јован деспотовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 May 2023 10:20:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јован деспотовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бектеши и Деспотовски по нова странска инвестиција во Брисел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-i-despotovski-po-nova-stranska-investitsija-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-i-despotovski-po-nova-stranska-investitsija-vo-brisel/#respond Sun, 21 May 2023 10:20:26 +0000 https://kurir.mk/?p=836959

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски денеска ќе отпатуваат за Брисел каде ќе биде потпишан договор за нова инвестиција. Посетата на Бектеши и Деспотовски ќе трае три дена и е во рамки на официјалната посета на претседателот на државата Стево Пендаровски на Белгија. Во рамки на економскиот дел од посетата, како што јави известувачот на МИА, пред белгиски компании-членки на стопанските комори на Брисел и Антверпен, ќе бидат презентирани условите што ги нуди Македонија за инвестирање. Како дел од посетата, предвидена е и средба со претставници на македонската дијаспора во Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-i-despotovski-po-nova-stranska-investitsija-vo-brisel/feed/ 0
Деспотовски за СТУДИО 10: Домашните компании во индустриските зони ги имаат истите придобивки како странските https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/despotovski-za-studio-10-domashnite-kompanii-vo-industriskite-zoni-gi-imaat-istite-pridobivki-kako-stranskite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/despotovski-za-studio-10-domashnite-kompanii-vo-industriskite-zoni-gi-imaat-istite-pridobivki-kako-stranskite/#respond Wed, 29 Mar 2023 08:49:50 +0000 https://kurir.mk/?p=817644

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, во СТУДИО 10 на ТВ 24 вели дека оваа Влада донесе закон со кој се изедначија странските и домашните инвеститори во смисла на поволноси и финансиска помош. Од донесувањето на законот се отворени 1000 инвестициски субјекти. - За жал сите компании во нашата зона се со странски сопственици освен една. Сега имаме договор со голема македнска компанија и тоа треба да испрати порака дека зоните се отворени за сите, вели Деспотовски. Домашните компании во индустриските зони ќе ги имаат истите придобивки, не само финансиски, туку и инфраструктурни, на што најмногу се жалеа македонските претприемачи, вели Деспотовски. - Неприфатливо е што компании во 21 век во Визбегово се уште немаат вода. Затоа, државата според одредени параметри ќе овозможи на тој простор да влезе државата која ќе обезбеди инфраструктура и ќе им ги олесни постапките за градење. Мора бизнис барањата да имаат предност во општините оти тие се оние кои го полнат буџетот и вработуваат, вели Деспотовски заклучувајќи дека помалите локални општински индустриски зони ќе можат да влезат под ТИРЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/despotovski-za-studio-10-domashnite-kompanii-vo-industriskite-zoni-gi-imaat-istite-pridobivki-kako-stranskite/feed/ 0
Митева: Деспотовски вечерва потврди дека Македонија нема стратегија за привлекување на странски инвестиции! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-despotovski-vecherva-potvrdi-deka-makedonija-nema-strategija-za-privlekuvanje-na-stranski-investicii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-despotovski-vecherva-potvrdi-deka-makedonija-nema-strategija-za-privlekuvanje-na-stranski-investicii/#respond Fri, 11 Nov 2022 20:52:13 +0000 https://kurir.mk/?p=759488

