јп комунална хигиена скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 15:24:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јп комунална хигиена скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или се соочува со казна до 98.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komunalna-higiena-mora-da-go-sobira-gubreto-ili-se-soochuva-so-kazna-do-98-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komunalna-higiena-mora-da-go-sobira-gubreto-ili-se-soochuva-so-kazna-do-98-000-evra/#respond Mon, 10 Jul 2023 15:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=855089

„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или ќе се соочи со санкција до 98.000 евра. Државниот инспекторат за животна средина вчера и денеска правеше вонредна контрола во скопското јавно комунално претпријатие по случувањата со протестот на вработените што резултураше со преполнување на контејнертите и затрупување на градот со отпад, објавува Независен. Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски вели дека денеска на директорката на Комунална хигиена Косана Мазнева ќе ѝ биде доставен записникот од контролата врз основа на кој ќе се изготви решение со наредба дека отпадот мора да се собира. „Без разлика длаи вработените ќе штрајкуваат или не законот за управување со отпад е јасен, отпадот мора да биде собран. Ако има штрајк, евентуално може да направат нов распоред или динамика, но и во тој случај не смее да се дозволи здравјето и безбедноста на граѓаните да бидат загрозени“, вели Стојковски. Државните инспектори најавија дека ќе ја посетат и депонијата „Дрисла“ која одби да го прими отпадот што деновиве го собираа општински служби, а камионите на Општините Аеродром и Кисела Вода ѓубрето го истурија пред вратите на депонијата. Директорот Стојковски вели дека од „Дрисла“ го информирале дека овој отпад е веќе собран и префрлен на депонијата, а инспекторите ќе треба да констатираат и дали општините имаат или не договори за депонирање отпад во депонијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komunalna-higiena-mora-da-go-sobira-gubreto-ili-se-soochuva-so-kazna-do-98-000-evra/feed/ 0
Николиќ Мазнева добивала закани по живот: Блокади прават оние кои земаат плата, а не работат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nikolik-mazneva-dobivala-zakani-po-zhivot-blokadi-pravat-onie-koi-zemaat-plata-a-ne-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nikolik-mazneva-dobivala-zakani-po-zhivot-blokadi-pravat-onie-koi-zemaat-plata-a-ne-rabotat/#respond Sat, 08 Jul 2023 16:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=854400

Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева денеска на прес-конференција информира дека нема да дозволи  политички центар да ја контролира работата на комунална хигиена и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени. – Нема да дозволам другите вработени да бидат жртви на уцени на ова добро познато подземје. Комуналан хигиена не е политичка партија ниту е приватна фирма, туку јавно претпријатие и нема да дозволам политички центар да ја контролира работата. Овие лица кои ја блокираат работата не се членови на синдикатот, ниту се вработени. Незадоволството е затоа што донесов одлука за сменско работење и сите вработени треба да ротираат во три смени. Тоа е спротивно на праксата која била со години само одредени лица да работат во трета смета и да добиваат бенефиции за тоа. Најголем дел од нив не се појавувале на работа и не ги извршувале своите обврски. Затоа што ставив крај на таквата пракса овие лица сега организираат блокада, а имаат други работни места и бизниси, рече Мазнева. Според неа, оваа група им се заканувала на останатите вработени да не излегуваат и да работат, и како што рече, затоа во среде лето не се собира ѓубрето и се загрозува здравјето на граѓаните на Скопје. Мазнева на прес-конференцијата информира дека на вработените во Комунална им биле зголемени платите во март за 864 денари. Таа истакна дека договорите за работа не им се продолжени на оние кои воопшто не се појавувале на работното место. Инаку, дел од вработените во Комунална хигена неколку дена бараат средба со директорката барајќи повисоки плати, исплата на К-15 и бенфициран стаж.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nikolik-mazneva-dobivala-zakani-po-zhivot-blokadi-pravat-onie-koi-zemaat-plata-a-ne-rabotat/feed/ 0
Се запали товарно возило на ЈП „Комунална хигиена“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zapali-tovarno-vozilo-na-jp-komunalna-higiena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zapali-tovarno-vozilo-na-jp-komunalna-higiena/#respond Fri, 14 Oct 2022 15:07:25 +0000 https://kurir.mk/?p=745453

На 13.10.2022 во 07.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на „бул.8 Септември“ настанал пожар во товарно возило во движење „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Комунална хигиена“, управуван од вработениот А.К.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zapali-tovarno-vozilo-na-jp-komunalna-higiena/feed/ 0
Во текот на изминатите шест месеци ЈПХС отстрани 5872 кубни метри отпад од диви депонии https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tekot-na-izminatite-shest-meseci-jphs-otstrani-5872-kubni-metri-otpad-od-divi-deponii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tekot-na-izminatite-shest-meseci-jphs-otstrani-5872-kubni-metri-otpad-od-divi-deponii/#respond Fri, 22 Jul 2022 08:23:42 +0000 https://kurir.mk/?p=708786

