Јошко Миленковск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 05:03:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јошко Миленковск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија со 14 одбојкари во Лоѓ за првиот дуел со Украина https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-so-14-odbojkari-vo-log-za-prviot-duel-so-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-so-14-odbojkari-vo-log-za-prviot-duel-so-ukraina/#respond Tue, 23 May 2023 05:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=837682

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија в петок ќе патува за Лоѓ, Полска, каде в сабота ги почнува настапите во Европската Златна лига. Под водство на новиот селектор Јошко Миленкоски, нашите сениори се надеваат дека учеството во ова силно натпреварување ќе биде голем тест пред настапот на главниот настан оваа година, Европското првенство. „До заминување во Полска ќе завршиме со циклус од околу 30-тина тренинзи. Задоволен сум од ангажманот на момците, се уште увежбуваме дел од тактиките, но мислам дека ќе бидеме подготвени за првиот меч со Украина. Според протоколот ќе патуваме со 14 одбојкари, а изборот ќе го направиме утре или задутре, откако ќе завршиме со тренинзите“, изјави селекторот Миленкоски. Техничарите Давид Стојанов и Ефтим Ричлиев, коректорот Стефан Алексов и примачот Стојче Арсов од денеска не се со националниот тим. Миленкоски објасни дека тие не се избришани од списокот, напротив на нив сериозно се смета, но сега е потребно на тренинзите да се работи повеќе со одбојкарите коишто ќе истрчаат на теренот против Украинците. Првиот меч со Украина се игра во сабота во полскиот град Лоѓ со почеток од 19 часот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-so-14-odbojkari-vo-log-za-prviot-duel-so-ukraina/feed/ 0