јосиф сталин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Dec 2022 10:24:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јосиф сталин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Татарстан поставен споменик на Сталин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tatarstan-postaven-spomenik-na-stalin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tatarstan-postaven-spomenik-na-stalin/#respond Wed, 07 Dec 2022 10:24:59 +0000 https://kurir.mk/?p=772169

Споменик на поранешниот советски лидер Јосиф Сталин е поставен на јавно место во Руската Република Татарстан, јави ДПА, повикувајќи се на информации од руските медиуми. Споменикот се наоѓа во дворот на приватно училиште во градот Набережние Челни, на 1.100 километри источно од Москва, а неговото официјално отворање е планирано напролет, пренесува рускиот информативен портал „Бизнис онлајн“. Фотографиите на споменикот покажуваат дека тој претставува фигура на Сталин кој седи на клупа во разговор со имагинарен соговорник. „Одлично! Сега останува само некој нов вистински Сталин“, напишал корисник на локална социјална мрежа. Сепак, други луѓе го изразија своето задоволство од иницијативата на училиштето, забележува ДПА. Споменикот очигледно бил инспириран од скулптура од 1930-тите, која ги прикажува Ленин и Сталин како седат на клупа и разговараат, забележа ДПА. Повеќето од спомениците на Сталин беа отстранети на иницијатива на Кремљ за време на процесот на десталинизација во 1960-тите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tatarstan-postaven-spomenik-na-stalin/feed/ 0
Во Москва украден автомобил кој наводно му припаѓал на Сталин https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-moskva-ukraden-avtomobil-koj-navodno-mu-pripagjal-na-stalin/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-moskva-ukraden-avtomobil-koj-navodno-mu-pripagjal-na-stalin/#respond Fri, 27 Dec 2019 16:37:34 +0000 https://kurir.mk/?p=283131

Руската полиција врши истрага околу кражбата на редок автомобил ЗИС, за кој се тврди дека му припаѓал на некогашниот советски лидер Јосиф Сталин, соопшти московската полиција. Како што објавија медиумите, синоќа непознати сторители ја украле лимузината на Сталин, чија вредност би можела да биде околу 2,5 милиони евра. Од московската полиција не потврдуваат дали навистина автомобилот бил сопственост на Сталин, ниту пак дали е тоа неговата вредност. -Сопственоста на украденото возило и неговата вредност ќе бидат познати дури откако органите на редот ќе добијат документи како доказ, објаснуваат од полицијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-moskva-ukraden-avtomobil-koj-navodno-mu-pripagjal-na-stalin/feed/ 0
Истражување: Како Сталин стана херој во неговата родна Грузија? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-kako-stalin-stana-heroj-vo-negovata-rodna-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-kako-stalin-stana-heroj-vo-negovata-rodna-gruzija/#respond Thu, 25 Jul 2019 06:26:54 +0000 https://kurir.mk/?p=222379

