јована тренчевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Aug 2023 11:09:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јована тренчевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тренчевска:Со заеднички предлози до системски решенија за подобар живот на сите пензионери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-so-zaednichki-predlozi-do-sistemski-reshenija-za-podobar-zhivot-na-site-penzioneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-so-zaednichki-predlozi-do-sistemski-reshenija-za-podobar-zhivot-na-site-penzioneri/#respond Thu, 31 Aug 2023 11:09:53 +0000 https://kurir.mk/?p=872984

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Претседателот на партијата на пензионери, Илија Николовски и претставници од партијата. На средбата се разговараше за актуелните барања на пензионерите за покачување на пензиите како и потенцијалните решенија кои можат да донесат подобар квалитет на живот на ранливите категории на пензионери. На средбата од страна на присутните беше потенцирано дека линеарното покачување барање кое ќе ја загрози стабилноста на пензискиот фонд и редовното примање на пензии за 330 000 пензионери во државата. Тренчевска посочи дека во периодот кој што следи ќе се креираат социјални мерки кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите со најниски примања и исто така таа посочи дека посветено ќе се работи и на Законот за минимална пензија. Претседателот Николовски на министерката и приложи предлози креирани од Партијата на пензионери кои можат да го подобрат квалитетот на живот на пензионерите, додека од страна на министерката беше истакнато дека истите ќе бидат разгледани и внесени во материјалите за работа при носењето на решенија за пензиите. Министерката на крајот од средбата покани претставник од Партијата на пензионерите на првата средба на работната група која ќе работи на Законот за минимална пензија и социјалните мерки, а ќе се одржи на 6ти септември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-so-zaednichki-predlozi-do-sistemski-reshenija-za-podobar-zhivot-na-site-penzioneri/feed/ 0
Тренчевска за ТВ21: Секоја година согласно растот на просечната плата, ќе се покачуваат и платите во јавниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-za-tv21-sekoja-godina-soglasno-rastot-na-prosechnata-plata-ke-se-pokachuvaat-i-platite-vo-javniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-za-tv21-sekoja-godina-soglasno-rastot-na-prosechnata-plata-ke-se-pokachuvaat-i-platite-vo-javniot-sektor/#respond Fri, 25 Aug 2023 12:04:56 +0000 https://kurir.mk/?p=870863

Во врска со Општиот колективен договор, кој се носи после 15 години, министерката Тренчевска за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, истакна неколку придобивки за вработените во јавен сектор, како растот на платата за 10 отсто со септемвриската плата, К-15 за сите вработени во јавен сектор од 10.000 денари до крајот на годината и раст на платите во јавен сектор на долг рок. „Со самиот колективен договор се воспоставува систем за покачување на платите во јавниот сектор. Од 1 март 2025 година, просечната плата помножена со коефициент на сложеност, на работно место, ќе биде основната плата на секој вработен,“ Тренчевска. Таа посочи дека, заедно со Сојузот на синдикати на Македонија до крајот на 2024 година треба да се склучи спогодба и да се утврдат коефициентите по сложеност на работните места. „Секоја година согласно растот на просечната плата, ќе се покачуваат платите во јавниот сектор. Не можете вие да преземете обврски кои ќе имаат фискални импликации ако не ги предвидите во буџетот,“ истакна Тренчевска на прашањето дали има пари во државниот буџет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-za-tv21-sekoja-godina-soglasno-rastot-na-prosechnata-plata-ke-se-pokachuvaat-i-platite-vo-javniot-sektor/feed/ 0
Тренчевска: Никогаш нема да кажам дека 25.000 денари се доволни да живеат двајца пензионери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-nikogash-nema-da-kazham-deka-25-000-denari-se-dovolni-da-zhiveat-dvajtsa-penzioneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-nikogash-nema-da-kazham-deka-25-000-denari-se-dovolni-da-zhiveat-dvajtsa-penzioneri/#respond Fri, 25 Aug 2023 08:39:30 +0000 https://kurir.mk/?p=870790