Во периодот јануари-јуни 2022 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 76 856 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, односно 425 тони на ден. Направени се 11.940 тури на собирање, или просечно по 66 тури дневно. Во текот на првите шест месеци од годината беа отстранети приближно 5872м3 отпад од голем број диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини. Во периодот од 21 март до 28 мај 2022 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје учествуваше во акциите за генерално чистење на сите скопски општини во организација на Градот Скопје, во чиишто рамки беа отстранети диви депонии на приближно 150 локации. Во текот на акциите, во скопските општини беа поставени и специјални садови каде што граѓаните имаа можност да го одложат својот кабаст отпад што беше подигнат и транспортиран од страна на екипите на Претпријатието. Во првата половина од годината, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше бројни акции и дежурства, во чиишто рамки беа изготвени вкупно 416 едукативно-информативни записници за правилно постапување со отпадот, наменети за граѓани и правни лица затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота, односно одлагање отпад на јавни површини. Со цел - одржување на максималното ниво на јавната хигиена и чистота, Претпријатието спроведуваше машинско миење со автоцистерни на сите булевари и поголеми улици во градот, како и рачно миење, машинско и рачно метење на најфреквентните јавни површини - улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје и Старата скопска чаршија. Во пресрет на најзначајните верски празници беше извршено рачно и машинско миење на дворовите и околината на поголемите верски храмови. Во координација со останатите скопските јавни претпријатија беа спроведени и акции за генерално чистење на Камениот мост и кејот на реката Вардар. Со ангажман на 30 работници и употреба на две специјални возила, ЈП Комунална хигиена-Скопје зема учество и во масовната акција за чистење на падините на Водно - „Генералка викенд“, поддржана од Градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-Скопје неодамна се приклучи и кон иницијативата на Здружението на даватели на комунални услуги - АДКОМ за обраќање кон Владата на РМ, со цел да се изнајде решение за финансиска помош на јавните претпријатија. - ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочува со драстичен пад на наплатата на побарувањата како од домаќинствата така и од правните субјекти, што го доведуваат во прашање извршувањето на примарните активности на Претпријатието на терен. Воедно, цените на горивата што се употребуваат за нормално функционирање на возниот парк на ЈП Комунална хигиена-Скопје се зголемени за над 80 проценти во однос на минатата година, додека идентична е состојба и со цената на електричната енергија. Имајќи предвид дека активностите и дејствувањето на ЈП Комунална хигиена-Скопје се од витално значење за нормалното функционирање на градот Скопје и пред сè фактот дека нашето финансирање се одвива исклучиво преку наплатата на нашите услуги што поради новонастанатата ситуација е крајно отежната, ја поддржуваме иницијативата на АДКОМ за изнаоѓање институционално решение за излез од финансиската криза на јавните претпријатија во државата,  изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Мазнева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-tekot-na-izminatite-shest-meseci-jphs-otstrani-5872-kubni-metri-otpad-od-divi-deponii/feed/ 0
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе постави специјални контејнери за одлагање на органски отпад во пресрет на Курбан Бајрам https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-skopje-kje-postavi-specijalni-kontejneri-za-odlaganje-na-organski-otpad-vo-presret-na-kurban-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-skopje-kje-postavi-specijalni-kontejneri-za-odlaganje-na-organski-otpad-vo-presret-na-kurban-bajram/#respond Fri, 08 Jul 2022 08:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=702134

Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Од Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелираат до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина. – Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на вчерашниот и денешниот ден, спроведоа и активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје, соопштија од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Список на локации каде што ќе бидат поставени контејнерите за одлагање органски отпад: 1. Општина Шуто Оризари – автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин; во близина на мостот на патот кон Визбегово; во близина на Хамдипашината џамија; во близина на општината Шуто Оризари. 2. Општина Бутел – во близина на џамијата Фетах Ефенди; во близина на џамијата Бедр – Бутел 1. 3. Општина Гази Баба – стадион ФК Фортуна; стадион Гази Баба. 4. Општина Чаир – поранешна локација на ЈПХКС-Серава; во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на Теќето во Дуќанџик. 5. Општина Сарај – кај старата општина Сарај; кај езерото Треска; кај СИУ Медреса Иса Бег во с.Кондово. 6. Општина Карпош – Населба Долно Нерези. 7. Општина Арачиново – поранешен плац, во центарот на селото-кај Касапот. 8. Општина Студеничани – во центарот на с. Студеничани; во с. Моране; во с. Батинци. 9. Поранешно седиште на Муфтиството-Скопско Кале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-skopje-kje-postavi-specijalni-kontejneri-za-odlaganje-na-organski-otpad-vo-presret-na-kurban-bajram/feed/ 0
Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/brojni-intervencii-izvrsheni-od-strana-na-ekipite-na-javnite-pretprijatija-po-nevremeto-koe-go-zafati-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/brojni-intervencii-izvrsheni-od-strana-na-ekipite-na-javnite-pretprijatija-po-nevremeto-koe-go-zafati-skopje/#respond Sat, 02 Jul 2022 19:44:05 +0000 https://kurir.mk/?p=699016

