалос во интервјуто се повика на изјавата на портпаролот на владата Ѕанакопулос дека грчкиот Устав не предвидува зголемено мнозинство за конкретното прашање, како што бара Каменос, но рече дека кога ќе дојде време ќе се разгледа барањето, јави дописничката на МИА од Атина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-dogovorot-od-prespa-kje-pomine-vo-grchkiot-parlament/feed/ 0
Катругалос: За уставни промени и ерга омнес решение потребна е одлука од Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-za-ustavni-promeni-i-erga-omnes-reshenie-potrebna-e-odluka-od-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-za-ustavni-promeni-i-erga-omnes-reshenie-potrebna-e-odluka-od-zaev/#respond Tue, 29 May 2018 11:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=59672

За уставни промени и ерга омнес решение потребна е смела одлука од премиерот Заев за да има договор, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Њуз247“ - Всушност, во овој момент тежината за постигнување договор е навистина кај другата страна. Потребна е смела одлука од страна на премиерот Заев за двете прашања за кои имаме дискутирано, за уставни измени во врска со името и прифаќање на ерга омнес решение, за да се реши проблемот, рече Катругалос и додаде дека токму ерга омнес и промената на уставот се грчките црвени линии за да постои пакет- договор. Сето ова, според него, е пакет и токму затоа ништо не е договорено, сѐ додека не се договори сѐ. Како што јави дописничката на МИА од Атина, алтернативниот грчки МНР уште еднаш рече дека е оптимист за решение, а договорот е блиску. -Се наоѓаме многу блиску до решение, а 100-те метри од патот, за кои говореше премиерот во Софија, сега станаа 50 метри. Но, треба да имаме на ум дека се уште немаме договор,  истакна Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-za-ustavni-promeni-i-erga-omnes-reshenie-potrebna-e-odluka-od-zaev/feed/ 0
Јоргос Катругалос: Русија не е закана за Балканот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jorgos-katrugalos-rusija-ne-e-zakana-za-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jorgos-katrugalos-rusija-ne-e-zakana-za-balkanot/#respond Sun, 27 May 2018 06:52:06 +0000 https://kurir.mk/?p=58714

Грција не ја смета Русија за непријателска сила и не гледа никаква закана од Москва за Балканот, изјави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Јоргос Катругалос. - Се обидуваме да бидеме сила за стабилизација на Балканот, Како што кажав и претходно, ќе водиме повеќедимензионална политика. Не сметаме дека Русија е непријателска сила, Русија ја гледаме како пријател и сакаме да ги подбриме нашите односи, изјави Катругалос. Ваквата изјава на Катругалос, дадена во Санкт Петербург каде учествуваше на Петербуршкиот меѓународен економски форум, претставува реакција на оценката на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Русија претставува дестабилизирачки фактор на Балканот. Помпео во четвртокот пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат изјави дека Русија се обидува агресивно да ја зајакне својата позиција на Балканот и дека Администрацијата на САД ќе се спротивстави на тоа. - Руската закана продолжува агресивно да го зајакнува своето влијание на Балканот. Тоа е реално и мораме да се бориме против тоа, рече Помпео. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jorgos-katrugalos-rusija-ne-e-zakana-za-balkanot/feed/ 0
Катругалос: Без уставна ревизија од соседот, договорот нема да дојде во грчкиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-bez-ustavna-revizija-od-sosedot-dogovorot-nema-da-dojde-vo-grchkiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-bez-ustavna-revizija-od-sosedot-dogovorot-nema-da-dojde-vo-grchkiot-parlament/#respond Wed, 23 May 2018 06:28:51 +0000 https://kurir.mk/?p=57304

Во однос на тоа дека ако не се реши прашањето со уставната ревизија, договорот нема да дојде во грчкиот Парламент. Со Каменос немаме различни позиции, вели алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, коментирајќи ги изјавите на лидерот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката влада, Панос Каменос. - Каменос јасно кажува дека ако не се реши прашањето со уставната ревизија, ако другата страна не ја изврши таа обврска, договорот нема да дојде во Парламентот и тоа е вистина. Ние сметаме дека решавањето на ерга омнес, општото прифаќање на името и во внатрешноста и во надворешноста со уставна ревизија е еден од предусловите на пакет договорот. Ова е нешто што и ние го имаме потенцирано и за ова немаме разлики со Независни Грци, вели Катругалос и додава дека во однос на неприфаќањето на сложено име со терминот Македонија од Панос Каменос, тоа е нешто што претседателот на Независни Грци, го има кажано и во минатото. Во изјава за медиумите, по конференција во Атина, алтернативниот шеф на грчката дипломатија не даде директен коментар, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа дали Никос Коѕијас индиректно го одби предлогот „Република Илинденска Македонија“ со изјавата од САД дека потребно е да се прифати име од предлозите на медијаторот. - Нашата цврста позиција е дека за името да биде прифатено треба да задоволува два критериуми. Едниот е да го разделува историскиот и грчкиот карактер на нашата Македонија од соседната земја и другото е дека не треба да содржи иредентистички елементи. Ова е нашата генерална позиција и очигледно е дека нема да коментирам нешто што е поврзано со преговорите што се во тек, рече Катругалос. На прашањето на МИА дали е сѐ уште умерен оптимист или веќе се движи кон само оптимист за решение, алтернативниот МНР на Грција, ја повтори метафоричната изјава на Ципрас дека „пред нас ги имаме последните 100 метри од маратонот, но тие 100 метри се и најтешките“. - Оптимист сум, но во никој случај го немаме договорот во џеб, додаде Катругалос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-bez-ustavna-revizija-od-sosedot-dogovorot-nema-da-dojde-vo-grchkiot-parlament/feed/ 0
Катругалос: Блиску сме до договор, но ништо не е договорено ако не се договори сѐ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-blisku-sme-do-dogovor-no-nishto-ne-e-dogovoreno-ako-ne-se-dogovori-s/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-blisku-sme-do-dogovor-no-nishto-ne-e-dogovoreno-ako-ne-se-dogovori-s/#respond Mon, 21 May 2018 13:34:32 +0000 https://kurir.mk/?p=56626