Јована Тренчевска, министерката за труд и социјална политика објасни за изјавата во еден медиум за тоа дека 25.000 денари се доволни за двајца пензионери. Тренчевска во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека нејзината изјава е извадена од контекст. „Таа изјава е извадена од контекст. Разговорот беше дека 50.000 денари е потрошувачката кошница. Јас реков да, таа е 50.000 денари за четирчлено семејство, значи 25.000 денари за двајца пензионери не е доволно, а уште помалку кога живее само еден пензионер со 12.500 денари. Без да се провери што имам кажано, следуваа лавина коментари. Јас никогаш нема да кажам дека 25.000 денари се доволни да живеат двајца пензионери“, кажа Тренчевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-nikogash-nema-da-kazham-deka-25-000-denari-se-dovolni-da-zhiveat-dvajtsa-penzioneri/feed/ 0
Тренчевска: Инфлацијата е потсмирена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-inflatsijata-e-potsmirena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-inflatsijata-e-potsmirena/#respond Tue, 14 Mar 2023 20:51:31 +0000 https://kurir.mk/?p=811962

Инфлацијата е потсмирена и се намалува. Најважно е што имаме тренд на намалување и тој ќе продолжи и понатаму. Не само мерките за замрзнување на цените и сите други мерки што ги носи Владата се токму во таа насока, рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Во гостување на ТВ 24 Тренчевска истакна дека се следат состојбите и оти не мора да значи дека мерката нема да продолжи и по утврдениот рок ако економскиот тим на Владата одлучи дека дава ефекти. Тренчевска е задоволна од одлуката што беше донесена вчера на Економско-социјалниот совет за висината на минималната плата бидејќи, како што истакна, е резултат на системско решение од минатата година кога со измените на Законот за минимална плата беше утврдена нова методологија врз основа на која ќе се зголемуваат платите. -Токму со ова решение имаме одлука за минимална плата од март 2023 од нето износ 20.175, што значи дека во државата нема да има основна плата под оваа сума. Дури и во услови на криза минималната плата расте. Со минималната плата ќе пораснат и другите плати, онаму каде матичните закони се усогласени со Законот за минимална плата, односно каде во основната плата влегува минималната плата, платите исто така ќе се зголемат за 2.175 денари, рече Тренчевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-inflatsijata-e-potsmirena/feed/ 0
„Оставка на Тренчевска и директорката во градинката за брутално насилство врз 10 месечно бебе, за никогаш да не повтори ваков инцидент“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavka-na-trenchevska-i-direktorkata-vo-gradinkata-za-brutalno-nasilstvo-vrz-10-mesechno-bebe-za-nikogash-da-ne-povtori-vakov-incident/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavka-na-trenchevska-i-direktorkata-vo-gradinkata-za-brutalno-nasilstvo-vrz-10-mesechno-bebe-za-nikogash-da-ne-povtori-vakov-incident/#respond Sat, 26 Nov 2022 09:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=766800

Се случува брутално насилство во детска градинка Цветови во Гевгелија, а министерката Тренчевска се обидува целиот случај да го сокрие од јавноста. Десетмесечно бебе завршило со тешки телесни повреди и хематон на главата, а министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на детската градинка Елизабета Стоименова се обидуваат да го прикријат целиот случај и да прикажат дека се работи за детска игра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека цела јавност виде дека не се работи за гребнатинки на десетгодишното бебе, туку за модрици низ целото лице. - Срамно и без грам чувство на одговорност и доблест. Тренчевска и Стоименова се најодговорни за овој инцидент и наместо пракса да станува други да одговараат, веднаш да си поднесат оставка. Ниту едно насилство не смее да се толерира, најмалку насилството врз децата. Да бевме некоја демократска држава, до сега од морални причини ќе имаше оставка на министерката, директорката и целиот инцидент ќе беше расчистен. Но, ние имаме бледи соопштенија и неуспешни обиди од Тренчевска да се сокрие целиот случај. Родителите се вознемирени од овој немил настан, и стравуваат дека со немање на одговорност, ваквото насилство може да се случи и на други дечиња во детските градинки. Тренчевска да си поднесе оставка и да покаже дека заштитата на децата и е пред се. Оставка веднаш, се додава во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavka-na-trenchevska-i-direktorkata-vo-gradinkata-za-brutalno-nasilstvo-vrz-10-mesechno-bebe-za-nikogash-da-ne-povtori-vakov-incident/feed/ 0
„Тренчевска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат брутално насилство врз бебиња“ – бараат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-da-gi-vrati-ingerenciite-za-gradinkite-na-opshtina-gevgelija-nejzinite-kadri-krijat-brutalno-nasilstvo-vrz-bebinja-baraat-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-da-gi-vrati-ingerenciite-za-gradinkite-na-opshtina-gevgelija-nejzinite-kadri-krijat-brutalno-nasilstvo-vrz-bebinja-baraat-od-vmro-dpmne/#respond Fri, 25 Nov 2022 08:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=766237