Јован Деспотовски отишол на интервју за да каже што мисли, наместо да каже што знае. Ама очигледно, ништо не знае... Деспотовски вечерва потврди дека Македонија нема стратегија за привлекување на странски инвестиции, посочува Марија Митева,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение: "Не ни требаат ветувања на лист хартија, ни требаат резултати" - факт е дека ниту има стратегија, ниту има резултати! Втор факт е дека растот на платите во зоните не е резултат на државни мерки туку на економски движења на пазарот на трудот на пошироко ниво, недостатокот на работна сила, вклучувајќи ја инфлацијата, зголемените трошоци за живот, продуктивноста на работната сила итн, додека бројот на вработени расте од компаниите кои веќе подолго време работат во Македонија. Трет факт, во однос на оправданоста на државната помош = согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во моментов се дава многу повеќе пари отколку претходно (над 30% од вредност на инвестицијата како CAPEX грант, плус за креирање на работни места). Остатокот до 50% се даночни ослободувања. Да потсетиме, претходно, тој % беше не повеќе од 15% од вредноста на инвестицијата, а остатокот (до 50%) беа даночни ослободувања - каде практично државата немаше трошок бидејќи се откажуваше од нешто што воопшто не би го имала доколку ја немало инвестицијата. Истово ова е забележено и во извештајот на ДЗР каде исплатената кеш компонента во 2021 е скоро дупло повисока од износот во 2017. Понатаму, факт е дека договорите не се јавно објавени - Деспотовски треба да знае дека има огромна разлика од тоа да ги соопштиш условите, од објавување на договорите!!! Согласно неговите тврдења, во Македонија за помалку од две години има договори за нови инвестиции од над 620милиони евра и тоа над 70% биле нови компании кои за прв пат инвестирале во Македонија - уште еднаш го повикуваме јавно да ги објави и барем за една од тие да каже како тој лично ја привлекол инвестицијата и кои методи и знаења ги употребил. Петто, на прашањето ќе го имаме ли првиот електричен автомобил и кога (мислејќи тука на инвестицијата eGo во Тетово) Деспотовски вели: мислам дека ќе го имаме до крајот на 2024 ... најверојатно мисли дека фабрикава нема да се гради, од Марс ќе слета и ќе почне веднаш да произведува... И за крај, сепак мора да потврдиме уште еднаш дека најголемото достигнување на Јован Деспотовски е воведувањето на excel табела - значи не закон, подзаконски акти, нов бренд на инвеститор, туку EXCEL табела! - што не би требало да биде теза за јавно фалење, нели? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-despotovski-vecherva-potvrdi-deka-makedonija-nema-strategija-za-privlekuvanje-na-stranski-investicii/feed/ 0
Деспотовски: До крајот на 2024 година една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени во ТИРЗ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/despotovski-do-krajot-na-2024-godina-edna-milijarda-evra-investicii-i-udvojuvanje-na-brojot-vraboteni-vo-tirz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/despotovski-do-krajot-na-2024-godina-edna-milijarda-evra-investicii-i-udvojuvanje-na-brojot-vraboteni-vo-tirz/#respond Fri, 11 Nov 2022 20:05:37 +0000 https://kurir.mk/?p=759474

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски очекува до крајот на 2024 година да се оствари зацртаната цел од една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени. Деспотовски смета и дека во зоните ќе продолжи трендот на раст на платите, како и растот на приходите во Буџетот. Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Деспотовски истакна дека само лани во Буџетот се слеале близу две милијарди денари по однос на придонеси и персонален данок на доход што за три пати го надминува нивото на државна поддршка исплатено за компаниите. Тоа се, како што напомена, три пати повеќе средства за надминување на последиците од енергетската и останатите предизвици со кои се соочува македонската економија. -Анализите на ТИРЗ покажуваат дека за едно вложено евро од државата, компаниите враќаат три, што е реален позитивен ефект од инвестициите и новиот концепт. Со новиот концепт, инвестициските договори на компаниите веќе вклучуваат врзување на дел од субвенциите со одредена динамика на раст на платите. Очекувам да продолжи растот од 2021 година кога платите во зоните првпат го надминаа државниот просек, рече директорот. Според Деспотовски, граѓаните се уморни од програми, ветувања, зборови и стратегии. Сакаат конкретни  резултати и мерливи ефекти. -Само од почетокот на годинава имаме 2 000 нови работни места и тоа е нешто за кое треба да се радуваме сите. Крајно време е да се научи и оваа и секоја следна опозиција дека треба да се радува на заедничките, македонски успеси. Само во изминативе две години се отворени 3 500 нови работни места, а во последниве шест години во компаниите во зоните над 10 000 наши сограѓани добиле можност за работа. Овие бројки се реален резултат, а за да го постигнеме не е доволно само да имаме убаво напишани документи и ветувања, туку треба и да испорачаме, истакна Деспотовски.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/despotovski-do-krajot-na-2024-godina-edna-milijarda-evra-investicii-i-udvojuvanje-na-brojot-vraboteni-vo-tirz/feed/ 0
Митева: Деспотовски да ги објави договорите за државна помош во ТИРЗ, за кои ДЗР констатира дека уредбите не содржат транспарентни критериуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-despotovski-da-gi-objavi-dogovorite-za-drzavna-pomosh-vo-tirz-za-koi-dzr-konstatira-deka-uredbite-ne-sodrzat-transparentni-kriteriumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-despotovski-da-gi-objavi-dogovorite-za-drzavna-pomosh-vo-tirz-za-koi-dzr-konstatira-deka-uredbite-ne-sodrzat-transparentni-kriteriumi/#respond Thu, 10 Nov 2022 12:02:25 +0000 https://kurir.mk/?p=758580

