Јован Јаулевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Mar 2023 11:42:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јован Јаулевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јаулевски: Ковачевски ги гледаше во очи и ги излажа студентите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jaulevski-kovachevski-gi-gledashe-vo-ochi-i-gi-izlazha-studentite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jaulevski-kovachevski-gi-gledashe-vo-ochi-i-gi-izlazha-studentite/#respond Tue, 14 Mar 2023 11:42:05 +0000 https://kurir.mk/?p=811768

Во попладневните часови во ноември Премиерот триумфално објави слика дека постигнал договор со студентите. Имено, согласно тогашниот договор се продолжи примената на законот за субвенциониран студентски оброк до март 2023та година со ветување дека во период од 5 месеци ќе се формираат работни групи и ќе биде изгласан нов закон кој ќе содржи системско решение, а ќе биде плод на договор меѓу студентите и институциите. Помина половина март, а таков Закон во Собранието нема. Студентите се жртва на политиката на СДСМ и ДУИ „купи ден, помини“. Од инат, не ја прифатија сугестијата на ВМРО - ДПМНЕ законот да важи до крајот на академската година, ијзави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулевски. Во продолжение интегрален текст од изјавата на Јаулевски: -На Таче му се кратки нозете. Ги гледаше во очи и ги излажа студентите. Токму тука, во Собранието, во попладневните часови во ноември Премиерот триумфално објави слика дека постигнал договор со студентите. Имено, согласно тогашниот договор се продолжи примената на законот за субвенциониран студентски оброк до март 2023та година со ветување дека во период од 5 месеци ќе се формираат работни групи и ќе биде изгласан нов закон кој ќе содржи системско решение, а ќе биде плод на договор меѓу студентите и институциите. Помина половина март, а таков Закон во Собранието нема. Студентите се жртва на политиката на СДСМ и ДУИ „купи ден, помини“. Од инат, не ја прифатија сугестијата на ВМРО - ДПМНЕ законот да важи до крајот на академската година. Почитувани студенти, Пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе поднесе предлог Закон со кој вредноста на субвенционираниот студентски оброк ќе биде 160 наместо моменталните 120 денари, а исплатата на истиот ќе биде до крај на оваа академска година, а не заклучно со март 2023та. Тоа е нашето прво барање. Талат Џафери да не го блокира овој предлог закон и уште во четврток да се најде на пленарна седница. Ботовите на Таче т.е. пратениците на СДСМ нека направат нешто добро за иднината на Македонија, за 30.000 студенти и нека го прифатат нашиот предлог. Нашето второ барање е во месеците што претстојат е Клубот за млади во рамки на Собранието на Република Македонија да биде модератор за изработка на новото законско решение за Законот за субвенциониран студентски оброк. Министрите од ДУИ очигледно се зафатени со асистенции и шутирање слободни во канцеларијата на Груби и токму затоа се неподобни да го води процесот од кој зависат десетици илјади млади луѓе. Колегите од власта можат да покажат дали имаат капацитет и право на сопствено мислење само со прифаќање на нашето второ барање со што консезуално ќе донесеме Закон од кој бенефит ќе имаат студентите, појасни Јаулевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jaulevski-kovachevski-gi-gledashe-vo-ochi-i-gi-izlazha-studentite/feed/ 0
Јаулевски: Корупцијата, криминалот и неправдата ја влечат Македонија надоле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jaulevski-korupcijata-kriminalot-i-nepravdata-ja-vlechat-makedonija-nadole/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jaulevski-korupcijata-kriminalot-i-nepravdata-ja-vlechat-makedonija-nadole/#respond Mon, 19 Dec 2022 15:40:22 +0000 https://kurir.mk/?p=777710

Македонија се соочува со една од најтешките кризи во своето постоење. Криминалот, корупцијата, неправдата секојдневно го пробиваат дното. Америка прати тим за санкции да ги скенира состојби. Состојби од типот избор на обвинител кој не се знае што работел изминатите години освен што се дружел со функционери на ДУИ. Се случи оставка од судски совет поради политички и бизнис притисоци, а новоназначената претседателка на ова значајно тело е на слики со Зоран Заев од партиски состаноци на правната комисија. Од партизираното правосудство од двоецот СДСМ и ДУИ и спорниот избор на уставни судии не може да се има многу очекувања, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски. -Не постои мала држава без природни ресурси која е корумпирана, криминална и во која неправдата е секојдневие, а да има економски раст, развој и просперитет. Научно е докажано дека има негативна корелациска врска помеѓу корупцијата и економскиот раст. Негативното влијание на корупцијата врз растот во најголем дел се случува преку неколку канали: политичка нестабилност, услови за водење на бизнис, инвестициска клима, образование, а со тоа и човечки капитал, рече тој. Потоа потенцира дека од аспект на човечкиот капитал и образованието, во кое се вклучени младите и корупцијата, негативно влијание има: -Целосно го девастира образовниот систем од каде треба да се продуцира знаење. (УКИМ на некое листи воопшто го нема, а на тие што го има е околу 2000-то место) - Ги демотивира младите да инвестираат во човечки капитал (најголем фактор за успех е роднинска врска со високи раководни структури на владејачка партија.) -Ја одвраќа интелектуалната класа да се вклучи поактивно во општествено – економските процеси со цел да придонесе повеќе за развојот на државата (видете ги анкетите и последните изборни циклуси во делот на излезноста. Секој ден се поголема е апатијата.) -Корупцијата предизвикува погрешна кадровска селекција во приватниот, а особено во јавниот сектор (мислам дека нема потреба да се зборува подетално на оваа тема. Институциите на сите нивоа се заробени од партиски калкулации и не се прават промени поради кршливоста на коалицијата.) -Тоа е реалноста колеги од мнозинството. Корупцијата, криминалот и неправдата ја влечат оваа држава надоле. Згора на се и економскиот тим ви е катастрофален. Впрочем и честите промени во него се потврда дека немате концепт што правите, порача тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jaulevski-korupcijata-kriminalot-i-nepravdata-ja-vlechat-makedonija-nadole/feed/ 0