ЈП Депонија Дрисла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 May 2023 12:38:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЈП Депонија Дрисла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Линеарно покачување на платите во ЈП Депонија Дрисла https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/linearno-pokachuvane-na-platite-vo-jp-deponija-drisla/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/linearno-pokachuvane-na-platite-vo-jp-deponija-drisla/#respond Wed, 31 May 2023 12:38:05 +0000 https://kurir.mk/?p=840853

Управниот одбор на ЈП Депонија Дрисла донесе одлука за линеарно покачување на платите. На сите вработени, платите ќе им бидат исплатени со покачување во висина од 2200 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/linearno-pokachuvane-na-platite-vo-jp-deponija-drisla/feed/ 0
ПОРАДИ ЛОШОТО МЕНАЏИРАЊЕ НА АРСОВСКА ВО ДРИСЛА СЕ БРКААТ ВРАБОТЕНИ – денес разочараните луѓе ја блокираа депонијата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-loshoto-menadziranje-na-arsovska-vo-drisla-se-brkaat-vraboteni-denes-razocharanite-lugje-ja-blokiraa-deponijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-loshoto-menadziranje-na-arsovska-vo-drisla-se-brkaat-vraboteni-denes-razocharanite-lugje-ja-blokiraa-deponijata/#respond Thu, 01 Dec 2022 19:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=769734

Вработени во депонијата „Дрисла“, која ја менаџира Градот Скопје, денеска спонтано ја блокираа депонијата во знак на револт и протест поради тоа што добиле информација дека во следниот период ќе има отпуштања, како и дека нивните договори нема да бидат продолжени, информираа од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). – „Дрисла“ е блокирана од работниците, сакаат да отпуштат 30 работници, т.е. да не им ги продолжат договорите. Само што ни јавија дека ја блокирале капијата на „Дрисла“, стои во Фејсбук објавата на ССМ. Од ССМ дополнуваат дека станува збор за 30 општи работници на кои без никакво образложение не им биле продолжени договорите за работа, па во знак на револт тие не дозволуваат никој да влезе, ниту да излезе од депонијата, односно вработените го блокираат влезот на влезната капија. – Со вработените беа и нивните синдикални претставници од Синдикатот СУТКОЗ при ССМ кој е единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности. Борбата на работниците и синдикалците од СУТКОЗ и ССМ, после немилите случувања во јавните претпријатија „Комунална хигиена“, каде на повеќе од стотина работници не им беа продолжени договорите за работа и во „Водовод и канализација“, каде вработените се пред штрајк, се пренесува во сите скопски јавни претпријатија, поради тоа што работниците се загрозени од лошото менаџирање на Градот Скопје, па доколку ова продолжи, можен е целосен колапс во јавните претпријатија со кои менаџира градоначалничката Арсовска, наведуваат од ССМ. Во депонијата „Дрисла“ се одлага најголемиот дел од отпадот во главниот град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-loshoto-menadziranje-na-arsovska-vo-drisla-se-brkaat-vraboteni-denes-razocharanite-lugje-ja-blokiraa-deponijata/feed/ 0
Дрисла се модернизира со нова градежна механизација за побрзо третирање на отпадот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drisla-se-modernizira-so-nova-gradezna-mehanizacija-za-pobrzo-tretiranje-na-otpadot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drisla-se-modernizira-so-nova-gradezna-mehanizacija-za-pobrzo-tretiranje-na-otpadot/#respond Thu, 17 Mar 2022 13:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=648899

Побрзо третирање на отпадот и заштеда од досегашната пракса на изнајмување на градежни машини од надворешни компании е придобивката од набавката на четири нови машини во Јавното претпријатие Дрисла. Обезбедени се два булдожери и два натоварувачи со што значително ќе се подобри третирањето на отпад во депонијата. -Претпријатието Дрисла дејност обавуваше со стара опрема што бараше постојано сервисирање, а во исто време за соодветно да се спроведува третирањето на отпад се изнајмувале машини од надворешни компании со што огромни биле трошоците во претпријатието за оваа намена. Сега значително се заштедуваат средства што се одвојувале за постојано сервисирање и изнајмување, а и значително ќе се подобри и забрза третирањето на отпад. Претпријатието изминатите години изнајмуваше градежни машини од надворешни фирми, за што се издвојуваа големи износи на финансиски средства, на овој начин оваа пракса се намалува со крајна цел во целост да престане и машините кои се користат да бидат во сопственост на Дрисла, истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. За директорот на Дрисла Јане Мицевски оваа инвестиција е важна за да се спречи еколошко жариште во градот. -Четирите машини со вредност од околу 30 милиони денари се според европските и светски стандарди за квалитет на градежната опрема и за емисија на издувни гасови, со што се овозможува не само заштеда на гориво туку и подобрување на работните процеси и услугите за граѓаните. Градежните машини кои се користеа досега се стари, амортизирани и во многу лоша состојба, постојано се случуваат дефекти кои секојдневно се сервисираат во рамките на можностите. Со новата механизација ќе имаме континуитет во работењето и ќе го забрзаме процесот со цел да се превенира создавање на еколошко жариште, изјави Мицевски. Инвестицијата во механизација на Дрисла е продолжување на модернизацијата на ова претпријатие каде пред две недели беше пуштен во употреба и стерилизаторот за медицински отпад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drisla-se-modernizira-so-nova-gradezna-mehanizacija-za-pobrzo-tretiranje-na-otpadot/feed/ 0
Мицевски: Поради застарената градежна механизација со која ЈП „Дрисла“ работи набавуваме 4 нови градежни машини и нови камиони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-poradi-zastarenata-gradezna-mehanizacija-so-koja-jp-drisla-raboti-nabavuvame-4-novi-gradezni-mashini-i-novi-kamioni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-poradi-zastarenata-gradezna-mehanizacija-so-koja-jp-drisla-raboti-nabavuvame-4-novi-gradezni-mashini-i-novi-kamioni/#respond Thu, 24 Feb 2022 18:52:47 +0000 https://kurir.mk/?p=636238

На денешната седница на Град Скопје, се обрати директорот на ЈП Депонија „Дрисла“, Јане Мицевски, каде тој посочи дека депонијата во изминатите години откако функционира со работа таа работи со застарена градежна механизација и за таа цел извршена е набавка на 4 нови градежни машини и нови камиони за потребите на депонијата. „ЈП „Дрисла“ за жал овие 20 години откако постои, работи со една застарена градежна механизација, а токму механизацијата е еден од основните ресурси за функционирање на депонијата „Дрисла“ како санитарна депонија“, посочи Мицевски. Мицевски додаде дека за таа цел ние вршиме набавка на 4 нови градежни машини кои за некој ден истите ќе бидат пристигнати и промовирани пред јавноста. Тој потенцираше дека со пристигнувањето на новите градежни машини ќе биде обновен возниот парк на депонијата Дрисла и во иднина ќе се нема потреба да изнајмуваме надворешни компании кои ќе вршат испорака, односно помош со градежни машини што било пример во минатото. „Во ЈП Депонија „Дрисла“ исто така се планира набавка и на нови камиони. Со тоа повеќе нема да се има потреба за изнајмување на камиони од надворешни компании за вршење на градежни зафати во депонијата Дрисла“, заклучи Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-poradi-zastarenata-gradezna-mehanizacija-so-koja-jp-drisla-raboti-nabavuvame-4-novi-gradezni-mashini-i-novi-kamioni/feed/ 0