јовче ременски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Dec 2019 11:08:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јовче ременски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Камчева до Јовановски: Во УБК работеше вашиот пријател Јовче Ременски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamcheva-do-jovanovski-vo-ubk-raboteshe-vashiot-prijatel-jovche-remenski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamcheva-do-jovanovski-vo-ubk-raboteshe-vashiot-prijatel-jovche-remenski/#respond Tue, 10 Dec 2019 11:07:44 +0000 https://kurir.mk/?p=275490

Одговарајќи на прашања на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски, сведокот во случајот „Рекет“, Ана Камчева запрашана дали за давање пари како во овој случај се поднесува кривична пријава до ОЈО, таа одговори: -Да, но да не сте биле во случај како во мојот. Камчева рече дека разговорите со поранешниот директор на УБК не се воделе во простории на МВР и дека не знае дали за тие разговори имало направено службена белешка. На прашање од обвинетиот Бојан Јовановски дали може да ја опише улогата на Зоран Милески во овој случај, реагираше обвинителката Вилма Рускоска, која рече дека Милески си признал вина и е осуден, а емоции не се дозволени, тврдење кое беше прифатено од судот и го одби прашањето на Јовановски. -Во УБК работеше вашиот пријател Јовче Ременски и од страв да не ме види со Николовски од УБК, не се видов со него во службените канцеларии на управата, рече Камчева. ИЗВОР: Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamcheva-do-jovanovski-vo-ubk-raboteshe-vashiot-prijatel-jovche-remenski/feed/ 0
АЛФА: Дали сопругот на Ременски е безбедносно ризичен за да остане на функцијата? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-dali-soprugot-na-remenski-e-bezbednosno-rizichen-za-da-ostane-na-funkcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-dali-soprugot-na-remenski-e-bezbednosno-rizichen-za-da-ostane-na-funkcijata/#respond Fri, 11 Oct 2019 07:31:22 +0000 https://kurir.mk/?p=250356

Станува ли началникот во АНБ Јовче Ременски безбедносно ризичен по отворањето на истрагата за неговата сопруга Фросина Ременски за кривично дело помагање во измама ? Експертите кои ги консултираше Алфа, велат дека треба да се направат дополнителни проверки, за сертификатот на безбедност, бидејќи тој според работата која ја врши повеќе од сигурно е дека има сертификат со највисок безбедносен степен. – Законот за класифицирани информации предвидува дека доколку лицето кое е осомничено или обвинето за некакво дело веднаш му се проценува потребата за поседување на безбедносен сертификат и се прекинува важноста на тој сертификат . Во овој случај Јовче Ременски не е осомничен или обвинет, но бидејќи тој поседува веројатно највисок степен на безбедносен сертификат а тоа е државна тајна во оперативните проверки се проверуваат и членовите на потесното семејство . Јас ценам дека во овој момент можеби е подобро да се направи една нова оперативна безбедносна проверка по актуелните случувања која што ќе покаже дали тој бил вклучен или не бил вклучен во дејствијата кои ги превземала неговата сопруга , изјави проф. Александар Нацев -Поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Нацев предупредува доколку дојде до проверки, треба да се внимава кој ќе ги врши . -Господинот Ременски е вработен во сегашната агенција за национална безбедност или поранешна УБК, на место на кое има директно влијание врз лицата врз оперативците кои ја вршат таа оперативна безбедносна проверка, тука настанува еден проблем дали тој ќе го искористи своето влијание врз тие лица, за да ја направат безбедносната проверка во негова полза , изјави Нацев. Јавноста Јовче Ременски го памети по скандалозните најави за апсења овјавени на фејсбук .. тогаш Ременски пишуваше – „Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”, се закани и со „Џандар збира” што во полициски сленг значи дека ќе има апсења. Од внатрешната контрола на МВР ниту тогаш не се позанимаваа со Шефот на македонскиот антитерористички тим Јовче Ременски. ИЗВОР: ТВ АЛФА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-dali-soprugot-na-remenski-e-bezbednosno-rizichen-za-da-ostane-na-funkcijata/feed/ 0
