јован димовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Sep 2022 09:37:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јован димовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НЕМА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА ВО ЛЕКУВАЊЕТО – инфекцијата не можела да се спречи, ова е целосната одлука на стручната комисија за смртта на Јован https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-lekarska-greshka-vo-lekuvanjeto-infekcijata-ne-mozela-da-se-sprechi-ova-e-celosnata-odluka-na-struchnata-komisija-za-smrtta-na-jovan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-lekarska-greshka-vo-lekuvanjeto-infekcijata-ne-mozela-da-se-sprechi-ova-e-celosnata-odluka-na-struchnata-komisija-za-smrtta-na-jovan/#respond Fri, 23 Sep 2022 09:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=736537

Нема лекарска грешка во третманот на 25-годишниот пациент Јован Димовски од Берово кој почина пред еден месец на КАРИЛ по интервенција на заб во Штипската клиничка боленица. Така заклучила стручната Комисија формирана од министерот за здравство Беким Сали.

Тој вели дека според извештајот на младиот беровец навремено му била пружана лекарска помош, но инфекцијата не можела да се спречи.

– Според наодите кои се најдени во институциите и документацијата дознаваме дека се испочитувани сите стручни фази за пружање навремени стручни услуги кон пациентот. Меѓутоа, целата компликација настанува поради системско проширување на инфекцијата во целиот организам на пациентот и неможноста за реагирање, смирување или намалување на таа инфекција – изјави Сали за ТВ Сител.

Во Основното јавно обвинителство Штип оформен е предмет со цел да се утврдат причините за смртта на пациентот од Берово кој бил третиран во ЈЗУ Клиничка болница Штип. Јавниот обвинител, согласно член 236 и член 246 од Законот за кривична постапка, на крајот на август издаде Наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина Скопје.

Роднините на починатиот на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипска болница.

„На ден 23.08 пациент на возраст од 25 години е префрлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор. Пациентот на прием со знаци за тешка системска инфекција. И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал почина за помалку од 24 часа, соопшти директорот на Клиниката за трауматологија ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) Александар Трајановски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-lekarska-greshka-vo-lekuvanjeto-infekcijata-ne-mozela-da-se-sprechi-ova-e-celosnata-odluka-na-struchnata-komisija-za-smrtta-na-jovan/feed/ 0
Сали: Се чека финалниот извештај од ДСЗИ за починатиот млад пациент од Берово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-se-cheka-finalniot-izveshtaj-od-dszi-za-pochinatiot-mlad-pacient-od-berovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-se-cheka-finalniot-izveshtaj-od-dszi-za-pochinatiot-mlad-pacient-od-berovo/#respond Wed, 31 Aug 2022 09:42:39 +0000 https://kurir.mk/?p=726522

Стручната комисија за случајот со починатиот 25-годишен пациент од Берово после хируршка интервенција на заб е веќе формирана, но се чека финален извештај од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Откако извештајот ќе стигне до Министерството, Комисијата ќе заседава врз основа на целата процедура, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање во ГОБ „8 Септември“. Во однос на членовите на оваа Комисија, Сали посочи дека има апсолутна доверба во нив и оти тоа се луѓе кои цел живот работат на таа проблематика. Професионалниот дел, вели тој, не може да се дискутира за луѓе кои цел живот го работат тоа. Тој утринава побарал од архивата, но вели се уште го немаат добиено тој документ. Министерот нагласи дека откако ќе го докомплетираат целосниот случај со извештајот од ДСЗИ и стручната Комисија ќе излезат во јавност и ќе образложат. – Сметам дека наши пациенти честопати знаат покасно да се јават во здравствените установи кога за жал честопати немаме веќе што да направиме повеќе од тоа што е направено, но во конкретниов случај ќе дозволиме на стручните лица тоа да го кажат, додаде Сали. ДСЗИ вчера соопшти дека е извршен вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде пациентот се јавил на преглед во врска со здравствената состојба која завршила со смртен исход – матичен стоматолог, матичен лекар и Итна медицинска помош Берово, ЈЗУ Клиничка болница – Штип и ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-se-cheka-finalniot-izveshtaj-od-dszi-za-pochinatiot-mlad-pacient-od-berovo/feed/ 0
ДСЗИ објави: Еве што утврдила вонредната инспекција за случајот со беровчанецот Јован https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-objavi-eve-shto-utvrdila-vonrednata-inspekcija-za-sluchajot-so-berovchanecot-jovan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-objavi-eve-shto-utvrdila-vonrednata-inspekcija-za-sluchajot-so-berovchanecot-jovan/#respond Tue, 30 Aug 2022 10:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=725931