Ова се само неколку од нештата што ги слушнаа посетителите за време на турнеи на Музејот на Сталин во Гори, мал град во Грузија, каде што се родил поранешниот советски лидер. Јосиф Сталин беше добар пејач. Пишувал песни. За време на неговото владеење биле основани 9.000 државни претпријатија. Овој музеј, отворен во 1957 година, четири години по смртта на Сталин, однадвор е изграден во строг социјалистички стил, а неговиот ентериер е исполнет со слики, фотографии и лични предмети на Сталин. Лево од влезот има вагон во кој Сталин во летото 1945 година отпатувал на конференција во Потсдам во Германија, недопрени завеси зад прозорите, чие непробојно стакло одамна е заменето. Тонот со кој се зборува за Сталин е воодушевувачки, трогателен наратив за сиромашното момче кое, и покрај сè, стана најмоќниот човек во земјата. Подовите се покриени со црвени килими. Посмртната маска на Сталин се наоѓа на мермерен столб. Стеснета меѓу Русија и Турција, Грузија е мала земја позната по својата кујна, прекрасните пејзажи и малку светски познати туристички атракции. Една од нив, за жал, е човекот роден под името Јосиф Висарионович Џугашвили, син на чевлар кој ќе стане еден од најголемите злосторници во историјата на човештвото. Грузиските власти се најдоа во дилема. Како може една земја, ако тоа воопшто е можно, да го брендира домашниот монструм и да му го продаде на остатокот од светот? Дел од одговорот на ова прашање можеби лежи токму во она што Грузијците го изоставија. Не се споменуваат гулази, кампови за робови и затвори, кои однесоа повеќе од еден милион животи. Ниту збор за Големата чистка, кампањата на Сталин за прогон и погубувања во триесеттите години. Само површно се споменува колективизација на советските имоти, што доведе до изгладнување на околу четири милиони Украинци, но ако никогаш досега не сте слушнале за тој ужас, би можело да ви се причини дека тоа било тешко извојувана победа на големиот лидер. Минатата година Музејот на Сталин го посетиле околу 162.000 луѓе, според Тај Чубиниѕе, повеќе од кој било друг музеј во земјата, а повеќето посетители се од Русија и од Кина. Сталин евоцира интензивни емоции во земјата во која ги помина првите години од животот, а Грузијците кон него имаат голема почит. Тоа е особено вистина во Гори, каде што луѓето – особено постарите – го гледаат како човек кој изградил царство и ги поразил нацистите во Втората светска војна. – Тој бил едноставен човек, кој пораснал и станал лидер на голема земја, вели Мера Бчатадзе, 70-годишен пензионер. – Бил гениј, додава неговиот пријател Гиви Лурсманашиви. Ваквиот став кон Сталин и неговото наследство за младите Грузијци во најмала рака е вознемирувачки. Тој не само што никогаш не бил сентиментален кон својата родна земја, туку со децении ја тероризирал. Повеќе од 400.000 Грузијци се депортирани, а многу од нив и стрелани. – Во триесеттите години во Грузија – во однос на големината на земјата – се погубени повеќе луѓе од каде било на друго место, вели историчарот Симон Себаг Монтефјоре, автор на книгата „Младиот Сталин“. – Веројатно поради блискиот однос на Сталин со грузиските лидери. Со децении откако цврстата советска рака го попушти стисокот, околу Грузија – и во неа – сега сè поприсутна е Русија. Гори е еден од градовите што Русите ги бомбардираа и ги окупираа за време на кусата но жестока војна во 2008 година, по која 20 отсто од земјата заврши во рацете на Русија. Сепак, изгледа дека на локалното население тоа не му е претерано важно. А олеснителна околност е и што Сталин денес носи многу лари, грузиски пари. Спроти музејот има повеќе продавници за сувенири во кои се продаваат чинии, шолји за кафе, цегери, пенкала, лулиња, запалки и уште што не со ликот на Сталин. Јохен Дикман, Германец во музејот, не беше импресиониран. – Тој тука е херој!, вели негодувајќи. – Има толку познати писатели во Грузија на кои сите се горди. Како да не сфаќаат дека Сталин ги праќал во гулаг и сите ги убил. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-kako-stalin-stana-heroj-vo-negovata-rodna-gruzija/feed/ 0
Шокантни тврдења: Сталин го обожаваше Џон Вејн, но сакаше да го убие https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-tvrdenja-stalin-go-obozavashe-dzon-vejn-no-sakashe-da-go-ubie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-tvrdenja-stalin-go-obozavashe-dzon-vejn-no-sakashe-da-go-ubie/#respond Fri, 16 Nov 2018 13:16:29 +0000 https://kurir.mk/?p=128556

Херојот на американските вестерн филмови, вистинскиот, единствен и најпознат каубој во светот беше Џон Вејн. За време на Втората светска војна се чини дека целиот свет внимателно ја следеше борбата на Советскиот Сојуз и САД, а кинематографијата стана вистинско боиште. Со Вејн во главна улога. Советскиот диктатор Јосиф Сталин беше голем обожавател на филмот. Во секоја од неговите куќи имал приватно кино каде што поминувал време и гледал филмови од различни жанрови. Вејн, пак, беше познат антикомунист. Тој веќе беше во судир со комунистите поради своето мислење, па дури и добивал заканувачки анонимни писма. Но ситуацијата станала многу сериозна кога најпознатиот каубој во светот го привлекол вниманието на Сталин, кој одеднаш одлучил дека Вејн е „закана за нивната цел и треба да биде убиен”. Хировите на Сталин можеа да бидат смртоносни, а според некои тврдења, КГБ навистина се обидел да ја оствари желбата на диктаторот. Американските агенти сериозно ја сфатија оваа закана и му понудија заштита на Вејн. ФБИ спречи најмалку еден обид за атентат, со помош на самиот Вејн. Откако слушнаа дека двајца агенти на КГБ ќе глумат агенти на ФБИ и ќе дојдат во студиото каде што работеше Вејн, за да го намамат да оди со нив, ФБИ и актерите ги расипаа плановите. Кога Советите стигнаа во студиото, и во просторијата на Вејн, вистинските агенти на ФБИ беа скриени во соседната соба. Наскоро ги фатиле. Агентите беа толку исплашени да не се вратат во Советскиот Сојуз, каде што би морале да му кажат на Сталин дека не успеале, така што на Американците им дале доброволно многу информации. Подоцна, Вејн го запознал наследникот на Сталин – Никита Хрушчов. Го прашал дали Сталин наредил негово убиство, на што Хрушчов одговорил: „Тоа беше одлуката на Сталин во неговите последни луди години. Јас ја отфрлив таа заповед”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-tvrdenja-stalin-go-obozavashe-dzon-vejn-no-sakashe-da-go-ubie/feed/ 0