Јовче Ременски над законите: Молчи МВР, молк од Внатрешна контрола, но и од професорката Ременски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovche-remenski-nad-zakonite-molchi-mvr-molk-od-vnatreshna-kontrola-no-i-od-profesorkata-remenski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovche-remenski-nad-zakonite-molchi-mvr-molk-od-vnatreshna-kontrola-no-i-od-profesorkata-remenski/#respond Thu, 29 Aug 2019 09:20:49 +0000 https://kurir.mk/?p=234574

Една недела по скандалозните апсења најавени на Фејсбук, Јовче Ременски се уште е на функцијата шеф на управата во МВР задолжена за борба со тероризам. И додека Внатрешната контрола во МВР молчи, а министерот Оливер Спасовски не коментира, Ременски ги крши законите и правилниците за работа во Министерството. Во Законот за кривична постапка јасно е наведено дека сите дејствија во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна, а нивното оддaвање е тешко прекршување на законот. Кривичниот закон пак предвидува затворска казна за одавање на службена тајна. Законите се јасни и прецизни.   Во Законот за внатрешни работи се наведени и потешките случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски. Како дел од потешките прекршоци се наведуваат оддавање на класифицирана информација, постапување спротивно на правилата и прописите на Министерството и злоупотреба на пречекорување на даденото овластување. Правила за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи, е наведено дека областените службени лица СЕ ДОЛЖНИ да постапуваат во согласно со правата, должностите и овластувањата утврдени со Уставот, законите и другите прописи донесени врз основа на закон. Во Колективниот договор наведено е и дека треба да го чуваат својот и угледот на МВР, како и да чуваат државната, службената и воената тајна и соодветно да се грижат за чувањето на материјалите кои содржат тајни податоци. Законските норми и прописи, како и правилниците за работи укажуваат дека Ременски сторил потешки прекршувања на работниот ред и дисциплина, а истиот постапил и спротивно на правилата за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи. Додека Спасовки и Министерството молчат за однесувањето на Ременски и низата негови прекршувања, неговата сопруга професорката Ременски ги критикува новинарите кои објавуваат информации од јавен интерес. Спротивно на ова, таа со низа статуси на Фејсбук се труди да го оправда сопругот, пружајќи му поддршка и охрабрување во злоупотребата на позицијата која ја има во МВР и кршењето на законските прописи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovche-remenski-nad-zakonite-molchi-mvr-molk-od-vnatreshna-kontrola-no-i-od-profesorkata-remenski/feed/ 0
Ременски оставен да игра „Џандар збира“: Скандалозен молк од МВР за најавите на сопругот на пратеничката од СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/remenski-ostaven-da-igra-dzandar-zbira-skandalozen-molk-od-mvr-za-najavite-na-soprugot-na-pratenichkata-od-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/remenski-ostaven-da-igra-dzandar-zbira-skandalozen-molk-od-mvr-za-najavite-na-soprugot-na-pratenichkata-od-sdsm/#respond Tue, 27 Aug 2019 08:23:33 +0000 https://kurir.mk/?p=233799

Јовче Ременски оставен да си игра „Џандар збира“ со карти, наместо да одговара за фактот што си дозволи да најавува апсења преку Фејсбук. Скандалозните најави кои сопругот на Фросина Ременски ги објавуваше, засега беа “казнети“ само со своеволно бришење на профилот на социјалната мрежа. Внатрешната контрола при МВР до сега веќе требаше да превземе чекори и санкции, но ништо од тоа. КУРИР вчера наутро постави прашање до МВР: „Дали внатрешната контрола на МВР ќе покрене или веќе има покренато постапка против Јовче Ременски за најавите за апсење кои ги објави преку социјалната мрежа Фејсбук“? Одговор нема! Јовче Ременски е шеф на управата во МВР