Јоргос Кумуцакос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Feb 2019 15:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јоргос Кумуцакос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кумуцакос: Нема да го поддржиме Протоколот за членство на Скопје во НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-nema-da-go-poddrzime-protokolot-za-chlenstvo-na-skopje-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-nema-da-go-poddrzime-protokolot-za-chlenstvo-na-skopje-vo-nato/#respond Thu, 07 Feb 2019 15:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=161302

Денес сме овде да разговараме за последниот, формален чекор за една донесена обврска за земјата, веќе донесена одлука од ратификацијата на штетниот Договор од Преспа, рече надлежниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија, Јоргос Кумуцакос говорејќи како известувач за нацрт законот пред членовите на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент и го повтори ставот на Нова демократија дека нема да гласа за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина. -Не гласаме за протоколот за влез на Скопје во НАТО, бидејќи тоа е она што формално произлегува од договорот, кој јасно е дека е штетен, бидејќи тоа е првиот договор, историски, во кој Грција дава нејзина согласност, нејзин потпис во прифаќањето дека постои наводен македонски јазик и македонска националност. Комбинацијата на името Северна Македонија со прифаќањето од Грција дека постои наводен македонски јазик и националност е основа за развој на на пост-преспанскиот иредентизам на Балканот, рече пратеникот од Нова демократија. Кумуцакос порача дека Договорот од Преспа не е балансиран, а „грчкиот народ никогаш нема да го засака“. -Овој договор, интеграцијата во НАТО е првото материјален, опиплив, конкретен, позитивен резултат за Скопје. Тие, веќе започнаа да имаат опипливи, позитивни резултати од Договорот од Преспа. И ќе следи исто така обврска на Грција, поддршка за почеток на процесот на интеграција во Европската Унија. Што имаат Грците материјално, позитивно од ратификацијата на овој договор? Ова е главното прашање на кое треба да одговорите, порача Кумуцакос и додаде дека „во Скопје слават и логично е тоа, а Грците и понатаму се со недоверба и целосно негативни за овој договор“ Надлежниот за надворешна политика во Нова демократија се осврна и на „следниот ден по членството во НАТО“, запрашувајќи се каков би бил ставот и на чија страна би било Скопје во случај на несогласувања меѓу Атина и Анкара за одредено прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-nema-da-go-poddrzime-protokolot-za-chlenstvo-na-skopje-vo-nato/feed/ 0
Кумуцакос: Нова демократија ќе преговара за нов договор со Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-nova-demokratija-kje-pregovara-za-nov-dogovor-so-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-nova-demokratija-kje-pregovara-za-nov-dogovor-so-skopje/#respond Mon, 10 Dec 2018 12:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=138111

