јп водовод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 10:13:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јп водовод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ССМ: Претседателот на синдикатот на „Водовод“ незаконски е избркан од работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pretsedatelot-na-sindikatot-na-vodovod-nezakonski-e-izbrkan-od-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pretsedatelot-na-sindikatot-na-vodovod-nezakonski-e-izbrkan-od-rabota/#respond Fri, 11 Nov 2022 10:13:07 +0000 https://kurir.mk/?p=759064

Сојузот на синдикати на Македонија денеска објави дека претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација“ Стојанче Кашински добил отказ од страна на в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски. Од ССМ, ваквата постапка на в.д. директорот ја оценуваат како спротивна на закон и на колективниот договор. – Согласно Закон и колективен договор на претседателот на синдикат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведува постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работниците да бидат послушници на Митовски, кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остваруваат и покрај предупредувањето од Синдикатот СУТКОЗ при ССМ што беше и едно од главните барања за разрешување на в.д директорот, се вели во соопштението од ССМ. Од ССМ бараат итна седница на Управниот одбор кој како второстепен орган во претпријатието е надлежен да одлучува по приговори и жалби и да се укине решението за изрекување на дисциплинска мерка – престанок на работен однос. Од Управниот одбор бараат да утврди и зошто Митовски не ги спроведува нивните одлуки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pretsedatelot-na-sindikatot-na-vodovod-nezakonski-e-izbrkan-od-rabota/feed/ 0
Митева: Согласно нашите сознанија, новиот директор на ЈП Водовод е член на УО на ЈП Улици и патишта, што е директен судир на интереси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-soglasno-nashite-soznanija-noviot-direktor-na-jp-vodovod-e-chlen-na-uo-na-jp-ulici-i-patishta-shto-e-direkten-sudir-na-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-soglasno-nashite-soznanija-noviot-direktor-na-jp-vodovod-e-chlen-na-uo-na-jp-ulici-i-patishta-shto-e-direkten-sudir-na-interesi/#respond Sat, 17 Sep 2022 10:59:42 +0000 https://kurir.mk/?p=734060

Согласно нашите сознанија, новоименуваниот директор на скопски Водовод, Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање, дали е точно дека новоименуваниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ има судир на интереси со друга позиција, потенцирајќи дека согласно македонските законски прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. Митева посочи дека потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за истово ќе поднесе и претставка до надлежните институции. „Согласно нашите сознанија, да точно е. Директорот Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“ и согласно законските прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. И, потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси како и во Македонија така и во службите на Градот Скопје, а за истово, како советничка група, ќе поднесеме и претставка“, рече Митева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-soglasno-nashite-soznanija-noviot-direktor-na-jp-vodovod-e-chlen-na-uo-na-jp-ulici-i-patishta-shto-e-direkten-sudir-na-interesi/feed/ 0
Документот кој ја разобличува Арсовска: Од Перински барала да ја смени Комисијата, а новиот директор не добил такво барање https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dokumentot-koj-ja-razoblichuva-arsovska-od-perinski-barala-da-ja-smeni-komisijata-a-noviot-direktor-ne-dobil-takvo-baranje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dokumentot-koj-ja-razoblichuva-arsovska-od-perinski-barala-da-ja-smeni-komisijata-a-noviot-direktor-ne-dobil-takvo-baranje/#respond Fri, 16 Sep 2022 13:31:01 +0000 https://kurir.mk/?p=733704