задолжена за борба со тероризам. Тоа е висока и одговорна функција, а нејзиниот прв човек треба да си ја работи работата за која е дебело платен од џебот на граѓаните. Но, Ременски си тера партиски битки и преписки, па на Фејсбук во петокот објави пораки во кои асоцира дека од стартот на оваа недела, ќе следуваат полицискии акции, односно апсења. Во првата порака Ременски вели: “Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”, напиша началникот со потпис – Ременски. Веднаш по првата порака тој се дообјаснуваше: “Да не останам недокажан, борбата продолжува и тоа на две нозе со сиот демократски капацитет на располагање со сета жестина и без пренамагање”. Одговарајќи на една од пораките, тој во коментар напиша дека ќе има и „џандар збира“, што во полициски сленг значи дека ќе има апсења. Откако дел од медиумите го пренесоа пишаното од страна на Ременски, тој не негираше дека ќе се случуваат апсења, туку објави неколку линкови од текстови за случајот „Афис“ од 2013 година, но неговата сопруга реши да го правда. -Вревата околу “Џандар збира” и преводот што си го направија со “полициски СЛЕНГ”, како и филмовите околу тоа е безобразно евтин продукт на сленг пропагандата во смисла на онаа народната “Гладна кокошка просо сонува”. Соновник да напишевте попродуктивен ќе беше, вака и партија карти не знаете да изиграте, вели Ременски. Овој предмет се наоѓа во рацете на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, од каде за Алфа велат дека најавите на сопругот на пратеничката се неточни и неосновани, затоа што овој случај се уште во предистражна постапка и ниту МВР, ниту Управата каде началник е Ременски не може да апсат луѓе, ниту да преземаат било какви процесни постапки без соодветни чекори на Обвинителството. -За познавачите, настапот на началникот е целосно погрешен и спротивен на протоколите на министерството, затоа што тој ниту е овластено лице за изјави за јавност, ниту пак смее како шеф на Управата за антитероризам да коментиура други предмети кои не се во негова надележност особено не јавно да објавува пораки во кои асоцира на апсења. Извори во внатрешната контрола на МВР велат дека ако се следат законските прописи, против Ременски мора да биде покрената постапка за нарушување на правилата за работа затоа што освен што јавноста ја довел во заблуда, тој можеби открил информации кои се од интерес за инволвираните во случајот Афис, објави „Алфа“. Јовче Ременски и неговата сопруга Фросина, пратеничката на СДСМ, беа блиски со првоосомничениот за „Рекет“, Боки 13. Ако имал толку информации, зошто Ременски не најави апсење на рекетарите?  Тој и неговата сопруга на јавноста се должни одговори на повеќе прашања, но во случајов вниманието е вперено кон тестирање на независноста на МВР. Внатрешната контрола не смее да замижи пред вакво скандалозно однесување и самоволие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/remenski-ostaven-da-igra-dzandar-zbira-skandalozen-molk-od-mvr-za-najavite-na-soprugot-na-pratenichkata-od-sdsm/feed/ 0
Антитерористот и сопруг на Ременска го избришал Фејсбук профилот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antiteroristot-i-soprug-na-remenska-go-izbrishal-fejsbuk-profilot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antiteroristot-i-soprug-na-remenska-go-izbrishal-fejsbuk-profilot/#respond Sat, 24 Aug 2019 19:27:01 +0000 https://kurir.mk/?p=233091

Шефот на управата во МВР задолжена за борба со тероризам, Јовче Ременски кој вчера преку Фејсбук објави шокантни пораки во кои асоцира дека од понеделник ќе се случуваат акции на полицијата односно апсења, денеска целосно го избришал својот профил на социјалната мрежа. Ременски кој е сопруг на пратеничката Фросина Ременска во моментов е началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија. Началникот Ременски објави пораки на Фејсбук кои асоцираат дека Владата најавува апсења од понеделник. Во првата порака Ременски вели: „Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”, напиша началникот со потпис – Ременски. Веднаш по првата