Јошитака Сакурада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Feb 2019 17:20:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јошитака Сакурада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонски министер јавно се извини поради триминутно доцнење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-minister-javno-se-izvini-poradi-triminutno-docnenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-minister-javno-se-izvini-poradi-triminutno-docnenje/#respond Fri, 22 Feb 2019 17:20:54 +0000 https://kurir.mk/?p=167050

Јапонскиот министер задолжен за организацијата на Олимписките игри во Токио во 2020 година, Јошитака Сакурада беше изложен на критики поради триминутно доцнење, поради што мораше јавно да се извини. Сакурада задоцни на седница на собраниска комисија, по што мораше да се извини, третпат за три години. Опозицијата доцнењето го протолкува како непочитување на функцијата што ја извршува и затоа го бојкотираше состанокот на Комисијата за буџет. Минатата недела тој изјави дека се чувствува изневерено, бидејќи талентирана јапонска пливачка соопшти дека има леукемија. – Таа е потенцијален освојувач на златен медал на Игрите, спортистка од која имаме големи очекувања. Навистина сум разочаран, рече Сакурада. Оваа изјава предизвика бурни реакции, поради што тој неколку дена подоцна се извини под притисок на јавноста. Пред три години, Сакурада ги нарече жените кои за време на Втората светска војна биле присилени да даваат сексуални услуги на јапонските војници, „професионални проститутки“. Сакурада ја извршува и функцијата министер за кибер безбедност, а минатата година изјави дека никогаш не користел калкулатор и дека секогаш таа работа им ја префрлал на соработниците. Јапонската опозиција во повеќе наврати побара од него да поднесе оставка. Во анкета што ја спроведе дневниот весник „Асахи Шинбун“, 65 отсто од испитаниците изјавиле дека овој министер не работи добро, додека 13 отсто се задоволни од неговата досегашна работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-minister-javno-se-izvini-poradi-triminutno-docnenje/feed/ 0
Јапонскиот министер за кибер-безбедност никогаш не користел компјутер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-minister-za-kiber-bezbednost-nikogash-ne-koristel-kompjuter/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-minister-za-kiber-bezbednost-nikogash-ne-koristel-kompjuter/#respond Thu, 15 Nov 2018 08:29:12 +0000 https://kurir.mk/?p=128017

Јапонски министер, чиј ресор е кибер-безбедност и подготовка на Олимписките игри во Токио во 2020 година, и даде утрово на опозицијата повод за насмевки, измешани со стравови, призна дека никогаш не користел компјутер во неговиот професионален живот. Шеесет и осум годишниот Јошитака Сакурада,  минатиот месец беше назначен од премиерот Шиндзо Абе за заменик раководител на владина служба за кибер безбедност. На седницата на парламентарна комисија вчера во одговор на прашање тој изјави: „Дваесет и пет одини, секогаш сум барал помош од мојот персонал или секретари, па затоа никогаш не сум користел компјутер”. – Неверојатно е човек кој не работел со компјутер да биде одговорен за информациската безбедност, изјави Масато Имаи, член на опозицијата. Изјавата на министерот предизвика бура од критики и саркастични забелешки на социјалните мрежи. -Од министерот Сакурада, ниту еден хакер не може да украде какви било информации. Можеби тоа е најдобра заштита, напиша еден корисник на Интернет. Сакурада се придружи на владата при министерската рокада, со која премиерот Шинзо Абе се обидуваше да ја одржи рамнотежата меѓу фракциите во својата Либерално-демократска партија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-minister-za-kiber-bezbednost-nikogash-ne-koristel-kompjuter/feed/ 0