Јовица Станишиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Jun 2021 15:08:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јовица Станишиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хашкиот суд ги осуди Станишиќ и Симатовиќ на по 12 години затвор – еве за што ги терети https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashkiot-sud-gi-osudi-stanishikj-i-simatovikj-na-po-12-godini-zatvor-eve-za-shto-gi-tereti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashkiot-sud-gi-osudi-stanishikj-i-simatovikj-na-po-12-godini-zatvor-eve-za-shto-gi-tereti/#respond Wed, 30 Jun 2021 15:08:05 +0000 https://kurir.mk/?p=530064

Хашкиот суд денеска ги осуди поранешните челници на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ-Френки, на по 12 години затвор за злосторства на „Црвените беретки“ против несрпското население во Босански Шамац, во пролетта 1992 година. Судот утврди дека Станишиќ (71), тогашен началник на СДБ Србија и Симатовиќ (71), првиот оперативец на Службата, биле виновни за помагање и поддржување прогон, убиство, депортација и присилно преместување муслимани и Хрвати од таа општина. Според судијата Бартон Хол, Судскиот совет утврдил дека Обвинителството не ја докажало вината на Станишиќ и Симатовиќ за злосторства во уште пет општини во БиХ, како и во Хрватска, т.е. Книнска Краина и Источна Славонија, 1991-95. Пресудата исто така утврди дека не е докажано дека Станишиќ и Симатовиќ биле учесници во заедничко злосторничко дело, чија цел била трајно и насилно отстранување на несрпското население од големи делови на територијата на Хрватска и Босна и Херцеговина, јави Бета. Судскиот совет утврди дека Станишиќ и Симатовиќ знаеле за злосторничкото здружување, но дека обвинителите не докажале дека тие, заедно со другите учесници, ја делат таа злосторничка намера. Според денешната пресуда, беше утврдено дека и други политички, воени и полициски службеници на Србија, Република Српска Краина и Република Српска биле учесници во тоа злосторничко дело. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashkiot-sud-gi-osudi-stanishikj-i-simatovikj-na-po-12-godini-zatvor-eve-za-shto-gi-tereti/feed/ 0