порака тој дава дообјаснување: „Да не останам недокажан, борбата продолжува и тоа на две нозе со сиот демократски капацитет на располагање со сета жестина и без пренамагање”. Во коментар на една од пораките тој потврдува дека ќе има и „Џандар збира” што во полициски сленг најдиректно значи дека ќе има апсења. Откако дел од медиумите ја пренесоа неговата изјава ременски не негираше дека ќе се случуваат апсења туку објави неколку линкови до текстови за случајот Афис од 2013 година. Ременски во коментарите напиша дека неговите информации се поврзани со кривично правен настан кој бил пријавен во обвинителството, во кој е направена штета за буџетот на РМ но дека немало суетни новинари да го проверат овој настан. Според Основното јавно обвинителство најавата на Ременски за апсење или било какви активности во тој правец се неточни и неосновани затоа што случајот Афис е се уште во предистражна постапка и ниту МВР ниту управата каде што началник е Ременски не може да апсат луѓе ниту да преземаат било какви процесни постапки без соодветни чекори на Обвинителството, објави вечерва ТВ Алфа. “За колегите на Ременски во МВР настапот на началникот е целосно погрешен и спротивен на протоколите на министерството затоа што тој ниту е овластено лице за изјави за јавност ниту пак смее како шеф на управата за антитероризам да коментиура други предмети кои не се во негова надележност особено не јавно да објавува пораки во кои асоцира на апсења. Извори во внатрешната контрола на МВР велат дека ако се следат правилата на МВР против Ременски мора да биде покрената постапка за нарушување на правилата за работа затоа што освен што јавноста ја довел во заблуда тој можеби открил информации кои се од интерес за инволвираните во случајот Афис”, објави телевизија Алфа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antiteroristot-i-soprug-na-remenska-go-izbrishal-fejsbuk-profilot/feed/ 0
Злоупотреба на институциите заради закани- Законот не важи за полициските функционери на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zloupotreba-na-instituciite-zaradi-zakani-zakonot-ne-vazi-za-policiskite-funkcioneri-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zloupotreba-na-instituciite-zaradi-zakani-zakonot-ne-vazi-za-policiskite-funkcioneri-na-zaev/#respond Fri, 23 Aug 2019 19:21:23 +0000 https://kurir.mk/?p=232879

Серија таинствени пораки на Фејсбук го запалија алармот во јавноста дека од понеделник МВР и Владата планираат серија апсења, пишува Експрес. Причина за загриженоста дека власта може да влезе во процес на приведувања за да ја дефокусира јавноста од аферите Рекет, Дудуш и Леонардо е шефот управата во МВР задолжена за борба со тероризам, Јовче Ременски. Ременски кој е сопруг на потпретседателката на Собранието Фросина Ременска во моментов е началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија. Началникот Ременски објавува пораки на Фејсбук кои асоцираат дека Владата најавува апсења од понеделник. Во првата порака Ременски вели: “Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”, напиша началникот со потпис – Ременски. Веднаш по првата порака тој дава дообјаснување: “Да не останам недокажан, борбата продолжува и тоа на две нозе со сиот демократски капацитет на располагање со сета жестина и без пренамагање”. Во коментар на една од пораките тој потврдува дека ќе има и “Џандар збира” што во полициски сленг најдиректно значи дека ќе има апсења. Што значи најавата дека државата ќе употреби “жестина и без пренемагање”, шефот на македонскиот антитероризам допрва ќе треба да открие пред јавноста. Сопругата на првиот македонски антитерорист која е петта по ранг македонски функционер вчера не беше повторно избрана за потпретседател на владеачката СДСМ. Досега во демократската историја на европските полиции не се случило шеф на Антитероризам во некоја држава јавно да објавува пораки во кои асоцира на апсења. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zloupotreba-na-instituciite-zaradi-zakani-zakonot-ne-vazi-za-policiskite-funkcioneri-na-zaev/feed/ 0