Јосеп Борел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Dec 2021 14:28:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јосеп Борел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тензија меѓу Борел и Курти за заедницата за српски општини на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzija-megju-borel-i-kurti-za-zaednicata-za-srpski-opshtini-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzija-megju-borel-i-kurti-za-zaednicata-za-srpski-opshtini-na-kosovo/#respond Tue, 07 Dec 2021 14:28:18 +0000 https://kurir.mk/?p=605358

Попладнево во Брисел се одржа четвртиот Совет за стабилизација и асоцијација (ССА) помеѓу ЕУ и Косово, на површина излезе несогласувањето помеѓу двете страни за прашањето на заедницата на српски општини, јави дописничката на МИА од Брисел. Покрај реформите за напредок кон ЕУ, главна тема на разговорите на денешниот Совет за стабилизација и асоцијација беше нормализацијата на односите помеѓу Србија и Косово, под медијаторство на ЕУ. Косовската страна ја застапуваше косовскиот премиер Албин Курти, а ЕУ – Јосеп Борел, високиот претставник за надворешна политика на Унијата. Процесот на бриселскиот дијалог подразбира склучување и имплементација на низа договори помеѓу Белград и Приштина, еден од нив е договорот за Заедницата на српски општини на Косово кој не стапи на сила по одлука на Уставниот суд на Косово. На новинарско прашање на оваа тема, Албин Курти денес одговори: -Има 33 договори помеѓу Србија и Косово и две третини од нив не се имплементирани, но Белград сака да го споменува само едниот кој не го помина тестот на нашиот Уставен суд. Кога беше донесена одлуката на Уставниот суд, Србите на Косово не протестираа, протестираше само Белград, време е да имаме дијалог во корист на граѓаните, а не на политичарите, имаме потреба од демократски карактер на Дијалогот, изјави Курти. На оваа изјава веднаш се спротивстави шефот на европската дипломатија со зборовите “и јас сум демократ“. -Јас не им служам на политичарите, дијалогот е тука за да се решат отворените прашање и не се сложувам дека Уставниот суд оневозможува имплементација на овој договор, ова беше договорено од страна на претставниците на двете страни и ние мораме да продолжиме да бараме да се имплементира договорот, тој е важен, одговори Борел. За Европската Унија воспоставувањето на Заедница на српски општини е дел од Бриселскиот договор за нормализација на односите со цел постигнување на правно обврзувачки договор помеѓу Србија и Косово, нагласи Борел и рече дека договорот за српските општини се справува со преокупациите на српската на заедница на Косово. Шефот на европската дипломатија исто така додаде дека за сега не свикува нова рунда на Дијалогот затоа што не гледа подготвеност за напредок кај двете страни, иако тој се надева дека ќе има нова рунда до крајот на оваа година. -Бескорисно е да свикуваме нова средба ако не гледаме дека условите можат да бидат исполнети, нема потреба за ништо да се среќаваме, рече Борел. Тој нагласи дека е јасно ставено на знаење предуслов за нова рунда оваа година е подготвеност од двете страни. -Нема таква подготвеност во овој момент, но годината не е завршена и ќе продолжиме да правиме сѐ што можеме, но не можеме на сила да ги тераме партнерите ако нема волја за ангажман, смета високиот претставник за надворешна политика. Курти од своја страна додаде дека ако Борел смета дека е разумно да се организира средба тој ќе дојде и го пофали Брисел за договорот околу регистарските таблички постигнат на крајот на септември што овозможи деескалација на тензиите меѓу Косово и Србија. -Тензиите беа високи и сега е стопроцентно имплементиран тој договор, тоа беше компромис за нас, рече Курти во однос на решението за налепници на таблиците кое важи за двете страни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzija-megju-borel-i-kurti-za-zaednicata-za-srpski-opshtini-na-kosovo/feed/ 0
Борел: Ситуацијата во Авганистан е катастрофа за довербата во Западот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-situacijata-vo-avganistan-e-katastrofa-za-doverbata-vo-zapadot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-situacijata-vo-avganistan-e-katastrofa-za-doverbata-vo-zapadot/#respond Thu, 19 Aug 2021 15:28:48 +0000 https://kurir.mk/?p=552728