Новиот в.д. директор на ЈП Водовод, Марјан Митовски во изјава за Радио Лидер, изјави дека не ја сменил спорната евалуациона комисија за тендерот за пречистителната станица. Неговиот претходник Златко Перински од градоначалничката Данела Арсовска беше разрешен со образложение дека не го спровел нејзиното барање да ја смени комисијата за тендерот и со тоа оставил сомнеж. Перински се бранеше дека не ја сменил комисијата по препорака на Европската Инвестициска Банка, што беше потврдено и од институцијата. Новиот директор потврдува дека и тој продолжува по стапките на Перински. -Нема никакви промени во евалуационата комисија, процедурата воопшто не е запрена и тендерот си продолжува по старо. До сега од мене градоначалничката Арсовска не побарала да правам смена на членови. За тоа што побарала претходно не можам да коментирам. Од мене не е побарано да ја сменам комисијата, ни одговори Митовски. Радио Лидер од извори во претпријатието дозна дека новиот директор претходно членувал во евалуационата комисија на овој тендер, поради која беше разрешен Перински. Марјан Митовски ни одговори дека повеќе не членува во оваа комисија. -Веднаш по стапувањето на функцијата се изземав од евалуационата комисија затоа што претставува конфликт на интерес да бидам и в.д директор и член на комисијата. Нема назначено нов член на мое место, затоа што има заменик член кој ја презема мојата работа, одговорил Митовски, пренесе ЛИДЕР. КУРИР дојде до документот со кој се докажува дека Арсовска барала смена на комисијата:  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dokumentot-koj-ja-razoblichuva-arsovska-od-perinski-barala-da-ja-smeni-komisijata-a-noviot-direktor-ne-dobil-takvo-baranje/feed/ 0
Арсовски: Ако не е местен тендерот тогаш зошто истата фирма која ја направила реконструкцијата потоа и го добила, и тоа по ставки неколку пати поскапи од до сега https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ako-ne-e-mesten-tenderot-togash-zoshto-istata-firma-koja-ja-napravila-rekonstrukcijata-potoa-i-go-dobila-i-toa-po-stavki-nekolku-pati-poskapi-od-do-sega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ako-ne-e-mesten-tenderot-togash-zoshto-istata-firma-koja-ja-napravila-rekonstrukcijata-potoa-i-go-dobila-i-toa-po-stavki-nekolku-pati-poskapi-od-do-sega/#respond Fri, 24 Sep 2021 09:36:33 +0000 https://kurir.mk/?p=567671

Веќе неколку дена молчат институциите за случајот со скандалозниот наместен тендер во ЈП Водовод. Наместен тендер како на филм од страна на Шилегов и Весковски, со најобемната доказна документација дека фирмата КБК Инженеринг е таа за која што претходно бил договорен тендерот. Уште поголема небулоза е што веќе фирмата ја извршила работата, па дури потоа го добила тендерот. Се работи за испумпување на 300.000 евра народни пари, пари на скопјани, изјави на денешната прес конференција за медиуми, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека денеска ќе ги презентира разликите во цените, каде што ќе спореди колку би чинела реконструкција на иста ваква улица по пропорции во 2017-тата година во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и колку чини сега оваа улица, на овој наместен тендер. - Тука има една обемна споредба во однос на ставките, ставка по ставка колку би чинело. Јас би издвоил неколку работи, и би се фокусирал на финалната. На пример, геодетските работи, односно обележување на ров во 2017-та година ако чинело 19.34 денари за еден метар, сега во време на СДСМ чини 168.85 денари или за 8.7 пати поскап. Втор пример, земјани работи, односно рачен ископ на за откривање на главна водоводна мрежа, ако во 2017-тата година чинел 250.55 денари по м2, сега чини 797,36 денари по м2 или 3.2 пати повеќе. Машински ископ на земја во тесен обем на ров од 0-2м ако во 2017-тата година чинело 100.23 денари по м3, сега во 2021 година чини 276.73 денари по м3 или 2.8 пати повеќе. Рачен ископ на земја во тесен обем со длабочина на ров од 0-2м во 2017-тата година чинело 250.56 денари, а сега чини 478.41 денари за м3 или дури 2 пати поскапо е сега. Замислете подупирање на ров под слаб притисок ако чинело 1.61 ден за м2 во 2017-тата година, сега чини 140.71 денари за м2 или 87.7 пати повеќе, додека пак за подупирање во услови во јак притисок ако чинело 2.36 денари за м2 во 2017-тата година, сега чини 168.85 денари или 71.7 пати повеќе. Неверојатно, вели Арсовски. Портпаролот посочи дека намерно се издвоени овие споредби, бидејќи овде нема што да поскапи изминативе 4 години. - Верувајте дека целата спецификација, ако ја видите точка по точка од овој договор, ќе видите дека секаде по неколку пати се покачувани цените. За тоа велиме испумпување на народни пари. Или вкупно споредбата за чинење на реконструкција на улица „Варшавска“ сега и колку би чинела во време на ВМРО-ДПМНЕ во 2017-тата година е следнава: 5.498.174 денари би била во 2017, а сега е 14.066.921 денар или за дури 2 ипол пати повеќе. Нема што повеќе да се говори на оваа тема. Одговорност мора да има, а институциите мораат уште веднаш да си ја преземат својата работа, односно да не спијат и да постапат согласно оваа документација, додае Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ako-ne-e-mesten-tenderot-togash-zoshto-istata-firma-koja-ja-napravila-rekonstrukcijata-potoa-i-go-dobila-i-toa-po-stavki-nekolku-pati-poskapi-od-do-sega/feed/ 0
Овие улици во Куманово ќе останат без вода https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ovie-ulici-vo-kumanovo-kje-ostanat-bez-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ovie-ulici-vo-kumanovo-kje-ostanat-bez-voda/#respond Mon, 20 Sep 2021 08:41:43 +0000 https://kurir.mk/?p=565695