Ако Договорот од Преспа не дојде во грчкиот Парламент од оваа Влада, тогаш отвора пат за нови преговори, вели Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија. Во интервјуто за грчкиот весник „Реал њуз“, Кумуцакос потенцира дека претседателот на партијата, Мицотакис има кристално јасна позиција – Нова демократија нема да гласа за договорот, „ниту сега, ниту подоцна, ако Ципрас не го донесе во сегашниот парламент“, јави МИА од Атина. – Ова, за нашата влада отвора само еден пат: нови преговори. За решение заемно прифатливо и цврсто. Што целосно ќе му служи на националниот интерес. Договор ослободен од секаков елемент што го одржува и храни историски неточниот иредентизам на Скопје и опасниот национализам на различни екстремни кругови. Добро знаеме дека таквите преговори ќе бидат исклучително тешки. Ќе се водат во неповолна меѓународна средина и ќе бидат оптоварени од претходното од Договорот од Преспа. Од она што не само што беше разговарано, туку и договорено од владата во заминување на СИРИЗА и Независни Грци, вели Кумуцакос и додава дека оваа тешкотија не ги плаши бидејќи нивен компас е националната должност и националниот интерес. Во однос на изјавите на премиерот Заев што предизвикаа реакции во Грција, одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, вели дека во договорот јасно пишува дека официјален јазик на втората страна ќе биде македонскиот јазик. – Под притисок на опозицијата во Скопје, господинот Заев ги кажа гласно оние работи за кои длабоко верува. Оние работи што писмено и јасно се споменати во Договорот од Преспа во член 1.3 „официјален јазик на втората страна ќе биде македонскиот јазик“. Односно во меѓудржавен договор, Грција се обврза да го прифати постоењето на македонски јазик и националност. За ова се договорија господата Ципрас, Коѕијас и Каменос. Не се поставува прашање на толкување. За да ги парафразирам зборовите на премиерот, Заев едноставно “живее” во текстот на Договорот од Преспа, вели Кумуцакос во интервјуто за грчкиот весник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-nova-demokratija-kje-pregovara-za-nov-dogovor-so-skopje/feed/ 0
Кумуцакос: Кога ќе дојдеме на власт, ќе го смениме Договорот за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-koga-kje-dojdeme-na-vlast-kje-go-smenime-dogovorot-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-koga-kje-dojdeme-na-vlast-kje-go-smenime-dogovorot-za-imeto/#respond Thu, 21 Jun 2018 08:05:08 +0000 https://kurir.mk/?p=68095

Како влада, ќе направиме сѐ што е можно, сѐ што е во наши раце, со преговарачки, дипломатски и политички средства, со контакти за да се смени оваа негативна разврска за земјата по Договорот. Тоа е наша обврска, изјавил одговорниот за надворешна политика во Неа демократиа, Јоргос Кумуцакос, за грчката телевизија „Антена“. Кумуцакос повтори дека нема шанси Неа демократиа да го поддржи Договорот меѓу Македонија и Грција и нема да гласа за него, кога ќе дојде во парламентот, пренесува МИА од Атина. „Доколку и кога ќе стане влада, Неа демократиа ќе направи сѐ, сѐ што има на располагање, со секое дипломатско и политичко средство, за да смени и да намали сѐ што е негативно во договорот“, порача Кумуцакос. Според него, владата „во најдобри можни околности, донесе најлош можен договор“. „Комбинацијата на името Северна Македонија со прифаќање македонски јазик и македонска националност, е експлозивна. Тоа навистина е основа на еден нов иредентизам. Зошто? Бидејќи постои една Северна Македонија и очигледно и Јужна Македонија, во очите на Скопјаните, не во нашите очи, за нас постои една Македонија. Комбинацијата дека постои една јужна Македонија и Македонците се таму, сфаќате дека комбинацијата е експлозивна, нема потреба да навлеземе во други работи, само ова е доволно“, објасни Кумуцакос.

Тој, повикувајќи се на објавените изјави од европски функционери и на поранешниот пратеник во Независни Грци, Димитрис Каменос, додаде дека е можно владата да преговарала за да добие нешто во замена и дека тој лично не може и не сака да поверува дека владата „за да земе нешто малку за долгот, даде нешто големо за нацијата“.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-koga-kje-dojdeme-na-vlast-kje-go-smenime-dogovorot-za-imeto/feed/ 0
Кумуцакос со критики до Каменос за потпишаниот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-so-kritiki-do-kamenos-za-potpishaniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-so-kritiki-do-kamenos-za-potpishaniot-dogovor/#respond Sun, 17 Jun 2018 10:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=66649

Остри критики до коалициониот партнер во грчката Влада, Панос Каменос упати одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос во врска со потпишаниот договор за името. - Во Преспа се потпиша политичкиот крај на политичарот што даде сѐ, ама баш сѐ, за фотелјата. Од денес, Панос Каменос и Независни Грци имаат само минато, малку сегашност и никаква иднина, напиша Кумуцакос на „Твитер“, јави дописничката на МИА од Атина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-so-kritiki-do-kamenos-za-potpishaniot-dogovor/feed/ 0
Кумуцакос: Бараме расправа во парламентот пред да се потпише договорот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-barame-rasprava-vo-parlamentot-pred-da-se-potpishe-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-barame-rasprava-vo-parlamentot-pred-da-se-potpishe-dogovorot/#respond Tue, 12 Jun 2018 08:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=64828