Шефот на европската дипломатија Joсeп Борел денеска изјави дека тоа што се случува во Авганистан е катастрофа за авганистанскиот народ, за европските вредности, довербата во Западот и за развојот на меѓународните односи. Пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Борел откри дека западните разузнавачки служби не веруваа дека е можен толку брз колапс на режимот во Кабул, наведувајќи дека „ниту талибанците не веруваа во тоа“. -Западот во Авганистан веќе 20 години водеше битка против исламскиот тероризам од страна на Ал Каеда и талибанците, но, исто така, направи напори да изгради модерна држава од таа земја, рече Борел. Тој пред европратениците од комисијата кажа дека американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Американците и западните сојузници не отишле да „градат општествено уредување“, туку да го уништат тероризмот во Авганистан. -Па, добро, дали е тоа убедливо, праша Борел, нагласувајќи дека Западот се обиде да изгради општество во таа земја во кое ќе се почитуваат законот, човековите права и слободи, особено на жените и малцинствата. Тој додаде дека е факт дека Западот постигна успех во борбата против светскиот тероризам, но тоа не го стори во вториот дел од својата мисија. Борел кажа дека падот на авганистанската прозападна влада, и покрај огромната долгогодишна помош, е неверојатен, додавајќи дека Американците во Авганистан трошеле по 300 милиони долари дневно во изминатите 20 години. -Сега, додека ЕУ и САД се консултираат, а се водат преговори за создавање авганистанска влада на национално единство, талибанците очигледно имаат за цел да воведат исламски калифат, рече Борел. Тој ги повтори проценките на ЕУ дека голем број авганистански бегалци ќе се преселат во Европа и рече дека Унијата мора да стори сé за да им обезбеди хуманитарна помош на оние што остануваат во Авганистан. -ЕУ мора да започне преговори со оние што се на власт во Кабул, рече Борел, нагласувајќи дека тоа не значи дека режимот на талибанците ќе биде меѓународно признат, но дека контактите со нив се неопходни за да се обезбеди хуманитарна помош и да се спречи ширењето на исламскиот тероризам и трговија со дрога.Афганистан. Шефот на европската дипломатија посочи на фактот дека Кина, Русија, Иран, Пакистан и Индија сега ќе имаат поголемо влијание од Западот во Авганистан и Централна Азија, додавајќи дека таму се јавува најкомплексната, опасна геополитичка ситуација, која може да се спореди само со анексијата на Крим од страна на Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-situacijata-vo-avganistan-e-katastrofa-za-doverbata-vo-zapadot/feed/ 0
Борел: ЕУ ќе соработува со идната авганистанска влада доколку талибанците ги почитуваат правилата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-eu-kje-sorabotuva-so-idnata-avganistanska-vlada-dokolku-talibancite-gi-pochituvaat-pravilata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-eu-kje-sorabotuva-so-idnata-avganistanska-vlada-dokolku-talibancite-gi-pochituvaat-pravilata/#respond Tue, 17 Aug 2021 18:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=551849

Европската унија ќе соработува со авганистанската Влада, по враќањето на талибанците на власт, доколку тие ги почитуваат основните права и го спречуваат тероризмот, изјави денеска високиот претставник на Унијата, Јосеп Борел. Борел изјавата ја даде по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија што е посветена на ситуацијата во Авганистан, пишуваат британските медиуми. -Соработката со која било идна авганистанска Влада ќе биде условена со мирното и инклузивно решение и почитување на основните права на сите Авганистанци, вклучувајќи ги и жените, девојките и припадниците на малцинствата, рече Борел. Шефот на европската дипломатија ги повика сите актери во Авганистан да дозволат безбеден и непречен пристап до хуманитарната помош за жените, мажите и деца кои имаат потреба од неа. -ЕУ ги повикува талибанците да ги почитуваат нивните обврски според меѓународното хуманитарно право во сите околности. ЕУ, исто така, ќе ги поддржи соседите на Авганистан во соочувањето со зголемениот прилив на бегалци и мигранти, додаде Борел. Според Борел, главниот заклучок од состанокот е дека треба да се обезбеди безбедна евакуација за европските граѓани во Авганистан, како и за авганистанските граѓани кои работеле со нив во последните 20 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-eu-kje-sorabotuva-so-idnata-avganistanska-vlada-dokolku-talibancite-gi-pochituvaat-pravilata/feed/ 0
Борел: Обиди за сајбер напади врз критични инфраструктури во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-obidi-za-sajber-napadi-vrz-kritichni-infrastrukturi-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-obidi-za-sajber-napadi-vrz-kritichni-infrastrukturi-vo-eu/#respond Thu, 30 Apr 2020 13:02:01 +0000 https://kurir.mk/?p=339919

Европската Унија ги осудува „малициозните“ обиди за сајбер напади врз земји на ЕУ и критични инфраструктури за време на пандемијата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел. Во име на целата Европска Унија, високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Јосеп Борел информира дека од почетокот на пандемијата констатирани се бројни обиди и напади врз инфраструктури кои се од суштинско значење за справување со кризата. – Секој обид да се попречи работењето на критични инфраструктури е неприфатлив, сите одговорни веднаш да престанат со овие неодговорни и дестабилизирачки акции кои можат да загрозат животи, потребно е целиот свет да биде обединет во оваа глобална борба против вирусот, ова е прашање на хуманост и споделени вредности, порача Борел. Соопштението на Европската Унија не прецизира од кои земји доаѓаат нападите, но уверува дека земјите членки на ЕУ интензивно соработуваат и разменуваат информации за да спречат секакви малициозни активности. Според светските медиуми, обидите за напади доаѓаат главно од Кина и Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-obidi-za-sajber-napadi-vrz-kritichni-infrastrukturi-vo-eu/feed/ 0