јованка цонева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Apr 2022 07:44:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јованка цонева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иако мал дом, Јованка има големо срце: Прими мајка и ќерка од Украина во куќата во Василево, еве како се запознале (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iako-mal-dom-jovanka-ima-golemo-srce-primi-majka-i-kjerka-od-ukraina-vo-kukjata-vo-vasilevo-eve-kako-se-zapoznale-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iako-mal-dom-jovanka-ima-golemo-srce-primi-majka-i-kjerka-od-ukraina-vo-kukjata-vo-vasilevo-eve-kako-se-zapoznale-video/#respond Mon, 11 Apr 2022 07:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=661129

Кога хуманоста ќе се стави на прво место, тогаш не постојат никакви пречки. Се наоѓа универзален јазик за комуникација, а малата куќа станува голема. Пример за тоа е Јованка Цонева од струмичко Василево која го отворила нејзиниот скромен дом и понудила загрижување на семејство од Украина. Ги споило случајното пријателство од Фејсбук, но тогаш никој не претпоставувал дека тоа ќе биде мост преку кој Татјана и нејзината ќерка Јулија ќе дојдат до сигурен дом додека трае конфликтот во нивната држава, објавува телевизија Сител. Семејството на Јованка брои пет члена, а куќата е мала, но ним тоа не им е проблем. Вели со добра организација има место за сите. Јованка не знае украински, а гостинките македонски, но се разбираат. Татјана и нејзината шеснаесетгодишна ќерка во Македонија се веќе три недели. Патувале четири дена низ шест држави. Кога дошле тука биле прифатени како дел од семејството. - Добро е, луѓето се многу добри и одлично не прифатија, не само баба Јованка, туку и нејзините внуци. Сите не прифатија како свои, вели Јулија. И покрај топлиот прием и на Татјана и на Јулија им недостасува домот. Се надеваат дека состојбата наскоро ќе се смири а тие пак ќе бидат со своите блиски. - Се надевам дека наскоро се ќе се заврши и да се вратиме дома, вели Татјана. - Сакам што поскоро да заврши се и да си одам дома во Украина. Таму останаа сите мои пријатели, вели Јулија. Додека престојуваат во Македонија, Татјана и Јулија освен од семејството Цоневи поддршка добиваат и од волонтерите на Црвениот Крст. Со нивна помош деновиве ќе започнат да го учат и македонскиот јазик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iako-mal-dom-jovanka-ima-golemo-srce-primi-majka-i-kjerka-od-ukraina-vo-kukjata-vo-vasilevo-eve-kako-se-zapoznale-video/feed/ 0