Јована Тренчевска им ги одзема ингеренциите за градинките на општините за да може да поставува директори од СДС, за кои постојат низа скандали и немили настани. Инцидентот со бруталното насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчевска крие насилство и не пријавува во Полиција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е втор ваков случај на истата директорка, на која очигледно градинката и децата во неа не и се приоритет.

И наместо да има одговорност и разрешување, Тренчевска формира комисија по примерот на комисиите на Филипче за сите КОВИД скандали, за Јилдиз, за старецот од Кратовско, кои не видоа епилог.

Наместо да измислуваат тела и комисии кои ќе завршат без епилог и одговорност, Тренчевска да ја разреши директорката на детската градинка од Гевгелија и веднаш потоа да ги врати ингеренциите врз градинките на општина Гевгелија“ - се наведува во соопштението.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-da-gi-vrati-ingerenciite-za-gradinkite-na-opshtina-gevgelija-nejzinite-kadri-krijat-brutalno-nasilstvo-vrz-bebinja-baraat-od-vmro-dpmne/feed/ 0
Тренчевска се појави на денешниот протест на ССМ, но ништо од договор! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-se-pojavi-na-deneshniot-protest-na-ssm-no-nishto-od-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-se-pojavi-na-deneshniot-protest-na-ssm-no-nishto-od-dogovor/#respond Tue, 28 Jun 2022 15:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=696909

-Министерката за труд и социјална политика Јована Трнечевска се појави на денешниот протест пред Министерството и ги покана на средба синдикалците, но повторно без решение . Од власта не отстапуваат од ставот дека било потребно системско решение, а покачувањето од 2806 денари кое им беше ветено уште од јануари, сега стана АД ХОК решение. Eднаш засекогаш ќе воспоставиме систем кој ќе гарантира постојан раст на платите на работниците во јавниот сектор. Ќе има општ колектривен договор кој ќе дава дополнителни права на работниците во јавниот сектор, меѓутоа не ад хок решенија кои не се системски решенија и не придонесуваат кон подобрување на правата на работниците, рече Тренчевска. Од Синдикатот децидни. Велат може да се разговара за нова методологија но прво мора да биде исполнато барањето за покачувањето од 2806 денари за сите вработени во јавниот сектор. Денешната средба не резултирала со некакви конкретни чекори, освен дека ќе бидат закажани идни средби со ресорните министри. Инаку, истече и рокот за помирување со медијација, а до последниот ден, медијаторот ги повикал само еднаш на информативна средба Министерката ги истакна своите барања, дека треба да се направи нова методологија за континуиран пораст на платите за вработените во јавен сектор, што за нас не е неприфатливо , секако дека е прифатливо ова решение, но многу поприватливо е поедноставно решение е сега да го потпишеме општиот колективен договор за 2806 денари, па кога ќе се договори новата методологија од 2806 денара нека почне да се применува и таа, вели Трпе Деаноски Претседател на синдикат на УПОЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-se-pojavi-na-deneshniot-protest-na-ssm-no-nishto-od-dogovor/feed/ 0
Министрите Маричиќ и Тренчевска маршираа на „Парадата на гордоста“: Горди сме на слободата која ја живееме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-marichikj-i-trenchevska-marshiraa-na-paradata-na-gordosta-gordi-sme-na-slobodata-koja-ja-ziveeme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-marichikj-i-trenchevska-marshiraa-na-paradata-na-gordosta-gordi-sme-na-slobodata-koja-ja-ziveeme/#respond Sat, 25 Jun 2022 19:47:19 +0000 https://kurir.mk/?p=695757