Три улици во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти во водоводната мрежа. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „425“ во населбата Иго Тричковиќ, „Иван Цанкар“ и „Никола Вапцаров“. Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ovie-ulici-vo-kumanovo-kje-ostanat-bez-voda/feed/ 0
Саниран дефектот на ул. „Теодосиј Гологанов“ во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/saniran-defektot-na-ul-teodosij-gologanov-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/saniran-defektot-na-ul-teodosij-gologanov-vo-skopje/#respond Tue, 04 Sep 2018 12:57:28 +0000 https://kurir.mk/?p=96223

ЈП Водовод и канализација соопшти дека е саниран дефектот на ул. „Теодосиј Гологанов“, наспроти фабриката „Реплек“, посочувајќи дека водоснабдувањето е нормализирано во 13:45 часот. Како што претходно јави МИА, од претпријатието наведоа дека дефектот бил настанат поради технички неисправно затрупување на ровот, од страна на фирмата која барала приклучок за новоизградена зграда. Од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се издадени технички услови за приклучување на оваа зграда за што добила Решение, во кое е наведено дека ископот, затрупувањето и враќање во првобитна состојба треба да го изврши фирмата барател. Но, фирмата што ја гради зградата постапила нестручно при затрупувањето на ровот каде се наоѓа овој приклучок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/saniran-defektot-na-ul-teodosij-gologanov-vo-skopje/feed/ 0
Душко Весковски поставен за генерален директор на ЈП Водовод и канализација https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dushko-veskovski-postaven-za-generalen-direktor-na-jp-vodovod-i-kanalizacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dushko-veskovski-postaven-za-generalen-direktor-na-jp-vodovod-i-kanalizacija/#respond Sat, 19 May 2018 13:02:48 +0000 https://kurir.mk/?p=56041

За нов генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје е поставен Душко Весковски. На 2 мај, како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, беше објавен конкурсот за избор на генерален директор на ова јавно претпријатие. По завршувањето на законскиот рок за поднесување апликации и спроведување на постапка за избор на генерален директор на претпријатието градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на 18 мај за генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје го назначи Душко Весковски. Претходно Весковски работеше како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по што беше назначен за в.д. генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје, наведуваат од претпријатието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dushko-veskovski-postaven-za-generalen-direktor-na-jp-vodovod-i-kanalizacija/feed/ 0
Благајната на „Водовод и канализација“ в петок ќе работи до 12 часот, во сабота затворена https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/blagajnata-na-vodovod-i-kanalizacija-v-petok-kje-raboti-do-12-chasot-vo-sabota-zatvorena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/blagajnata-na-vodovod-i-kanalizacija-v-petok-kje-raboti-do-12-chasot-vo-sabota-zatvorena/#respond Wed, 28 Feb 2018 13:38:07 +0000 http://kurir.mk/?p=25737

Службата за наплата на ЈП Водовод и канализација Скопје в петок ќе работи до 12 часот, а во сабота воопшто нема да работи, информираат од Јавното претпријатие. Причина за ограниченото работење на благајната, посочуваат,  е новиот програм за работа за кој, како што велат, во моментов се вршат последните подготовки за непречено функционирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/blagajnata-na-vodovod-i-kanalizacija-v-petok-kje-raboti-do-12-chasot-vo-sabota-zatvorena/feed/ 0