По денешното невреме кое ја зафати територијата на градот Скопје, екипите на ЈП Водовод и канализација, ЈП Улици и Патишта, ЈП Комунална хигиена, ЈП Паркови и зеленило интервенираа на сите локации кои беа критични места од насобрана вода, откорнати дрвја или паднати гранки , санирање на сообраќајна сигнализација и чистење на површините. Од страна на ЈП Водовод и канализација се изврши листење на сливниците заради овозможување на апсорбирањето на водата. Расчистени беа критичните точки подвозникот кај Стоковна куќа, булеварот Илинденска на неколку точки, булеварот Партизански одреди, улицата Јордан Мијалков, неколку локации во општина Карпош, улицата Павел Шатев, кај полициската станица на Бит пазар, клучката пред Ист Гејт и останати интервенции. Атмосферските и канализационите линии на овие локации се чисти. Екипите на ЈП Улици и патишта интервенираа во санирање на паднат семафор на клучката кај Т.Ц. Мавровка и извршија санирање на искривен полупортал на булеварот Свети Климент Охридски. Дежурната екипа од Секторот Дрвореди на ЈП Паркови и зеленило попладнево веднаш реагираше на расчистување на теренот од паднати гранки и дрвја низ градот. Се врши интервенирање на булеварот Цветан Димов, на неколку локации на потегот кај Бит пазар, и Т.Ц Мавровка, на улицата Ѓорѓи Димитров во Кисела вода, на две локации во Градскиот парк, на улиците Орце Николов, Чаирска, Даме Груев, Никола Тесла, Цицо Поповиќ, Банатска, улицата Аминта Трети, на неколку локации на булеварот Свети Климент Охридски, улицата Мирослав Крлежа, на булеварот Теодосиј Гологанов, улицата Орце Николов, на булеварот Крсте Петков Мисирков, улицата Иван Козаров, во Жена парк, како и на булеварот Кочо Рацин. Веќе се целосно расчистени неколку локации, а екипите на ЈП Паркови зеленило ќе продолжат со расчистувањето и во вечерните часови и во текот на утрешниот ден. Екипите на ЈП Комунална хигиена во координација со останатите претпријатија во моментов вршат чистење на улиците и булеварите, како и дел од пешачките патеки за нивна проодност. Чистењето на градските површини од невремето ќе продолжи и во текот на вечерните часови и во текот на утрешниот ден. Апелираме до граѓаните доколку е потребно интервенирање на некоја локација од страна на службите на Градот Скопје или екипите на јавните претпријатија да ги пратат своите барања на [email protected] за соодветно постапување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/brojni-intervencii-izvrsheni-od-strana-na-ekipite-na-javnite-pretprijatija-po-nevremeto-koe-go-zafati-skopje/feed/ 0
ФОТО: Екипите на ЈП ,,Комунална хигиена” на чело со директорот Зухди Енуз ги расчистуваат последиците од невремето во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-jp-komunalna-higiena-skopje-izleze-na-teren-po-neredot-od-deneshnoto-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-jp-komunalna-higiena-skopje-izleze-na-teren-po-neredot-od-deneshnoto-nevreme/#respond Sat, 02 Jul 2022 18:36:44 +0000 https://kurir.mk/?p=698975

Екипите на ЈП Комунална хигиена - Скопје на чело со директорот Зухди Енуз веднаш излегоа на терен по нередот што се создаде во некои делови од градот од денешното невреме ! Силниот ветер и обилните дождови предизвикаа паѓање и на најголемите гранки од дрвјата, додека цели камиони се наполнија со лисја! - Нашите екипи се уште се на терен со цел целосно исчистење на улиците, информираат од јавното претпријатие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-jp-komunalna-higiena-skopje-izleze-na-teren-po-neredot-od-deneshnoto-nevreme/feed/ 0
Расчистена дива депонија и одложени 20 кубни метри кабаст отпад во рамките на акцијата за генерално чистење на општина Чаир https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/raschistena-diva-deponija-i-odlozeni-20-kubni-metri-kabast-otpad-vo-ramkite-na-akcijata-za-generalno-chistenje-na-opshtina-chair/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/raschistena-diva-deponija-i-odlozeni-20-kubni-metri-kabast-otpad-vo-ramkite-na-akcijata-za-generalno-chistenje-na-opshtina-chair/#respond Wed, 20 Apr 2022 09:28:17 +0000 https://kurir.mk/?p=665817

