ЈП Дрисла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Oct 2022 10:31:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЈП Дрисла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо: МВР на Спасовски молчи, власта се богати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-obvinuva-deka-vo-ovoj-moment-se-vrshi-teshka-krazba-vo-drisla-kade-se-iznesuva-bakar-kako-otpadno-zelezo-mvr-na-spasovski-molchi-vlasta-se-bogati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-obvinuva-deka-vo-ovoj-moment-se-vrshi-teshka-krazba-vo-drisla-kade-se-iznesuva-bakar-kako-otpadno-zelezo-mvr-na-spasovski-molchi-vlasta-se-bogati/#respond Sun, 09 Oct 2022 10:31:11 +0000 https://kurir.mk/?p=743061

Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати. Во овој момент според нашите основани сомневања и информации во Јавното претпријатие Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо, информира ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста. Тие посочуваат дека МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра. - Власта се богати, додека Данела Арсовска која е миленичето на СДС менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра. Ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт. Вака се обезвреднуваат јавните претпријатија од страна на нова крими коалиција Арсовска - СДС, се додава во партиското соопштение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-obvinuva-deka-vo-ovoj-moment-se-vrshi-teshka-krazba-vo-drisla-kade-se-iznesuva-bakar-kako-otpadno-zelezo-mvr-na-spasovski-molchi-vlasta-se-bogati/feed/ 0
Мицевски: Досегашната пракса за плаќање кон надворешни компании станува минато, со пуштањето во употреба на 4 нови градежни машини претпријатието „Дрисла“ станува независно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-dosegashnata-praksa-za-plakjanje-kon-nadvoreshni-kompanii-stanuva-minato-so-pushtanjeto-vo-upotreba-na-4-novi-gradezni-mashini-pretprijatieto-drisla-stanuva-nezavisno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-dosegashnata-praksa-za-plakjanje-kon-nadvoreshni-kompanii-stanuva-minato-so-pushtanjeto-vo-upotreba-na-4-novi-gradezni-mashini-pretprijatieto-drisla-stanuva-nezavisno/#respond Thu, 10 Mar 2022 17:23:09 +0000 https://kurir.mk/?p=645012

Досегашната пракса во ЈП Депонија „Дрисла“ за изнајмување градежни машини од надворешни компании од денес прекинува, истакна директорот на јавното претпријатие – депонијата „Дрисла“, Јане Мицевски на денешната седница на Советот на Град Скопје. - Во текот на вчерашниот ден пуштени се во употреба 4 нови градежни машини, кои Јавното Претпријатие „Дрисла“ ги набави со сопствени средства и со тоа во иднина нема да имаме потреба да изнајмуваме градежни машини од надворешни компании, посочи Мицевски. Тој додаде дека досега не 800 илјади евра туку многу повеќе се плаќало на надворешни компании за изнајмување на градежни машини. Досегашната пракса за плаќање кон надворешни компании веќе станува минато бидејќи сега претпријатието ќе биде независно. - За овие 4 нови градежни машини одвоени се околу 40 милиони денари и истите се според најновите европски и светски стандарди за квалитет на градежни машини. Оваа набавка беше значајна не само поради континуитетот во работата туку да го забрзаме и целокупниот работен процес и да не се доведеме во ситуација да имаме големи количини на отпад, заклучи Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-dosegashnata-praksa-za-plakjanje-kon-nadvoreshni-kompanii-stanuva-minato-so-pushtanjeto-vo-upotreba-na-4-novi-gradezni-mashini-pretprijatieto-drisla-stanuva-nezavisno/feed/ 0
Галески: ЈП Дрисла во минатото потрошило 850.000 евра на тендер за изнајмување на машини на фирма блиска до струмичкиот клан и екс генералниот секретар на владата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-jp-drisla-vo-minatoto-potroshilo-850-000-evra-na-tender-za-iznajmuvanje-na-mashini-na-firma-bliska-do-strumichkiot-klan-i-eks-generalniot-sekretar-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-jp-drisla-vo-minatoto-potroshilo-850-000-evra-na-tender-za-iznajmuvanje-na-mashini-na-firma-bliska-do-strumichkiot-klan-i-eks-generalniot-sekretar-na-vladata/#respond Thu, 10 Mar 2022 16:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=644981

