Јован Крстител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 05:49:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јован Крстител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДЕНЕС Е ТЕЖОК ПРАЗНИК: Отсекување на главата на свети Јован Крстител https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-e-tezhok-praznik-otsekuvane-na-glavata-na-sveti-jovan-krstitel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-e-tezhok-praznik-otsekuvane-na-glavata-na-sveti-jovan-krstitel/#respond Mon, 11 Sep 2023 05:49:13 +0000 https://kurir.mk/?p=876746

Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господа Исуса, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но, бивајќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законита жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, кој сè уште беше жив. Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го разобличи Ирод. Заради тоа, Ирод го фрли во затвор. За време на еден пир во неговиот дом во Севастија Галилејска, пред гостите играше Салома, ќерката на Филип и Иродијада. Пијан и занесен од таа игра, Ирод ѝ вети на танчерката дека ќе ѝ даде се што ќе посака, па дури и кога би побарала половина од неговото царство. Наговорена од мајка ѝ, Салома ја побара главата на свети Јован Крстител. Ирод нареди и му ја отсекоа на Јован главата во затворот, па му ја донесоа на Ирод на чинија. Учениците Јованови ноќе го зедоа телото на својот учител и чесно го погребаа, а Иродијада го избоде со игла Јовановиот јазик, а главата му ја закопа на некое нечисто место. Што стана понатаму со главата на светиот Претеча е опишано под 8 март. Набрзо оваа група злосторници ги постигна Божја казна. За да ја измие честа на својата ќерка, кнезот Арета удри со војска на Ирод и го порази до темел. Поразен, Ирод беше осуден од кесарот Калигула на прогонство, најнапред во Галија, а потоа во Шпанија. Како прогонети, Ирод и Иродијада живееја во беда и понижувања, додека земјата не се отвори и не ги проголта. Салома загина со зла смрт на реката Сикорис (Сула). Смртта на свети Јован се случи пред Пасха, а празнувањето на 11 септември е востановено затоа што тој ден е осветена црквата што на неговиот гроб ја подигнаа во Севастија светиот цар Конастантин и неговата мајка, светата царица Елена. Во таа црква се положени моштите на Јовановите ученици: Елисеј и Авдиј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-e-tezhok-praznik-otsekuvane-na-glavata-na-sveti-jovan-krstitel/feed/ 0
ДЕН ПО ВОДИЦИ Е ЈОВАН КРСТИТЕЛ – оваа храна никако не смеете да ја јадете, особено една грешка не смее да ја направат жените! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/den-po-voditsi-e-jovan-krstitel-ovaa-hrana-nikako-ne-smeete-da-ja-jadete-osobeno-edna-greshka-ne-smee-da-ja-napravat-zhenite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/den-po-voditsi-e-jovan-krstitel-ovaa-hrana-nikako-ne-smeete-da-ja-jadete-osobeno-edna-greshka-ne-smee-da-ja-napravat-zhenite/#respond Thu, 19 Jan 2023 20:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=789454

На 20-ти јануари се празнува Крштевањето на Свети Јован, а дали трпезата ќе биде мрсна или посна зависи од тоа во кој ден се паѓа овој празник. Јован Крстител се слави неколку пати во текот на годината, но православната црква го слави празникот Крштение на 20 јануари. Празникот е посветен на светецот и пророк кој го крсти Исус Христос во реката Јордан. На Свети Јован е мрсна гозба, освен кога се паѓа во среда или петок, во тие два случаи се подготвува посна трпеза. Оваа година 20 јануари се паѓа во петок, што значи дека на Свети Јован СЕ ПОСТИ. Многу народни обичаи се поврзани со овој празник. Според верувањата, на тој ден жените никако не треба да допираат игли за плетење, ножици или игли. На денот на Свети Јован верниците не треба да земаат нож во раце, во знак на сеќавање на мачеништвото на Јован, ниту да јадат и пијат нешто што е во црвена боја, бидејќи таа боја ја симболизира невино пролеаната крв на светителот. На децата исто така не им се дава ништо црвено на овој ден. Исто така, според верувањата, 20-ти јануари е идеален ден за одење на патување, бидејќи ќе ја имате заштитата на овој светец.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/den-po-voditsi-e-jovan-krstitel-ovaa-hrana-nikako-ne-smeete-da-ja-jadete-osobeno-edna-greshka-ne-smee-da-ja-napravat-zhenite/feed/ 0
УТРЕ ИСТО ТАКА Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК – секој верник треба да биде свесен за една работа на тој ден, за многу години Св. Јован https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-isto-taka-e-golem-praznik-sekoj-vernik-treba-da-bide-svesen-za-edna-rabota-na-toj-den-za-mnogu-godini-sv-jovan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-isto-taka-e-golem-praznik-sekoj-vernik-treba-da-bide-svesen-za-edna-rabota-na-toj-den-za-mnogu-godini-sv-jovan/#respond Wed, 19 Jan 2022 20:29:24 +0000 https://kurir.mk/?p=621160