Во текот на неделава во скопската општина Чаир секојдневно се одвиваат активности во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење во организација на Градот Скопје и јавните градски претпријатија. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на акцијата отстранија 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Архиепископ Доситеј. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и активности за рачно и машинско метење и миење на следните булевари и улици во оваа скопска општина: • Бул. Крсте Мисирков • Бул. Цветан Димов • Бул. Христијан Тодоровски-Карпош • Бул. Македонско-косовска бригада • Ул. Втора Македонска бригада • Ул. Кемал Сејфула Воедно, екипите на Претпријатието вршат миење и дезинфекција на контејнерите поставени на јавни површини вклучително со нивните микролокации. Од почетокот на акцијата во специјалните садови што ги постави ЈП Комунална хигиена-Скопје, жителите на општината Чаир одложиле приближно 20 кубни метри кабаст отпад, информираат од ЈП Комунална хигиена - Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/raschistena-diva-deponija-i-odlozeni-20-kubni-metri-kabast-otpad-vo-ramkite-na-akcijata-za-generalno-chistenje-na-opshtina-chair/feed/ 0
ЈП Комунална хигиена расчистува голема дива депонија во општината Шуто Оризари https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-raschistuva-golema-diva-deponija-vo-opshtinata-shuto-orizari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-raschistuva-golema-diva-deponija-vo-opshtinata-shuto-orizari/#respond Mon, 28 Mar 2022 12:47:19 +0000 https://kurir.mk/?p=654584

Во координација со Градот Скопје и Општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена во текот на изминатиов викенд започна активности за  расчистување на голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари. Станува збор за голема дива депонија во непосредна близина на спортската сала во општината што досега на повеќе наврати била расчистувана, но поради несовесното однесување на жителите повторно се создава. Депонијата е  составена од мешан отпад, односно кабаст, градежен и комунален отпад. Екипите на ЈП Комунална хигиена расчистувањето ќе  продолжат и во текот на оваа недела,  а очекуваат  до крајот на акцијата да бидат подигнати приближно 400 кубни метри несовесно одложен отпад. Град Скопје и ЈП Комунална хигиена апелираат до граѓаните својот отпад да не го одлагаат на јавни површини и на тој начин да придонесат  да  се зачува јавното здравје и  да се заштити животната средина, во спротивно граѓаните кои свесно ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-raschistuva-golema-diva-deponija-vo-opshtinata-shuto-orizari/feed/ 0
ЈП Комунална хигиена – Скопје ќе постави посебни контејнери за одлагање органски отпад за време на празникот Курбан Бајрам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jp-komunalna-higiena-skopje-kje-postavi-posebni-kontejneri-za-odlaganje-organski-otpad-za-vreme-na-praznikot-kurban-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jp-komunalna-higiena-skopje-kje-postavi-posebni-kontejneri-za-odlaganje-organski-otpad-za-vreme-na-praznikot-kurban-bajram/#respond Mon, 19 Jul 2021 08:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=538509

И годинава, во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе постави посебни контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад. - Веќе трета година по ред, во пресрет на одбележувањето на празникот Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје поставува специјални садови наменети за одлагање на органскиот отпад. И оваа година, во периодот 19-21 јули, Претпријатието ќе постави 17 контејнери, на повеќе локации во скопските општини Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари и Сарај. Апелираме до верниците својот органски отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина, изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на вчерашниот и денешниот ден, спроведоа и активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје. СПИСОК НА ЛОКАЦИИ КАДЕ ШТО ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ КОНТЕЈНЕРИТЕ ЗА ОДЛАГАЊЕ ОРГАНСКИ ОТПАД: 1. општина Шуто Оризари (автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин; до подвозникот; во близина на Хамдипашината џамија; кај Спортскиот центар) 2. општина Бутел (во близина на џамијата Фетах Ефенди; во близина на џамијата Бедр - Бутел 1) 3. општина Гази Баба (во близина на џамијата Сингелиќ; стадион Гази Баба) 4. општина Чаир (поранешна локација на ЈПХКС; во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на Теќето во Дуќанџик; кај поранешното седиште на Скопското муфтиство на Кале) 5. општина Сарај (кај старата општина Сарај; во близина на џамијата во средно Нерези)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jp-komunalna-higiena-skopje-kje-postavi-posebni-kontejneri-za-odlaganje-organski-otpad-za-vreme-na-praznikot-kurban-bajram/feed/ 0