Доколку Ципрас му се јави на Мицотакис да го информира за договорот за името, тогаш лидерот на опозициската Нова демократија ќе побара расправа во парламентот пред да се потпише договорот, откри одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија Јоргос Кумуцакос, при гостувањето во емисија на државната телевизија ЕРТ. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Кумуцакос вели дека пред Преспа и пред било каква одлука или договор, потребно е да се информираат и парламентот и граѓаните, бидејќи смета дека и самото потпишување ја обврзува земјата, а Ципрас нема мнозинство и единство во неговата влада, со оглед на тоа што коалициониот партнер Панос Каменос е против сложено име со терминот Македонија. - Ципрас нема политички легитимитет да ја обврзе земјата, бараме итна расправа во парламентот, за грчкиот народ да дознае, пред да се обврзе, што содржи договорот, вели Кумуцакос и додава дека нивното барање „ќе се потврди на најофицијален начин, доколку Ципрас му се јави на Мицотакис“. Одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, смета дека грчкиот народ треба да се информира за договорот, што содржи тој и што Грција доби, а што изгуби. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-barame-rasprava-vo-parlamentot-pred-da-se-potpishe-dogovorot/feed/ 0
Кумуцакос: Ако решението не е добро за земјата, ние како влада одново ќе преговараме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-ako-reshenieto-ne-e-dobro-za-zemjata-nie-kako-vlada-odnovo-kje-pregovarame/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-ako-reshenieto-ne-e-dobro-za-zemjata-nie-kako-vlada-odnovo-kje-pregovarame/#respond Tue, 29 May 2018 13:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=59776

Решението што ќе се постигне треба да биде добро решение, бидејќи, во спротивно, ние како влада одново ќе преговараме, вели одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. - Ако владата не постигне добро решение, бидејќи ние не веруваме во решение само за да биде решение, туку веруваме само во решение со добро решение, ако нема добро решението ние сме подготвени по изборите, како нова влада, повторно да преговараме за ова прашање, вели Кумуцакос во интервју за грчката државна телевизија „ЕРТ“, потенцирајќи дека решението треба да биде добро за земјата, а не за нив како партија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, рече дека доколку актуелната влада сепак донесе решение, тогаш тие ќе го стават под микроскоп договорот и ќе ги анализираат дури и запирките. - Врз база на нашиот критериум, според кој, договорот го имаме опишано како комплетен, целосен, да не остава надвор ниту едно прашање, конечен, односно да не остава нерешени прашања за во иднина и секако да ја вклучува потребата за промена на Уставот, потребата за борба со иредентизмот и сл. Ние врз база на овие критериуми, ако дојде договорот, ќе земеме во раце една голема, силна, национална лупа и ќе го видиме договорот во целост, доколку се постигне, но ќе го разгледаме и секој детаљ од договорот и кога велам секој детаљ мислам дури и на запирките, бидејќи е многу критичен овој договор, доколку се постигне, рече Кумуцакос. Тој смета дека во преговорите сѐ уште постојат нерешени прашања и потенцира дека забележува разидување на позициите на премиерот и министерот за надворешни работи. -Од двете соопштенија, пуштени вчера од владата, едното од Министерството за надворешни работи, другото од премиерскиот кабинет, гледам разидување на тоновите. Пооптимистичко соопштението од Министерството за надворешни работи, помалку и многу внимателно, би рекол и во функција да го коригира првото соопштение во однос на оптимизмот, беше соопштението од кабинетот на Ципрас, вели Кумуцакос и додава дека освен ова, актуелната грчка Влада има уште еден проблем што „има име и презиме и се вика Панос Каменос“. -Пред пет дена изјави дека тој самиот не гледа и не верува дека ќе има договор. Кога го изјави ова? Во исто време додека се водеа консултациите и преговорите на министерот за надворешни работи Коѕијас во Њујорк. Владата треба да ги земе предвид и внатрешните проблеми, додава одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија, говорејќи за „ЕРТ“, пренесе МИА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-ako-reshenieto-ne-e-dobro-za-zemjata-nie-kako-vlada-odnovo-kje-pregovarame/feed/ 0
Кумуцакос: Каменос со изјавата ги поткопува обидите на владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-kamenos-so-izjavata-gi-potkopuva-obidite-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-kamenos-so-izjavata-gi-potkopuva-obidite-na-vladata/#respond Wed, 23 May 2018 06:27:00 +0000 https://kurir.mk/?p=57301

