Јошихиде Суга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Oct 2021 07:58:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јошихиде Суга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонија ја укина вонредната состојба воведена поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/japonija-ja-ukina-vonrednata-sostojba-vovedena-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/japonija-ja-ukina-vonrednata-sostojba-vovedena-poradi-kovid-19/#respond Fri, 01 Oct 2021 07:58:58 +0000 https://kurir.mk/?p=571158

Јапонија, по шест месеци, ја укина вонредната состојба воведена поради коронавирусот, а властите постепено почнуваат да ги олеснуваат мерките. Итните мерки што беа на сила за повеќе од половина од земјата, вклучувајќи го и Токио, завршија вчера по постојаниот пад на бројот на новозаразени во последните недели. Премиерот во заминување Јошихиде Суга им се заблагодари на луѓето за трпението и соработката и ги повика да се придржуваат до основните антивирусни мерки. „Уште еднаш ве замолувам да соработувате за да можеме да се вратиме во секојдневниот живот, чувствувајќи се безбедно“, рече тој. Како што пренесуваат странските агенции, Јапонија сака да ги прошири економските и социјалните активности, додека во исто време настојува да се спречи нов бран инфекции со доаѓањето на постудено време. Официјални лица велат дека владата и натаму треба да отвора нови привремени болници за лекување на Ковид-19 и да продолжи со вакцинациите за да се подготви за евентуален нов скок на заразата. Дневниот број на новозаразени од средата падна под 1.600 низ целата земја, во споредба со врвот од околу 25.000 новозаразени дневно во средината на август. Експертите го објаснија намалувањето на бројот на заразени лица со напредокот на вакцинацијата и придржувањето до мерките за дистанцирање. Околу 59 проценти од Јапонците се целосно вакцинирани. Во Јапонија се регистрирани 1,69 милиони заразени и 17.641 смртни случаи од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/japonija-ja-ukina-vonrednata-sostojba-vovedena-poradi-kovid-19/feed/ 0
Кина ја предупредува Јапонија на внимателност во пресрет на средбата Бајден-Сугa https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ja-predupreduva-japonija-na-vnimatelnost-vo-presret-na-sredbata-bajden-suga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ja-predupreduva-japonija-na-vnimatelnost-vo-presret-na-sredbata-bajden-suga/#respond Tue, 06 Apr 2021 07:34:45 +0000 https://kurir.mk/?p=492910

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, ја предупреди Јапонија да не се здружува со САД во спротивставувањето кон Кина, во пресрет на состанокот САД-Јапонија, следната недела во Вашингтон. Ванг, сношти, во телефонски разговор со својот јапонски колега, Тошимитсу Мотеги, му порача дека нивните две земји треба да обезбедат билатералните односи „да не се мешаат во таканаречената конфронтација на големите земји“, се наведува во соопштението на кинеското МНР. Ванг, исто така, посочи дека „Кина се надева дека Јапонија, како независна земја, ќе гледа на развојот на Кина на објективен и рационален начин“. Јапонија, близок сојузник на САД, и земја домаќин на американските поморски и воздушни бази, ја споделува загриженоста на САД за кинескиот напредок и претензии кон териториите во Јужно и Источно кинеското море. Јапонскиот премиер, Јошихиде Суга, на 16 април ќе се сретне во Вашингтон со американскиот претседател Џо Бајден. Тој ќе биде првиот странски лидер што Бајден го прима на гости во Белата куќа откако ја презеде функцијата, на 20 јануари. Бајден, за разлика од неговиот претходник Доналд Трамп, го потенцира значењето на обновувањето на односите со европските и азиските сојузници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ja-predupreduva-japonija-na-vnimatelnost-vo-presret-na-sredbata-bajden-suga/feed/ 0
Јапонскиот премиер се вакцинираше https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-se-vakcinirashe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-se-vakcinirashe/#respond Tue, 16 Mar 2021 09:00:27 +0000 https://kurir.mk/?p=483022

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга ја прими првата доза од Ковид-19 вакцина во рамки на подготовките за состанокот со американскиот претседател Џо Бајден кон треба да се одржи идниот месец. Суга стана првото владино официјално лице во Јапонија кое јавно е имунизирано, пренесува Ројтерс. Агенцијата наведува дека околу 80-90 официјални лица ќе бидат вакцинирани пред посетата во САД, а Суга ќе биде првиот светски лидер кој лично ќе се сретне со Бајден по неговото стапување на функцијата претседател. Јапонија започна камања за имунизација против Ковид-19 минатиот месец со вакцината на Фајзер/БиоНтек која е насочена кон здравствените работници и лицата постари од 65 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-premier-se-vakcinirashe/feed/ 0
Суга: До 2050 во Јапонија нема да има штетни гасови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suga-do-2050-vo-japonija-nema-da-ima-shtetni-gasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suga-do-2050-vo-japonija-nema-da-ima-shtetni-gasovi/#respond Mon, 26 Oct 2020 20:42:03 +0000 https://kurir.mk/?p=420954

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска претстави план според кој земјата до 2050 година треба да ја постигне целта за нула емисии на штетни гасови кои се одговорни за глобалното затоплување. Претходната јапонска Влада постави цел да ги намали емисиите на штетни гасови за 80 проценти до 2050 година. – Треба да го смениме нашиот пристап, рече новиот јапонски премиер, презентирајќи го планот во својот прв говор пред Парламентот. Суга тврди дека структурните промени во индустријата и бизнисот ќе овозможат силен економски раст на Јапонија. Тој истакна дека Јапонија ќе се стреми да развие свои обновливи извори на енергија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suga-do-2050-vo-japonija-nema-da-ima-shtetni-gasovi/feed/ 0
Јошихиде Суга е новиот јапонски премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/joshihide-suga-e-noviot-japonski-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/joshihide-suga-e-noviot-japonski-premier/#respond Wed, 16 Sep 2020 06:13:56 +0000 https://kurir.mk/?p=403807

Јапонскиот Парламент го избра новиот претседател на владејачката Либерално-демократска партија, Јошихиде Суга, за нов премиер на државата. Неговата кандидатура беше поддржана од мнозинството пратеници во Долниот дом на Парламентот, кој според уставот има решавачки збор при изборот на нов премиер. За изборот на Суга гласаа 314 пратеници од вкупно 462 во Долниот дом. Суга исто така доби поддршка и од мнозинство во Горниот дом.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/joshihide-suga-e-noviot-japonski-premier/feed/ 0