Државниот санитарен и здравствен инспекторат по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб, изврши вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се јавил на преглед во врска со здравствената состојба која завршила си смртен исход при што е констатирана следната фактичка состојба: -посета кај матичен стоматолог : -Од увид во индивидуалниот стоматолошки картон е утврдено дека од 10.08.2022 год Д-р.Слободан Рушковски од ПЗУ Д-р.Рушковски-ординација по општа стоматологија во Берово е матичен стоматолог на пациентот Ј.Д., кога за прв пат е извршен стоматолошки преглед при што е утврдено присуство на огромен оток на десна страна без можност да се изврши орален преглед поради болка и присутен тризмус (вкочанетост на долната вилица). Веднаш е креиран спец.упат до спец.по орална хирургија при ПЗУ Д-р.Чавков – Д-р.Бајрактаров орална -специјалистичка ординација по орална хирургија во Струмица) во мој термин за 09.30 часот на 11.8.2022год. Од увидот во здравствената евиденција и електронскиот систем е констатирано дека упатот не е реализиран односно пациентот не се јавил на преглед. Препишана антибиотска терапија од страна на матичниот стоматолог. На 13.08.2022 год пациентот Ј.Д. во 22.30 часот( сабота) поради болка и оток повторно се јавил на преглед при што како итен случај повторно е упатен до специјалист, но овој пат специјалист максилофацијален хирург при ЈЗУ КБ Штип . -посета кај матичен лекар : Истиот ден, на 10.08.2022г. по препорака на матичниот стоматолог пациентот се јавил кај матичниот лекар Д-р.Ванчо Ременски при ПЗУ Поликлиника Биомедика при што од извршениот преглед било констатирано оток и болка во десна букална и субмандибуларна регија, при што од страна на матичниот лекар се ординира друг антибиотик и останата супортивна терапија. На ден 13.08.2022год пациентот Ј. Д. дошол на контролен преглед при што е констатирано и понатаму присуство на оток и болка, назначено да продолжи со препорачаната терапија. На 19.08.2022г.во индивидуалниот картон е заведен извештај (прилог кон отпусно писмо) од ЈЗУ КБ Штип-Максилофацијална хирургија од Д-р.Владимир Милошев со назначена терапија . -Посета во ИМП-Берово Од увид во амбулантскиот дневник на Итна медицинска помош Берово на 21.08.2022г. во вечерните часови ( не е прецизиран часот) заведен е преглед на пациентот Ј. Д кој побарал здравствена помош поради општа лоша состојба со постоечка инцизиона рана со дрен, извршена е тоалета и преврска на раната, ординирана амп.Диазепам и.м, дадена оксигена терапија (кислород), препорачано земање на табл.Парацетамол за дома , со напомена ако е потребно веднаш да се јави повторно на преглед на ИМП. На 22.08.2022г. во 02.30 часот пациентот Ј.Д. со придружба од семејството повторно дошол во ИТМ-Берово каде поради влошена општа состојба му е ординирана терапија физиолошки р-р 500мл и амп.Новалгетол 5 мл( и.м) и со возило на ИМП-Берово во придружба на мед.сестра е транспортиран до ЈЗУ КБ-Штип каде веднаш е примен -лекување во ЈЗУ КБ _Штип : -Пациентот Ј.Д прв пат се јавил на преглед во ЈЗУ КБ Штип на ден 13.08.2022 година во дежурна ургентна амбуланта каде дежурниот доктор д-р.Владимир Милошев специјалист .максилофацијален хирург извршил преглед. Ординирана терапија, направена РТГ на глава и запис за прием на болничко лекување. По приемот на хирушко одделение со максилофацијална хирургија извршена е екстракција на забот и киретажа, но бидејќи не е воспоставено спонтано дренирање извршена е екстраорална длабока инцизија со поставување на лашва за пасивна дренажа. Пациентот е задржан на болничко лекување до 19.08. 