Со изјавата дека нема да има решение во разговорите за името Панос Каменос ги поткопува преговорите што се во тек, смета одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. - Ако ова е изјавата на Каменос, тогаш владата има голем проблем, бидејќи додека преговорите се во тек и додека Коѕијас се наоѓа во Вашингтон и Њујорк за овие преговори, се појавува министерот за национална одбрана и во суштина ги поткопува напорите на владата. Ова е голем проблем, голем проблем што пред себе го има владата и треба да го реши, вели Кумуцакос, во изјава за медиумите, по конференција во Атина, коментирајќи го ставот на грчкиот министер за одбрана. Во однос на името „Република Илинденска Македонија“,  што според соопштението на Нова демократија во петокот вечерта, грчката Влада го разгледуваше како предлог за евентуален договор, а 24 часа подоцна, од кабинетот на Ципрас индиректно го отфрлија. Одговарајќи на прашање на дописничката на МИА од Атина Кумуцакос уште еднаш го повторува ставот на неговата партија против ова име и вели дека ова „не е прв пат што владата е изгубена во превод“. - Тоа се има случено повеќе пати, дали на дипломатско, дали на економско ниво. Тоа е нивен проблем и јас не можам да го толкувам. Едноставно ќе треба во следните денови да разјаснат која точно е нивната позиција. Во секој случај многу ми е тешко да разберам како грчката Влада прифати, па дури и како предмет на разговор, едно име што има тешка политичка и геополитичка одговорност,  односно наследство што е идентификувано со „македонскиот иредентизам“ и со македонската експанзија, вели Кумуцакос и додава дека „прославите на Илинден е моментот кога се отвораат карти на Голема Македонија“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-kamenos-so-izjavata-gi-potkopuva-obidite-na-vladata/feed/ 0
Кумуцакос: Предуслов за решавање на спорот за името е промена на македонскиот Устав https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-preduslov-za-reshavanje-na-sporot-za-imeto-e-promena-na-makedonskiot-ustav/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-preduslov-za-reshavanje-na-sporot-za-imeto-e-promena-na-makedonskiot-ustav/#respond Tue, 15 May 2018 14:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=54476

Пратеникот на грчката опозициска партија Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос истакна дека предуслов за решавање на спорот за името е промената на македонскиот устав, пренесува грчкиот портал Ифимерида. "Неопходен предуслов и фундаментална гаранција за дефинитивно решавање на прашањето за името со Скопје е промена на нивниот устав" , вели тој. Според Комуцакос неопходно е промената на македонскиот Устав да се случи пред ратификацијата на договорот во грчкиот парламент. "Промена која не само што ќе се предвиди, туку ќе биде направена пред ратификацијата на кој било договор", рече пратеникот на опозициската Нова Демократија. Комуцакос е дел од грчкиот парламент и во својата партија е задолжен за надворешна политика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-preduslov-za-reshavanje-na-sporot-za-imeto-e-promena-na-makedonskiot-ustav/feed/ 0
Власта и опозицијата во Грција се препукуваат поради ставовите на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-i-opozicijata-vo-grcija-se-prepukuvaat-poradi-stavovite-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-i-opozicijata-vo-grcija-se-prepukuvaat-poradi-stavovite-na-zaev/#respond Mon, 16 Apr 2018 07:22:51 +0000 https://kurir.mk/?p=41095

