јосипа лисац – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Feb 2023 15:08:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јосипа лисац – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јосипа Лисац има здравствени проблеми, концертот откажан – еве што се случува со пејачката https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/josipa-lisats-ima-zdravstveni-problemi-kontsertot-otkazhan-eve-shto-se-sluchuva-so-pejachkata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/josipa-lisats-ima-zdravstveni-problemi-kontsertot-otkazhan-eve-shto-se-sluchuva-so-pejachkata/#respond Sat, 25 Feb 2023 15:08:01 +0000 https://kurir.mk/?p=804954

Здравствената состојба на Јосипа Лисац ненадејно се влоши, откажан е и големиот концерт во Загреб. Имено, легендарната пејачка Јосипа Лисац мораше да го откаже концертот што требаше да се одржи на денес во загрепската сала Лисински, а причината е нејзината здравствена состојба. Според официјалната Фејсбук страница на хрватската дива, неколку недели пред првиот концерт, пред неколку вечери, претрпела големи болки предизвикани од ишијас. Неколку пати таа вечер стигна до салата со помош на бастун. Оттогаш ситуацијата се влоши, а неуништливата Јосипа, која на Денот на вљубените го прослави својот 73-ти роденден, не може на своите фанови да им го подари настапот што го заслужуваат. Наскоро ќе биде објавен нов датум. Ако се биде во ред, Јосипа ќе ја гледаме и слушаме во Нови Сад на 12-ти март.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/josipa-lisats-ima-zdravstveni-problemi-kontsertot-otkazhan-eve-shto-se-sluchuva-so-pejachkata/feed/ 0
Проекција на концертот на Јосипа Лисац во Кинотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proekcija-na-koncertot-na-josipa-lisac-vo-kinoteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proekcija-na-koncertot-na-josipa-lisac-vo-kinoteka/#respond Thu, 08 Jul 2021 05:13:53 +0000 https://kurir.mk/?p=533587

На летната сцена „Мирно лето“ во Кинотека на Република Северна Македонија вечер ќе се одржи проекција на концертот „Јосипа Лисац from Croatia Records Studio“ – „…ту у мојој души станујеш…“. Со овој концерт, продолжува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, кои оваа установа ги реализира во соработка со најголемата дискографска куќа во регионот, „Croatia Records“. На концертот во студио, без публика, Јосипа испеа 12 песни – од култната „Богиња“, до легендарната „Магла“, вклучувајќи ги и: „О једној младости“, „Док размишљам о нама“, „Данас сам луда“, Хир, хир, хир“, Гдје Дунав љуби небо“…Времетраењето на концертот е 84:55 минути. И овој концерт големата дива му го посвети на нејзиниот легендарен сопруг Карло Метикош. Концертот беше реализиран во студиото на „Croatia Records“ во Загреб на 30 октомври 2018 година, во придружба на музичарите: Тони Старешиниќ (клавијатури), Борна Шерцар (тапани), Давор Чрнигој (бас гитара) и Јосип Грах (труба и хармоника). – Јосипа Лисац е сонувач кој сонува со очи ширум отворени, и е непоправлив идеалист и визионер. Со нејзиниот волшебен глас, таа е рамо до рамо со светските музички великани Едит Пјаф и Фреди Меркјури…, пишува во белешката за концертот. Разговорот со Јосипа го водеше Милан Мајеровиќ Стилиновиќ. Кинотека ја стартуваше програмата на 1 јули со концертот на Влатко Стефановски во Лисински, а секој следен четврток во седмиот месец тековната година, ќе биде прикажан по еден концерт од богатата BLU RAY програма на дискографскиот гигант, кои, според сензибилитетот одговараат на местото и на времето. Посетителите на овој настан ќе имаат прилика да се запознаат и со најновите изданија на „Croatia Records“, на штандот на „Zec Electronic“, дистрибутер за нашата држава. Од Кинотека информираат дека следниот четврток, на 15-ти јули, во рамки на циклусот ќе биде емитуван концертот на Раде Шербеџија и бендот „Западни колодвор“ во ХНК – „Хрватско нардодно казалиште“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proekcija-na-koncertot-na-josipa-lisac-vo-kinoteka/feed/ 0
Присутните гледаа во земја, гледачите збунети: Кривична пријава против Јосипа Лисац поради начинот на кој ја пееше химната (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prisutnite-gledaa-vo-zemja-gledachite-zbuneti-krivichna-prijava-protiv-josipa-lisac-poradi-nachinot-na-koj-ja-peeshe-himnata-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prisutnite-gledaa-vo-zemja-gledachite-zbuneti-krivichna-prijava-protiv-josipa-lisac-poradi-nachinot-na-koj-ja-peeshe-himnata-video/#respond Thu, 20 Feb 2020 08:28:12 +0000 https://kurir.mk/?p=306316

Против хрватската пејачка Јосипа Лисац е поднесена казнена пријава поради начинот на кој ја извела националната химна на инаугурацијата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Пријавата е поднесена од адвокатот Бошко Жупановиќ, кој изјави дека „химната на Република Хрватска е изведена на подбивен и омаловажувачки начин“ и дека Јосипа Лисац на тој начин извршила кривично дело кршење на угледот на Република Хрватска со „користење подбивни артикулации и тоналитети“. „Не сакам внимание на медиумите. Го направив тоа како адвокат и граѓанин. Мислам дека тоа е само исмејување и дека не соодветствува за никаков настан, а камоли на инаугурацијата на новоизбраниот хрватски претседател”, рече Жупановиќ за Индекс.хр. Тој додаде дека ја напишал пријавата затоа што сметал дека тоа е негова граѓанска должност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prisutnite-gledaa-vo-zemja-gledachite-zbuneti-krivichna-prijava-protiv-josipa-lisac-poradi-nachinot-na-koj-ja-peeshe-himnata-video/feed/ 0