Денот на Свети Јован Крстител е една од најголемите слави кај нас. Православната црква и нејзините верници го прославуваат 20 јануари како ден на еден од најголемите и најзначајни светци – Свети Јован Крстител. Овој светец е познат по чистотата, моралот и токму тој го извршил чинот на крштевање на Исус Христос. На овој голем ден, секој верник треба да биде свесен за една голема тајна. Станува збор за покајувањето, преобразбата и одбирањето на правилниот пат. Свети Јован говорел: „Треба да одиме кон Бог, нашиот пат да биде насочен кон него, да не’ води кон Творецот, кој не’ повикува насочено, а не присилно. Покајте се и не ја пропуштајте огромната шанса што ви е дадена.“ Свети Јован се смета за громогласна труба што го повикува на преобразба целиот човечки род. Народни обичаи и верувања Кај народот постои обичај луѓето да се обврзуваат на побратимство и кумство, бидејќи Јован се смета за пример за карактер и почитување. Јован Крстител се смета за заштитник на пејачите, музичарите, кројачите, кожарите, крзнарите, гостилничарите, затворениците, осудениците на смрт, заболените од епилепсија, одгледувачите на птици. Според традицијата, домаќините на оваа слава треба да ги пречекуваат гостите облечени свечено, ведри и расположени и да не седнуваат додека свеќата гори. Не седнуваат од почит кон светецот кој е главен гостин во домот. Доколку домаќинот е повозрасен и не е физички во состојба да стои цел ден, тоа треба да го прави некој од помладите мажи, син или внук, со негова дозвола. Тој се грижи и за служењето и распоредот на гостите. Домаќинот на ист начин ги испраќа гостите, со желба повторно да се сретна во уште подобро здравје и расположение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-isto-taka-e-golem-praznik-sekoj-vernik-treba-da-bide-svesen-za-edna-rabota-na-toj-den-za-mnogu-godini-sv-jovan/feed/ 0
Денеска е Зачнување на свети Јован Крстител https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-zachnuvanje-na-sveti-jovan-krstitel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-zachnuvanje-na-sveti-jovan-krstitel/#respond Tue, 06 Oct 2020 05:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=412778

Иако сите христијански празници се со повеќеслојно значење, овој е еден од посебните во тој поглед. Денеска црквата ја слави милоста Божја што им даде син на старите родители на свети Јован, Захарија и Елисавета. Го слави и чудото што се зачна плод во утробата на Елисавета. Ја слави и мудроста Божја, бидејќи Јован беше оној што го истапка патот за целосното богојавување во реалната историска личност на Исус Христос. Црквата го слави свети Јован Претеча и Крстител во неколку прилики, зашто тој е граничниот камен на Стариот и Новиот завет и, како што рековме, почеток на целосното објавување на Бога како Света Тројца на празникот Богојавление, меѓу народот познат како Водици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-zachnuvanje-na-sveti-jovan-krstitel/feed/ 0
УТРЕ Е ТЕЖОК ПРАЗНИК: Никако немојте да ги јадете овие работи кои потсетуваат на крвта на светителот, задолжително постете! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-tezok-praznik-nikako-nemojte-da-gi-jadete-ovie-raboti-koi-potsetuvaat-na-krvta-na-svetitelot-zadolzitelno-postete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-tezok-praznik-nikako-nemojte-da-gi-jadete-ovie-raboti-koi-potsetuvaat-na-krvta-na-svetitelot-zadolzitelno-postete/#respond Thu, 10 Sep 2020 11:13:38 +0000 https://kurir.mk/?p=401551

Утре се одбележува празник посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена. Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот. Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети”, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител. Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е”. (Јован, 3/30-31) Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-tezok-praznik-nikako-nemojte-da-gi-jadete-ovie-raboti-koi-potsetuvaat-na-krvta-na-svetitelot-zadolzitelno-postete/feed/ 0
Денеска се празнува Свети пророк Захариј, таткото на свети Јован Крстител https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-sveti-prorok-zaharij-tatkoto-na-sveti-jovan-krstitel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-sveti-prorok-zaharij-tatkoto-na-sveti-jovan-krstitel/#respond Tue, 18 Sep 2018 07:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=102372

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 септември. Денеска е Св. пророк Захариј. Свети пророк Захариј е таткото на свети Јован Крстител. Потекнуваше од свештеничкото Ароново племе. Син му Јован му беше даден кога тој и жена му Елисавета беа во поодминати години, како дете на верата, т.е. заради нивниот свет живот и цврстата вера во Бога. Животот го заврши маченички беше погубен од Иродовите војници покрај олтарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-sveti-prorok-zaharij-tatkoto-na-sveti-jovan-krstitel/feed/ 0