2022 год. од каде по подобрување на општата и локална здравствена состојба, по извршена контрола на медијастинумот со цел утврдување на дистално ширење на инфекцијата направен е контролен РТГ на бели дробови и добиен уреден наод, направени се контролни лабараториски испитувања, со препорачана терапија е испишан на домашно лекување. Закажана е контрола за 2 дена односно за 21.08.2022г. На 21.08.2022г. пациентот се јавил на контрола во ЈЗУ КБ-Штип каде е извршена преврска на инцизионата рана и повторно му е закажана контрола за 23.08.2022г. На 22.08.2022г. во 04.40 часот поради влошена состојба (обилно крварење од инцизионата ектраорална рана, фебрилен, со отежнато дишење и намалена сатурација со возило на итна медицинска помош од Берово е донесен во ЈЗУ КБ-Штип. По пристигнување во ЈЗУ КБ-Штип пациентот Ј. Д. веднаш е спроведен во операциона сала, извршена е интубација и со општа анестезија пристапено е кон оперативна интервенција (подлабоко отварање на инцизионата рана. Истовремено се земени се два бриса- не се најдени патогени бактерии според лабораторискот извештај додека резултатот од хемокултурата за време на инспекцискиот надзор се уште е во тек. Истовремено телефонски е побарана консулатација со професоре д-р.Даница Поповиќ спец.максиолофацијален хирург од ЈЗУ УК-Максилофацијална хирургија во Скопје, која лично пристигнала во 08.30 часот на 23.08.2022г и дала насоки пациентот да не се транспортира во таква состојба во Скопје туку во наредните 24 часа да биде следена неговата состојба на одделението за интензивна нега со реанимација во ЈЗУ КБ-Штип . На 23.08.2022г. поради влошување на здравствената состојба на пациентот Ј. Д., со болничко возило и во придружба на специјализант доктор по анестезија и главна мед.сестра на анестезија е пренесен на ЈЗУ УК-Карил во Скопје. -прием на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ – ОЕ за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување Пациентот е примен на ден 23.08.2022 год по претходно креиран упат од страна на др Владимир Милошев од ЈЗУ КБ Штип за понатамошно лекување. Пациентот е примен во крајно тешка состојба со знаци за септичен шок. Веднаш се преземени сите мерки за интензивно лекување, мониторинг, иследувања и терапија . Пациентот доаѓа со веќе извршено дијгностичко иследување КТ на белодробие после кое заради итноста на ситуацијата е повикан торакален хирург кој по преглед на компјутерскиот наод поставува торакален дрен. И покрај сите преземени мерки согласно протокол кај пациентот настапува смрт на ден 24.05,2022 год.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-objavi-eve-shto-utvrdila-vonrednata-inspekcija-za-sluchajot-so-berovchanecot-jovan/feed/ 0
ПО ПОГРЕБОТ НОВ ШОК ЗА СЕМЕЈСТВОТО – наредено е да се изврши ексхумација, обдукција и идентификација на починатото момче од сепса! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pogrebot-nov-shok-za-semejstvoto-naredeno-e-da-se-izvrshi-ekshumacija-obdukcija-i-identifikacija-na-pochinatoto-momche-od-sepsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pogrebot-nov-shok-za-semejstvoto-naredeno-e-da-se-izvrshi-ekshumacija-obdukcija-i-identifikacija-na-pochinatoto-momche-od-sepsa/#respond Fri, 26 Aug 2022 12:49:07 +0000 https://kurir.mk/?p=724363

