ЈСП Турс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Mar 2023 10:42:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЈСП Турс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЈСП Турс три месеци нема исплатено плати: Никој не сака да биде директор и соработник на Арсовска, а теретот падна на грбот на вработените! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-turs-tri-mesetsi-nema-isplateno-plati-nikoj-ne-saka-da-bide-direktor-i-sorabotnik-na-arsovska-a-teretot-padna-na-grbot-na-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-turs-tri-mesetsi-nema-isplateno-plati-nikoj-ne-saka-da-bide-direktor-i-sorabotnik-na-arsovska-a-teretot-padna-na-grbot-na-vrabotenite/#respond Tue, 28 Mar 2023 10:42:31 +0000 https://kurir.mk/?p=817297

Вработените во ЈСП Турс три месеци немаат земено плати. Освен што не добиваат средства за егзистенција и три месеци се без плата, тоа со себе повлекува и други проблеми. Бидејќи не земаат плата, немаат ниту здравствено осигурување. Тие родители преку себе ги имаат осигурано и своите деца, па поради несовесното работење на претпријатието кое е под капа на градот, не можат бесплатно да се лекуваат. ЈСП Турс е без директор бидејќи никој не прифаќа да седне на фотелја и да раководи со нешто кое оди во пропаст. Како што дознава КУРИР, последниот неуспешен обид да се стави директор се случил минатата недела.  Управниот одбор на ЈСП донел одлука еден од вработените да биде назначен за вршител на должност, но тој не се согласил со одлуката и истата ја одбил. И додека тие бараат друга опција, вработените минуваат низ катастрофа. Голготата трае шест месеци, од кои три работат за без пари. Уште во септември минатата година, тогашниот директор на ЈСП Турс, Филип Василевски, поднесе оставка до градоначалничката на Скопје. Како причина за оваа одлука наведе дека е разочаран што Арсовска не ја исполнува програмата и што Градот под нејзино раководство нема нормална комуникација со јавното претпријатие. -За период од 6 месеци, успеавме неколкукратно да ги зголемиме приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедиме линеарно зголемување на платите за сите вработени. Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам, рече тогаш Василевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-turs-tri-mesetsi-nema-isplateno-plati-nikoj-ne-saka-da-bide-direktor-i-sorabotnik-na-arsovska-a-teretot-padna-na-grbot-na-vrabotenite/feed/ 0
ЈСП Турс со „Рута на солидарноста“ за 55 години од земјотресот во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-turs-so-ruta-na-solidarnosta-za-55-godini-od-zemjotresot-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-turs-so-ruta-na-solidarnosta-za-55-godini-od-zemjotresot-vo-skopje/#respond Fri, 20 Jul 2018 11:39:28 +0000 https://kurir.mk/?p=79128

ЈСП и ЈСП Турс ќе се вклучат во одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во рамки на „Зборува Скопје“, ЈСП Турс организира специјална рута на Сити бусот „Рута на солидарноста“. Предвидено е автобусот да обиколи неколку локации кои имаат симболика со земјотресот. Турите ќе се изведат со професионален туристички водич, а ќе се реализираат на 24, 25 и 26 јули, со две поаѓања, во 11 и 17 часот . Двете тури на 24 јули ќе бидат бесплатни, а за останатите цената на билетот ќе изнесува 150 денари. - Со овој мал гест сакаме да искажеме благодарност и почит кон сите што му помогнаа на Скопје, а истовремено да пратиме порака дека скопјани никогаш нема да ја заборават подадената рака и светската солидарност по катастрофата во 1963 година, соопшти ЈСП Скопје. Почетна станица ќе биде местото каде што е родена Мајка Тереза, паркчето пред зградата на ЕВН на плоштад. Оттаму автобусот ќе се упати кон Стара железничка станица, потоа ќе вози кон населбите Тафталиџе 1 и 2,  кои се изградени со помош на светската солидарност, ќе продолжи по улиците „Варшавска“, „Прашка“, „Лондонска“, „Осло“, „Хелсинки“, па преку „Московска“ по булеварот „Партизански одреди“ автобусот ќе минува спроти поликлиника „Букурешт“, подарок од Романија. Туристичкиот автобус потоа ќе се упати покрај местото на уништените блокови во Карпош 2, па покрај Универзална Сала (подарок од Бугарија) и блоковите од Градски Ѕид (проект на архитектот Кензо Танге), ќе стаса до стариот театар и кај зградата на МОБ (за скопјани се уште позната како МНТ). Турата ќе заврши повторно на плоштад кај родната куќа на Мајка Тереза на платото пред зградата на ЕВН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-turs-so-ruta-na-solidarnosta-za-55-godini-od-zemjotresot-vo-skopje/feed/ 0
Летно работно време на „City Bus“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/letno-rabotno-vreme-na-city-bus/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/letno-rabotno-vreme-na-city-bus/#respond Thu, 07 Jun 2018 14:10:07 +0000 https://kurir.mk/?p=63318

Од сабота почнува летното работно време на панорамскиот автобус за туристичко разгледување на Град Скопје кој го менаџира ЈСП Турс, „City Bus“. Автобусот ќе тргнува од 11 и од 17 часот од градскиот плоштад, пред зградата на ЕВН каде ја завршува рутата која е со времетраење од 45 минути до еден час. ЈСП Турс соопшти дека се менува времето на тргнување, кое претходно беше од 11 и 13 часот, поради топлото време. Цената на билетот останува непроменета, 150 денари, а туристите добиваат и картичка со едно возење во градскиот превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/letno-rabotno-vreme-na-city-bus/feed/ 0