Последните јавно изнесени ставови на македонскиот премиер Зоран Заев, беа причина за нови препукувања меѓу власта и опозицијата во Грција. Одговорниот за надворешна политика во Нова демократија Јоргос Кумуцакос, побара одговори од владата за што точно преговара, на што реагираа од прес службата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас дека опозицијата била детално известена за грчките позиции на средбата Коѕијас – Кумуцакос. Како што јави дописничката на МИА од Атина, прашањето за името, уште еднаш во Грција беше повод за внатрешно-политички превирања. - По изјавите на Заев за агенцијата МИА, дека Скопје не разговара за промена на Уставот, ниту за име за севкупна употреба, односно ерга омнес, сите Грци се прашуваат: за што преговара владата на Ципрас, Каменос, Коѕијас? Очекуваме конечно одговор, вели Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија. Од прес службата на шефот на грчката дипломатија, преку соопштение одговараат дека пред две седмици, Никос Коѕијас го известил Јоргос Кумуцакос за сите случувања околу името. - Секако, ако Нова демократија сака да биде опозиција само колку да се каже, користејќи ги како аргумент изјавите на премиер на друга земја, во конкретниот случај на ПЈРМ, а не на грчкиот премиер и грчкиот министер за надворешни работи тоа е нејзина работа. Но, така, уште еднаш ја покажува големината на неодговорноста  во управувањето со националните прашања, соопштуваат од прес центарот на Коѕијас, објави грчката државна агенција АНА-МПА. Како што вчера објави МИА, текст објавен во грчкиот весник „Та неа“ за разговорите за името и наводно пазарење меѓу Атина и Берлин, исто така предизвика реакции и меѓусебни обвинувања на релација власт- опозиција во Грција. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-i-opozicijata-vo-grcija-se-prepukuvaat-poradi-stavovite-na-zaev/feed/ 0
Средба Коѕијас- Кумуцакос за преговорите за нашето име https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-kodzijas-kumucakos-za-pregovorite-za-nasheto-ime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-kodzijas-kumucakos-za-pregovorite-za-nasheto-ime/#respond Thu, 05 Apr 2018 07:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=36631

Нешто помалку од два и пол часа траеше средбата на шефот на грчката дипломатија со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија Јоргос Кумуцакос во рамките на активностите на Никос Коѕијас да ги извести партиите за преговорите за името. Како што јави дописничката на МИА од Атина, средбата што се одржа во грчкото МНР, беше затворена за медиумите, а Кумуцакос по завршувањето само кусо коментираше дека опширно разговарале. Меѓутоа не постојат информации за деталите и што точно си кажале Коѕијас и Кумуцакос. - Имавме опширен разговор за кој ќе го известам претседателот на партијата, кусо рече одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, излегувајќи од грчкото МНР. Со средбата со Кумуцакос, заврши циклусот брифирање на грчките партии од министерот за надворешни работи. Никос Коѕијас, како што веќе објави МИА, во понеделникот се сретна со генералниот секретар на Комунистичката партија, Димитрис Куцубас и со лидерот на Река, Ставрос Теодоракис, во вторникот со првиот човек на Сојуз на централисти, Василис Левендис и со претседателката на Движење за промена, Фофи Генимата. Откако претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис побара да биде избрифиран од премиерот, а не од министерот, со Никос Коѕијас се сретна одговорниот за надворешна политика во партијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-kodzijas-kumucakos-za-pregovorite-za-nasheto-ime/feed/ 0