Основното јавно обвинителство Штип, по објавени информации на социјалните мрежи и во медиумите, оформи предмет по допрен глас со цел да ги утврди причините за смртта на пациент од Берово кој бил третиран во ЈЗУ Клиничка болница Штип. Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се прибави целокупната медицинска документација околу текот на лекувањето на починатото лице од сите приватни и јавни здравствени установи и ординации каде пациентот побарал лекарска помош. Исто така, полицијата е задолжена да изврши разговори со лекарите и со останатиот медицински персонал кој постапувал, како и со членови на семејството на пoчинатиот пациент. Јавниот обвинител, согласно член 236 и член 246 од Законот за кривична постапка, денеска издаде Наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина – Скопје. Обвинителството постапува со цел да ги испита наводите за евентуална лекарска грешка при третманот на сега починатото лице.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pogrebot-nov-shok-za-semejstvoto-naredeno-e-da-se-izvrshi-ekshumacija-obdukcija-i-identifikacija-na-pochinatoto-momche-od-sepsa/feed/ 0
ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИЈА: ДСЗИ се огласи по смртта на беровчанецот Јован https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-dszi-se-oglasi-po-smrtta-na-berovchanecot-jovan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-dszi-se-oglasi-po-smrtta-na-berovchanecot-jovan/#respond Fri, 26 Aug 2022 11:40:49 +0000 https://kurir.mk/?p=724340

Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека денеска е извршен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб . -Инспекцискиот надзор во клиничката болница е се уште во тек. Доплнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог , итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот. По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација.за констатирана фактичка состојба за која дополнително ќе бидете информирани, се наведува во соопштението. Од страна на ДСЗИ ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надор до министерот за здравство .]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-dszi-se-oglasi-po-smrtta-na-berovchanecot-jovan/feed/ 0
„Ја фатил сестрата за рака и рекол јас ќе умрам, се гушам и изгубил свест“ – нови детали за последните денови на Јован кој починa од сепса https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-fatil-sestrata-za-raka-i-rekol-jas-kje-umram-se-gusham-i-izgubil-svest-novi-detali-za-poslednite-denovi-na-jovan-koj-pochin-od-sepsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-fatil-sestrata-za-raka-i-rekol-jas-kje-umram-se-gusham-i-izgubil-svest-novi-detali-za-poslednite-denovi-na-jovan-koj-pochin-od-sepsa/#respond Fri, 26 Aug 2022 10:18:04 +0000 https://kurir.mk/?p=724288

Болката е неискажлива и не може да се опише. Треба да се преземат мерки за да не се гуши и друга фамилија во ваква болка – вели Слаџана Ризинска од Берово, чиј братучед Јован Димовски (25), како што тврдат, починал од сепса откако му била направена интервенција на заб во Клиничката болница во Штип. ММС ја контактираше Слаџана одблиску да нѐ запознае со тоа што навистина се случило и како дошло до овој трагичен случај, кој ја потресе македонската јавност. Со неа зборувавме откако беровчани го испратија младиот Јован во неговото вечно почивалиште. Неговата братучетка Слаџана вели дека Јован бил човек кој го знаел целиот град, имал многу пријатели и другари, а во емотивното сведоштво за Македонски медиа сервис раскажа за голготата низ болничките лавиринти. „Со Јован бевме најблиски, мојот и неговиот дедо беа браќа. Тој имаше тешко детство заедно со неговиот брат, а мајка им ги израсна сами. Мојата тетка ги исчува сама, таа целиот живот го посвети на нив. Сега кога веќе застанаа на свои нозе, тој заврши фатално од ништо. Татко му почина пред десетина години, а претходно замина во странство. Мајка им ги израсна во момчиња, да се снаоѓаат сами во животот. За жал, ете до каде била судбината, ако веќе било судбина…“, вели Слаџана. Како вредно момче кое сакало чесно да си го заработи лебот, Јован заминал да работи во Чешка заедно со својот брат Александар, кој пак потоа отишол на работа во Швајцарија. -Тие беа многу приврзани, па тој си дојде од Чешка и кога се видовме ми рече „дадо, јас не можам без Александар, ќе одам и јас за Швајцарија да работиме заедно“. Вредно и чесно си го заработуваа лебот, сѐ додека не го заболе забот пред две недели и прво се јави на стоматолог во Берово – раскажува Слаџана. „Констатираа дека тоа е седмица заб и дека има оток поради што во Берово не може да се изврши интервенција односно хируршки зафат. Прво го сликаа па му кажаа да одбере дали таа интервенција ќе се направи во Штип или Струмица. Тој сакаше во Штип. Отиде наредниот ден во Штип каде што му беше направена интервенција и таму остана четири дена“, вели Слаџана. Слаџана потенцира дека Јован си дошол дома во страшни болки, но раната се чистела. Во меѓувреме, тврди Слаџана, му паднал дренот и бидејќи било недела (21-ви август) тој отишол во Итната медицинска помош во својот град. Таму му била направена преврска и му било кажано дека треба повторно да оди за Штип. Слаџана вели дека е изреволтирана бидејќи оваа информација никој јавно не ја споменува, односно ја нема во извештајот од лекарот кој вчера до медиумите го лиферуваа од Болницата. „Негово другарче го однесе за Штип и таму истиот доктор му направил повторно интервенција и му го ставил дренот наопаку. Уште таму Јован му рекол дека цела страна почнува да го боли и дека голта крв. Докторот му рекол дека имал многу пациенти и дека сите ги боли. Се вратил за Берово во неделата. Кога се вратил дома, Јован се гушел во болка и добил уште поголем оток. Тетка ми вели дека му се фаќало цело тело, не можел да стане од кревет. Почнал да повраќа крв и гној и заминале во амбулантата во Берово каде бил повикан неговиот матичен заболекар и таму констатирале дека тој има дрен наопаку. Не тече крв од раната, туку навнатре и Јован веќе бил затруен“, раскажува Ризинска. Таа вели дека додека трае голготата на момчето, од Берово го праќаат директно за Скопје. Во возилото сепак, неговата ситуација се влошила, за што посведочила и медицинската сестра која била дел од тимот. -Вчера зборував со медицинската сестра која била во возилото на Итната медицинска помош и таа рече: „Ќе застанам зад случајот“. Пред Штип, Јован изгубил свест. Ја држел за рака и ѝ рекол: „Јас ќе умрам, се гушам и не можам да дишам“ – објаснува Слаџана. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-fatil-sestrata-za-raka-i-rekol-jas-kje-umram-se-gusham-i-izgubil-svest-novi-detali-za-poslednite-denovi-na-jovan-koj-pochin-od-sepsa/feed/ 0
БИЗАРНА ТРАГЕДИЈА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА – почина 25 годишно момче откако се заразило со сепса по интервенција на заб (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bizarna-tragedija-vo-shtipskata-bolnica-pochina-25-godishno-momche-otkako-se-zarazilo-so-sepsa-po-intervencija-na-zab-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bizarna-tragedija-vo-shtipskata-bolnica-pochina-25-godishno-momche-otkako-se-zarazilo-so-sepsa-po-intervencija-na-zab-foto/#respond Thu, 25 Aug 2022 10:30:59 +0000 https://kurir.mk/?p=723717

На социјалните мрежи се шират фотографии и статуси поврзани со смртта на 25 годишно момче од Берово. Станува збор за Јован Димовски кој починал од сепса предизвикана на забар во штипската болница. „Само во нашата држава ,само со нашето зрдавство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згадне на само 25години.....🖤СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние, какво здравство имаме,дали веке еден ден некуј ќе одговара за секојдневниот хорот во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради не внимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со.... „како е рекол Бог“.... Дали во 21 век треба да се случи таков срам....Ангелу наш ти почивај во мир 🙏 А тие нема да спијат мирно....🖤, стои во еден од постовите посветени на прерано починатиот Јован. Овој случај во моментов е проширен само на социјалните мрежи и нема официјален коментар од засегнатите институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bizarna-tragedija-vo-shtipskata-bolnica-pochina-25-godishno-momche-otkako-se-zarazilo-so-sepsa-po-intervencija-na-zab-foto/feed/ 0