Tрет ден молк од Јован Деспотовски за катастрофалните резултати кои Македонија ги бележи последните пет години на полето на странските инвестиции.  Новите факти кои денес ќе ги објавиме се однесуваат на Извештајот објавен од ДЗР каде се нотираат многу работи за кои очекуваме конкретни одговори, посочува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Имено, донесените уредби по кои се доделува индивидуалната помош на корисниците на ТИРЗ и на индустриските зони не содржат транспарентни критериуми за висината на доделување на државната помош, со вклучени индикатори за мерење на ефектите од нејзиното доделување, давање на приоритети, не постои ниту пропишан систем на контрола и оцена на исплатливоста на инвестициите. Со извршената ревизија констатирано е дека доделувањето на државната помош се врши со преговарање од страна на вклучените надлежни државни органи со склучување на поединечен договор со секој корисник. Тука се поставува прашањето дали лично Деспотовски како директор на надлежната Дирекција е вклучен и заслужен за секој договор што го преговара и што е причината за стравот да ги објави тие договори? Реакцијата на се она што кажавме во јавноста овие денови беше во насока на тоа дека најдобриот одговор биле конкретните и мерливи ефекти за луѓето. Деспотовски потенцираше дека се обезбедени над 2.000 нови работни места креирани само во последните 10 месеци исто така потенцираше дека растот на платите продолжува и над достигнатото ниво од декември 2021 година, кога за прв пат просечната плата во ТИРЗ го надминала просекот во националната економија за 3%, вели таа. Посочи дека овде пак, прашањето на кое Деспотовски треба да одговори се однесува на тоа колку од овие нови работни места се од компании кои Деспотовски ги донел во Македонија или пак кои се компаниите со најголеми просечни плата и што има Деспотовски конкретно и практично направено, со кои јасни мерки за ова се да случи. -Одговорот е ништо. Растот на платите во зоните не е резултат на државни мерки туку на економски движења на пазарот на трудот на пошироко ниво, недостаток на работна сила, вклучувајќи ја инфлацијата, зголемените трошоци за живот, продуктивноста на работната сила итн., додека бројот на вработени расте од компаниите кои веќе подолго време работат за кои Деспотовски најверојатно немал ни информации дека се присутни во земјата пред да дојде на функцијата, а нема спроведено никаква, ниту конкретна, ниту мерлива мерка за да го помогне овој раст. „2.000 нови работни места во 10 месеци“, „3% просек над просечната плата“, „620 милиони евра инвестиција постигнато ниво на договори (што и да значи ова)“ и сл. е расфрлање и селективна употреба на бројки, од кои повеќето се од непроверени и непознати извори, или за идно планирано „ќе биде“ време што е напротив, залажување на јавноста и народот со испревртување на реалната состојба. Наместо ова може, само заради транспарентноста и одговор кон граѓаните, Деспотовски да квантифицира на сличен, сумарен начин, колкав износ на буџетски  пари на граѓаните се потрошени преку тендерите кои се  распишани за непотребни услуги и за кои услуги? Ова треба да е лесна работа бидејќи самиот тој се претставува како лик кој зборувал со бројки и факти, рече Митева. Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ посочи: „Дополнително, во Извештајот на ДЗР е нотирано дека од страна на Дирекцијата преземени се почетни активности за изработка на нов Закон за ТИРЗ чија цел е реорганизација на начинот на вршење на дејностите во ТИРЗ и доделување на државната помош. Тука пак Деспотовски треба да одговори како можат да се воведуваат нови пристапи и концепти за зоните, а во позадина да има само „почетни активности“ за изработка на нов Закон за зоните“?    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-despotovski-da-gi-objavi-dogovorite-za-drzavna-pomosh-vo-tirz-za-koi-dzr-konstatira-deka-uredbite-ne-sodrzat-transparentni-kriteriumi/feed/ 0
Василевска до Деспотовски: И вас Заев да ве шеташе насекаде ќе станевте претседател на СДСМ, а не Ковачевски, за каква демократизација говорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-do-despotovski-i-vas-zaev-da-ve-shetashe-nasekade-kje-stanevte-pretsedatel-na-sdsm-a-ne-kovachevski-za-kakva-demokratizacija-govorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-do-despotovski-i-vas-zaev-da-ve-shetashe-nasekade-kje-stanevte-pretsedatel-na-sdsm-a-ne-kovachevski-za-kakva-demokratizacija-govorite/#respond Tue, 21 Dec 2021 18:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=611346

Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Само вистина“ го запраша Јован Деспотовски дали навистина тежи само 3.000 гласа. И дали мисли дека во нивниот внатрепартиски процес односно избори беше рамноправна битката. -Јас мислам дека актуелниот претседател на СДСМ имаше најмали шанси во некои нормални услови на вистинско спроведување на демократија. Бидејќи како што гледаме господинот Зоран Заев за раче го шета насекаде. И тоа не е рамноправен однос, рече Василевска. Василевска дури додаде дека Заев да го зедеше Деспотовски и го шеташе насекаде и тој ќе станеше претседател на СДСМ како што е сега Ковачевски. -Да ве земеше тројцата и да одеше еднакво за сите тогаш ќе беше јасно, но ова е само еден малку подобро направен пиар во однос на некаква демократизација која што ги затскрива другите прашања, укажа Василевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-do-despotovski-i-vas-zaev-da-ve-shetashe-nasekade-kje-stanevte-pretsedatel-na-sdsm-a-ne-kovachevski-za-kakva-demokratizacija-govorite/feed/ 0
Четворица кандидати за лидер на СДСМ, пријавите на верификација во Централната изборна комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-kandidati-za-lider-na-sdsm-prijavite-na-verifikacija-vo-centralnata-izborna-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-kandidati-za-lider-na-sdsm-prijavite-na-verifikacija-vo-centralnata-izborna-komisija/#respond Sat, 04 Dec 2021 08:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=603863

Централната изборна комисија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе ги верификува кандидатурите кои ги исполнуваат критериумите за избор на претседател на партијата, откако вчера во 16 часот заврши рокот за пријавување. Доставени се четири кандидатури за партиски лидер на СДСМ од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово и од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони. Последен вчера се кандидираше Деспотовски, кој до Централната изборна комисија ја достави и неговата програма „Концепт 28“ во која, според него, фокус се луѓето. – Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континиутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година, се вели во програмата на Деспотовски. Кандидатура до изборната комисија завчера поднесе Алексовски, а претходно во средбата кандидатурите ги доставија и Ременски и Ковачевски. Ковачевски ја достави кандидатурата со програмата „Заедно, одговорно и посветено“ по што на својот фејсбук-профил напиша дека „во време на предизвици со кои се соочува македонското општество одговорно е да се преземе чекор, да се делува. – Да ја направиме СДСМ ефикасна, организирана и посветена на решавање на проблемите. Заедно, одговорно и посветено. Граѓаните бараат работа, решенија и многу одговорност. Треба да извлечеме поуки и да направиме сериозни промени за да ја вратиме довербата, да го обединиме членството и брзо да се вратиме на победничка патека. За ова да го постигнеме мора да поставиме стручни и посветени луѓе на сите позиции кои ќе донесат вистинска промена и ќе работат одговорно. Верувам дека само вака ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, но и дека ние како држава можеме и умееме сами. Мој приоритет ќе биде домашната политика, ефикасно работење и реализација како и подобрување на економскиот стандард на граѓаните, наведе Ковачевски. Ременски ја достави својата кандидатура симболично за време на 16-дневниот активизам против насилство на жените, при што ги охрабри жените да не се откажуваат од соништата. – Сакам и преку кандидатурата да бидам пример и да ги охрабрам сите жени кои се или не се на функција да не се откажуваат од своите соништа и натаму да се борат без оглед на сè и ги охрабрувам социјалдемократките да ја поддржат мојата кандидатура, изјави Ременски. Образложувајќи ја кандидатурата таа истакна дека цел и мотив за нејзината самокандидатутра за претседател на партија се досегашните општествено – политички и партиски активности кои ги имала во време кога СДСМ носела тешки одлуки. Изборот за нов претседател на партијата се одржува по оставката на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по завршување на вториот круг од локалните избори, преземајќи одговорност за како што изјави тој лошите резултати од изборите. Со Одлуката на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори се распишани и ќе се одржат на 12 декември 2021 година. Постапката за кандидирање започна на 27 ноември, а заврши вчера. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно Статутот на СДСМ. За претседател на СДСМ може да се кандидира лице кое има најмалку пет години членство во партијата и кое најмалку еднаш било избран од Конгресот за член на некој од партиските органи. Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-kandidati-za-lider-na-sdsm-prijavite-na-verifikacija-vo-centralnata-izborna-komisija/feed/ 0
Деспотовски поднесува кандидатура за лидер на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/despotovski-podnesuva-kandidatura-za-lider-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/despotovski-podnesuva-kandidatura-za-lider-na-sdsm/#respond Fri, 03 Dec 2021 12:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=603625