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, маршираа на Парадата на гордоста, која годинава се одржува под мотото: „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда. Вицепремиерот Маричиќ вели дека неговото присуство на Парадата на гордоста е чин на солидарност и максимална поддршка на борбата за човековите права и слободи на секој еден, на секоја една и дека денес, на ЛГБТИК+ Парадата, се маршираше против хомофобијата, секаква омраза, насилство и дискриминација. „Горди сме на слободата која ја живееме. Но, слободата ниту е конечна, ниту е доволна, особено ако сè уште постојат луѓе кои не се чувствуваат слободни. Да градиме општество еднакво за сите и да научиме да живееме со почит и толеранција, прифаќајќи ги различностите. Да се излезе за љубов и за еднаквост е достоинствено и праведно“, стои на Фејсбук профилот на вицепремиерот Маричиќ. Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска вели дека Министерството за труд и социјална политика, го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација со кој се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, со кој за прв пат како основ за дискриминација се дефинирани сексуалната ориентација и родовиот идентитет. -Правото на избор секој да го живее сопствениот живот со изборот што го направил е неприкосновено право. Да се научиме да живееме и да практикуваме толерантност, почитување и прифаќање на различностите. Едно општество за сите, пишува на Фејсбук статус министерката Тренчевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-marichikj-i-trenchevska-marshiraa-na-paradata-na-gordosta-gordi-sme-na-slobodata-koja-ja-ziveeme/feed/ 0
Тренческа: Вработените во градинките кои штрајкуваа нема да земат целосни плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trencheska-vrabotenite-vo-gradinkite-koi-shtrajkuvaa-nema-da-zemat-celosni-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trencheska-vrabotenite-vo-gradinkite-koi-shtrajkuvaa-nema-da-zemat-celosni-plati/#respond Thu, 12 May 2022 17:54:41 +0000 https://kurir.mk/?p=675932

Вработените во градинките кои штрајкуваа нема да земат целосни плати за месец април. Ова го соопшти министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска по средбата со претставниците на Синдикатот за образование. Таа додаде дека се бара законско решение за надоместување на неисплатените плати во наредните месеци. Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков рече дека Колективниот договор за заштита на децата не предвидува исплата на дневници во случај на штрајк наспроти оној во образованието што предвидува такво нешто. На тричасовната средба се разговараше и за новиот колективен договор во градинките, кој истекува во јуни. Двете страни рекоа дека ги усогласиле позициите за овој договор кој треба да даде нови решенија кои ќе значат подобрување на предучилишната грижа и образование на децата. За ова прашање ќе се формираат две работни групи, онаа на Министерството за труд и СОНК кои ќе работат на креирање на нов колективен договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trencheska-vrabotenite-vo-gradinkite-koi-shtrajkuvaa-nema-da-zemat-celosni-plati/feed/ 0
Тренчевска: Зголемувањето од 12% на платите во образованието нема да предизвика дополнителна инфлација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-zgolemuvanjeto-od-12-na-platite-vo-obrazovanieto-nema-da-predizvika-dopolnitelna-inflacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-zgolemuvanjeto-od-12-na-platite-vo-obrazovanieto-nema-da-predizvika-dopolnitelna-inflacija/#respond Mon, 25 Apr 2022 17:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=667697

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска кажа дека државата нема да влезе во дополнителна инфлација со 12 процентното покачување на платите во образованието откако претходно изјави дека покачувањето на платите за повеќе од 10% ќе предизвика дополнителна инфлација во државата. - Нема да влеземе во дополнителна инфлација затоа што во разговори со министерот за финансии и со премиерот 12% се процент кој нема да предизвика дополнителна инфлација и проблем на стабилноста на Буџетот на Владата, изјави министерката Тренчевска. На прашање дали ќе се кратат пари од други места за покачување на платите во образованието министерката Тренчевска кажа дека ќе видат, но најверојатно нема да се кратат плати од други места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-zgolemuvanjeto-od-12-na-platite-vo-obrazovanieto-nema-da-predizvika-dopolnitelna-inflacija/feed/ 0