ЈП Дрисла во минатото потрошило 850.000 евра на тендер за изнајмување на машини, познато е дека минатата градска власт покрај тоа што е позната како обожавател на бифтеци, била обожавател на тендери, така за изнајмување на механизација била ангажирана компанија која во јавноста беше кажано дела била блиска до претходниот генерален секретар на владата против кого се водат повеќе кривични постапки, а самата компанија потекнува од Струмица и е блиска до струмичкиот клан кој е фаворизиран и омилен на централната власт, изјави Галески, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на советот на Град Скопје наменета за советнички прашања. Галески прашува бидејќи ова претставува основен сонмеж за корупција дали актуелниот директор планира во иднина набавка на сопствена механизација како би се спречиле понатамошни сомнежи при ангажирање на компании. Директорот на ЈП Дрисла, Јане Мицевски во својот одговор истакна дека досегашната пракса за изнајмување градежни машини од надворешни компании од денес прекинува и станува минато, а претходното раководство трошело многу повеќе пари за таа намена. - Во текот на вчерашниот ден пуштени се во употреба 4 нови градежни машини, кои Јавното Претпријатие „Дрисла“ ги набави со сопствени средства и со тоа во иднина нема да имаме потреба да изнајмуваме градежни машини од надворешни компании, посочи Мицевски. Галески упати и две прашања до директорот на ЈП Водовод кои се однесуваат на можноста на плаќање на сметките без камати, но и во врска со инвестициите на водоводната и канализациона мрежа кои очигледно беа запоставени од претходното раководство - Другите две прашања се однесуваат до директорот на ЈП Водовод. Започна одлична акција, со оглед дека голем дел граѓани имаат економски потешкотии, а тоа е можноста за плаќање на сметки за вода без камата, колку е искористеноста на оваа акција? Второ прашање е дали се планира инвестиции во однос на водоводната и канализационата мрежа со оглед дека Скопје има децениска зпоставеност во одредени делови на градот, изјави Галески. Во однос на прашањата директорот на ЈП Водовод, Златко Перински истакна дека во врска со акцијата за наплата на сметки без камата од страна на стопанството и домаќинството реализирани се 310 договори во вредност од 22 милиони денари, додека во врска со реконструкцијата на водоводната и канализациона мрежа согласно постоечката рамка со важност до 15 април планирано е реконструкција на 7 улици во четири општини во вредност од 40 милиони денари. - И во таа насока согласно потребите на Градот Скопје и на останатите општини, со новата рамковна спогодба која што ќе ја склучиме некаде после 16 април дополнително околу 90 милиони денари во делот на водоводната мрежа ќе ни бидат на располагање за реконструкција и околу 70 милиони денари ќе ни бидат на располагање за реконструкција на канализациона мрежа. Така што имаме доволно средства предвидено во оваа година, ќе ги обезбедиме и ќе можеме да одговориме на потребите на граѓаните скоро во сите општини, вели Перински.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/galeski-jp-drisla-vo-minatoto-potroshilo-850-000-evra-na-tender-za-iznajmuvanje-na-mashini-na-firma-bliska-do-strumichkiot-klan-i-eks-generalniot-sekretar-na-vladata/feed/ 0
Дрисла станува модерна депонија со нов стерилизатор за медицински отпад https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drisla-stanuva-moderna-deponija-so-nov-sterilizator-za-medicinski-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drisla-stanuva-moderna-deponija-so-nov-sterilizator-za-medicinski-otpad/#respond Mon, 21 Feb 2022 14:15:18 +0000 https://kurir.mk/?p=634406

Медицинскиот отпад наместо да се согорува ќе се стерилизира и депонира. Ова е можноста на новиот стерилизатор што денеска се промивира во Јавното претпријатие Дрисла. Стерилизаторот има капацитет од 2000 литри односно може да третира отпад од 350 килограми на еден час и ги задоволува целосно дневните потреби на депонијата. - За Скопје веќе е минато согорувањето на медицински отпад. Нема повеќе да бидеме сведоци на неодговорно и несовесно постапување со медицинскиот отпад што завршуваше на депонијата Дрисла како обичен отпад. Со овој тип на обработка на медицински отпад по најсовремени стандарди се штити животната средина, а во исто време се штеди потрошувачката на вода и енергија. Дрисла мора да следи и да применува современи технологии за управување со отпадот, бидејќи заштитата на здравјето на луѓето и животна средина се императив, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на денешниот настан. За потребите на стерилизаторот направена е доизградба на градежен објект каде е сместен автоклавот, лабораторија и работни простории, со водоводна и канализациона мрежа, мрежа за доводен високонапонски кабел, оптички кабел за интернет, оптички кабел за видео надзор и напонски кабел за осветлување до просторот за инсталација на автоклавот. - Овој иновативен систем на обработка во себе има шредер што го намалува и до 80% волуменот на отпадот. Во него се врши шредирање и стерилизација на отпад со висок, потенцијално висок, или патоген ризик, како што се игли, шприцеви, завои, гази, сечила, стакло, катетри, вреќи со крв, туби за крв, канили и друг отпад од работењето на клиниките, болнички центри, болници, ветеринарни болници и лаборатории. Ги исполнува сите европски стандарди за животна средина, додаде директорот на ЈП Дрисла, Јане Мицевски. Новиот автоклав користи современа еко технологија која ги намалува трошоците за отстранување на медицинскиот отпад, притоа минимизирајќи го ризикот од вкрстена контаминација бидејќи целиот процес се врши во еден сад. - Со оваа инвестиција исполнети се сите стандарди за животна средина и Дрисла се трансформира во модерна депонија која ќе продолжи да применува современи технологии за управување со отпадот со целокупниот нејзин потенцијал ставен исклучиво во служба на граѓаните, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. На настанот беа присутни раководители од надлежните сектори во градските служби, надлежни експерти од ЈП Дрисла, како и претставници од Министерство за животна средина и Државниот инспекторатот за животна средина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/drisla-stanuva-moderna-deponija-so-nov-sterilizator-za-medicinski-otpad/feed/ 0