На средбата со Нимиц ќе се разговара за сите прашања, затоа што се наоѓаме на чекор пред постоење договор, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, во интервју за државната телевизија ЕРТ, но додава дека едно прашање влијае на друго и затоа не можеме со сигурност да говориме за договор и дека „ништо не е договорено, ако не се договори сѐ“. - Како што знаете имаме паралелни процеси, оној во ОН и оној меѓу двајцата министри за надворешни работи. Постојат имиња на масата од господинот Нимиц, познати се имињата, но на средбата на министрите за надворешни работи падна и последното име предложено од скопската страна. Сега кога ќе се сретат во Њујорк двајцата министри за надворешни работи, во координација со Нимиц паралелно ќе се разговара за сите прашања затоа што се наоѓаме точно на чекор пред да постои договор, објаснува Јоргос Катругалос во интервјуто. Како што јави дописничката на МИА од Атина, алтернативниот министер за надворешни работи одби директно да го коментира последниот предлог за „Република Илинденска Македонија“, објаснувајќи дека не сака и нема да спомене ниту една точка од преговорите, „затоа што преговорите не се водат преку медиумите“, но повтори дека во однос на името Грција бара географска или временска одредница, но и да има две конкретни карактеристики. - Секој договор се разгледува како пакет. Тоа значи дека ги разгледуваш предлозите еден по еден дел. На пример, името треба да има две карактеристики. Треба да го разликува грчкиот и историскиот карактер на нашата Македонија од соседната земја и второ да не содржи елементи на иредентизам, вели Катругалос. Тој додава дека идеално за Грција би била географска или временска одредница, „но и овие работи се прашање на толкување“. - Сигурно го имате видено видеото што кружи на интернет во кое Бакојани вели дека „Нова Македонија“ е географска одредница. Ние не сакаме да имаме таква креативност, сакаме договорот на крај да биде јасен и да ги има карактеристиките што ги споменав, додава алтернативниот МНР на Грција. Говорејќи за постигнатиот напредок, Катругалос го спомена прифаќањето на ерга омнес име и уште еднаш го повтори неговиот став дека е воздржан оптимизам за можноста за договор. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-blisku-sme-do-dogovor-no-nishto-ne-e-dogovoreno-ako-ne-se-dogovori-s/feed/ 0
Катругалос: Топката е на теренот на соседите за ерга омнес и уставна ревизија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-topkata-e-na-terenot-na-sosedite-za-erga-omnes-i-ustavna-revizija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-topkata-e-na-terenot-na-sosedite-za-erga-omnes-i-ustavna-revizija/#respond Wed, 16 May 2018 08:30:43 +0000 https://kurir.mk/?p=54676

Двете прашања што се останати за решавање се ерга омнес и ревизија на Уставот, и тие се од суштинско значење за Грција, а другата страна треба да направи отстапки, вели алтернатвниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио ФМ“, пренесе АНА-МПА. - Станува збор за прашања што не се мали, за кои Скопје, за сега инсистира. Топката е на нивниот терен, вели Катругалос, додавајќи дека овие две прашања за Грција се од суштинско значење и предуслов за да постои решение и порачува дека „другата страна треба да ја направи неопходната отстапка“. Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, јавува дописникот на МИА од Атина, уште еднаш го повтори неговиот став дека ерга омнес е потребно за да не се остават „опашки“ во иднина. - Сакаме ерга омнес за да не постојат опашки што може да создадат идни перспективи на иредентизам и сакаме ревизија на Уставот за решението да е трајно, па според тоа и двете прашања се неопходни, објасни Катругалос во интервјуто за грчкото радио. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-topkata-e-na-terenot-na-sosedite-za-erga-omnes-i-ustavna-revizija/feed/ 0