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за внатрепартиските непосредни избори поднесе Јован Деспотовски, соопштија од СДСМ. Од владејачката партија истакнаа дека до Централната изборна комисија, Деспотовски ја достави и неговата програма „Концепт 28“ во која според Деспотовски фокус се луѓето. Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани, а програмата „Концепт 28“ нуди поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките. Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година, стои во програмата на Деспотовски која што е доставена, додаваат од СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/despotovski-podnesuva-kandidatura-za-lider-na-sdsm/feed/ 0
Деспотовски разочаран од владата на СДСМ за бегството на Мијалков: Не ми е лесно да ја претставувам СДСМ денеска, правда нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/despotovski-razocharan-od-vladata-na-sdsm-za-begstvoto-na-mijalkov-ne-mi-e-lesno-da-ja-pretstavuvam-sdsm-deneska-pravda-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/despotovski-razocharan-od-vladata-na-sdsm-za-begstvoto-na-mijalkov-ne-mi-e-lesno-da-ja-pretstavuvam-sdsm-deneska-pravda-nema/#respond Mon, 22 Feb 2021 17:56:03 +0000 https://kurir.mk/?p=472422

Директорот на ТИРЗ од СДСМ, Јован Деспотовски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, рече дека одговорност за бегството на екс директорот на УБК Сашо Мијалков мора да има, бидејќи актуелната влада на СДСМ ја добила довербата на граѓаните за да донесе правда, посочувајќи дека трет пат се случува малтене една иста работа и дека правдата е бавна. -Не е добро. Не е добро затоа што оваа политичка гарнитура која што јас ја претставувам денеска, а не е едноставно да ја претставувам, доби доверба од граѓаните за да донесе правда, но очигледно е бавна. Втор пат, односно трет пат господинот Давидовиќ спомна се случува малтене една иста работа, вели Деспотовски. Според Деспотовски, ваквото случување влијае на одлуките на домашните бизнисмени, но и на странските бизнисмени. -Тоа што ние дискутираме внатре, влијае на одлуките на домашните прво бизнисмени, а потоа на странските бизнисмени. Значи ова не е никакво оправдување, вели Деспотовски. -Одговорност мора да има, значи еднаш мора да ставиме цртка и да кажеме, да кој работи и греши, меѓутоа не смееме да дозволиме одредени грешки да ни се случуваат во неколку наврати, истакна тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/despotovski-razocharan-od-vladata-na-sdsm-za-begstvoto-na-mijalkov-ne-mi-e-lesno-da-ja-pretstavuvam-sdsm-deneska-pravda-nema/feed/ 0
„Вкусно изненадување“: Фондот за иновации по безброј скандали прослави 15 илјади јалкови на Фејсбук со сечење торта (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkusno-iznenaduvanje-fondot-za-inovacii-po-bezbroj-skandali-proslavi-15-iljadi-jalkovi-na-fejsbuk-so-sechenje-torta-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkusno-iznenaduvanje-fondot-za-inovacii-po-bezbroj-skandali-proslavi-15-iljadi-jalkovi-na-fejsbuk-so-sechenje-torta-foto/#respond Mon, 12 Nov 2018 08:32:45 +0000 https://kurir.mk/?p=126714

На власта предводена од СДСМ и Зоран Заев народски кажано никако да им дојде памет. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој кој неодамна го тресеа безброј скандали за доделувањето на тендерите на Фејсбук се пофали како сече торта за 15 илјади лајкови на Фејсбук. -Вкусно изненадување од колегите минатата недела. Затоа што 15 илјади лајкови на страната на Фондот за иновации и технолошки развој не се бројка, туку преземена обврска постојано да се подобруваме во нашата работа и заеднички да изградиме иновативно и економски развиено општество, напиша Деспотовски. По ова свој коментар имаше и Ивор Мицкоски кој на својот Фејсбук напиша: -Додај и 770.000 евра кои ќе завршат во рацете на четири фирмите блиски до функционери, и може да се каже дека годинава е многу успешна за Фондот. Инаку и Тивитер заедницата веднаш започна со мајтапење на сметка на Фондот и директорот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkusno-iznenaduvanje-fondot-za-inovacii-po-bezbroj-skandali-proslavi-15-iljadi-jalkovi-na-fejsbuk-so-sechenje-torta-foto/feed/ 0